Ми се допаѓа мебел од дрво во комбинација со нешто помодерно, нешто како модерен рустичен стил. Само масивно дрво и/или камен во комбинација ми се идеални само за викендички, но не би го опремила секојдневен простор целосно никогаш така, зошто иако дрвото дава некоја топлина, некако премногу ми затвара просторот и имам чувство да ме 'гуши'. Сакам светлина и минимализам. Еве пример во спална соба некој модерен рустичен стил Некоја трпезариска убава дрвена маса:
Да не се најде некој навреден, не ми е тоа целта. Еве има и архитекти и дизајнери на ентериери на форумов нека се изјаснат и тие... дрвото, во зависност од изложеноста на надворешни влијанија (пареа, сонце, влага итн) обавезно бара прелакирање на икс години. Тоа ви е како паркет - се служи 5, 10, 15 години, се стружи и се прелакира. Додуша за паркетот поинакви лакови се користат, поотпорни на надворешни влијанија, ама кога - тогаш треба да се направи тоа. Кој го правел знае за која мака зборувам Дограма дрвена - на 3 до 5 години оти таа најизложена е на дожд, ветер сонце. Да не редам сега за секое парче мебел посебно мислам целта ми е јасна. Естетски нема збор - дрвото е уникатно и незаменливо. Практично...не е препорачливо.
Воопшто не се навреди никој, не знам зошто таков впечаток доби. Просто споделуваме искуства. За дограма се слагам. За кујната знам дека бара такво одржување, само сигурно нема да биде на 5 години. На 7-8 да биде, пак подобро ќе помине од грешка со медијапан што би барала комплетно менување. Иверката да, супер за одржување и трае со генерации. Ама кога би споредувале, пак би го избрала изгледот и топлината на дрвото наспроти таа леснотија на одржување на иверката.
Се тоа е така,ама јас зборував за мебел наменет за ентериери каде што не е изложен на многу штетни влијанија. Се што имаме дома на некој начин треба да се чува и одржува ако сакаме да трае подолго. Јас имам кујна од иверица 3 години само и еве ја подуена е цела од влага не помогна ни аспиратор. @Jas! дали имаш слушнато за епоксивна смола наместо лак за дрво? Ако не пребарај на интернет доколку сакаш мислам дека ќе го смениш мислењето. Во Америка многу се цени ваквиот мебел и рачната изработка и ова е начин како трајно да се заштити дрвото од штетници и надворешни влијанија. Исто така и квалитетот е многу битен,треба да е доволно исушено дрвото пред обработка.
Еве на што мислам Дава перфектен финиш на огледало и е совршена бариера меѓу дрвото и надворешните влијанија. Ова мила моја трае една вечност
Ух, убаво за заштита, ама не ми се допаѓа како изгледа... Се губи тој изглед на дрво, го прави ко пластифицирано. Постои нешто слично, ама во мат варијанта?
@MamacitaBuena проблемот во кујната не е пареата, до изработката е. На местата каде што кантот не залепил материјалот примил. За епоксивната смола - и кај нас ја има како индустриски материјал, но се користи најчесто за подови (а во други занаети е позастапена) и и таа подлежи на надворешни влијанија, од кои настануваат оштетувања. Но, за корекција е многу потешка од сјајниот лак да речеме како најблиска варијанта до неа. Сликите кои си ги постирала се прекрасни. Секој би посакал такво парче мебел дома пак ќе речам внимавајте на маркетиншките трикови на производителите. Впрочем секој природен материјал подлежи на оштетување, прашање на вкус е веројатно, а и на финансиска можност. За влагата на дрвото, има одреден процент на влажност што треба да ја содржи дрвото во времето на обработка и тој процент зависи од намената - што треба да биде од него изработено. @LivingGlam има, да. Всушност било кој лак или подлога што се употребува на дрвото е за заштита. Има и процентуално колку сакаш матирана нијанса Едит: ти одговориле @referentka не, смолата е поскапата варијанта
За мат лак знам, таков и избравме за кујната. Ме интересираше за некоја појака заштита. Ете, спомнавте погоре, ќе се заинтересирам. Фала!
Кога сме кај финансиската страна,за дрво и еден од овие два вида лак спремете се да го одврзите ќесето И едното и другото се доста поскапи од обичниот лак како заштита. Ама со причина
Ова се преубави парчиња мебел и доста поскапи од другите нови модерни елементи и материјали за изработка на мебел. Но јас не би ставила ваков мебел од причина што смачено ми е од старо. Сакам нешто ново и модерно. Сепак ова е за поголеми објекти а најмногу за викендици. Ќе се скинеш од бришење и берење пајаци по ивиците но сепак е многу убаво. А јас немам време за такво бришење. Сепак кога би ставила вакво парче тоа би било само нешто помало. Пр маса, масичка а во никој случај цела кујна. Сепак е прелично и највредно
Мојот спрат од куќата е цел со греди и бродски под покривот како сликите на @danichap и на некои места на ѕидот,имам спална дрвена не сакав медијапан брзо се оштетува и имам купено сега маса за во дневна дрвена и има изглед како мермер така е офарбана.Кај моите дневната и кујната се рустикални се е во дрво со резба од мебел како шпански стил,маса,комода и голем регал,огледала.Со сува крпа мајка ми ги одржува и секоја генералка со политура.Една моја роднина имаше земено од Турција како масло некое за дрво се раствора и се брише со крпа.
Менее пред да реновираме сè, буквално се имаме сменато дома се ни е ново, се ни беше дрвено и во ваков стил. Ја обожавав кујната дрвена се сеќавам на масичката стариот фрижидер во тој тон исто така. Се исфрливме и раздадовме. Уште ни остана ламперијата така ја викаме тоа е ова Е сега мене ми е преслатка и не би ја менувала ама не одговара баш на новиот изглед на станот и за брзо ќе ја вадиме и неа. Во секој слушај го обожавав амбиентот пред да реновираме посебно во зима.