Vo Prilep ima za 150-200 den od cas, koj so saka moze da mu dadam kontakt, jas ke odam od slednata nedela, eftino e
sekoj vtor ili tret vikend e besplaten za studenti mislam, a povratna na relacija skopje - prilep e 400 den ( mislam, ako ne e promeneto nesto)
Стекнете се со сертификат за познавање на Рускиот јазик! Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин “ Свети Николе – Битола, врз основа на потпишаниот Договор за соработка со Тамбовскиот државен универзитет “Г. Р. Державин”, Тамбов, Руска Федерација објавува конкурс за заинтересирани кандидати за посетување на курс по руски јазик. Тамбовскиот државен универзитет “Г. Р. Державин”, Тамбов, Руска Федерација се јавува како претставник на РУДН од Москва и восогласност со склучените договори меѓу нив со број КЭ-15 од 09.12.2014 год. и ЛТ-15 од 15.01.2015 год. е ополномоштен субјект за организирање на официјални курсеви по руски јазик. По завршување на курсот се спроведува тестирање по руски јазик како странски јазик. • Комплексен испит по руски јазик, историја на Русија и законодавството во РФ за добивање на лиценца, дозвола за привремен престој во РФ, вид на дозвола за престој. • Комплексен испит по руски јазик, историја на Русија и законодавството во РФ за добивање на лиценца, важечка на територијата на Тамбовската област, РФ. • Испит по руски јазик за добивање на државјанство на РФ. • Сертификациски испити во рамките на рускиот државен систем за тестирање по руски јазик како странски јазик за сите нивоа на владеење со рускиот јазик: • Елементарно ниво • Основно ниво • 1 ниво • 2 ниво • 3 ниво • 4 ниво Курсот ќе се организира во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ во Свети Николе и Битола. Завршените кандидати се стекнуваат со сертификат за познавање на рускиот јазик. Запознајте се со Русија, руската култура и рускиот јазик. Лице за контакт: м-р Зоран Панов. Тел.: 078/313-359 Е-пошта: info@msu.edu.mk Секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот.
Браво за Битола и Свети Николе. Некој спомна слични курсеви и во главниот град. Што се случува во Скопје на тој план?
Му стигна на некој од форумов ваква порака? Ако некој беше да каже како е јас кажав дека не ми одговара за жал времето.. Почитувани, Ве информираме дека вие сте дел од вториот турнус на бесплатните часови по руски јазик на Рускиот центар при УКИМ. Редовниот термин за часовите што ќе се одржуваат е петок 17:00 - 18:30 на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ (голем амфитеатар), почнувајќи од 24.2.2017. Воедно Ви го испраќаме и учебникот во електронска форма кој треба да го испечатите за да можете да ја следите наставата. Со почит, Администрација на Руски Центар при УКИМ
Затоа што секој јазик е богатство. И јас на факс го избрав како изборен и паралелно учам уште неколку други јазици преку апликација за учење јазици. ПС: Прочитај правопис во слободно време.
Благодарам на одговор и во едно сум потполно согласен со тоа што секој јазик е богатство. Но дали има корист од тоа ако знам да зборувам русски јазик во Македонија ? Дали некоја од професиите е поврзана со тој јазик?
Мислам дека има. Еве една поранешна колешка на мајка ми работи во Лукоил и оди на семинари во Русија.
Почнав да учам руски, на една страна, Busuu се вика, ако некој го интересира.Ама кога ќе ми заврши фри трајлот ќе ми треба друга.Да препорачате некоја?А во 2016 видете што сум си пишала Сега можам да зборувам цели реченици. Привет, Я Феминка, миня 20 лет и я из Скопье.Я люблю вас дур да го напишам мислењево рахитис ми фатија прстите,
Да беа Македонците изложени на руски јазик како на српскиот, еднакво ќе го разбираа. Ако ти е македонски мајчин јазик, брзо и лесно се учи руски, а инаку општо го сметаат за еден од најтешките јазици на светот.
Го изучувам скоро цела година, а сакав од порано да почнам. Прво самостојно, па со бесплатен курс, па со Дуолинго, видеа на Јутјуб, потоа запознав луѓе од Русија кои многу ми помагаат со јазикот на слух, а од септември имам онлајн индивидуални часови еднаш неделно, исто и многу песни на руски слушам. Го изучувам А2 нивото и треба до лето да го завршам (целта ми е Б2 да изучам). Прекрасен и интересен јазик според мене, колку што има сличности со нашиот дека словенски јазици уште толку и разлики, а да не зборувам за падежите, глаголите на движење и тоа што нема правило за акцентирање па често се греши при изговор. Изучува ли некој друг моментално?
Добар ден)) Одржувам онлајн и офлајн часови по руски јазик и руска литература. Наставник од Русија со повеќе од 20 години искуство. Рускиот е мојот мајчин јазик. Живеам во Скопје, Карпош. Учам онлајн преку zoom. Ќе ми биде драго да одговорам на сите прашања преку Viber или WhatsApp +38976991348
имам детска сликовница која е на руски ј. на гугл ич не ја преведува нема смисла кај да најдам стр. да ми преведе ?