Кажете како да си направам дома убави крцкави компири . Или споделете било каков рецепт за компири ама да може и вегетаријанци да јадат. без сирење без кашкавал и такви работи (јадам тоа ама ги сакам без ништо) Може и со нешто љуто у комбинација
Сечеш компирот на 4 парчиња/коцки, ставаш во зовриена вода околу 10 минути, со малку сода бикарбона во водата, да се омекне горниот слој. Ги цедиш, ставаш хартија за печње, зачини (јас ставам сол, рузмарин и маслиново) и печеш на пониска температура прво, па после појачуваш. Временски не можам да ти кажам колку зошто секоја рерна е различна, ама треба да се баш крцкави и поцрвенети од горе, а внатре меки.
Јас ги мијам, со лушпа како што се, ги ставам цели на решетките, ги печам потоа ги сечам надолжново средината, додавам по компир 1 лажица павлака и по вкус вегета, оригано и пипер.
Сакам топчиња од компир да направам. Дали би било подобро по два пати да ги валкам во презла и јајца или само еднаш и да ги замрзнам? Ова прашувам за да не ми се растурат при пржење.
Јас знам рецепта за "плескавица од компири" преубаво испаѓа но има и јајце во смесата. СОСТОЈКИ: 3 поголеми компири 3 лажици презла 1-2 јајца сол бибер листови магдонос црвена пипер 3 чешниња лук 1 главица кромид Оригано Компирите исчистете ги, изрендајте ги, посолете и налијте со вода. Оставете 10-15 минути, па добро исцедете. Додајте ситно сечкан кромид и лук, пипер,оригано, бибер,јајца, презла и ситно сечкан магдонос. Добро измешајте. Правете мали плескавици на дланка, провлечете ги низ презла и пржете ги во масло на тивок оган додека не поруменат
Овој рецепт не е рецепт, него со години ми е "saturday night treat" Обожавам лук, во секоја форма, на секој начин приготвен, а исто и компир. Нормално, знам дека во мојов рецепт е претерано, но ако има љубители на лук, пробајте со помалце Компири одокативно, зависно од тавата, лук ставам едно цело лукче поголемо. Зејтин, сол, вода. Компирите ги сецкам на помали коцкички, и ги редам во тавата (преферирам да печам на хартија зошто ги сакам баш подгорени, крцкави), го сецкам лукчето на покрупно (секое чешне на 3-4 дела), ставам зејтин, сол, малку вода и печам. Е кога ќе се испечени, во тањир си ги сервирам со кисело млеко и тепана/црна/кцана сол. Мене ми е ова деликатес, цела тава сама смачкувам Ама затоа строго сабота, да се излуфтирам до понеделник
Ќе печам компири, нема да ги варам само ќе ги бутнам у рерна да се печат. Ќе им ставам зачини што ќе најдам, масло, малку вода и фолија. Па што сака нека биде...
Е веќе потрошив од фолијата, да знаев ич немаше да им ставам. Ги бутнав у рерна и ќе чекам да се испечат после само ќе ја тргнам фолијата да испари водата и доста им е титлење.