Русофилија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Црна Ружа, 27 декември 2017.

  1. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    4.304
    За малку ќе прашав што било тоа со смешката за дедо мраз на Russia Today? Ама еве најдов (ах тој американски гугл) - воедно честитки :d::dance: за Новата 2018 година :party: до сите русофоби и русофили. :D


     
    На dayla му/ѝ се допаѓа ова.
  2. dayla

    dayla Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    5.623
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам на муабетов, не мислам дека може да се наречеш или квалификуваш како русофил ако на полноќ не иде ова во позадина:

    Класика. Убав помин вечер братья и сестры. :party:
     
  3. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    Руски брендови: Лада и руската мафија.
     
  4. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.331
    Ruski Brendovi :rofl:

    1. Leonid Mickelson
    2. Mikhail Fridman
    3. Alisher Usmanov
    4.Vladimir Potanin
    5. Gennady Timchenko
    6. Alexey Mordashov
    7. Viktor Vekselberg
    8. Vladimir Lisin

    9. Vagit Alekperov
    10. German Khan

    Ne se po red kako na slikava



    [​IMG]

    Malku sala :lol:

    Eve od mene dva naslova od koj eden naslov e preveden od Laguna Srbija
    [​IMG][​IMG]

    Podobro vistiniti storii nego lazni trileri :lol:
     
    На carangigia му/ѝ се допаѓа ова.
  5. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    Се мислев дали да пишам (за да не биде темава само со мои мислења) но еве ќе пишам.

    Зошто на пример на русофилите не им е идол Петар Велики? За мене тој има направено најмногу за Русија и никој друг. Ја издигнува Русија на ниво на светска сила, го отвора тогашното затворено и ептен конзервативно општество кон Западот, ги шири идеите на просветителството и врши доста значајни реформи. Архитектурата, уметноста, културата и литературата доживуваат преродба благодарение на овој човек кој бил под огромно влијание на Западот и западната култура и кој ја има пропатувано цела Европа и се запознавал со културата на западните народи.
    Основач е и на Санкт Петербург исто така. Пред овој човек руското општество било претерано затворено и конзервативно, исто како и македонското во времето на Отоманската Империја.
    Сето тоа што го имаат Русите го имаат благодарение на овој човек и никој друг според мене. Тој е за мене нешто како што бил Кемал Ататурк за Турците кој го укинал арапското писмо и ја вовел латиницата и направил ред други реформи.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  6. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.025
    Допаѓања:
    48.353
    Пол:
    Женски

    Како што пиша Петар Велики бил наклонет кон западот, патувал и престојувал во тие развиени земји и многу му се допаднал тамошниот начин на живот, научил многу нови работи од разни области и ги применил во тогашната многу заостаната Русија. Ете тука лежи одговорот на тоа твоето прашање, а русофилите немаат ништо заедничко со западот.

    Се поставува прашање, дали можеби Екатерина Велика придонела повеќе за Русија од самиот Петар Велики?

    Она што е интересно е наизменичиот начин на водење политика на владателитена Русија, ако еден владател тежнее кон западот, неговиот следбеник се оддалечува, и се така до ден денешен.
     
    На +++ му/ѝ се допаѓа ова.
  7. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067

    Катица е по потекло од тогашна Прусија :D. Али да, ја прифаќа православната религија и нејзиниот придонес кон руското општество бил исто така голем. Мене тоа ми беше поентата всушност, дека пак Русите тоа што го постигнале со архитектурата, уметноста, литературата и.т.н. е сè постигнато благодарение на влијанието на западните култури. :)
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.713
    Пол:
    Женски
    Не знам дали може да се нарече типично русофилија, но јас лично ја обожавам Русија како голема православна земја со велелепни градби, цркви и манастири, уметност и културно-историски знаменитости. Сепак, Русија е столб на православието во светот, а тоа не им одговара на некои земји.
     
    На Lovelybaby<3, Недопирлива5 и Aleksandra9999 им се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.622
    Допаѓања:
    14.066
    https://www.themoscowtimes.com/2019...r-20-of-russian-households-reports-say-a65049

    Полски вецеа, минимална плата од 197 евра, се е кажано. Ресурси, па ресурси, а голем дел од нив се во територии каде живеат Јакути, Башкири, Татари и други народи кои немаат никаква врска со Русите. Севкупно, русофилијата е нешто како платонска љубов, заблуда до заблуда.
     
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.622
    Допаѓања:
    14.066
    Има еден јутјуб канал Руски мир се вика. Молдавија, Украина, Грузија, Естонија, и на други локации се снимани видеата. Русите се расправаат со сите луѓе, не сакаат да говорат туѓ јазик, се дерат другите требало да научат руски, дури едно старче Русин во Молдавија не сакаше на протест со новинарка да говори на молдавски јазик, не знаел и ја бркаше нејзе да си оди во Романија. И жените Русинки истото го направија со зборови „ти и твоите деца мори треба да научиме руски, ние сме Руси“, урлање, дерење. Во Одеса 2023 година, во руски хотел одбиваат да говорат украински јазик со муштерика и наплаќаат во рубљи. Две - три Русинки се караат во Одеса, зошто имало улични музичари пееле на украински јазик, тој јазик не бил модерен, не го учеле, не го знаеле, им пречеле украински песни. Во Естонија еден старец исто оди на шалтер и се кара со администривката зошто таа не знаела руски јазик.

    Да си коригирам, платите од 197 евра се премија, во провинција има плати од 150 долари, 130 долари, пензии од 110 долари, 130 долари ( има јутјуб анкета снимена неодамна за месечна заработка на руските граѓани). Значи двајца сопружници пензионери Руси во Русија примаат помалку од еден македонски пензионер. Во наши пари во провинција Русин прима 6.000 до 9.000 денари. Имаше една анкета со кои нации странци би излегувале, би имале дечко, со Американци да ги носат во Америка, со Канаѓани, со некој богат Европеец, со Турци, оти тие добро се однесувале со жените, со Азербејџанци, со Казахстанци. Имаат Србите еден муабет „продала вера за вечера“.
     
  11. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.943
    Допаѓања:
    9.703
    Пол:
    Женски
    Русофили во Македонија еден руски класик немаат прочитано.
     
    На Tanjamm и FriendOfDorothy им се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.622
    Допаѓања:
    14.066
    Руските класици навистина не ги читаа, освен одличните ученички, да не се посрамат. Јас преку распуст ги читав обемните како Војна и мир и Ана Каренина и во тетратка прераскажува, затоа што професорката прашуваше во детали за да се увери дека книгата е читана. Е сега на одмор дискутираме пред испрашување и Ана Каренина се фрлила под воз, ама школски што не читал не сфатил се фрлила под мост. По некое време не праша од мост или воз.
     
  13. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.902
    Допаѓања:
    25.542
    Пол:
    Женски
    Не се сметам за Русофил , ниту сум наклонета кон други народи до таа мера да ги величам . Секоја држава има свои маани и предности , секој народ има добри и лоши страни . Конкретно , од Србите не сум доживеала непријатности во Србија , од Албанците во Албанија , од Турците во Турција , од Руси во Турција бев дури пријатно изненадена од едно детенце кое на Руски ме праша од каде сме јас и син ми , бидејќи зборуваме " слично како руски " , еден Русин ја подигна ќерка ми со се количката на скали ( повеќе од 10 ) без никаков проблем , бидејќи забележа дека со маж ми сме сами со трите деца на одмор со куп реквизити за децата , а сите три деца се мали во тој момент .

    Единствено каде имам доживеано непријатности е Косово . И тоа во делот каде се бутици на ниво на ДСпорт , бутици каде е брендирана облеката . Не знам што им беше на тие луѓе , странец сум таму , ама дај покажи култура , сум дошла да прошетам па и да купам , оставам пари во твојата држава . Ако не ме сакаш , не ме сакај , не ми дофрлувај како да сум рандом проститутка . Згора на тоа , бев во зима таму . Значи воопшто не бев " гола " . Плус децата беа со мене . Па мене ми е непријатно , иако ниту јас ниту децата не разбравме што ми дофрлија , сепак не се осетив убаво .

    Јас луѓето ги делам на добри и лоши , не по националност или вера .
    Генерално гледано , секаде биле културни и фини , ама ете поединци се шљам , као и увек |( . И ради тие поединци , веќе не сакам да стапнам во тој дел на Косово :envy: . Па макар и Дубаи го донеле таму .
     
    На Aнонимус_ му/ѝ се допаѓа ова.
  14. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    1.936
    Пол:
    Машки
    Не сум имал директен контакт со руси, освен што сме биле сместени во исти хотели на одмор.
    Не можам да кажам дека се агресивни меѓутоа поприлично се некултурни, особено помладите, не знаат ниеден јазик освен руски, доаѓаат и ти зборат на руски, нормално ти не ги разбираш и не ни знаеш што сакаат од тебе. Мислев дека ние сме неандерталци во ол-инклузив резорти ама верувајте никој не е повеќе од нив, грабаат како невидени од храната, трупаат во чиниите цели кули од храна, не јадат ни третина, све тоа се фрла после...

    Инаку општо на темава, од Русија ми се допаѓа нивната музика, имаат култура, технологија, и сепак се поразвиени од нас. Меѓутоа ментално мислам дека се поназад од останати европски народи, ептен се националисти и патриоти дури и по цена на самонаштетување. Нешто налик Американците - убедени дека нивното е нај, сите им се испод ниво.
     
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.622
    Допаѓања:
    14.066
    Една школска на прашање што се козаци, одговори дека тоа биле луѓе што чувале кози. Сите што ги читале книгите скапаа од смеење. Не може да си русофил ако не си прочитал ниту една руска книга, не знаеш ниту еден руски пејач, немаш поим од нивниот јазик, немаш поим како им звучи химната, не познаваш ниту еден Русин, не си бил во Русија. Ти не си русофил само затоа што навиваш Русија да потепа се живо, туку си затуцан, светот го гледаш како место каде племиња се тепаат и истребуваат.

    Јас сум франкофон, затоа што 4 години учев двојазична гимназија, матурската ми беше за француските писатели, прочитав куп француски книги, одев на фестивал на француска шансона, пеев песни од Селин Дион и други, глумев во француска претстава, преведов документарец од француски за француските борци загинати во Македонија, преведува поезија, дури на една Французинка и кажав податоци од биографијата на Пол Верлен што таа ладно ми кажа дека не ги знаела.

    Мразам самобендисани народи, агресивни. Сите што во денешно време не зборуваат англиски, за мене се прости до немајкаде, како со исечени раце и нозе.
     
  16. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.219
    Допаѓања:
    57.175
    Пол:
    Женски
    Книга уште немам прочитано бидејќи тука нема, но барам, а другото е исполнето. Русофил сум официјално? :D

    Ова е чиста глупост и неинформираност, не можиш да генерализираш цел народ на ваков начин. Ова го кажувам како некој што знае Руси, бил во Русија и контактира со нив, не зборувам напамет како ти. Еден од најубавите престои ми беше таму, како се однесуваа и разговараа со мене. Многу гостопримливи и љубопитни. Плус, многу безбедно се осеќав таму шетајќи и навечер. Исто искуство од таму и мој пријател има, и знам и помлади луѓе што студираат таму. И ова каде што бев не беше Москва или Санкт Петербург.
    Во врска со јазикот, да повеќето не знаат англиски, сѐ им е dubbed (всушност како на многу други држави) и во школо се изучува(л) германски главно. Сега и англиски се изучува, па помладите генерации сѐ повеќе го знаат. Но и покрај тоа, повеќето ќе се обидат да ти помогнат ако си турист што не знае нивни јазик.
    Кога бев во Германија, привремено на работа, не сакаа да нѐ услужат за интернет бидејќи мораше да зборуваш германски со нив. Ама во овој случај тие "си го ценат јазикот", во Русија се "прости оти зборуваат само руски". Рускиот го зборуваат над 250 милиони луѓе во светот инаку.

    Мене повеќе ми се чини дека генерално владее русофобија, предводена уште одамна од западната пропаганда за Русите, а не русофилија.
     
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.622
    Допаѓања:
    14.066
    Како немаш прочитано руска книга? Беа задолжителни класиците барем во гимназија, а и ширум Македонија во библиотеките ги има, секој може да ги зајми и чита. Ти си русофил, зборувам за луѓе кои само сакаат да гледаат сеир, а се прават русофили. Не знаеш јазик, не знаеш музика, ни актер, ни спортист, не знаеш друг град освен Москва, значи не си русофил. Едно е да не сакаш да зборуваш друг јазик, друго е да не знаеш да бекнеш. Има народи што знаат англиски, ама сакаат да им зборуваш германски, француски, ако си кај нив, си го ценат јазикот, не дека не знаат англиски. Без англиски јазик си како инвалид денес, се друго ти е плус ако знаеш. Сум зборувала со Албанка од Албанија на италијански во Скопје, ама тоа не го минимизира значењето на англискиот. Англискиот е универзална потреба, германскиот е неопходен ако планираш да работиш таму, другото е слободна волја.

    Не генерализирај е фраза со која се правдаат дефекти кај одредени народи. Модерен и напреден народ не му паѓа на памет да напаѓа соседи, браќа. Делата покажуваат кој е кој. Некој сега може да ти каже и на Косово луѓето се кул, прекрасни, космополити, но тоа не е вистина и делата тоа го кажуваат. И јас можам фино да се однесува со некои странци, да бидам љубезна, ама цела нација не сум јас, тој ќе си пребара на интернет, ќе прошета, ќе види купови ѓубре, на 10 места ќе го поткраднат, и после не се важи "ама ние не сме такви, не генерализирај".
     
    Последна измена: 19 јуни 2025
  18. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.219
    Допаѓања:
    57.175
    Пол:
    Женски
    Добро тука можи јас не сум сфатила добро, јас мислев на руски јазик да се книгите, а руски книги на македонски имам прочитано. Инаку на руски јазик ги барам стриктно.

    Каква врска има ако го знаат а не го употребуваат сепак, не сакат ни да ти се обратат ако не го знаеш нивниот јазик? :?: Освен за нивна лична корист кога се во друга држава, инаку буквално исто е, само што не се трудат да ти помогнат.
    Инаку како што кажав, сега имаат англиски јазик по школите го учат, исто и по приватни јазични школи, па новите генерации го знаат сѐ повеќе.
     
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.622
    Допаѓања:
    14.066
    Оправдано е твоето, си била и видела. На Запад има сега многу доселеници и имаат право да не ги сакаат, истото важи и за Македонци, Срби, не само за Арапи. Сега скоро прашав една чиј маж е во Германија 10 години, дали знае германски, се смее не знаел, со раце и нозе се разбирал. Тоа е за секоја осуда. Оправдано е Германец да ги мрази и да ги гледа исто како што ти го гледаш тој од тетовско што не збори македонски, скоро исто е. За 10 години овдека Филипинките зборуваат македонски и пишуваат, тој германски ме научил. Исто едни Хрвати случајно заследив на јутјуб, кажуваат во Германија имало работа колку сакаш, можеле да забошотува ат и да бегаат од едно место на друго, не да се трудат како во Хрватска, па и уште рекоа ќе дошло ден, Германците во Германија хрватски ќе учеле да зборат и ги отследив веднаш. Мои роднини цел век се во Париз, па се ожалостените Арапите уживале подобар имиџ од Балканците. Има причини зошто е така, треба само да си размислиме.
     
    Последна измена од модератор: 21 јуни 2025 во 07:09
  20. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.208
    Допаѓања:
    4.413
    Пол:
    Женски
    Па баш ќе ме чудеше Тањето да ја нема на оваа тема… позич Еуропа:hai:
     
    На Realist1 и H.VAGA им се допаѓа ова.