Сè од компири

Дискусија во 'Рецепти' започната од kiki-riki, 6 јануари 2010.

  1. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.468
    Hајдов еден рецепт за една пита,утре ќе ја правам, а сега само ќе го споделам овде, оти ми е нешто поразлично

    потребни состојки-
    кило брашно
    2јајца
    кило компири
    500 гр мелено месо
    главица кромид
    2дл масло за јадење
    сол и бибер

    Kомприот се лупи се вари,и се пасира
    Oд кога ќе се олади се додава брашното јајцата, и сол, и се прави тесто

    Hа загреаниот оган се пржи кромидот, со меленото месо, се додава бибер и сол.


    Cо сукало се тегне кора од пола од тестото, се става сво подмачкана тепсија, се става месото,па уште една кора се тегне и се става врз.

    Cе боцка питата со вилушка, се попрскува доста со зејтин, и се става да се пече :)
     
    На mjauuuuuu му/ѝ се допаѓа ова.
  2. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.768
    Лолита, такви компири овде им се специјалитет во Скандинавијава, само без праз. Сега ќе ве почестам со една рецепта која нема утка и има прсти да си излижете.
    Си лупите компири, и најубаво и најлесно ако имате од она ренде за зелкасо дијагонално поставено сечило да си ги изрендате на перфектни кругови. Така изрендани се ставаат во тенџере со вода што врие со малку сол и се оставаат да крчкаат 10тина мин. Потоа се цедат и тураат во подлабок плех. Следно во подлабок сад се става хопла со вегета најубаво со вегета излегуваат и мајоран или тимјан го викаат. Не плашете се ако е посолена јоплата треба да е посолена за нијанса од нормално солено што јадете дека компирите одма го впиваат. Хоплата од око ќе видите треба да ги прекрие копмпирите. Се печат на 180 степени околу 40 мин. Кога ќе се готови ќе видите по нивото на хоплата.
    Пробајте лесни се за правење а уште полесни да ги смачкаш за миг.
     
    На Markusa2 и lolyta777 им се допаѓа ова.
  3. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.799
    Пол:
    Женски
    Сладок компир има во Тинекс, јас кога бев во Мк беа 130 денари.
    Инаку немаат сладок вкус, нешто како компир и тиква мешано а е многу богат со витамини.
    Јас постојано го користам, мусака правам со ред обичен, ред сладок компир и изгледа прекрасно а и вкусот е фантастичен.
    [​IMG]
     
    На sunfemina и lolyta777 им се допаѓа ова.
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    Јас за компирите :D , ги има и во Веро во ГТЦ -проверено ;)
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    Еве еден многу едноставен и лесен начин како да се приготват компири

    Земате неколку компири, убаво ги миете потоа ги сечете на средни тркалца без да ги излупите значи со лушпа, во плех ставате зејтин нека биде повеќе за да не ви останат суви копирчињата или може да ставите путер наместо зејтин и во плехот наросуват малку сол и мешан зачин и потоа ги редите компирчињата не едно врз друго туку само во еден ред и потоа одозгора повторно нарсоувате малку сол и мешан зачин и го ставате да се печат во рерна, кога ќе заруменат и ќе бидат готови ги вадите и може да ги послужите вака ми се највкусни.
     
  6. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Дај кажете некој лесен и брз рецепт за варени компири ?
     
  7. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Салата :)
    Компирот сецкан на коцки,кромид сецкан на кругови,масло,оцет бибер и сол :)
     
  8. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Прв ми падна на памет,ама кромидов ме буни, утре треба од 7 да бидам активна па не сакам ни да замислам како бегаат сите од мене :/
     
  9. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    633
    Варените компири може да ги пресечеш на половинки да ги намачкаш со малку путер, да ги увалкаш во лебни трошки, ги редеш во тава подмачкана со путер одозгора им ставаш малку путер и ги печеш.

    Друга идеја, со сусам...
    http://chasovipogotvenje.mk/2012/09/pecheni-kompiri-so-susam/
     
  10. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    Печени компири со сусам

    Компирите ги лупите и ги сечите на кругови, ги редите во тава претходно подмачката со путер, ке ги наредите сите во еден ред да не бидат еден врз друг и одозгора посолувате со вегета и сусам, и над секое парченце ставате малку путер кое со текот на печенењето се растопува и ги прави компирчињата убави и меки. Превкусно е а и за брзо време е готово, одозгора зацрвенуваат и стануваат златни :inlove: особено во зимските денови ги обожавам.
     
    На eli25 и creshicka им се допаѓа ова.
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.366
    Допаѓања:
    108.033
    Пол:
    Женски
    Печени компири со зачини ( рецепт од ОфНет )

    Порции

    4 лица

    Состојки

    800 гр. компири
    2 лажици маслиново масло
    5 лажици сецкан свеж магдонос
    2 лажици копар, ситно сецкан

    Прелив

    1 лажица вински оцет
    2 лажички мед
    2 лажички сенф
    50 мл. маслоново масло

    Подготовка

    Загрејте ја рерната на 220 степени. Излупете ги компирите и исечете ги на крупни парчиња. Во еден длабок сад измешајте ги компирите со масло и зачинете со сол и бибер. Префрлете ги во плех и печете ги 35-40 минути додека да добијат светло кафеава боја. Повремено промешајте ги и превртете ги во плехот.

    Потоа извадете ги од рерна и оставете ги 20 минути да се изладат. Во меѓувреме подгответе го преливот.

    Во еден сад измешајте оцет, мед, сенф и масло. Зачинете со сол и бибер и добро промешајте ја смесата. Можете да употребите и блендер.

    Ставете ги компирите во длабок сад и измешајте ги со магдонос и копар. Одозгора додадете го преливот од мед и сенф. Послужете ги веднаш. На здравје!

    [​IMG]

     
    На mims-89, karenin и Filiposka им се допаѓа ова.
  12. Filiposka

    Filiposka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    Само што го прочитав и јас сега :lol: ........ама не ме бендиса ова со магдоносов па ќе најдам некој друг зачин како замена за магдонос :)
     
  13. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    18.507
    Пол:
    Женски
    Наместо кромид стави праз и печурки шампињони од тегло што се киселки, бибер и сол, така е многу поубава салатата ;)
     
  14. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Денес направив убава вегетаријанска вечера :wasntme:
    цел ден сме на вегетаријанска, ручек лека, доручек житарици со банана и јаболко и сега десерт правам смути со спанак, портокал, кива, банана, аронија и ленено семе :emo: live helty :rock:
    Сварив 4 копира, ги оладив, ги излупив, ги исецкав во тафче предходно налеано со малку маслиново, одзгора нафлив ситно сецкани свежи шапињони, многу сусам и малку вегетичка(таа од храна и вино без емулгатор ,само природни зачини) и спанак неколку листови ситно ги исецкав.И одзгора уште многу малку маслиново масло.
    Ги ставив во релна кратко колку печурките да се испечат.
    Превкусно :rofl:
    А уште повусно би било ако овде се додаде неkoj од тие raw преливите од сурово и вкусно.

    Мав ги направивме со синчето одма :lol:
     
  15. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    8.638
    Пол:
    Женски
    Ви ги читам мислењава и има доста рецепти дефинитивно ке применам некој.
    Туку денес ми е скробен ден од диетата, имам компири на мени ама повекето тука што се предложени се смешани со шунка павлака и сл а мене диетата тоа не ми го дозволува па испробував нешто и се зачудив колку добро излезе.

    Сварив компири, ги исецкав,им ставив масло, малку црн бибер мелен и малку сушено нане, настрана ставив мајонез ваков имав дома [​IMG] а може и ваков [​IMG] бидејки овие два не ми се со толку јаки вкусови( не се киселкасти), во него ставив оцет, сусам, магдонос сушен, оригано и сол со додаток на лук онаа наша сол од храна и вино не можам слика да најдам од неа.
    Потоа сосов од мајонез го ставив врз компирите и измешав.
    Не можам да опишам колку е вкусно.
     
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.366
    Допаѓања:
    108.033
    Пол:
    Женски
    Во диета баш и не ти е препорачливо да употребуваш мајонез, па макар бил и лајт, сепак содржи многу голема количина на масти, се прави со многу зејтин и базата е сенф. Добра замена би ти било чист сенф изматен со многу лимонов сок, ако имаш дома жица за матење мати многу силно и ќе добиеш побледа боја и вкусот малку ќе накиселува, баш како и мајонезот, ама ти е мнооооогггуууу поздрава варијанта, јас во овој прелив ставам и лукче, преубав вкус ;)
     
  17. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.468
    Jас да ви кажам еден превкусен рецепт :P

    1 кромид
    -
    сланина(200гр)
    печурки една кесичка

    се пропржува кромидот, се става и сланината се пржи заедно, се додаваат и печурките

    Kомпирите се варат,па се сецкаат и се редат во тавче, врз нив се редна кашкавал, се додава дел од сосот, и се претураат со хопла(оној неутрален крем за готвење,мислам дека е хопла :^) )
    потоа пак ја повторуваме постапката, и на крај одозгора рендаме многу кашкавал и се пече :mm:
     
    На ilipili му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    426
    Девојки, сакам да направам пире од компири, да ги обликувам како бомбици и да ги извалкам во сусам. Но, немам рецепт за тоа како најдобро да ги подготвам. Некоја искусна домаќинка?? :)
     
  19. Konfetka

    Konfetka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    35
    Јас на пирето обично му ставам вегета, црн бибер и маргарин и го пасирам. Последниот пат немав млеко и само путер ставив и зачини и во блендер го направив и ми излезе многу повкусно и немаше грутки. Вака се тегни како живо тесто но ќе ти биде полесно да направиш топчиња и да ги извалаш во печен сусам.
     
    На Emma89 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    8.638
    Пол:
    Женски
    Mислиш на крокети од компири? Пробуричкај по страните за готвење имаш мн рецепти, со кажкавал со печурки секакви, незнам што точно сакаш.
    Инагу Ангел ништо тогаш ке се откажам од мајонезов, а ова со сенф не ми е убаво, имам пробано ама гадно ми е.

    Туку сакав да прашам нешто друго овој рецептов што го поставила феминкава некоја страничка поназад може некој да ми ја објасни постапката на кратко пошо англискиов слабо :D