Позитивно сум изненадена од течното руменило на Rare beauty. Долго време го избегнував мислејќи дека станува збор за добра реклама. Неодамна решив да го земам и можам да кажам дека е препигментирано, доволна е по една точка. По цел ден трае. Го земав во нијанса Hope, супер е. Ова е руменило кое многу споро се троши и ќе трае долг период. Би сакала да ја пробам и нијансата Happy, ама како што реков не се троши па ќе мора да почекам.
Дали го имате видено некаде? Го земав зимата онака, колку да го пробам, и се заљубив. Многу убаво стои на лице, ми дава боичка таман да не личам на умрена кога сум бледа, нијансата ептен ми се допаѓа и лесно се блендира. Ама не можам никаде да го најдам, не знам дали е лимитирана едиција.. Ако знаете нешто слично препорачајте ми, само не сакам руменило во прав.
Баш се мислев да го земам вчера ама не го земав, не сум згрешила значи. Ставаш камена пудра врз него? Можеби до тоа е?
Не, не ставам ништо над него. Пробав и со тонираниот спф на Лореал и со камена пудра под него ист ефект е. Не е до пудрата, такво е руменилото нема трајност. А кога го нанесеш си мислиш колку е пигментирано веројатно цел ден ќе трае а нема врска.