Јас ги зедов пред неколку месеци. Тогаш имаше по 3 нијанси од двете. Сега баш не сум погледнала. Види во повеќе ДМ или маркети на Кит Го.
Здраво девојки, сакам да порачам од течните руменила на рер бјути (rare beauty), па дали некој има нарачувано од официјалната страна на и за колку време би стигнале?
@MorskaSirena Голден Роуз перлите се супер, другово руменило го немам користено досега. Јас дојдов во темава за да го пофалам Алверде руменилото. Wow, одлично. Пигментацијата му е врвна. Како го нанесам, така останува додека не избришам шминка, не бледнее во текот на денот. И одлично изгледа, не можам да се изнагледам значи, инстантно ми го освежува тенот и дава многу убав ефект со нежен glow ефект. Не знам колку нијанси има, не знам ни дали има некои други нијанси, моево е баш ова од сликава. Позади на налепницата пишува luminous berry нешто така. А називот му е holographic и да, има микросветки низ него, но не е нешто нападно. Ако некоја сака да си го земе, нека не ги гледа обичните, барајте го ова holographic.
Го купив на deborah па ќе видам како ќе се покаже ако не ми се допаѓа ќе ги земам перливе на голден. Фала ти
Супер, ќе пишеш впечатоци од Дебора руменилото, па ќе се проба и тоа некогаш во наредна прилика. Немам користено руменила од овој бренд, па би пробала ако вреди.