Љубител сум на руменила,сенки и го нанесувам со прсти најчесто на лицето,но забележав дека се појавуваат грутчиња на нив. Дали ова се случува кај некој друг,или нешто не е во ред со руменилото?
Вчера ми се искривија очите барајќи кремасто руменило во ДМ на есенс. Немаат. Кое би ми препорачале? И дали кремастоте треба да се сетираат со нешто?
Не само на Есенс, од било кој бренд тешко се наоѓа кај нас. Инаку обично се сетира со камена или пудра во прав освен ако имаш баш сува кожа па тогаш не мора. Некои шминкери го сетираат со руменило во слична нијанса ако ти треба да трае цел цел ден за посебни прилики пр.
Оваа марка кај нас каде ја има, има ли можност за порачување од нет? Гледам и на форумот неколку девојки користат производи.
Кико Милано имаат продавници во East Gate и City Mall, а како што видов може и онлајн порачка да се направи на нивната страна: https://www.fashiongroup.com.mk/proizvodi/kiko-milano
Некој ги пробал на кико стиковите? Ги тестирав на рака ми беа доста суви и густички, без сјај, ме интересира на лице како се
Мене нијансата ми е многу розева и кога ќе го ставам на лицето многу многу розево доаѓа а после некое време не се познава ништо. Некој спомна на аура имало убави руменила, се наоѓаат во дм? Ретко да забележам
Убави се руменилата на Аура и ги има во ДМ, но скоро сите се со сјај или светки. Тие што не се имаат некоја јака неприродна боја. Види, можеби ќе си најдеш по твој вкус.
Ми треба предлог руменило не многу пигментирано, неутрално, да не сум многу црвена или розева на фаца и да биде мат или со скоро неприметливи светки, не сакам да светам. Не знам кои се добри брендови, досега немам користено. По можност од овие што ги има во ДМ.
Некое од Буржуа или Есенс пробај. Тие на Буржуа не се мат, ама се доста неприметливи на лице кога ќе нанесеш