Сè за врати (внатрешни и надворешни)

Дискусија во 'Дом' започната од candygirl, 8 март 2011.

  1. candygirl

    candygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2010
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    99
    Видов нема вакав тема и оваа тема е дел од домот една од најбитните рабти во домот :) ...ме интересира дали знаете некој линк каде што би можела да видам врати и колку е нивната цена?
    И кои ги имате вие во вашите домови како влезни, безбедносни блендирани или си стојат првичните во вашите станови, во вашите куќи практикувате да има една врата на главниот влез или две ?
    Боја стандард бела или сакате кафеаво, црно можеби ?
    И како ги чистите , како се грижите за нив и со што ?
     
  2. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Се за врати

    Ние скоро купувавме врати за собите. Ги одбравме по каталог. Нашите се од чисто дрво и се со кафеава боја. Е сега цената зависи од квалитетот и од вкусот. Нас една врата не чинеше 210 евра.
    [​IMG] ;)
     
    На candygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Dejana.M

    Dejana.M Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    411
    Се за врати

    Како добри врати и модерни во последно време се покажаа и блендираните врати....
    А исто имаат и пристапни цени....Некако ич не сакам дрвени врати или алуминиум во последно време |(
    [​IMG][​IMG]
     
    На Traveler91 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.339
    Се за врати

    Собни врати дефинитивно од дрво. Има толку добри обработки а и лесно се оржуваат. Има еден куп средства во поголемите маркети што се за дрво. За влезни врата би ви препорачала, доколку сте во стан нема да погрешите со блиндер врата. За блиндер врата најбитно е да не ги фаќа сонце затоа што со тек на време таа фолија што ја имаат ќе почне да се лупи. Не се скапи, цените се движат од 150 евра па нагоре.
    Доколку живеете во куќа во зависност од тоа какви ви се прозорците, ако се ПВЦ тогаш имате влезни врати од декоративен панел и цените се движат од 300 евра па нагоре во зависност од димензии дали се еднокрилни или крило ипол, а доколку се дрвени прозорците тогаш и дрвени влезна врата.
    Бар сега има многу избор и на дрвени и на ПВЦ.
    Алуминиумски не би препорачала затоа што каков и да биде алуминиумот тој слабо дихтува
     
  5. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Се за врати

    http://www.kete-sa.gr
    Еве еден линк. Имаат и кај нас но не знам каде точно се наоѓа, некаде во ѓорче кај црквата. Ова се надворешни врати. Блиндор. Имаат и со аларм. Исто така има можност и за дигитална шпионка. Но се малце поскапички. Над 300 евра е врата.
    Мене ми се допаѓа што се навистина сигурни, имаат и убави дезени.
     
  6. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.083
    Допаѓања:
    2.357
    Каде можат да се најдат убави и квалитетни внатрешни врати?
     
  7. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    ДРВЕНИ,АЛУМИНИУМ,ИЛИ ПВЦ ВРАТИ И ПРОЗОРЦИ

    Споделете искуство кој е задоволен а кој не од било кој вид на прозори и врати
     
  8. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Го убедувам мм да не ги менуваме старите врати ,само да им ги смениме кваките и бравите и да ги ишмиргламе и обоиме да се освежат ,вратите се бели стар модел се но мене не ми сметаат освен кваките,е сега има некој искуство со некој мајстор да ми ја среди оваа работа бидејќи мм ниту сака ниту пак знае да го направи тоа најлесно му е да плати па и затоа се режава да купи нови.
    Мене не ми се даваат толку пари една нова врата 150 евра а за менување се 5, а ми треба и гардоробер голем кој реално ми е понеопходен ,а за тоа после ќе нема пари ,ако го направам ова ке отепам две муви за иста цена .
    Ако имате некој мајстор пишете ве молам.
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.172
    Допаѓања:
    4.869
    Пол:
    Женски
    Има ли некој искуство со врати од оваа фирма од Велес https://www.facebook.com/doorsfromdreams/?fref=ts ?
    Вратите се убави на слика а и цените се баш пристапни.
     
  10. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.730
    Допаѓања:
    4.585
    Пол:
    Женски
    Ај те молам кажи ми од каде ги местевте вратите.
     
  11. Ivi_

    Ivi_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2017
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Здраво,
    Сакам да прашам ако може да ми препорачате ми треба итно добар мајстор што монтира собни врати.
    Фала Ви однапред
     
  12. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.675
    Допаѓања:
    5.445
    Пол:
    Женски
    Не знам темава колку е активно, но да пишам.
    Ми треба место од каде може да се набави собна врата, ама цените да не се усвет појдени, барем докај 100 евра од врата, медијапан.
     
  13. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.122
    Допаѓања:
    2.429
    Пол:
    Женски
    Искуства со Проспера собни врати?
     
  14. grunf

    grunf Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2019
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Машки
    Проспера се добри. Избегнувај ги Меркур и особено Полар.
     
    На Traveler91 и SunnyGirl2 им се допаѓа ова.
  15. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.810
    Допаѓања:
    10.928
    Пол:
    Женски
  16. grunf

    grunf Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2019
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Машки
    Овие се на Полар врати, овие Ројал ги продаваат само, избегнувај ги за да не те боли глава. Јас имам од нив надворешна, со две брави едната не функционира.
     
    На piksooki му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.881
    Во еко дизајн изработуваат многу убави врати. Цените се исти со оние на проспера, но квалитетот е подобар.
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.515
    Допаѓања:
    5.884
    Здраво дали можам да најдам комплет врата в соба и врата лизгачка/клизна?
    ми требаат да се исти
    и по можност моја димензија.

    Позџ
     
    Последна измена: 7 септември 2021
  19. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.389
    Допаѓања:
    10.415
    Пол:
    Женски
    Каде има внатрешни врати со пристојна цена? Кој материјал е подобар, да не мора за 2,3 години пак да се менуваат..
     
  20. PoisonGirl

    PoisonGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.447
    Пол:
    Женски
    Имам дома дрвени собни врати. Кога се породив што ја украсувале вратата од детската соба лепеле со дуплофан и сега се познава остаток од лепакот. Со што да ја чистам вратата , а да не се оштети дрвото?