1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Русофилија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Црна Ружа, 27 декември 2017.

  1. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Во темата за населување на други планети беше рандом споменато нешто околу некои наводни планови на русите да пратат раја на Марс, секако дека тоа нема да се случи - но истото ме потсети на еден бизарен феномен кој е присутен на овие простори а тоа е - русофилијата.

    Горе-долу русофилијата би била љубаф кон сите ствари руски, но во реалноста тоа е емотивна поврзаност кон таа земја, безрезервно навивање и беспричински оптимизам и трогателна иако малку наивна вера во праведниот бачушка Иван кој конечно ќе го подели азното со гладната маса, ќе ги истепа лошите и награди добрите (денес легендата и археотипот за царот Иван е инкарнирана во ликот и делото на Путин В. екс-кодош на КГБ и лидер на извршната власт во Руската Федерација).

    Некој би помислил дека се работи за ситуација типична за пензионери, за лица кои живееле во минатиот систем, но напротив, русофилијата е жива и здрава и помеѓу особи кои се родиле по распадот на СССР.

    Од каде потекнува овој чуден и масовно застапен феномен?!
    Што е тоа, цивилизациски или културно што има да понуди Русија во 2017 година?
    Зошто раја ја обожава мајчица Россија кога за тоа нема некоја причина?

    [​IMG]
     
    Последна измена: 27 декември 2017
    На Bescheiden, 1209, +++ и 10 други им се допаѓа ова.
  2. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Православието и словенските корени. За свои браќа ги сметаат. Што повеќе?! На луѓе патриоти, полесно им е да се поврзат со тоа, да се идентификуваат со нив, да се осеќаат дека повеќе припаѓаат во таа група отколку во групата на либералниот и расипан Запад кој ја бомбардираше Србија, ја распадна Југославија.. и слични приказни. Плус, се возбудуваат на типови како Путин. А, покрај Трамп, жими се..и јас некад повеќе се палам на Путин.
     
    На mimiiiii, Bescheiden, 1209 и 19 други им се допаѓа ова.
  3. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Во Мкд мислат дека Американците им сториле нешто лошо и оти сакаат нивната територија да им ја поклонат на Албанците, затоа е отприлика. Нема некоја опасна психолошка позадина, освен кај ретки поединци.
     
    На Bescheiden, daylight, Црна Ружа и 5 други им се допаѓа ова.
  4. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.947
    Пол:
    Женски
    Таа приврзаност е можеби ради тоа што припаѓаме на иста религија, можеби ради тоа што токму комунизмот се родил на руската територија и слепото верување во таа идеологија, ради нивните челични лидери....

    Но, ретко кој од приврзаниците ја посетил таа немилосрдна мајка Русија распространета на два континенти, чинам со 7 временски зони, да патуваш илијадници километри а никаде на повидок ни селце, ни народ, мислиш се наоѓаш на крај на светот, а тука се и ладните и сурови зими. Секој владател, цар ја проширувал територијата на Русија, што е уште еден хендикеп, а за да се владее со толкава територија треба стварно м’да.
     
    На PaLaVa, toogood, daylight и 4 други им се допаѓа ова.
  5. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.579
    Допаѓања:
    155.737
    Пол:
    Женски
    Да би била опседната со Русија, ќе имав добра причина:
    upload_2017-12-27_17-57-33.png
    Луѓе кои ги познавам и кои ја обожуваат Русија, се соживуваат со неа и настаните кои се случуваат во неа било чисто на база на вера, слични верувања, сличен менталитет и ред работи. Исто, истите луѓе кои ги познавам и го имаат ова мислење, ја плукаат Америка за се.
    Поинакви луѓе кои опсесивно ја сакаат Русија немам сретнато.
     
    На toogood, Bender Rodriguez, Gosh и 5 други им се допаѓа ова.
  6. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Јас барем на форумов немам сретнато русофили. Што се однесува до темата, секоја држава, и САД и Русија, си ги брка своите интереси и многу им е гајле на нив за нас.
    Така да, многу не се замарам искрено.
     
    На Јаневски, daylight и Feminka22 им се допаѓа ова.
  7. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Леле, не сакате да знаете на каков коментар постиран на unusual fyromages во стил православие/обединување/мајка Русија ми текна кога го прочитав насловот на темата:rofl:

    Еден од најклише и најиритантните generic ,,аргументи“ ми е она кога на секој новитет, на секој прогресивен став со нота ,,контроверзна“ според традиционалните вредности – се користи муабетот дека сѐ тоа ,,лошо и неморално“ е мода преземена од западот (Америка). И тука одма доаѓаме до тоа дека спроти Америка како негативци, како позитивци стојат прво другите екс-ју братските народи, и после Русија како заштитник :D
    Најчесто тоа се конзервативни личности (некои далеку од стари, за жал), верници и десничари а со симпатија кон Русија и Југославија повеќе со носталгија плус кон минатото, дисциплината во смисла на воени вештини и патријархално воспитување, и системот во минатиот век (why? because fuck logic, that's why :D)... Не се опасни, само газат по рационални и прогресивни живци :D

    Јас ги хејтам и Трамп и Путин, не знам кого повеќе, tough choice indeed :D
    Всушност, лично признавам, па и почитувам и сакам наклоност и пасија кај луѓе кон некоја земја, ама поради нејзината убавина, култура, уметност, јазик... а не идеализирање на која било земја (без разлика колку голема и моќна) поради иста вера, слични корени, посебно на нејзината политика општо.
    Јас сум си италијанофил, и Британија си ја сакам по многу критериуми 8-| :D
     
    Последна измена: 27 декември 2017
    На Bescheiden, PaLaVa, +++ и 11 други им се допаѓа ова.
  8. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    И јас едно време бев опседната со Путин и неговиот медвед. Сите си имаме некои фази. :D Лошо е кога не можеме да излеземе од нив. :lol:
     
    На +++, daylight, theowndemon и 9 други им се допаѓа ова.
  9. PogbaPol

    PogbaPol Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    2.511
    Допаѓања:
    10.357
    Пол:
    Машки
    Ubava himna imaat i ubavi zeni
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.124
    Допаѓања:
    43.677
    Пол:
    Женски
    Дали руаофилите мислат дека Русите би се замарале со нас?Пола од нив не ја ни виделе Македонија на мапа не ни знаат дека постои.
    Не се замарам со ова ич и не ме интересира ни Путин ни медвед ништо, разбирам нешто руски ама онака минимално и интересен ми е јазикот ништо друго.
     
    На daylight и Amellie13 им се допаѓа ова.
  11. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Темава партали. :D

    Русофилијата е останата од некое дамнешно време, кога СФРЈ и СССР беа братски земји, од кое датира и узречицата „Нас и Руса, 300 милиона“.

    После тоа испадна и дека не сме толку добри побратими, па за советофилија дури се идеше и на Голи Оток. Арно ама, узречицата си остана. :D

    Слични народи, менаталитети, научени на беда, сиромаштија, мизерија и разно-разни диктаторски режими - тоа се стварите кои не’ поврзуваат.

    Додуша, мора да се признае дека Русите имаат различни достигнувања на најразлични полиња - што не е баш случајот со нас, нели :bandit: - ама ние си ги сакаме, браниме, величаме и идеализираме, ваљда затоа што на тој начин и ние некако се осеќаме како да сме допринеле некако у нивните достигнувања, т.е. си мислиме дека се по малце и наши. 8)

    [​IMG]

    Што би рекле Србите (уште еден братски народ :D) денес, „Нас и Руса, исто ко без Руса.“ :D
     
    На Priroden, PaLaVa, Joi и 14 други им се допаѓа ова.
  12. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.124
    Допаѓања:
    43.677
    Пол:
    Женски
     
  13. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Ова кога имаш далечни роднини од шесто колено кои одамна заминале за Аустралија и успеале во животот, па ти се чаталиш со нивни слики и приказни во твое село дека лозата таква ви е, фамилија ипол сте, а они едвај знаат дека постоиш:D И сонуваш нормално дека кога ќе пораснеш ќе те земат во Аустралија и ти живот да видиш или ќе ти подадат рака, спасат од мизерија, оти нели...има нека тајна веза помеѓу вас :D

    Секоја сличност со вистински настани е случајна :(
     
    На Bescheiden, PaLaVa, toogood и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.753
    Пол:
    Женски
    Љубовта кон Русија, во Македонија, Црна Гора, БиХ и Хрватска е минимално застапена.
    Нема баш такво величање, кое што си спомнал.
    Најмногу е проширена во Србија.
    А за причините, доволен е коментарот на жапче.
    Така да, мислам дека малку е утната темата.

    Од друга страна, никогаш не сум глорифицирала Руси. Можеби затоа што имам запознато, па на прв поглед делуваат арогантно и по малку грубо. Русите се посебна словенска група и немаат многу допирни точки со јужните словени. Освен тоа, не придонеле за никаква добробит на Балканот, туку баш напротив.
    Надворешната политика им е еднакво катастрофална, како и онаа на Америка.
     
    На PaLaVa, toogood, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  15. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    Од русофилија само мажи Руси... какви се м м м

    [​IMG]

    Кај нас со оглед на ситуацијата повеке Германофилија е присутна , сите сакаат тоа да станат, сите Германски учат и трчат натаму... Русофилија повеќе кај постарите е присутна но и таа се губи.
     
    На toogood, baba Rada, Lianna Anna и 2 други им се допаѓа ова.
  16. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Љубовта кон „братска“ Русија настанала уште од многу поодамна. Уште од времето кога овој дел на Балканот заедно со сите други балкански држави биле под ропство на Отоманската Империја. Уште во времето на Отоманската Империја имало големи поборници за тоа Русија да интервенира и да ја ослободи Македонија од канџите на Турците. Еден од нив бил и Димитрија Чуповски.
    Ама нажалост Русите и тогаш не изигруваат кога се решаваат да ја ослободат само Бугарија и се борат истите тие Македонија да биде анектирана од страна на Бугарија и да биде оформена таканаречена Санстефанска Бугарија со цел Царска Русија да излегува на потопло море (Егејско Море).

    Љубовта се зацврстува во времето на комунизмот, тоа е точно ама љубовта почнала уште многу поодамна да се оформува. :D

    Мене лично ме интересирала политиката. Следам политика и следам западни медиуми и медиуми кои се финансирани пример лично од Русија. Не сум русофил, само да си кажам но ме интересира да видам што вели едната страна, а што вели другата страна.
    Како што следам документарни за Меркел така сум следел и документарни за Путин.
    Али лично да се лупам во гради за Русија или пак за Америка ми е крајно смешно искрено, дури и овие луѓе не можам да ги сфатам.

    Најсмешни ми беа како мал кога бев приказните од маало, од тие кооперациски луѓе кои служеле во ЈНА и ми кажуваа приказни за тоа како дошле Американците во Јадранско Море со нивните подморници и овие биле запрепастени ама кога дошле Русите со нивните подморници, е тогаш почнале самите пушки да пукаат по себе рафали во воздух.

    Како што пишав ниту Американците ниту Русите не се интересираат за нас. Ние сме ти лушпа од банана која лежи на некој смрдлив и измочан тротоар и гледа секој кој што ќе помине покрај неа да ја избегне за да не се лизне.

    @Црна Ружа Баќушка а, ова го имам среќавано во книгите на Гогољ. Али ме насмеа, алал да ти е, како ти текна. :D
     
    На malerozna, lunicka, blonde_supergirl и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Тоа е нешто као "стари" или тате или во таа смисла, легендата кај нив е дека после векови и векови и векови лоши, зли и пореметени цареви и нивните локални сатрапи еден убав ден на власт дошол добриот Иван. чоек од народот и таков фин, праведен и културен како што бил, веднаш започнал со редистрибуција на азното по вертикала, ги затворил злите бољари, ги искарал лошите попови а народот конечно проживеал како што е ред и леб, правда и боршч имало за секого во секое време :D

    Тој е основниот колективен мит врз кој се базира руската национална припадност и како што гледаме, без разлика на менување на општествени и економски системи, сеуште рајата таму го чека Иван, сега се величи Путин, вестите таму почнувале со известувања што тоа напраил Путин денес, дали јавал сибирски тигар, дали отепал мечка со голи раце, дали пилотирал авион на 30.000м, дали со џудо зафат кршел кичмата на мамут кој тукушто се разбудил под пермафростот, дали лососите сами му доаѓале во раце додека се брцкал во вода...ПР наменет за лица на возраст од 9 годинки (со врзани очи).

    Таквата психологија е слична на онаа на балканот, со таа разлика што локалниве водачи немаат нафта, плин, шуми и остали ресурси за да се одржуваат на власт и се обидуваат да бидат султани на кредит.
    Секогаш се фура култ на личноста, силниот маш кој ќе ја среди хаотичната состојба, даден од судбината.

    Градење систем, правна држаа, важење на закони за сите...meh...тоа е за клетите западњаци, тешко е, заморно, не е интересно, да си чекаме Лидер кој ќе не опраи, тоа е тоа.

    А што се однесува до склоност кон колективни идентитети, кога би бил по такво нешто би бил англофил ваљда, сепак културата која еманира од островот во разни нејзини форми ми е најблиска по карактер и интелект.

    Друго имаш италофили, франкофили, германофили, нипонофили (јапан), амерофили...и сето тоа е разбрирливо бидејќи се работи за влијателни култури, но дното се допира со србоманијата, бугарофилијата и гркоманијата, три колективни идентитети кои се подеднакво слаби како и локалниов така да it`s a mute point...
     
    На Tanjamm, daylight, Joi и 4 други им се допаѓа ова.
  18. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Ова е тоа кое ја држи Русија сè уште во живот. Овие ресурси. Русија нема којзнае каква индустрија. Со исклучок на воената индустрија од која мислам и дека имаат најголема заработка. Според продажба на оружје Русите се на второ место.
    Бендер спомена и факт е дека имаат направено работи по кои ќе бидат паметени. И по тоа дека некои афрички земји имаат како грб Калашњиков. :D

    Ама далеку се уште многу од Западниот Свет и ќе им биде потребно уште многу време да ги стигнат. Технолошки најнапредни се Американците и никој друг во моментов.
     
    На theowndemon и Feminka22 им се допаѓа ова.
  19. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Нема скоро ништо, продажбата на оружје е повеќе политичка ситуација, ако се земе колку пари биле потрошени на развој и изградба на еден систем ќе се дојде до заклучок дека никогаш никој не излегол на нула во таа сфера, но затоа тука се даночните обврзници кои ќе го покријат сето тоа.

    Често слушам муабети за некакви руски чудесии кои ги чувале во строга тајност и кои само што не направиле пресврт во некоја област и кога ќе прашам да ми посочат бренд на руска облека, продукт за хигиена, софтвер, шо знам, скутер нешто, пенкало...упаљач?! веднаш муабетот се прекратува...
     
    На daylight, theowndemon и +++ им се допаѓа ова.
  20. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.239
    Пол:
    Машки
    Русија е голема империја со огромна историја и допринос за светската цивилизација. Како и секоја држава така и тие имаат своја позитивна и негативна страна. Преживеале турбулентни времиња. Две светски војни, болшевичка револуција, разни масовни егзодуси, транзиција, но пак големата империја се издигна на нозе, затоа што се голем народ. Нема да набројувам колку руската технологија доминираше над западната за време на Студената војна но би се дрзнал да набројам изуми кои денес се користат низ целиот свет, а се креирани од Руси. На пример: хеликоптер, телевизор, радио, видео касетофони, трансформатор, јогурт, синтетичка гума, конбајн, електрични возови, радијатор, радио сонда, периодичен систем, максутов телескоп, први вакцини против Колера, оптички телеграф, противпожарна пена, ЛЕД диоди, Тетрис, нефоскоп, ласер и многу други.
     
    На blonde_supergirl, elimkd и theowndemon им се допаѓа ова.