Многу ми е убав јазиков планирам да почнам да го учам. Се мислам дали chat gpt е мудра опција за учење на јазик пошто за разлика од дуо линго многу побрзо се одвива дијалогот, само не знам колку ќе ми дава прецизно точни зборови а и грматиката колку ќе е точна.. пошто реално и не ми треба профи да го знам али сакам да знам д го зборам убаво ми звучи.
Не сум учела досега на Чат Гпт, мене најмногу ми помогна (и уште помагаат) онлајн часовите со професор, но исто така активно да го слушаш, пишуваш, зборуваш во секојдневието. На соц мрежи читам руски, на инста 50% од алгоритмот ми се руски рилсови, слушам песни и сл. Имав прилика да слушам и природен говор, како самите Руси зборуваат меѓусебно, и сега но не многу. Моментално Б2 го изучувам, имам сертификат признат во Русија за Б1. Дефинитивно треба желба, иако ние имаме огромна предност дека од истото семејство на јазици, граматиката знае да е тешка, и падежите мораш да ги навикниш инстинктивно.