Кристи какво беше руменилото? Вакво или вакво ? Јас имам пробано од вториве (новата колекција) - и убави се.
јас го имам овој истиот, го нарачав некаде лани октомври месец, многу е убав и нежен ептен природно изгледа, ќе ставам на рака и ќе сликнам овие денови да ви покажам!
Да лилит толку се 299 денари во наредниот каталог од 25.03, ќе си ги порачам и јас штом толку ги фалите , но ќе треба да се потрошам и за четка за руменило бидејки веќе ме греби , инаку имам на голдер роуз па не ми се лоши
Јас па каква убава четка имам нова си купив , ама руменило немам убаво Си ги порачав бронзените перли на Авон, ама не ми се допаѓаат ептен на кафено некако. Сеге сум во потрага по убаво руменило гледам ги фалите овие на Авон па ај може такво ќе земам и не е скапо.
Мојата е од Орифлејм на Џордани и супер ми е. Ја фатив на попуст од мини каталог одамна, ама не сум почнала да ја користам само неколку пати што сум ставала со неа руменило и презадоволна сум. Чекам сега да си купам убаво руменило па да си ја користам секојдневно.
Јас моментално користам перли Авон (и бронзените и тие розето и се премногу неприродни),аура руменило (премногу е пигментирано) и Буржоа (ова на многу им се допаѓа,мајка ми го користи добри 20 години,уште додека го немаше тука,а мене ми е грдо,не знам зошто.И чисто како куриозитет,скопските дами пред да го донесат тука официјални дистрибутери го набавуваа од пазар ). Е сега,откако Ана го стави она на Мејбилин тука,се опседнав.Отидов го гледав,го пробав,ама некако се двоумам,да не мрси многу после целодневно носење,да не исфрла.Да не го има некој користено,па да каже како е?! И овие на Мисс спорти,ги имам сретнато повеќе пати,ама се сомневам во нив.Некој има користено да каже збор-два?!Слатко изгледаат вака,интересни ми се.
На Мисс спорти братучетка ми го имаше купено, ама ми кажа не и се допаѓало некако премногу вептачко и делувало штознам И она ме прашуваше за овие од Авон, по се изгледа ќе ги пробам коа веќе се на промотивна цена. А и мене ме интересира за оние на Мејбилин , ако некој има искуство со нив нека каже
Не знам дали е спомнато нагоре, ама ова руменило на Орифлејм во праскеста нијанса е многу убаво. Свежо и природно испаѓа, барем на мојот тен.
јас го користам оваа руменило ок е дава убава боја на лицето слично ми е како оние од дебора или боржус го земав околу 330 денари а сега сакам и оваа да го испробам од есенце го користи ли некој оваа руменило
Хммм ми се допаѓаат многу овие праскести нијанси, јас имам блед тен вајда ќе ми одговараат. Иначе си користам перли Џордани, 100 години ги имам и никако не се трошат! А со тоа не ми текнало да си купам други додека не ја разгледав темава и добив желба за ново руменило Многу сакав розево и знам дека велат добро стои на посветла кожа, земав од мајка ми една одлична нијанса за да пробам и се осеќав како селско девојченце со румени обравчиња Дали дека навикната на перли кои сепак ми се од кафени и розеви нијанси мешано, ама ова розевово барем јас не си го свиѓав. Али праскичево ќе биде мое наскоро. Само не ми се фрлаат пари, па овие од Аура во Зегин може да ги проверам супер цена
и јас го имам ова сега си го порачав и мие мн убо, а инаку ги имам и перлите од орифлеим тие бронзените, и мн сум задоволна а ги користам неколку години
Девојки некое руменило ама да е убаво не знам колку имам пробано и се катастрофа Значи да е убаво ама и да нема некоја астрономска цена зашто не планирам до толку да вложувам во перли а да и четка ?
Ах...нешто преубаво.Инаку го нема тоа Ана што го постирала.Барем го немаше во Еликсир и карши Спицикато парфимеријата.А да,и во Космо. 400 ден,мерак за секое денарче.
И јас го имам 006 Flirtatious од Miss Sporty и баш е ОК. Мислам дека за тие пари е екстра Дава убава природна нијанса за дневна шминка.
Колку што јас знам на блед тен повеќе се препорачуваат розеникави нијанси, отколку праскасти тие пак повеќе се препорачуваат на потемни девојки. Сепак изборот е твој
Девојки препорачајте ми некое убаво руменило (кое сте го испробале) но да не биде и мн скапо Морам да признаам дека не користам многу често руменила. Ги имам користено на Авон во розе боја, бронзена. Сега сакам да сменам малку, некои кои можам да ги најдам по парфимерииве