Јас го користам, едно од најомилените руменила ми е. Одлично пигментирано, дава преубав ефект и природно изгледа на кожата.
Епа во ДМ на Битпазар имате ставени на штандот за намалени производи, а и секако имаат Макс Фактор 30% попуст, плус ако имате ваучер (што го даваат ако купиш било што) уште 15% на таа цена.
Еве нека погледне @Emilija97mk, моментално е 369 во каталогот, не знаев. Моето абер нема да се потроши, цела година го користам и одвај до пола сум.
На misslyn користам, ги има во космо. Предобро ми е, и трајност и пигментација и плус е малку со светки таа нијанса што ја имам омилено ми е дефинитивно и природен изглед дава
Ѕирни го ова од Макс Фактор што го зборевме на почетокот од страницава, lavish mauve. Или види некое од розовите руменила на Боржуа, тие се феноменални исто така и многу бавно се трошат. Моето конкретно е бр.48 (Cendre de Rose Brune) и мислам дека убаво ќе ти стои.
20 Lavish mauve пишува позади на него, имам пишувано и порано за ефектот, навистина прекрасно стои на светол тен и вреди за секој денар.
Да ми препорачате руменило за среден тен со жолти подтонови Да сменам малку од бронзеров од авон,ми здосади.
@buba4e89 прочитав бараш руменило праска боја, па еве еден предлог. Баш убаво ми се гледа вака (тоа лево)