Што е подобро, руменило во прав или стик-руменило? И дали од Голден Роуз има ваква нешто нијанса? Нежно, медиум розево за природен изглед. Однапред благодарам на одговорите
Есента го имаше во ДМ, од таму го купив. Пред месец дена го гледав на поголем попуст, па може е повлечено од произвоство.
Подолго време го барам бројчето 20 од руменилото Max factor, да не сте го виделе некаде....во ДМ го нема.
Каде можам да најдам руменило како светло розевото? Оваа палета е на Кико, ама имам веќе бронзери и хајлајтер.
Не, тоа е нивна марка на ДМ и само таму ја има. Евентуално да ги прашаш во порака на ФБ, веднаш одговараат во работен ден, ќе ти кажат дали некаде имаат и дали воопшто ќе го добијат производот кој го бараш.
Руменилово од Есенс е прекрасно! Многу ми се допаѓа, ја имам најсветлата нијанса (10 Pinkalicious). Фино е пигментирано и лесно се работи со него, ама бојава навистина ми е врв. Преубаво изгледа, се надевам нема да го повлечат за една сезона. И супер мириса, ама не дека тоа ми игра некаква улога. Онака спомнувам, да се најдам на муабет. Би го пробала и тоа што е со праскаста нијанса, мислам дека има шанси да ми се допадне. На рака изгледаше баш добро, ама ова на розе ми се допадна многу повеќе.
Од каде го зеде? Од таму кај што ги земам нивните производи го немам сретнато. Лесно се нанесува? Предлог за некое како стик руменило, нежно розе? Ми здосадија некако руменилата со четка. Користам на буржоа, барам некое слично кое изгледа кога се нанесе, ненападно и нежно да биде
Многу ретко користам руменило за лице, дома имам едно на Буржуа од пред 2-3 години ми е купено но премногу ретко го користам.