1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Русофилија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Црна Ружа, 27 декември 2017.

  1. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    Да, тие од секогаш величеле добри лидери/цареви. Оние кои биле просечни скоро и не ги спомнуваат. Путин го величат не за џабе. Имам пријатели Руси кои ми кажуваат дека обична работничка плата од 2000 година до сега им се качила за 300% , стандардот се кренал многу, економијата индустријата. Индустрија имаат , секако помалку текстил и храна а повеќе има колку што знам индустрија што е најплатена, фармацевтска , петрохемиска, метална, рударство... Текстил не им треба затоа што ете текситлна индустрија нема ни во Германија, денес се тоа се произведува во кина.

    Секако кога ке сретнам Руси во странство (и било кој друг словенски народ) некако помили ми се од германците и французите. Дали заради сличниот јазик и обичаи не знам.

    Сепак русија самата по себе е голема и не би се замарала со ситни државички како нашата , па затоа никако не го разбирам тоа дека Браќата Руси ке дојдат да не спасат.
     
    На toogood и carangigia им се допаѓа ова.
  2. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    А од што да не спасат?
     
  3. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    Појма неам... од америка ваљда... има групи на фб руско- македонски некои такви , истото и во србија го има демек Путин ке не спасувал а од кој и од што не знам.
     
  4. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    @Црна Ружа ми ја зеде темата од тастатура :D (зборот од уста де). Интересна тема, верувам поактуелна би била во Србија, но и кај нас се забележуваат траги од русофилијата.

    Многу заблуди и митови се вртат околу таа голема, но мора да се признае, географски и културолошки разновидна чудесна земја!

    Велите причината била верата и менталитетот биле исти, слични... хммм не ми држи вода тоа некако... зошто тогаш со украинците не се сакаат или пак со бугарите кои исто така се православни? Можеби затоа што тие народи убаво помнат каков бил животот под советско-руска чизма.

    Велите православни биле... навистина?! Пред 100 години можеби биле... но денес само 41% се всушност православни, и тоа прашање од нив колкумина си ја познаваат и практикуваат верата.

    Јас лично сум љубител на разновидните култури, па така и на руската која има многу интересни работи да понуди, но никако не се согласувам со тој нивен деспотизам кој го негуваат со векови, а од кој исклучок бил периодот на владеењето на Горбачов и Елцин (периодот 1985-1999) кога имало најмногу демократија но за жал и најмногу немаштија, корупција и хаос, особено 90-те за време на Елцин кој не успевајќи да најде траен излез од мноштвото проблеми се одаде на алкохолот, и на крај оставка.

    Денешна Русија си тера слична наметлива политика како и американците само поради сегашната геополитичка ситуација не до толку распространета како таа на САД. Мислам дека Русија не ги гледа српските и македонските русофили како што тие неа ја гледаат, поточно замислуваат. Доколку би им било од интерес, тие лесно би ги збришале овдешниве земји, гајле би им било за „братските словенски народи„. Впрочем тоа се покажа со другите словенски братски народи во минатото.

    Делумно од СФРЈ но мислам најмногу од влијанието на денешните српски медиуми кои се мошне популарни во Македонија. Погледнете ги само македонските портали колку копираат концепти но и самите вести од српските портали, како да немаме наши новинари - но тоа е веќе друга тема.
    - Супербрзи Сапсан возови (Москва-С.Петербург за 3 часа место 7-8),
    - (воглавно) квалитетни учебници и универзитети,
    - туризам на обострано задоволство,
    - светски јазик : поранешните СССР земји сè уште имаат огромен број на русофони, и е еден од јазиците на ООН.
    - ефтин гас
    - руски порничи и руски ескорт дами ( :?: овие не знам дали спаѓаа во цивилизациски или културолошки придобивки?!)


    Освен можеби психолошката, да се најде алтернатива на она што САД и „трулиот„ запад го нуди. За жал нема некоја вистинска алтернатива во Русија. Има само друга амбалажа, која неретко се нуди и понаметливо. Запад, велат русофилите ни го пере умот со Соросоидна пропаганда, а извинете што мислите дека е прилогот Руска Реч во Нова Македонија или тв Russia Today? Да не ме разберете погрешно, тие медиуми имаат многу интересни содржини но ако читате и гледате внимателно има прилично руска пропаганда во нив и не гледам што се подобри од западните медиуми.

    Сте правеле ли некогаш почесто муабет со луѓе од Русија? Сте забележале ли колку стануваат наметливи ако забележат дека не се согласувате, па макар не во целост, со нивните политички и историски ставови кои понекогаш уемат да бидат и небулози?
    Тоа е нешто што ретко го забележувам кај луѓето од САД и Канада, не дека воопшто го нема, но е многу ретко.

    Повеќето американци не ја одобруваат американската надворешна политика, интервенции (окупирање) на туѓи територии, и до некаде културолошката глобализација (гад им е кога ќе видат бургер кинг или мекдоналдс наместо традиционална локална храна). Но затоа не мал број руси, или барем јас имам таков впечаток, најчесто ја одобруваат активно или преќутно надворешната политика на Русија која исто така умее да биде експанзионистичка било за време на СССР (Финска 1939, Естонија 1940, Летонија, Полска 1939, мешање во Кореја (1950) и Виетнам(1960-те), инвазија врз Авганистан 1979) било за време на сегашна Русија (Чеченија 1994, Грузија 2008, Украина 2014).
    Дали си сигурна дека на фотографијата е етнички русин? Не заборавајте дека и денешна Русија слично на некогашна Југославија е всушност федерација но бројни републики, автономии а со тоа има и бројни народи и јазици.

    Дали сте знаеле дека на територијата на Руската федерација активно се зборуваат над 100 (сто) разновидни јазици?! Повеќето од нив се од различни јазични групи и не спаѓаат во групата словенски јазици. Од нив 35 се во службена употреба: Алтајски, Башкирски, Вогулски, Чувашки, Удмуртски, Калмички, Татарски, Јакутски.... :drunk: потоа тука се и јазиците на економските имигранти од бившите советски републики како: казачки, грузиски, ерменски и тн.

    Сакам да речам, лепотанот на фотографијата што ја стави, можеби е грузиец, аварин или чеченец?! :wasntme:
     
    Последна измена: 28 декември 2017
    На Gosh, Feminka22, Црна Ружа и 7 други им се допаѓа ова.
  5. faye

    faye Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    648
    Срби се русофили и гркофили, православни браќа кои многу се сакаат и поштоваат. Тоа со свои очи го имам видено од коментирање од страна на срби по разни странски платформи, ''мај грик (ор/енд) рашан ортодокс брадрс'' и слично.
    Македонците југоносталгичари се србофили, русофилијата ни доаѓа по автоматизам.
     
    На Feminka22, daylight и Aquamarine93 им се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.801
    Пол:
    Женски
    Мене сите на факс ми е русофили. Љубат браќа руси, а јас хејтер вешто избегнав да учам руски. :wasntme:

    Инаку читајќи ги мислењата ми текна уште нешто. Уште основно (средно краток период учев историја), наставникот по историја ја величеше Русија зошто секогаш ја спасувала Македонија и тоа браќа руси де. Сметаше дека тоа не е само нешто кое се случувало, туку нешто кое се случува и ќе продолжи да се случува. Во претходното мислење, еден човек со кој зборував ми е блиска роднина, кој има огромно познавање од религија и главно ја сака Русија ради религијата и тврдеше дека еден ден Русија ќе не спаси во обединета држава на сите православни народи за спас. :?:

    И уште нешто, еден член спомена дека нема русофили на форумов. Just wait for it, не е темата видена од сите. :lol:
     
    На Bender Rodriguez, toogood, Gosh и 7 други им се допаѓа ова.
  7. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    @daylight проверен ми е дечкото од сликата. Владимир Иванов познат руски модел. Многу си ги сакам Русите и си ги пратам... дефинитивно најнајмажи на планетава
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  8. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Секако дека Русите се познати исто така по работи по кои ќе бидат паметени, тоа е факт. Но исто така се познати и по нерешените мистерии. Сè во врска со создавањето на црни дупки во Сибир, фрлањето огнени топки од раце, поседување на натприродни моќи (слични на тие на Иван Исцелителот) и демонстрирање на истите во едно видео:

     
    На Црна Ружа и Someonespecial им се допаѓа ова.
  9. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.445
    Допаѓања:
    8.467
    Имаше една култна реплика во „Среќна Нова 49“ - „Исток не не` отпишуе, а Запад не не` запишуе“.
    Епа тука сме уште. :D
    Иначе, не би рекла дека Русија е тотално индиферентна кон нас, и кон Балканот воопшто. Зона на интерес и е секоја земја која би била тампон зона меѓу Нато и нив. И сигурно ќе направи се што е во нејзина моќ ние што сме сеуште надвор од западните унии и структури, така и да останеме. Само што тоа го прави мошне суптилно и скоро неприметно.
    А русофилијата на нашиве простори е веројатно (меѓу другото) резултат и на фрустрациите кои ни ги создаде Западот: ќе ве примиме во наше друштво, ама прво услови, уцени, договори, преговори, претпристапни, пристапни, име, знаме, и така до недоглед. А Русиве од друга страна, гледаме дека се силни, моќни, достојна противтежа на САД, а сепак не се офанзивни во однос на надворешната политика. Не бараат поданички однос со другите земји, туку партнерски. Агресивни се само кога им се загрозени нивните национални интереси и безбедност.
    Еве на пример, сигурна сум дека да испаднеше работата за руски гас (Јужен поток), Русот немаше да ни рече: Ќе ви пуштиме, ама вие глејте прво средете со комшиите, најдете (сменете) решение за име и идентитет, па после. Ах, колку ќе ни значеше тоа гасно поточе во нашава земја. Збогум загадување, збогум скапо струиште. Ама некои од Западот ставија железни опинци за да не „попишманат“ за таквиот луксуз. Тоа е.
    И замислете, после САД, Русија е втора земја во светов по привлечност за имигрантите.
    http://nationalinterest.org/blog/the-buzz/russia-the-worlds-second-largest-immigration-haven-11053
     
    На Rama, toogood и carangigia им се допаѓа ова.
  10. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Па така кажи веднаш, Влатко дека бил, а не си ставила таму некоја црномуреста фотографија од солариум излезен, човек да помисли дека е некој Нурсултанмодел Манекенбаев.
    Вицот ќе беше да кажеше дека студираш славистика со главен јазик руски. :D Шега на страна, но мислам дека секој јазик, па така и рускиот е мнооогу корисно да се знае, особено што станува збор за светски јазик.
    За софтвер: Тетрис и Касперски антивирус.
     
    На Bender Rodriguez, theowndemon, +++ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    This is what i mean :D

    Ова е класичен испад на русофилија и нормално, се базира на ноторни лаги.
    Освен тетрисот ништо друго не е измислено во Русија.

    Еве ти каде е измислен хеликоптерот. Во тие времиња во Русија најголем изум бил самовар и нов рецепт за боршч (со запршка).

    https://en.wikipedia.org/wiki/Cornu_helicopter
    https://en.wikipedia.org/wiki/Étienne_Oehmichen

    Јогурт :D Please be a troll, please!

    Еве ти за телеграф, прв бил оптичкиот и Франција во 1793 имала национална мрежа на оптички телеграфи. Електро телеграфот е од Франција али тек Сем Морз во САД го направил масовен, за цело село, морзеова азбука ти текнува?
    https://en.wikipedia.org/wiki/Claude_Chappe
    https://en.wikipedia.org/wiki/Georges-Louis_Le_Sage#Telegraph

    За другите ме мрзи а и нема потреба, чисто да се илустрира психологијата на русофилијата :)

    Е па така оди тоа, ти замисли идеја за ваква тема, со самото тоа ја прати во Акашик рекордс, а како што знаеме ние секташите имаме пристап до космичкиот хард диск и оп! јас ја отворив темата, нешто као телепатија ама не баш :devil:

    Тие наводни супербрзи возови се далеку од француските или јапанските линии.
    Туризмот (не знам што посебно јак туризам има Русија, да видиме некои цифри) и природни лепоти не би ги ставил како достигнување на една раја пошто планиње, реки, езера, плажи и идилични пејсажи постоеле уште пред милиони години :party:

    Исто важи и за нафта, плин, јаглен и остали ситуации, ќе испадне дека Сауди Арабија е цивилизациски јака а е дно. Тие си постоеле под земја уште пред првиот русин да почне да гнете лук и да целива икона. Во Русија нафтата започнале да ја влечат западни фирми на чело со Нобел бидејќи русите нит имале технологија, нит знаење нит инфраструктура за тоа.

    Никако не може да се каже дека рускиот јазик е светски. Во светски рамки постојат само два јазици, инглиш и еспањол и тоа е тоа. Глобално е толку небитен што е тешко да се најде соодветен збор за да се илустрира неговата небитност.

    А тоа е интересен феномен што викаш, некое латентно и ничим предизвикано курчење на раја од тие простори, тешки игнорамуси :D

    Се произведува во Кина, но брендовите не се кинески, значи да видиме некои руски брендови, некој моден правец кој го лансирале, било што.
    Стандардот им е дно на дното, ако си имала прилика да комуницираш или скраја да е, да работиш со руси ќе забележиш страшна неукост и изразита тупавост, молчеливост и инхибираност, не знаат да гукнат две реченици без две чаши вотка (чаши не чашки), некако тужно им е...
     
    На +++ му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    А што ако ти кажам дека скоро цел гас кој доаѓа во РМ денес е веќе од Русија :D

    Треба да внимаваш какви блогови отвараш, ако нешто е на нет не значи дека е точно, каква црна привлечност за мигранти, единствени несреќи кои таму одат да црнчат на градилишта се абхази, туркмени, казаци и остала централноазиска раја пошто кај нив е уште полошо. Настрана што демографијата им е ужас, 20-23% веќе се муслимани во РФ, затоа ми е комично коа некои кукаат над црната судбина на Франција со 8% муслимани или САД со 0,8% :D
    Од друга страна милиони руси избегаа од таму во последниве 20 години.

    Јас не познавам никој при здрав памет кој би емигрирал таму, обично се бега по немачка, канада, аустралија, италија, скандинавија и остали зли западни земји кои сакаат да ни го земат лорандитот...
    Фторо место еј, Русија е попривлечна од швицарска ццц, не сум знаел :worried:
     
    На Tanjamm и +++ им се допаѓа ова.
  13. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Ќе го префрлам мислењево тука да не одиме оф-топик на таа тема, значи плагијатот на Конкорд познат како ТУ-144 имал вкупно 104 комерцијални летови за време на целото негово постоење и сите 16 изградени авиони од тој тип што е просек од 6,5 летови по авион.
    Авион во кој биле улупани милијарди долари, извршил ШЕСТ летови по летало за цела негова кариера :D
    Со најмалку две несреќи тој авион е најлошиот во историјата на патничкото воздухопловство во поглед на безбедност (се сметаат поминати км вс. жртви, на колку км доаѓа по една жртва статистички)

    Кариерата на Ту-144 започнала на 1.Ноември 1977 а завршила на 1.Јуни.........1978 :D
    Цели 7 месеци флотата са ова чудо на руската технологија опслужувало клиенти, чак еден лет неделно (кој често бил откажуван), не постои дно кое не можат да го пробијат.

    Конкордот редовно, секојдневно летал меѓу Британија, Франција и САД цели 28 години, значи секојдневно, со децении. Настрана повремени линии со други места по светот или чартери.
     
  14. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
  15. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.239
    Пол:
    Машки
    Не зборуваме за некои обиди за креирање на хеликоптер. По твоја логика тогаш Леонардо е креатор на хеликоптер затоа што имал некои свои прото замисли. Хеликоптерот кој денес се лета низ целата земја планета е креација на Русин. Дали тебе тоа ти се допаѓа или не е ирелевантно. За другите нема потреба да се замараш затоа што се убаво документирани патенти од светската научна фела и пишува дека позади нив стојат руски научници. Не е тоа русофилија, туку историски факти. Што се однесува за гардероба, мебел, филмови, музика, театар, архитектура тогаш очигледно немаш појма ништо за Русија. Ако толку те интересира јас сум работел со Руси преку шпедиција и можам да ти кажам дека се извонредни работници, а тоа дека имаат низок стандарт доволно зборува дека целиот свет е преплавен со руски туристи и тоа низ доста скапи места. На секој агол руски туристи.

    Што се однесува до нафтата и тука стои Русин
    https://en.wikipedia.org/wiki/Cracking_(chemistry)

    :party:
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  16. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.445
    Допаѓања:
    8.467
    А кои национални профили трчаат во Америка и црнчат на градилишта? Пакистанци, Балканци, Јужноамериканци или Швеѓани, Швајцарци, Данци? Се знае каков е образецот на типичниот емигрант - сиромашен, отепан и желен за каков-таков животец. Што има тука нејасно и чудно за имигрантите што трчаат во Русија?
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  17. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    А француски? Инаку за рускиот не се согласувам со тебе дека не е светски јазик. Можеби не е светски како англискиот но покривање на толкава територија вон самата Русија не е мала работа.
    А каде емигриираат жителите од тие земји?!

    foreigners-in-russia.jpg

    Ти праша што има да понуди во 2017, велам тоа има да понуди и тоа има и Македонија да ѝ понуди на Русија, а цифри ме мрзи да барам низ интернет... Сигурно дека Њујорк, Париз и Токио, Лондон имаат повеќе туристи, но по паѓањето на „железната завеса„ сé повеќе луѓе од запад одат да ја шетаат Русија. Погледни ги само Москва, Санкт Петербург и трансибирската железница долга над 9000км, повеќето извештаи и патеписи на патничките сајтови и јутјуб се токму од западните земји.
     
  18. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Еве бе, налетав пак на коментарот на кој помислив :rofl:
    @Црна Ружа, мораш да го видиш ова! :D

    [​IMG]
     
    На Bender Rodriguez, blonde_supergirl, +++ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Искрено, пишав еден коментар претходно ама го избришав, да не ја отерам темава таму каде што не треба. :)


    @Someonespecial
    Ова погоре е чист пример за русофилија. Православието, Словени ширум светот обединете се и.т.н.
    Него ми текна сега на еден член од тука кој е русофил. Па кога дозна дека и Русите го тврдат тоа што тој цело време го негираше со сликички кои немаа смисла го снема. Сигурно си рекол во себе „Зар и ти брате Путине“. Почнав да ме загрижува ептен, да не му се случило нешто после тоа.
    Ваквите митови и легенди за православието ги шират најмногу ама баш најмногу тие кои биле во ЈНА и правеле тетоважи со бодликава жица. Вакви имав многу колеги на едно поранешно работно место и џабе е да се обидуваш да им објасниш дека Западот е понапреден. Ти си по автоматизам неписмен, а што очекуваш од човек кој тврди дека во Русија живееле милијарда луѓе (да, имаше и таков :D). А што е најинтересно пола нивни роднини избегаа по Германија и Шведска а не по Русија.
     
    На Црна Ружа и Someonespecial им се допаѓа ова.
  20. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Леонардо имал само нацрти, а тие на линкот се физички, летечки машини. Дали твојот русофилски ум може да направи разлика? Не е убаво да се лаже. Тој на вториот линк е и прв признат од страна на меѓународната аеронаутичка федерација (FAI), нема тука никакви руси има французи кои се супериорни во секој поглед на русите.

    Дај да видиме како тоа русите го измислиле јогуртот, жити се, аман, тоа мора да се прочита, јас знаев дека ОхриТ уствари е Јерусалим, дека Бог ги створил македоноидите (белата раса), за Алшар нешто ова она, дека србите се најстар нароТ на светот, ама дека руси измислиле јогуртот не сум знаел, секој ден по нешто ново учиме :D

    Факт да ти излезе пред тебе облечен во неонско одело и со дреч оранж боја да ти се дере ЈАС СУМ ФАКТ во фаца нема да го препознаеш, фасцинантно како емоциите ги прават луѓето да лажат (или да се самозалажуваат).
    Може да постираш нешто за тоа рускиот телевизор да го видиме, тој првиот?

    Оние кои не можат да одат на запад одат во Русија, поради визните бариери. Русите бегаат на запад, милиони руси избегаа на запад, не можејќи да ја издржат убавината на таа земја, тој систем и лидерот кој тукушто отепа Јагуар со чачкалица.

    Францускиот бил некогаш но денес не е, Франција веќе одамна не е светска империја низ дипломатскиот кор сеуште се употребува француски. Влијанието на еден јазик се гледа преку зборовите кои се одомаќиниле низ странски јазици, ако ти каже некој пардон господине, не е добро да се патува со авион ако се има грип, тогаш ќе увидиш дека во овдешниот јазик има франкофони зборови.
    Русизми во македонскиот...њама, ништо, нула.

    Пажаљастја :D
    Рускиот нема никакво влијание никаде надвор од границите на екс-СССР, никој не го сака, јадничак :worried:

    И мандаринскиот е масивен јазик, но е ограничен на Кина и евентуални мандарински говорители во емиграција иначе не постои.

    Туризам има скоро секоја држава (и С.Кореја меѓу нив) така да ништо посебно, не верувам дека бројката на сите туристи кои ја посетуваат вкупно РФ е барем 1/5 од оние кои го посетуваат само Париз годишно.

    Тоа се тие ситуации, кога РМ е подобар избор наместо РФ, speaks volumes :Dне повлекувам паралели со албанките кои ги носеле посредници за 500 евра, се надевам дека се работи за љубов во случајов, ќе ме убие сентименталност некој ден :x
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.