Ova so ruskata salata strasno me pogodi, a bogami i mm go pogodi. Namesto da mi vika posle, pose, enego se fati za seckanje.
Насловот на темава вришти Но,сепак ќе кажам здраво,и јас сум Русофилка И тоа не обична,ами горда Пред се,се осеќам некако блиска до нив(како и со другите словенски браЧа)по православна основа де Од мала ги сакам Русите и се што е руско,почнувајќи од вотка,од историја,од песни до јазик и што уште не. Плус и на изглед ми се многу убави,посебно жените А и Путин го сакам многу,абе воодушевена сум од него уствари Желба ми е да ја посетам Мајка Русија еден ден,се надевам таа желба ќе ми се исполни
Да, имаше повод тоа на твитер „предупредување„ од амбасадата на РФ: „Внимание! Во претстојните денови се прогнозира забележително зголемување на руското влијание на целата територија на Македонија и пошироко“. Ова е твитот кој во пресрет на новогодишните и велигденските празници ги сподели руската амбасада во Македонијаа, придружен со фотографија од руска салата и хаштаг „руска салата“.
А, бе, тие од руската амбасада се ептем вицкасти изгледа Мислам дека не им е прв пат нешто такво да објават по твитер. Треба профил да си направам и да ги заследам
На темава сретнав колку проверени податоци, толку и дезинформации, па би ги прескокнала тие натегања и би се навратила на идејата од која започнала. Да играше клучна улога потеклото, јазикот, верата и сето тоа што сте го навеле, Македонците најмногу љубов ќе негуваа кон Бугарите , а обратно е, Бугарите им се дури и необично одбивни. Исто, има доста кои не ги сакаат Србите, како резултат на лоши искуства од минатото, така да, џабе славјанството и православието и генијалецот Никола Тесла. Се е интерес во животот, макар и за луѓето кои не умеат да ги проценат своите интереси. Русофилијата главно се сведува на тоа што пишав, меѓуетничката атмосфера во земјава. За Албанците се верува дека се под американска капа, па логично е другиве кои се осеќаат загрозено, да се свртат кон оној што се претставува како најголем ривал на САД. Русофили кога бев мала овде немаше. Добро, сигурно имаше по некој, јас таков не познавав, а сите оние кои ги познавам денес, до пред не така одамна, Русија не ја ни спомнуваа, никој не се замараше со Русија. Генерации наназад тука се израснати со западни медиумски трендови, од типот на филмови, популарна музика, стрипови, повеќето спортови, мода и останати продукти за конзумерство и тоа е случај уште од почетоците на бившата социјалистичка република, значи на сите им е претставуван американскиот сон (евро-американскиот), помалку или повеќе, па сега колку некој имал време паметот да му летне во Русија, е прашање. Русофилијата во независна Р.М зеде замав последниве години, откако самите Руси се обидуваат да го наметнат своето влијание во регионот. Тоа некако се поклопи со периодот после 2008., кога НАТО ги затвори вратите за државава, и останатото премина во перење мозок, трагикомичнo барање на идеолошка подлога. Ако има потреба да нагласам, не сум русофил... не сум ниту русофоб И јас ценам руска класична литература, и во добар дел класичната музика (не премногу, бидејќи западниот придонес на тоа поле е основата, јас барем повеќе време посветувам на западни композитори). Литературните класици, рака на срце, се незаменливи. Друго, што знам. Таа словенска карактерна едноставност, простодушност, мене не ме фасцинира, а ме иритираат сказните за декадентниот, материјално богат и духовно сиромашен Запад, тешењето на народецот колку е кисело грозјето , на чија страна бил госпот и такви глупости. Иако кај некои Руси може да се сретне северњачка ладна црта во однесувањето, што е плус во животот. Јазикот им е како преџвакан македонски и не ми се допаѓа.
Далеку се од Франција, би рекол разликата е драматична, па и Италија за нив е друга планета, тие носачи на хеликоптери се истовремено и десантни бродови и снабдувачки бродови, три во едно а со релативно минимална модернизација (рампа под агол) можат да бидат и носачи на авиони (како италијанскиот Џузепе Гарибалди, нешто поголеми се од него а помали од Конте ди Кавур, новиот талијански носач на авиони). Пред некое време таа `рѓата Кузњецов се довлечка пред брегот на Сирија и сеа ќе лансира авиони во напад, прв пат во историја ќе користеле руси носач во 2016...е сеа Кузњецов, таков јаден - нема катапулт за лансирање на авиони него авионот (Су-27) треба чисто под свој погон да полета и не може да носи ништо повеќе од два пара ракети ВВ или ВЗ пошто нема да може да се одлепи од писта. Немале гориво да се вратат назад и после парадното стрелање на ракетите морале да се приземјат на сириски аеродром со големи напори. Јас си имам самопочит а таа налага да не комуницирам со русинки, скраја било Македонките се три класи поарни од нив во секој поглед, тоа е факт. Ете пак, обид со лага да се подржи некакво митско руско позитивно влијание врз РМ (или СРМ во тие времиња). https://en.wikipedia.org/wiki/Bled_agreement_(1947) Ок, не велам се работи за намерна лага, повеќе повторување на слушната лага од некаде, од некои русофили, инаку Сталин бил изразито против Балканска федерација, Димитров платил со глава за таа идеја која ја планирале со Тито. Настрана што СССР и сателитите држеле војска на граница на Југославија и планирале инвазија. Да, руските бомбардери за малку фалело да го бомбардираат Скопје и остали градови. Но тоа е само континуитет на монструозната политика на Русија кон РМ, од Сан Стефано, Берлин и Букурешт преку Информбирото и оставањето на цедило на Егејците и ДАГ во граѓанската во Грција.
Тоа е тој радиоактивен хумор, таа духовитост од која се добиваат хемороиди Русофили има уште од 19.век тука Едно време биле спремни да одат во смрт за мајчица Россија, Голи Оток бил полн со такви... А "ладни" се поради тоа што се емоционално неписмени, изгледа им е страшно неудобно во сопствена кожа, ваљда се некаква тотална спротивност на италијаните. Но после пар чаши вотка, се претвараат во најбољи другар до гроба, те гушкаат, ти кажуваат дека те обожаваат, тоа се тие невротични ситуации со руска раја...
Е да, тоа е реалноста со нивниот носач на авиони. Типичен пример за тоа кој има поквалитетни бродоградилишта е тој носач. Само го поправаат, тоа е реалноста. И сè уште е на поправка. Сега откако ја заврши операцијата во Сирија пак го вратија на поправање.
Далеку е од лага тоа, Ружо. Оти ова не е од википедии и не знам ти какви измишљотини, него е од катедра по Меѓународно право и меѓународни односи на Софиски универзитет, конкретно, надворешна политика на Бугарија предмет, конретно, односи на Бугарија со Југославија, македонското прашање, односи на Бугарија со СССР. И лагите се студираат (и на други катедри) со записници од средби, доклади и слични материјали.
Па затоа ги снема после Не ги анализирав толку детално тие Руси што сум ги сретнала, само знам дека не ме пленија со ништо. Не ја осетив крвната поврзаност со нив Треба да им се објасни некако на русофилите дека се им е психа.
Тие се фактите, без разлика дали се од википедија или од британика, улогата на Сталин во ситуацијата со мак.национално прашање била деструктивна, далеку полоша од таа на Димитров (која била позитивна), како што гледаш договорот е од 1947 и под притисок на Сталин не се остварил, нема како да се напраи спин на тоа, факт е. Настрана Сан Стефано, Берлин и Букурешт А знаете дека Русија како сукцесор на СССР сеуште и должи на РМ некои 90 милиони долари, се натегаа да ги вратат што и како не знам, тоа е таа сила што и должи на РМ пари и не ги враќа
За волја на вистината, и Македонци се подобри од источноевропскине насилници и хулигани. Патем, види само во Украина што се случува последниве години... дури и во Р.М политичка криза се решава неколку нивоа поцивилизирано. Бруки.
Веројатно е премногу таложена омраза помеѓу припадниците на соодветните колективни идентитети низ децении и настаните последниве години се само ерупција, нешто како четници и усташи но со многу повеќе деструктивен капацитет...
Да се појасниме, со ова скроз се согласувам, посебно за почитта кон литературните класици. Не гледам јас тука омраза, не би се ни согласила со „фобија“ кон која било држава и националност. Тоа карикирање во поставеноста на темата, е насочено кон идеализирањето на политиката на Русија од страна на некои луѓе, очекувањето дека тие ни се некакви заштитници и слично. Плус тоа, на пример, она што (преувеличено) покажуваат и смешниве видеа - вистинско мажиште излегува од мраз, фаќа оган, влече товарно возило, лови мечки... Тие традиционални стереотипи што уште ги има во сите словенски земји - воопшто не ми се допаѓаат, како ниту позитивното поврзување на нивното потекло со Русија. А за желбата да се посети земјата, љубовта кон нејзината култура, уметност и вистински достигнувања - немам ништо против, таман работа. Just saying
Добро сега, три класи Македонци и Македонки над Русите... мислам дека претеравме и забегавме со муабетот. Сепак, не. Индивидуално е. Рускиот стандард и квалитет на живот не може да парира на западноевропскиот и северноамериканскиот, тоа не треба да биде предмет на расправа оти е неспорно. Русија споредувајте ја со Кина и препирајте се
Јас повторно ќе ти кажам, ова не е спин. Ова е историја со факти - записници од средби, извештаи на комисии од терен, која не е извадена од некој си линк на интернет или прераскажана од некој си русофил или повлијаена од Белград. Ова е нешто кое се изучува во рамки на Надворешна политика на Бугарија. Не знам кој друг е поверодостоен за надворешната политика на Бугарија, периодот на владеење на Димитров, односите со Сталин и Тито? Ова е период од историјата на Бугарија, од кој Бугарите радо би се откажале Заради преговорите со Тито за федерацијата, како и „македонизацијата“ на Западна Бугарија, Димитров е сметан не ко титова марионетка, ами ко марионетка на Сталин баш заради тоа што преговорите за федерацијата била туркана со амин на Сталин. Ко и пописот во Пиринска Македонија, ко и целата кампања за македонизација (ко што викаат во Бугарија) на Бугарите од Пиринска МКД. Димитров, не му се клањал на Тито, му се клањал на Сталин. Мислиш на Бугарите им чинело да влезат во федерација на Тито? Оти, знаеш каков бил предлогот на Тито, каков статус требала да има Бугарија во таа федерација? Република. Барабар со сите други Знаеш кое било барањето на Димитров, уствари? Конфедерација помеѓу две држави Југославија и Бугарија - еднаков статус 1:1. Дали Сталин се залетал и за ова да ги притиска Бугарите да прифатат? Бугарите викаат да. Оти ова не испаднало? Оти Тито паралелно водел преговори со Албанија и сакал да влезат во федерацијата пред Бугарите. Тоа е момент кога на Сталин му светнала сијаличката за Тито и што би значело ако се оствари тоа обединување Сталин ради она....ќе имало обединување на Македонците преку границата, признавање на Македонците како посебен етникум во Бугарија и сл. не е „спасител“ или „добродетел“, божесачувај На Сталин, гајле му било за Македонците во Југославија или Македонците во Бугарија или тоа дека воопшто постои некаков посебен етнитет кој треба да има своја држава (исто ко што и Путин го заболе за Македонија). Сталин го занимала Југославија. Го занимал Тито, го занимал да ја одржи својата сфера на влијание. Му угодувал на Тито толку. Еден куп документи имаш на бугарски за темиве. Купишта. Книгишта. Нит Бугарите гаат русофилство ради ова, нит ние треба. Во контекст на темата...како се викаа моторџиите и оној главниот нивни што се ептем добри пријатели со Путин ц
Поштовање bow: И што, Русиве биле ладни? Абе дури не видам наш државник вака да ги дочекува гостите кај нас, ќе сметам дека сме камења во однос на нив