Не ми се веруваше дека можат да бидат добри, испаднаа подобри и од очекуваното. Дали гледате руски филмови? Колку сте задоволни? Погледнете ги, со српски превод се, се надевам сите разбираат
Јас додека истражував за руски легенди, митологија и народни приказни,прво наидов на два руски vintage филмови, односно филмови од Советската Унија. И искрено многу ми се допаднаа. Кога сум била помалечка на тв сум гледала уште такви руски филмови. Едниот филм беше за Василица Прекрасна... Другиот беше руска верзија на бајката за Малата сирена, поделен во шест делови. Еве го првиот дел... Бидејќи јас главно гледам винтиџ филмови, и овие ми се допадна... Однапред се изнинувам доколку си мислела само на денешните модерни руски филмови и серии...
Кога сме кај руските филмови дали можам серијата „Матрјошки“ некаде да ја најдам со мк/ср/хрв превод? Мислам онлајн
Јас во последниве години гледам исклучиво само руски филмови и серии. Активно го учам јазикот и тоа ми е најдобра занимација. Има преубави филмови и серии, актери, актерки, вистинско неоткриено богатство. Ќе постирам повеќе линкови, еве за почеток, инсерти од "Верни мою любовь", со омилениот Станислав Бондаренко, актер и танчер.
„Изгорени од сонцето“. Одличен филм од Никита Михалков, добитник е на Оскар. Иначе, со задоволство се сеќавам на долгометражните руски цртани филмови од детството. Повеќето не се ни сеќавам како се викаа, освен еден - „Три банани“.
Еден од поубавите филмови коишто ги гледав оваа година. Се работи за една балерина која поминува секаков вид тортура за да стигне до својата цел. Топла препорака.
Од постарите ги издвојувам: Војна и мир во режија на Сергеј Бондарчук, ненадмината верзија, потоа бајките Каменен цвет, Снежната кралица, Приказна за цар Салтан... Од поновите ја гледав серијата Кујна, не знам до која сезона и многу ми се допадна. Би гледала уште нешто поново!