Денес си купив руски чај другарка ми ми кажа повеќе фаќала к'ната со руски чај кога ќе се направела. Прв пат во животот купувам руски чај. Кога го отворив дома ми мирисаше на к'на навистина. Мајка ми вели НИКАКО ДА НЕ ГО ПИЈАМ. А слушам некои пијат, не ми се допаѓа како мириса и црн е. Некој да напише нешто повеќе за рускиот чај ако знае (или турски чај слушнав и така се вика) Повелете Па ако е добар за пиење и се е ок ќе ве викам на руски чај купив пола кило ќе има за цела година
јас имам слушнато за турски чај, ако е истиот тогаш не е штетен за пиење, само што има јак вкус, и е темно кафен. ако е таков слободно пиј го, многу е корисен за целиот организам посебно за цревата, желудникот, крвните садови и има уште многу придобивки. Начин на приготвување ако е рефус - Во 400мл зовриена вода се додава едно мало лажице од чајот и се остава да постои 10-15мин потоа се прецадува и се пие.
Јас направив малку појак повеќе ставив чај и ми излезе темно кафен ама кога го пробав многу горчеше ххх . Имам и слика вака излгеда
Штетен? Навистина? Како бе луѓе штетен, јас секогаш кога одам на одмор го гледам на доручек и затоа што 95% луѓе од Русија има хотелите, се таму има редица, а ние останатите тераме со обичен. Јас мислам дека имам пиено, и ако добро паметам, ми се допадна. Сега кога се потсетувам ми се врти во глава мирисот негов, ама каде сум пиела и зошто никако не можам да се сетам.
штетен не е јак е.ние дома не можеме да си го замислиме животот без руски чај секојдневно го користиме да и кната се прави со руски чај.турците највеќе го користат а и ние тука во македонија дури навечер гледаме серии и пиеме чај само ако претераме не ќе можеме да спиеме само тоа е тоа. поздрав
Рускиот (турски, англиски ..) е всушност црн чај. Се продава рефус по маркетиве во пакувања од 250, 500 , 1000 гр во жолта опаковка со слика од канаринец, потекло од Шри Ланка. Обично стои на дното кај рафтовите со чаеви. Во Кам имаат еден запакуван во црвено-црна кутија со слика од коњ, исто од Шри Ланка, но вкусот е малку посилен. Оние во кесички се со послаб квалитет (и вкус), па мислам подобро е да се користат вакви, со цели листови. Штетен може да биде само ако е претерано прскан со пестициди. Во рецептите што ги читав по нет се препорачува на 200 мл вода да се става по една лажичка чај и да стои 3-5 минути ... ако стои подолго ќе биде горчлив. Ама јас сакам силни вкусови, па баш таков ми се допаѓа и ставам три лажици чај да стојат 10-15 минути.
Јас сум слушнала само позитивни работи за руски(турски)чај.Но секој неможе да го пие,мене лично многу ми е силен,а исто така се пие во помали дози не како ние што сме навикнати полна шоља чај.Знам дека бил многу здрав за бубрези и исто за одржаване на телесна тежина,исто така го прочистувал многу добро организмот особено насабајле ако испиеш од чајот
Мене матичната ми го препорача да го пијам бидејќи имам силни и чести главоболки и навистина ми делува и многу помага. Teжок е за пиење, но го навикнав и неможам денот да си го замислам без него. Само не е препорачливо навечер да се пие, потешко се заспива.
откако го пробав црниот чај од кам се збогував со зелениот..патем ги има истите па дури и плус придобивки,насабајле го пијам место кафе(му ставам млеко)и е исто ко нес и ми е многу поубаво,не ме боли желудник ниту глава,а сеа коа е топло си чувам во фрижидер со лимон само навечер избагавам дека содржи кофеин многу..и да-си имам и чашки такви турски..тамам
Go sakam i go pijam. Posebno zimno vreme, mart april maj..sneK do kolena a vetar shiba sta da ti pricam
Го обожавам Патем, сервисот за руски чај (чајникот, малите чашки и се останато) ми е еден од најдрагите подароци кои сум ги добила
Периодов пијам црн чај секој ден, зашто имам дома во големи количини и сакам да го завршам пред да му истече рокот за 8 месеци негде... и ги обожавам мирисот, аромата и се тоа, ама не можам да спијам од него. 3 саати сон, па неколку часа будна, па уште 2 спиење, ако и толку. По цели денови ме држи со отворени очи.
Пијам по една шолја во денот. Мала лажичка, да отстои 3-5 минути и цедам. И пак ме држи. Кафе не консумирам. Само пишувам, не дека се жалам. Вака имам повеќе време.