Филмот го вбројувам во најдобрите комедии некогаш направени. Се газев од смеење на повеќе сцени и Рис Витерспун иако не ја сакам многу беше одлична и доста смешна во улогата на плавушата.Само и мене таа розовата облека ми бодеше очи,па кај се видело и чуло дреч розово од глава до пети да е модерно . А иначе го гледав и вториот дел но беше катастрофа спореден со првиот,не знам зошто воопшто се трудат да прават продолженија кога се знае дека никогаш нема да се повтори успехот на првиот дел.
Мојата приказна. Со мали промени. - Не обожавам розово. - Не се знае каде ќе студирам, но дефинитивно одам право. - Не ми се допаѓаат сите типци. Одлична приказна, комедија, за упорноста и успехот, за пријателствата и загубите, за тие што не ценат што имаат. Оргинална.Научена.Искусна девојка. Ништо не може да за зафркне.
Ми се допадна филмот 2 пати сум го гледала и се секавам како Спојлер и јас на судењето мислев дека не знае што прави.. Секако дека знаела вака немаше да и се оствари "намерата"
Рис Витерспун се снаоѓа одлично во улогава, филмов може да ве изнасмее особено со нејзиното кученце кое постојано е со неа, облечено како неа.
Ако имате над 18 години немојте да го гледате. Овој филм е од категорија забрана за лица над 18 години.
Одамна го имам гледано и паметам дека стомак ме болеше од смеење . Рис одлично си се снајде во улогата . Одличен филм за тепање време