1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè од компири

Дискусија во 'Рецепти' започната од kiki-riki, 6 јануари 2010.

  1. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Варените компири ги пасираш, ама не до толку да станат како пире, туку онака грубо гмечење, да остане нешто и од нив, додаваш варен мешан зеленчук (овој готовиот), но пред тоа пропржен со малку масло, вегета и бибер.
    Ја размешуваш смесата (компирите згмечени со зеленчукот) се додека не стане хомогена.
    Превкусно. :mm:
     
  2. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Пире од компири: Вообичаената подготовка ( варење, па пасирање на компирите) и додека е уште жешко додаваме претходно пропржена смеса од брашно, пипер, вода и малку сол ( смесата за запржување на манџите). Превкусно :)

    Друг интересен рецепт со компири се т.н. плескавици од компири. Свежи, излупени компири ги рендаме ситно, потоа во смесата додаваме ситни парченца сирење и малку јогурт ( колку да се замеси ) и пржиме. :geek:
     
  3. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Едно прашање, кој е правиот рецепт за класични печени компири во рерна? Оние што се обливаат со вода пред да се печат? :$
     
  4. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Гирл ја го знам оној во кој ги лупиш компирите и ги полеваш со зовриена вода. Така ги оставаш да седат во
    водата едно 10 минути а потоа ја истураш таа вода и место неа ставаш студена. Во студената седат околу 5- 6 минути. Ги редиш на тавче подмачкано со масло или путер, посолуваш и печеш. Е сега овој рецепт е поубав со помали компири, со поголемки ќе треба да ги сечиш на помали парчиња за да бидат покрцкави од надвор.
     
  5. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Ги сечеш компирите на покрупно, додаваш зачини по желба (сол, вегета, малце бибер, може рузмарин и копар и малце сушен магдонос) потоа зависи од тепсијата се додава вода еден филџан или чашка, водата не треба да ги покрие компирите, туку нејзиното ниво да биде отприлика до пола .
    Доколку ти се наоѓа отворено бело винце можеш да додадеш малку во водата, на пример 3/4 вода и 1/4 вино, им дава виното некој убав шмек.

    Откако ќе ги ставиш зачините и водата, со рака ги размешуваш за да се распространат зачините сегде низ тавата подеднакво, ставаш фолија и печеш.

    Ако сакаш да ти бидат малце заруменети можеш пред печење да им наросиш и малкуцка црвен пипер.

    А и немора да ставаш фолија, но без неа некако се многу суви, со фолија се посочни, и ако сакаш некои да крцкаат пред да ги извадиш ќе им ја извадиш фолијата и остави ги во рерна уште 10-15 минути.
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Јас мислам на оној кога се сечат на кришки, малку покрупни отколку за пржење, се ставаат во тавче, се зачинуваат се тура масло и вода и после во рерна. Ама не знам точно како е процедурата. :^) :$

    п.с. Најубава, а масло се става?

    п.п.с. На која температура ги печете?
     
  7. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Да, да заборавив да ти кажам тоа прво, потоа компирите па зачините и на крај водата.

    На која температура?
    Па што знам нашава рерна заебава, но првите 20 минути окулу 180-200 и после ги намалувам на 100-120 уште 10-20 минути.

    За да бидеш сигурна дали се печени пробај со чечкалица или вилушка дали се меки.
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Многу ми е вкусен овој рецепт од компири :lol:
    Компирите се варат се лупат и се сечат на поситни парчиња, се посолува се зачинува по желба (вегета, бибер) и потоа се пржат. Во пржењето некогаш додавам и сецкано лукче да добие вкус. :)
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    ^^
    Ова е рестован компир.

    Грл 1985 ... компирите ги лупиш, ги сечеш на кришки нели, ги ставаш во тава ... ги посолуваш со сол или зачин, зачинот им дава најубав вкус после поливаш малку вода ... многу е важно да не ги пokкрие водата зашто ќе остане. И одозгора ќе ставиш малку масло и после печи. Ова е наједноставниот и најчест начин на печење компир.
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Ајде две идеи од мене, испробани и гарантирано едноставни а вкусни! :)

    Значи тајната кај мене на добриот компир во рерна е - хартијата за печење. Конечно не се лепат и некако се печат побрзо, не знам по која логика но така е :)
    Ги сецкам компирите на 4тинки, ги ставам на хартијата за печење (онаа мрсната за колачиња), посипувам со вегета и сушен копар, малку прскам маслинест зејтин и редам парчиња масло одозгора.
    Ги печам во рерна на 180 степени околу половина час.

    Вториот рецепт е исто едноставен но верувајте компирот е повкусен од билокој обичен. Ова другарка ми ме научи, јас повкусно нешто, да се повторам, не сум јадела, а обичен компир е :)
    Исто така ги сецкате компирите на 4, ги редите на тавата, бибер, вегета, провенсалски зачини, залевате односно прскате само со малку вода и маслинест зејтин и залевате со чаша бело вино.
    Печете на истата температура. Ако видите дека ви е потребна уште вода, додадете уште малку од винцето, превкусни се.
    Јас додавам исто и рузмарин малку - ех, хедонистички добри се, мајке ми ;)

    И уште еден специфичен и необичен за наши простори рецепт, овој ми е од мајка ми. Немам појма што значи но се вика Гранадир - а едноставен е и вкусен :) Јас одпрвин бев скептична, но видов дека е вкусно и си го правам некогаш кога немам идеја :)

    Потребни ви се тестенини, најубаво од оние вртените кои ги варите нормално како што се подготвуваат тестенини. Ги цедите, залевате со малку зејтин и ставате на страна. Истовремено ставате неколку компири да се сварат. Откако ќе се сварат (гледајте да не се разварени ептен) ги лупите и сецкате на помали парчиња и ставате на страна. Во поголемо тавче пржите кромид, една до две главици и додавате црвен мелен бибер, можете и малку буковец, ги додавате компирите и ги потпржувате малку, а потоа ги додавате и тестенините и на крај се убаво мешате, додавате зачини по избор и тоа е тоа. Обично се јаде со туршија или пак со кисела краставица.
    Јадењево е онакво, типично селско - како што јас милувам да го наречам заради едноставноста, но верувајте, вкусно е - се зависи од тоа какви зачини ќе ставите нели :)
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.688
    Пол:
    Женски
    Намуртени Компири:
    8-10 броја компири
    1 кеса габена крем супа во прав (оние на маги дето се, полуфабрикати)
    4-5 супени лајци масло
    150 гр рендан кашкавал

    Компирите се љупат и се сечат на кругчиња. Стават се во намачкана тава со масло, заливат се со овие 4-5 супени лајци масло и 150мл вода. Стават се во жешка рерна на 250 степени без ништо друго. Кога се готови се заливат со разтворената габена супа (во 300мл вода се разтвара). Порсват се со рендан кашкавал и се запичат до златисто. По желба накрај може да се порасјат со магданос или копар.
    Можете да си ставете и виршли внатре. Многу е вкусно. Од сол нема потреба, зш во супата си има доволно сол. [​IMG]
    мнјам мнјам :P
     
    На LoOnyD, Doozy, lolyta777 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Sm.real

    Sm.real Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    64
    Како да направам пире од компири ама само од компири без црвен пипер брашно запршки или штозна што..?
    Компирите треба да бидат преварени па после со вакво http://www.google.mk/imgres?q=%D0%BF%D0 ... 24&bih=677 да ги испасирам ? :?:
    Да додадам сол и друго?
    :?:
     
  13. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158

    Сварените компири се пасираат со било што, немора со машинка може и рачно со алатка за пресирање или во краен случај со вилушка :lol: Се зачинува со вегета и бибер , се додава млеко (треба топло да биде), се пасира пак.
    Млеко ставаш во зависност колку сакаш да ти биде густо пирето. И со повеќе млеко е поубаво.
     
  14. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Се става и малку маргарин пред да го ставиш млекото.
     
  15. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    сакам секакви компири, пржени, печени, пире ,рестован компир..
    пред некој ден најдов прекрасен рецепт на интернет и одма го направив преубави се компирите
    1.се варат компирите со лушпа ама се внимава да не се преварат, потоа се лупат и така цели се пропржуваат во путер, или маргарин, па потоа ги прпелкаме во презла и ги печеме во рерна околу 10 -мин додека да добијат златна боја. Кога ке бидат готови ги засекуваме и ги преливаме со павлака или ги јадеме со што сакаме ( јас ги јадев со ребренца) ;)
    2. Како гарнир за некои јадења јас си правам вакви компири
    најпрво ги варам, потоа ги засекувам како лепеза, потоа ги зачинувам и ги прелевам со растопен путер и ги печеме во загреана рерна
    3. рестован компир
    Прво ги вареме компирите, а потоа на оган во загреано масло пропржуваме кромид. Компирите ги рендаме во намрсена тава, и од горе го ставаме пржениот кромид, и ги печеме во загреана рерна ;)
     

    Прикачени фајлови:

    На LoOnyD, cecilia, lolyta777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.688
    Пол:
    Женски
    ПРВ ДЕЛ
    [​IMG]
    Лекување со компири:
    Бронхиална астма, бронхитис, настинка:
    За подобрување на здравјето кај болниот и за намалување на бронхоспазмите се употребуват инхалации со пареа со префрлена крпа преку глава! Копирот треба да се свари во по мала количина вода.
    Кај заболувањата на дишните патишта , во садот кај се вари компирот треба да се додадат ѓумбир, малина, морков (семе), овес, магданосов лист, жалфија. Овие билни додатоци збогатуват пареата . Времетраенето на 1 терапија е 10-15 мин еднаш или 2 пати во денот. За заболели од бронхиална астма, првата терапија треба да трае 2 мин. Секоја наредна инхалација да се зголемува со по 1 мин. Но максималната временска граница не треба да е повеке од 10 мин. Неколку часи после инхалацијата не треба да се прима ладен воздух, за да не се засилува болеста. После инхалацијата нај добро е да биде во топла просторија со постела.

    Воспаление на очите и на капаците:

    1)Компирите се ладат во фрижидер. Сечат се на тркалца и се стават на очите. Исто така може и каша од изрендан компир, но пред тоа да биде изладен! Пред секоја процедура, компирот треба да биде добро измиен. Терапијата треба да се повторува секој ден, додека не се излечи воспалувањето.
    2)Кај воспаление на слузокожатаод окото со црвенило и со јадеж, треба да се земе едно јаболко и компир во подеднаква количина. Да се измијат да се изрендат и да се измешат во хомогена каша. Става се на газа и се поставува на воспаленото место. Истовремено на долниот дел на вратот се става жешка облога-салвета со топла вода. Терапијата да се повторува секој ден.

    Воспаление на кожата:
    Изрендан компир се става 2 слоја од газа и се поставува на телото. Времетраењето на држене на облогата на болното место е од час и пол до 2 часа. Секој ден! За засилување на лековитото дејство, газата се натопува во чај од камилица (1 лажица камилица со 1 чаша завриена вода)

    Воспаление на устата и на грлото:
    Свежо сок од компири да се измеша со завриена па изладена вода (2 дела сок, 1 дел вода). Растворот да се користи за плакнење на устата и грлото. После тоа е добро да се исплакне убаво устата со чиста топла вода, за да се спречи негативно дејство на забното ткиво.

    Синуси, течење секрет од носот:
    Варенито неизлутен компир има одлична способност да ја задржува топлината долго време. Бавното ладење се случува поради структурата на компирот и неговата големина. Жешките компири се стават на синусните празнини. За да се олесни отстранувањето на слузта од носот, пожелно е локалното загревање да се комбинира со инхалациска пареа над сварен, неочистен компир. Неклку часа по терапијата не треба да се вдишува ладен воздух. Нај добро пред спиене.
     
    На LoOnyD му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    331
    Mорам да го пофалам рецептот Иваноска, само што ручавме и компирчето на овој начин е одлично - сочно за мерак. Лесно и вкусно. Само што јас виршли не ставив внатре, туку имавме друго месо во комбинација.
    Супер, фала што си го споделила :) .
     
    На Talita и J.Ivanoska им се допаѓа ова.
  18. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.688
    Пол:
    Женски
    ВТОР ДЕЛ
    Гастритис, хипертензија, тврда столица, ждригавица, чир на желудникот и на дванаесетпалачното црево:

    Во природен вид компирот има лековит ефект врз сите органи за варење. Пред се, препаратите од компири им се препорачуваат на заболените коишто страдаат од зголемена киселост на желудниковиот сок. Тоа е предизвикано од големите количини на природни соединенија во компирот кои имаат алкална реакција.
    Традиционално се употребува подготвен сок од свежи компири. терапефтитскиот ефект се постигнува откако ќе испиете 2 или 3 пати по четвартина или по половина чаша од сокот. Количината на сокот е индивидуално, во однос на тежината и во зависност од симптомите на болеста. Сокот треба да се пие 30-40мин. пред јадење. Лекувањето е секојдневно во текот на 2-3 недели. После тоа се прави пауза од 7 до 10 дена.По неколку спроведени терапии од сокотерапијата, се подобрува процесот на преработка и усвојување на хранливите состојки, како и намалувањето на артерискиот притисок кај заболените од хипертензија, односно од висок притисок.
    За подготовка на сокот треба да се употребуваат тврди компири кај кои не започнал процесот на гниење. На нив не смее да има изникнати делове или да има делови со зелена боја. На тија места се собираат токсичен алкалоид соланин кој во организмот може да предизвика труење. Компирот треба да се одбере и да се измие, а потоа природно да се исуши и ситно да се изренда или да се подготви како каша со помош на машина за мелење месо. Подготвената маса да се исцеди со цеделка во стаклен сад или чаша. Многумина откако са го пробали сокот, са се откажали, поради неговиот непријатен вкус. За да се подобри вкусот, може да се додаде мед. Количината на медот не треба да биде повеке од 1 лажица на една пропорција од сокот. Исто така количината на сокот на почетокот треба да биде минимална, за да се навикне организмот на лековитото средство. Соодветната количина, за на почето, на оние кои со тешкотија го пијат сокот е 50мл.Постепено сокот да се зголеми до 150-170мл. На 24 часа треба да се земат 2 такви порции-наутро и навечер пред јадење.

    Главоболка:
    1 голем компир да се изие и изљупи и да се исече на тркалца, па да се обложи на било кој дел од главата прицврстувајко го со помош на подврска. Тоа се прави, дури човекот кој има главоболка да е во постела. Ако се уште не поминува главоболката, тогава се прави топла купка за рацете:Се потопуват рацете во топла вода до лактите и да се држат до престануване на болката. Ако е необходно во садодт да се додава жешка вода.
    Лушпата од компирот исто така може да се употребува за главоболка. Треба да се свари во мал сад, да се постави во рамномерен слој на парче од ткаенина, да се стави на челото додека е жешка и да се држи до очекуваниот резултат. Откако се излади истата лушпа може да се користи повторно откако ќе се загрее.

    Жолтица:
    Тоа е инфекција на црниот дроб. За лекување на жолтица секојдневно треба да се јаде испечени компири со лушпата во рерна. Особено е полезно во периодот на зајакнување.

    Здив на алкохол од устата:
    Доволно е да се џвакат неколку делови од суров компир. Со џвакането на компир во устата се неутрализира мирисот на алкохол.

    Запек:

    Во текот на денот да се консумират 200-250мл. сок од компири. Пожелно е таа количина да се подели на 3 дела и да се пие пред јадење секој дел.Потребно е секогаш да се подготува свежа доза сок. При атонија на цревата треба почесто да се внесува компир во исхраната во било кој вид и тоа во комбинација со цвекло.
    Наутро на празен желудник, исто така, треба да се изедат до 150 гр. компир.

    Пушење

    Компирот, како и тутунот и доматите, има својство во зелените делови и плодови да собира никотин. Се разбира концентрацијата на соединенијата во овој зеленчук не може да се спореди со онаа во тутунот, но не им нанесува никаква штета на непушачите и може да помогне на пушачите да се откажат од штетната навика. Не е тајна, дека при нагло откажување на цигарите, организмот дава силен отпор: никотинот станал неразделен дел од организмот на пушачот. Затоа, ако труењето со тутунскиот чад се одвивало во текот на многу години, има смисла да се откажете од опасната навика постепено, на почетокот намалувајки бројот на испушените цигари во денот, а потоа дозата никотин да се потрудите да се добие од тастителните култури во вид на секојдневна исхрана. Компирот може да се приготви во повеке од 1000 јадења-останува само цврсто да се решите да престанете да пушите. Во сезоната јадењата од компир може успешно да се дополнас со карфиол, домати, модри домати, кои ја намалуват никотинската апстиненција.

    Ларингитис, фарингитис, озраченост, прочуствување од солите на тешките метали, колитис и гастритис, миозитис, миом на матката, плускавци, изгореници, изгореници од сонце и топлина, смрзнатини, остеохондроза, отоци, лекување на срцето, отоци на лицето, болести на црниот дроб, воспаление на белите дробови, псоријаза, рак, запирање на повракањето, солзење, болка во зглобовите, мачнина, трахома, пукнатини на аналниот отвор, бодежи од пчели и од оси, болести на штитната жлезда...
    Овие се болестите, кои можат да се лекуват или да се облекчат болки со компири...Има и уште.. Овие сите нешта ги препишав од мала книшка „КОМПИРИ, ПРИРОДНО ЛЕКУВАЊЕ“, издание на Мартина. Летово се набавив со такви книжа, исто имам и за лимон, лук, моркови чаеви, зачини и све е за лекување. Се разбира се надевам никога да не ми влезнат во употреба, али знам дека ако не болест, главоболка ќе има (ако не нешто големо, недај Боже, то ќе е мало) и сум приврженик на лекување со природни лекови, не со апчиња и антибиотици. Се надевам на некого да сум помогнала со малку информација, ако некој се интересира и од болестите наведени накрај, за кои не сум напишала информација за лекување со компир, нека слободно ми пише л.п., ќе му препишам што пише во книшката. Не ми е проблем да го направам тоа, и јас сум човек, ако не се потребни на вас, може би се потребни информациите за мајка ви, татко ви, сестра, брат...
    Компирот може да се користи и во козметиката. Като негување на мрсна кожа, кожа со дупчиња, нега на сува кожа, избелување на кожата, копривница, црвенило и љупене на кожата на рацете, црвенило на носот, стареење на кожата околу очите.
    Не пишам подробности за сите овие болести и за козметиката како што с еправи, затоа што, ќе ми е потребен цел ден да препишам цело книже :D Ако сака некој да ме праша, нека ми пише слободно :*
    Ви посакувам убав ден
     
  19. anailisav

    anailisav Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    23
    еве драфи Феминки и од мене еден рецепт од компири ,вчера за ручек го спремав, сите чиниите маф ги направивме. :D
    компирот го лупиме и го сечеме на средни кругови по дебелина и го ставаме во длабок сад да поврие околу 4 мин.(не треба да биде сварен туку малку одварен.)откако ке се свари го процедуваме.
    во подлабока тава на оган пропржуваме исецкан спанак.
    во друг пластичен сад матиме сирење со јајца и малку млеко и во нив го додаваме пропржениот спанак.
    во подмацкан плех редиме еден ред компири (убаво да биде покриен плехот),посолуваме по желба (сол бибер вагета) па врз компирот ја истураме целата смеса од спанак јајца и сирење,одозгора повторно редиме компир,полеваме со водичката од тавата каде што го пропрживме спанакот и го ставаме да се пече,пред крајот матиме 2 јајца и ги полеваме компирите,уште 5 мин. во рерна и готово е јадењето.
    количински не знам точно колку да пишам се од око ставав,зависно за колку лица ке ви биде јадењето.поздрави пуно..... :*
     
  20. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    51
    ПОИНАКОВ ПЕЧЕН КОМПИР
    СОСТОЈКИ
    • 8-10 средно големи компири
    • 200 г печурки
    • 200 г кашкавал, рендан
    • оригано
    • сол и црн бибер
    • масло за готвење
    ПОДГОТОВКА
    Компирите излупете ги и замотајте ги во алуминиумска фолија. Наредете ги во тава за печење, ставете ги во рерна на умерена температура и печете додека компирот да омекне. Потоа извадете ги компирите од рерна, и оставете ги на страна да се изладат. Кога компирот е доволно ладен да се држи во рака, исечете ги на половина и издлабете ја средината од половините, која ја оставате на страна. Во тава за пржење, на малку масло запржете ги печурките со зачин и оригано. Потоа, додадете ја издлабената средина од компирите, промешајте и пропржете уше 2-3 минути. Со оваа смеса наполнете ги издлабените компири, кои повторно ги редите во тавата за печење. Откако сите компири се наполнети и наредени, посипете ги со ренданиот кашкавал, така што ќе се покрие целиот компир. Вратете ја тавата во рерната и печете додека да се растопи кашкавалот.

    ripce -> RE: компир на 100 начини (5.12.2009 14:43:27)

    [image]http://sliki.hrana.com.mk/2009/08/recepti/peceni-kompiri-so-zacini.jpg[/image]

    Печени компири со зачини

    Потребни состојки:
    малку Сол
    30 грама Путер
    малку Оригано
    1 Кромид/а
    400 грама Компир
    малку Црн бибер

    Подготвување:
    Половина од излупените и исечените компири и половината од исецканиот кромид ставете ги во тавче намачкано со путер. Наросете половина од сувите зачини и полијте со половина од стопениот путер. Потоа ставете ја втората половина од компирите со кромиодот и повторете ја постапката, завршувајќи со стопениот путер.

    Зачинете со сол и бибер.

    Целата тава покријте ја со фолија за печење и 20 минути печете ги компирите во рерна која претходно е загреана на 210 целзиусови степени. Потоа отворете ја фолијата и оставете компирите да се допечат уште 15 до 20 минути, додека не омекнат.
    потребни состојки:
    1кг компир
    3-4 млади крамитчиња или 1 главица кромид(подобро главица)
    4-5 кисели краставички
    3 големи лажици мајонез
    1 голема лажичка сенф
    3-4 големи лажици јаболков оцет
    2-3 чешлиња лук
    бибер и сол по вкус

    се вари компирот се лупи и се сечи на покрупни парчиња во длабок сад, кромидот исто така се сече покрупно и се додава, на кругчиња се сечкаат и додаваат и киселите краставички се посолува и добро се промешува

    во помал сад се мешаат мајонезот, сенфот, оцетот, ситно сецканиот(може и да се изренда на најситно) лук и се наросува со бибер. со така приготвениот сос се прелива смесата со компири и не се меша

    за подобар вкус компирот лупете го и сечкајте го додека е топол не го миете сео ладна вода

    Како да подготвите компир на здрав начин

    Компирот низ годините некако дојде на многу лош глас кога станува збор за здравата и диетална исхрана. Но компирите иако содржат јаглехидрати, всушност се многу здрави за нас. Тие содржат витамин Ц, калиум, железо, магнезиум, фосфор, тиамин, рибофлавин, цинк, бор, фолни киселини и многу други здрави состојки. Овој вкусен зеленчук е и многу практичен бидејќи може да се подготви на безброј различни начини.

    Компир со тежина од 100 грама содржи околу 85 калории и нема ниту масти ниту холестерол. Но проблемот е во тоа што ние додаваме уште околу стотина калории со нездравиот начин на подготовка. Па затоа еве неколку совети како да подготвиме компир на здрав начин.

    Оставете ја лушпата на компирот секогаш кога тоа е возможно
    Веројатно веќе сте ја чуле информацијата дека највредниот дел од компирот е неговата лушпа, но всушност најголем дел од витамините и хранливите состојки се наоѓаат во компирот, но веднаш под самата лушпа. Затоа најдобро е компирот да се подготвува со лушпа, а откако е веќе сварен или испечен да се излупи. Освен тоа лушпата е одличен извор на хранливи влакна.

    Избегнувајте пржење на масло
    Ако е возможно избегнете го сосема пржењето на компирите во масло, бидејќи компирот впива страшно многу маснотија. Ако подготвувате салата од компир зачинете ја со маслиново масло, масло од кикирики, ленени семки или соја. Избегнувајте да користите заситени или хидрогенизирани масти како маргаринот и маслацот, кои го зголемуваат холестеролот.
    Избегнувајте готвење на претходно исецкан компир

    Со термичката обработка се намалува количината на витамини и минерали во самиот компир, а посебно до големи загуби доаѓа кога тој се готви излупен и исецкан. Кога го готвиме компирот неизлупен и цел, губењето на хранливите состојки е значително помало.

    Користете повеќе печен компир
    Најздрав начин за подготовка на компир е да се испече цел и неизлупен без додавање на масло.

    Избрете додаток со мало количество на масло, натриум и калории
    Ако не можете да јадете само компир, изберете додатоци како што се немасните сирења или јогурти или уште подобро зачинете го компирот со медитерански зачини како што се рузмарин, темјан, мајчина душичка, босилок, ловоров лист и слично.

    Намалете ги калориите и мастите во пирето
    Пирето подгответе го со млеко со мала масленост или уште подобро, наместо млеко употребете пилешка или зеленчукова супа, која ќе даде интересен вкус.

    Компир салата во сос
    Потребно за двајца:

    5 варени компири со средна големина
    пола главица ситно сечкан кромид
    сок од половина лимон
    сол, бибер
    две лажици маслиново масло
    две лажички павлака
    една лажичка мајонез
    пола лажичка сенф
    мелена црвена пиперка, на врв на лажичка
    Подготовка: Варените компири исечете ги на коцки со средна големина и ставете ги во сад. Посолете ги и побиберете ги по вкус. Во мал сад на страна, ставете ги кромидот, мајонезот, павлаката, сенфот, сокот од лимон, маслото и мелената пиперка. Промешајте го сосот и прелијте ги компирите со него. Од горе, може да ставите ситно сецкан магдонос.
    Со оглед на тоа што има мајонез и павлака кои содржат маснотии, оваа компир салата е убаво да се јаде како главно јадење, а може и да биде во улога на прилог со пилешко месо.
    Компир салата на јапонски начин
    Потребно е :
    3 компири, сварени
    1 морков
    1 краставица, исечкана на тенки кругови
    1 главица кромид
    1 јајце
    100 мл мајонез (посен, без јајца)
    сол и бибер
    Подготовка: Во тенџере со вода ставете ги компирите, морковот и јајцето да се сварат. Јајцето извадете го по 10 минути варење и исечкајте го ситно. Потоа, прв ќе се свари морковот, па компирите. Тоа проверете го со вилушка. Краставичката исечете ја на кругови, посолете ја и оставете ја 10 минути да ја пушти својата течност. Сварените моркови и компири исечкајте ги на тркалца и коцки, посолете ги и побиберете ги. Краставичките убаво исцедете ги од течноста и заедно со морковот и компирите ставете го во поголем сад. Мајонезот разредете го со малку оцет и вода и прелијте го врз зеленчуците. Ставете го кромидот исечкан на многу тенки полумесечинки. Убаво измешајте и зачинете по вкус, ако треба.Салатата покријте ја со фолија и ставете ја во фрижидер околу еден час да отстои пред сервирање