Повеќе ми преовладува портокаловата тука. Барам нешто понежно, посветло...да преовладува розеникава нијанса, ама да не е чисто розева.
Max Factor - Lavish Mauve Преубава нежна розеникава нијанса, па мислам дека е таква каква што бараш. Мешавина од розеникави тонови со примеси на праска (отсјајот е баш таков). На дневно светло е преубаво.
Дали некоја ги пробала овое руменила? Сакам да го земам Believe in yourself, но ме интересира дали лесно се блендаат и се трајни.
И јас го имам истото, многу е убаво и за преку ден и за навечер. Совршено е за светол тен. Во Еликсир обично секогаш е на попуст, цената му паѓа до кај 360 денари. Редовната цена е околу 500.
Фала ти,светол тен имам,и ради тоа сакав нешто нежно,се што сум пробала ми оди на "црвено-портокалови"нијанси. Не сум од Ск,ќе видам дали ќе го најдам кај нас.
Јас сум многу задоволна. Старите, сатин финиш мислам се викаа, не траеја многу, но многу лесно се блендаа и имаа убави бои. Сега го користам matt touch blush, нијанса peach me up, баш е летна корална боја. И трае долго како кога сум ја нанела. Единствена маана се пакувањата, сите до сега ми се скршиле.
Дали случајно некој ја видел нијансава во александар? Или пак на друго место и друга фирма ама иста ваква помаранџеста?
Девојки која боја/нијанса на руменло одоговара да комбинирам со бронзер или контура? Инаку имам светол тен, односно light to medium