И јас обично ги печам без вода, АМА ја видов демонката ставила вода, па јас решив да ставам фолија и на крај ја извадив фолијата... Ова ќе е комедија, ама за мезе се..
Секако ќе бидат убави, компир не може да биде лош Јас се си мислам ако ставам вода ко варени дека ќе бидат, а фолија не ставам, покрцкави ги сакам.
Сега ќе видиме какви ќе испаднат. На 200 ги печам, се мислам дали да намалам на 180 и после пак да свртам на 200.
Колку паника околу печен компир Ке бидат супер И со вода и без таман си се.Без вода малце се по крцкави и боја факјаат.Боцни со чачкалица ако е омекнат компирот готови се.
Ма не може компир да се утне, ама мислев да сменам мезе и ми текна на компир. Па ми текна да видам и некоја друга како го прави. И знаеш како иде колку жени, толку рецепти. *Поубаво изгледаат во живо, не знам да ги сликам. Верувај стварно не се вакви.