1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè од компири

Дискусија во 'Рецепти' започната од kiki-riki, 6 јануари 2010.

  1. AnichkaLeo

    AnichkaLeo Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2013
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    92
    Мене њоките ми се преубави а ги правам вака:1кг компир се вари откако ке се сварат се истура водата и се оставаат да се оладат убаво а не да им дотурате ладна вода потоа компирот се ренда се додава 300гр брашно едно јајце и сол. Убаво се умесува откако ке оформите тесто со раце како да сукате го оформувате тестото како купечко лепче потоа сечете кришки. Наросувате брашно и секоја кришка тесто ја тркалате ја правите како змија и сечете коцки колку што сакате да ви бидат големи. Од оваа количина доколку ви се многу можете да си ги замрзнете. А потоа ставате вода да врие и потоа се пуштаат њоките да се варат тие кога ке бидат готови ке се појаван на површината. Сосот за нив го правам вака: Во тава ставате маслиново претходно обарете си малку брокула а можете пред да ги ставите њоките да се варат пуштете ги парчињата брокула и з минутка извадете ги потоа во маслиновото ставате малку рокфорд сирење тоа е она мувлосаното малку бри и брокулата промешувате и додавате хопла за готвење мешате за да се изедначи и ги додавате њоките а одозгора пармезан. Верувајте преубави се зашто работев во италијански ресторан и ми беа омилени :)
     
    На Макрис, Annath, Giovanna и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Haritiela

    Haritiela Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2013
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    222
    Пол:
    Женски
    Незнам дали го имаат пишано ова претходно
    сварени компири , ако ви останат пола ден ден покасно , ги сецкате на кругови пола сантиметар тенки и ги солите со вегета и ги ПРЖИТЕ додека не зацрвенат...и после ги досолувате по потреба :)
    преубави сее
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Unique12

    Unique12 Нов член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2015
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Ммммм обожавааам нешто без кое неможам :lol:
    На разни начини ги правам ги пржам ги варам ги печам се што е од компири сакам :lol::lol:
    На овај начин ми се најубави ама некогаш ме мрзит да ги првам иначе превкусни се :D
    Прво ги редам да се варат колку да омекнат т.е полуварени ги лупам и ги сечам на половина и му правам ко резанки и во една подлабока чинија ставам масло и мешам зачини вегета сол и малце црвен пипер колку за боја ама кој како сака мене поубаво ми е така и му го турам одозгора насекаде и после ги ставам да се печат да се вцрвенат кога ке ги извадите немате да зажалите кога ке ги пробате стварно се превкусни дури и кога пишувам лиги ми течат :P:lol:
     
  4. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Печен компир со сланина

    Состојки

    компири
    4-5 лажици путер
    1-2 лажици мешани зачини по желба
    неколку парчиња тенко сечена сланина
    масло за јадење

    Подготовка:
    Компирите се лупат и се мијат. Се прават резови длабоки неколку милиметри и се редат во тава за печење претходно намачкана со масло за јадење.
    На засечените места се става путер и зачини, па се додаваат парчињата сланина.
    Компирот се посолува по вкус.
    Се пече 40 минути на 180 степени.
     
    На mims-89 и joy1 им се допаѓа ова.
  5. BunnyGirl

    BunnyGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    86
  6. Chimera

    Chimera Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    991
    Допаѓања:
    1.666
    Најчесто избегнувам да ги пржам, туку ги печам. Ги печам исечени на кругови средно дебели, им ставам вегета, сусам, маргарин, додавам вода да се до половина покриени и ги чекам. Кога се веќе готови, ја исклучувам рерната, ставам тенка коцка кашкавал и тенка коцка сланина на секој круг. 5 минути додека се се растопи и преубави се.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Tinushka

    Tinushka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    4.895
    Пол:
    Женски
    Kомпир со црвена пипер

    Потребно е:
    компири варени
    црвена пипер
    вегета
    сол
    Подготовка:
    Компирите пасирани ги пасирате со вилушка ги ставате во загреан сад со зејтин да пропржи па потоа го додавате пиперот по ваша желба.Пржите околу 5 минути додавате сол и вегета на крај.
     
  8. Tinushka

    Tinushka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    4.895
    Пол:
    Женски
    Тавче Ориз и Компир

    250 гp. ориз
    750 гр. компир
    2 главици кромид
    100 гp. масло
    црвен пипер
    црн пипер
    магданос
    сол

    Исечкајте го ситно кромидот и испржете го на маслото. Додајте го оризот, а компирот исечкан на овални парчиња наредете го преку оризот. Ставете вода, да се облие, додајте сол по вкус, магданос, црн пипер и ставете го во рерна да се испече.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    Јас сум го правела ова јадење многу е вкусно.Може да си комбинираш компир и ориз, можеш компир и макарони,макарони и ориз, можеш и трите наеднаш.Мене со макарони и ориз навкусно ми е.Само што јас го пропржувам кромидот, потоа малку и оризот да се собере како топчиња, па компир или макарони што ставам, ставам зачините, мислам дека ставав и 2 лажици брашно и одма и црвениот пипер ке промешав и водата на крајот.
     
    На Marick14, MilaP и Tinushka им се допаѓа ова.
  10. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.624
    Допаѓања:
    251.156
    Пол:
    Женски
    Експертки за компири да прашам, варени компири со лушпа може ли од денес за утре. Нелупени да си стојат?
     
  11. DVAANGELA

    DVAANGELA Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2015
    Пораки:
    554
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    може само на ладно да стојат:nod:(y)
     
    На Bozica1980 и MilaP им се допаѓа ова.
  12. just me=]

    just me=] Нов член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2015
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    CAM00005.jpg
     
    На simoncelicius, maja8, thalia zapata и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Трендафилка :)

    Трендафилка :) Активен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2015
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    23
    Да признаам, не знам да готвам. :$
    Се мислев што да зготвам за ручек со дечко ми и си реков со пире нема да згрешам. Е сега, ми треба рецепт, како се подготвува?!? :)
     
  14. bella24

    bella24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2014
    Пораки:
    563
    Допаѓања:
    789
    компирот го вариш, додека е топол го лупиш го пасираш настрана млекче зовриваш и цело го мешаш, една лажица путер на крај! можиш и печен компир со путер највкусен е ( тавата ја премачкуваш со путер, го лупиш компирот и го сечеш на кругови не подебели од еден прст, ги редиш во тавата одозгора стваш вегета и на секое компирче коцка путер, ги печеш во тава на 200 околу 40мин, можиш и многу малку водичка да ставиш ако сакаш да се помеки) во меѓувреме настрана сечиш на коцки пилешко го пржиш на тивок оган на зејтин при крајот ставаш ситно сецкано лукче и печурки, кога ќе порумене ставаш павлака за готвење, јас ако немам таква ставам и обична ( ако е со обична ја тргаш тавата од оган одма, за да не добие горчлив вкус) после сервираш печен компир со пилешко како во сос ќе дојде, можиш на сето одозгора да ставиш пармезан или рендан кашкавал, едноставно а многу вкусно!
     
    На Трендафилка :) му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mila101

    mila101 Активен член

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    51
    Кога сме кај компирот веќе, ако некому му треба дс откупува компири, нека пиши инбокс. :D
    Највкусните. :)
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    25.216
    Пол:
    Женски
    Варен компир,исечен онака со оцет и кромид :D
     
  17. Tinushka

    Tinushka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    4.895
    Пол:
    Женски
    Ќофтиња од компири :)
     
  18. Neodlucna

    Neodlucna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    1.051
    рецепт за компир салата онаа ко макало што е со сушена пиперка и зејтин?
     
  19. Tinushka

    Tinushka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    4.895
    Пол:
    Женски
    Прво се толчу лукот со сол , после се додаваат пиперките суви и они се толчат . Ги додаваш компирите внатре ги пасираш како за пире топлиш малку вода посипуваш одозгора мешаш и после загрваш зејтин посипуваш и макај :) поготово со домашно лепче ммм:)
     
    На Neodlucna му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    83.591
    Пол:
    Женски
    Посебно се вари компирот посебно пиперките(убаво измиени)
    Се пасира компирот и се вади сварениот дел од пиперката,Најубаво ти е со лажица целото излегува и останува само лушпата. Се додаваат во компирот и одозгора сецкаш лукче и зачинуваш по желба,најубаво е да ставиш само сол и црн бибер.Ако сакаш да ти биде малку потечно додади од водичката каде што се вареле пиперките :)
    Зовриваш масло и го ставаш врз макалото. Многу е убаво да се јаде додека е топло :)
     
    На mal.ecka и Neodlucna им се допаѓа ова.