Да тоа е 32ка инаку ги нема сите нијанси во космо,катастрофа се,а морав од таму да го купам зашо добив ваучер па да го искористам нели освен што ги немаа на залиха сите нијанси,за 5-6 нијанси немаа ни тестери да ги видиш ,ги прашав рекоа нема тестери незнаеме зашо реков зар ни каталог немате нијансите да ги видам,рече ни тоа немале јас сакав peach нијансата да ја земам,ама ја немаше па испадна оваа
Eli честито многу ти е убаво руменилото.и јас сакам такво да светка ама на розеви нијанси.се надевам ќе си најдам исто такво ,од оваа плата
И јас имам вакви перли од Орифлејм и со години ги користам никако да се потрошат. И има уште долго да траат и да траат, бидејки многу пазам да не ги изгубам топчињата. Инаку овие горе на Буржоа ми се допаѓаат, планирам некое на розево или виолетово да земам, ми се допаѓа што светкаат
Која peach нијанса?? Кое бројче??[/quote] уф извини грешка ,peche 56 jaс мислев peach таа нијанса ја видов на нет ама ја немаа во космо,па оваа ја зедов...инаку girl ти изгледа сите ги имаш користено на буржоа нијанси,зошо само со тебе си коментирам за буржоа нема друг да се јави позз
Па доста сум навлечена на нив... Но, би ги препорачала и руменилата на Dеborah: Deborah High-tech 46 rose pesca Deborah High-tech 58 paprika и би ги препорачала руменилата на Mаybelline Expertwear blush (има четири нијанси):
Најомилен дел од шминката ми е руменило. Во глобала не се ни шминкам нешто, најчесто ставам само пудра, римел, лабело и неизбежно е руменилото. Ги имам сите од авон и ми се допаѓаат.
Си го купив денес руменилото на Дебора што го постирав погоре, нијанса 2, не е толку светла како што изгледа откако ќе се нанесе, задоволна сум.
A руменилово забрзо време се троши? зашто сакам да го порачам преку ебај,а цената малку солена му е,ако се троши за пари-да подразмислам дали да го купам?ми се допага оваа нијанса http://www.youtube.com/watch?v=gmsYOXSjEoo
Ги имате ли пробано овие руменила од Орифлејм? Тука на сликата бојата им е баш интензивна, ама во каталогот колку што ги гледам баш и не се такви. Убави се? Квалитетни? Природни? Како изгледаат кога се нанесени? Сакам да си ја порачам нијансата Glowing peach, за овој период мислам дека ќе ми одговара. Или Clasic rose? Или Fresh pink? Ама повеќе сум за прасковата боја. Ајд советче и мислење прво од вас, а после порачка.
Бројче,а да почекаш еден каталог од Авон да си земеш,ако веќе сакаш вака да зимаш руменило?! Ќе има нови,камени руменила во две нијанси,праска и розе.Порано јас го имав тоа со четири нијанси и еден од ретко добрите производи од Авон кои ги нема веќе.Претпоставувам дека ќе бидат исти по квалитет и пигментираност,ама овој пат монобоја,не со четириСите ме прашуваа што ставам. Даваше некој нежен блесок и нежна боја,преубаво.
Кој каталог од Авон Лилит? Овој тековниот, или наредниот дури? Ќе може да ми постираш и сликиче од нет, за да знам од прилика за кои руменила станува збор?
Еве ја едната нијанса.Не тековниов,наредниот ќе има промоција,па поскапи од 250 денари не би требало да бидат,еве ајде,300 најмногу ма да не ми се верува. Еве и уште една... Мене ова ми прави мерак,ама ги нема кај нас за жал.
Еее па супер е тогаш. Добро е што ми кажа Лилитке, инаку ќе се истрчав јас и после пак незадоволна ќе си останев. Ајде ќе го почекам тогаш каталогчето, па да си се ударам по џебот и да си се почастам со едно ново руменило. Тенк ју тиии Аааа да, а која нијанса да си ја порачам? Ех вака од две потежок ми е изборот отколку од 3 или повеќе, оти тогаш имам опција да одберам пак две, и пак да ја думам.
Девојки во Зегин видов руменила на Аура, дали ги имате користено и дали се убави?Негде околу 170 денари беа...Поздрав