Ме инспирираше мојата љубов кон овие уникатни изработки и тоа што се преретки кај нас да ја отворам оваа тема. Дали ви се допаѓаат?Зошто кај нас ретко се среќава мебел од дрво туку скоро секаде медијапан и иверка? Би го уредиле ли така вашиот дом?Зошто да и зошто не.. Ајде да дискутираме затоа што модата се враќа токму со овие парчиња мебел..
Обожавам парчиња од масивно дрво и ми се допаѓа. Иако го преферирам ландхаус стилот дефинитивно планирам како надополнуавње да набавам и некое парче со рустикален поради нивната уникатност и меѓусебна поврзаност. За викендица би било идеално целосно да биде опремена во овој стил. А за во домот би вметнала само некои уникатни парчиња. Еве и од мене неколку примери.
Имам видено летна кујна од масивно дрво во една куќа.Беше искомбинирано со камен Кога прашав за цената,се фатив за глава. Прекрасно, но вон наши стандарди.
Прекрасна тема и слики и јас се пријавувам како обожавател на овој стил, дома имаме дрвена комода стара околу 15години со многу интересна изработка, дава некој посебен шмек, не знам зошто сите се одлучуваат на медијапан кој и не е така ефтин, некако ко да нема "душа" Не би го уредила целиот дом во овој стил, само одредени парчиња за да повеќе паѓаат "во очи" Желба ми е ваков стол
Не е масивно дрво, но е рустичен стил. Ја видов кујнава на саем за мебел и се заљубив. Деталите се генијални...
Кога би имала викендичка на планина би ја уредила како на сликите од danichap погоре. Масивно дрво и камен ми се идеална комбинација за куќичка во шума или планина. Сон ми е тоа. За дома сакам помодерен мебел, но кога би имала можност би вметанала и такво парче, да разбие монотонија.
Ми се допаѓа овој стил, но домот мислам дека не би го уредила така од едноставна причина што дрвото е тешко за одржување. Кај нас ретко го има затоа што е мнооооогу скапо за наш стандарт, не само набавката на квалитетно дрво туку и процесот на обработка. Како поефтина варијанта се бираат медијапанот и иверицата. Ама јас со еден медијапан за кујната така фино сум се за*бала пред 8 години.... и сега си ја направив од иверица и прекрасна ми е! А реално 8 години за да менуваш кујна се малку! Ем имаше нијанса каква што сакам, ем лесно за бришење. И понатаму кога ќе реновирам останати делови од куќата од практични причини иверица ќе бирам. Како велат - кој се изгорел на млекото и на јогуртот дува - е така и јас И на повеќето од сликите кои сте ги постирале да знаете дека не е дрво туку е дрвена лајсна пополнета со медијапан - трик кој на производителите на мебел лесно им поминува!
Ја видов темава додека бев во движење. Јас имам клацкалка од дрво не знам дали е баш рустично но го имам од кога знам за себе. Исто така имам работна маса која ја имам од кога знам за себе и двете ниту еднаш не се прелакирани или префарбани. Тие не се од она дрво кое денес се употребува во производство на мебел. И јас сум за рустичен мебел но со камен. Ептен ми се допаѓаат сликите на Даница, ама и јас мислам дека би било идеално за во ќука.
Дрвото воопшто не е тешко за одржување. Што е тешкото? Кујната ми е дрвена, отсекогаш сум сакала таква и за ништо не би ја менувала. Најобично се пребришува и воопшто не се познаваат прсти. За разлика од медијапанот во дневна, сто пати полесно ми е дрвото. На медијапанот по пола саат пак се познаваат прашинки.
Убаво изгледа, но јас никогаш не би ставила ваков мебел во домот. Некако ми тежи неговото присуство, ми го оптеретува просторот.
Ваквиот ентериер си бара големи простории...значи куќи со големи кујни. За стан е непрепорачливо..не доаѓаат мотивите до израз.
Ми се допаѓа, но во комбинација со камен (макар и тапет бил) ми дава ладен амбиент. Дрвото секогаш ми остава дојам на "удобност". Многу повеќе ми се свиѓа рустикалниот ландхаус стил посебно зашто преовладуваат светли бои и светло дрво. Би сакала наскоро кујната да ја направам во овој стил.