^ Ја гледав претходно најавата и си реков ова не го пропуштам. Имав и што да видам. Чекај малку, овие се зафркаваа или сериозни беа? Добив впечаток дека сиротиов човек дома секој ден јаде ќотек од ќерка му и жена му. Што намќори ќе беа овие бре? Да можеа жив ќе го изедеа човекот. Ццц.. Си замислувам накај дома кога си оделе јадниот сигурно одел пред нив, а овие две зад него клоци и ластици му мавале.
И јас се изначудив 110.000 па малку ли им се бре а тој кутриот скромен вели со 50.000 би си одел, абе да ги прифатеше тие 50.000 ќе го обесеа на сред игра Ако мислеле повеќе дека ќе земат што не се пријавиле тие
Лелел јас немаше да се зачудам ако на сред емисија станеше да му ја тупне една што прифатил сумата. Па како се наљутиа леле ќе го потепаат човек. Сите комшии ќе им се смеат. Сирот човек сигурно и дома така го командаат.
хахахахха тешко на човекот...го жалам што е опкружен со онакви луѓе... па ако 110 000 не ми се доволно тогаш и тие не знаат што сакаат...човекот скромен и со 50 000 а овие госпоѓициве и 110 000 им беа малку... можеа барем за пред камери да глумат дека се покултурни и попаметни... боже боже...
Лелеееее јас го пропуштив, сосема заборавив а ептен сакав да го гледам, ме интересираше што ќе се деси со човеков Да не знаете случајно реприза кога?
Ама ми бееше жал за Петре, тоа ќерка му и жена му што ѓаволи ќе беа, аманте луѓе го умревте чоекот...срамота ја да сум не би ги зела жими се срам да им е ејјјјј... кутија од 50.000 си ја продаде за 110.000 иако можеше и за 210.000-220.000 де, тој и со 50 рече задоволен ќе е. Супер си одигра и баш ми е мило! Многу добар чоек е.
Сирот Петре што трпи дома, какви крвопијци го јадат човекот леле бре, на што личеше она превртување со очи, нервоза, па му се дерат на човекот и тоа јавно си го покажуваат простотилокот, вакво нешто до сега не сум видела лакоми за пари бре бре, човечено скромно си кажува задоволен сум и со 50.000 а овие ненаситни ламји. Исти се како оние двете од бурни времиња не ми текнува сега како се викаа (на Али братот -жена му и ќерка му). Катастрофа невидена беа...
ЕЕЕЕЕЕЕЕ го има Петре сега, кој го пропуштил како мене некој нека пушти Сител одма, сега пред малце почна
Како не ги е срам на овиее 2 гуски.....цела Македонија да ги се смее сега,Петре има покрај себе....дебилкиии !!
Значи се пресмеав со Лазе (оној од минатата недела што беше),а најмногу кога ги вадеше кредитните картички како амајлии
Значи ова шоу ич не ми е убаво.. иччч.. па демек смешки праат а типични глупости, и овие не знаат да глупат ич.. сите се сноб до сноб а Лила Спојлер Више не и се гледаат очите од шминка, расипана е :geek: А особено оние глупи фрази: .............., кажи, дали понудата важи? Понудата НЕ ВАЖИ Неважииии!! Јухуу (големото чудо ) Да, Банкару!? Лелеле.. нешто почукнато можеше ли да измисли светов..!?
ТОКМУ ТАКА и пак да додадеме уште нештоо: Спојлер Ајде, СИНО СИНО СИНО СИНО (кога со „неизвесност“ отвараат некоја си кутија )