1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè од компири

Дискусија во 'Рецепти' започната од kiki-riki, 6 јануари 2010.

  1. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Компирите како и да се зготвени јас ги јадам :)
    Тоа ми е омилено јадење.Најмногу ги сакам пржени и пире.Но ги сакам и така варени и со сол,печени,во манџи..Абе во се :)
     
  2. HeelsLover

    HeelsLover Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2011
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    655
    Пол:
    Женски
    Готвам компири пржени,пире,печени секакви и многу ми се вкусни . Мора еднаш во неделата да направам нешто со компири :smirk:
     
  3. ANGEL1

    ANGEL1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Моментално јадам варени компири! И ми текна дека имав некаде рецепти за крокети со компири аха, само уште да пробав да ги направам некогаш....морам да ги пробам! Инаку мислам дека цел живот јадам само компири :lol:
     
  4. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Едно од јадењата од компири кои ми се многу вкусни се њоки. Треба малку повеќе време за да се направат.

    Сварените компири се пасираат, се зачинуваат, се додава 1 јајце (ама и не мора) и постепено се додава брашно додека се добие средно меко тесто. Потоа од него се прават топчинја, се развлекуваат, па се сецкаат њоките.
    [​IMG]

    Во тенџере се става вода, се посолува, и кога ќе зовирие се ставаат њоките. За минута-две ќе испливаат на површина што значи дека се готови.

    Јас ги јадам со болоњезе сос, или потпечени со сирење, салама и одозгора кечап и кашкавал.
     
    На Talita, Trendafilka и XMaN им се допаѓа ова.
  5. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    51
    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
    еве еден од моите најубави начини на подготовка на компир
    250 грама Сирење
    50 грама Пармезан
    1000 грама Компир
    250 грама Кисела павлака
    малку Сол
    Компирот исчистете го, исечето го на кругови и сварете го во посолена вода.
    Кога е до пола сварен, исцедете го, посолете го, па половина од него наредете го во огноотпорен сад, кој малку сте го премачкале со масло.
    Врз него изрендајте сирење, па одозгора наредете ги останатите компири, па залејте со павлаката за готвење.
    На крајот, изрендајте пармезан.
    Печете од 30 до 45 минути на 180 степени.
     
    На Talita му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Ги сакам секако варени во салата, компир манџа, пире обожавам и сум специјалист за правење пире, мусака, печени компири со месо, пржени компири ама баш секако :)
     
  7. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    3.203
    Пол:
    Женски
    Компирчичи!!! Има ли некој што не ги сака? :lol:

    Јас многу сакам крокети со компири.. Овој рецепт го земав од баба ми, потоа малку измутира низ моите и сега кога имам повеќе време правам крокети.. Многу ми се вкусни...

    Има едно јадење сестра ми што го правеше од компири ама не знам како се вика па ќе се потрудам да го најдам рецептот па ќе го кажам тука... :)
     
  8. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    3.203
    Пол:
    Женски
    Најдов за крокети па кој може нека проба да ги направи..

    Ви треба:

    3 компири со средна големина
    1 јајце
    масло
    зачини (по желба)
    малку оцет
    брашно (ако треба, ќе видите зошто)


    1. Компирите ставете ги да се варат.
    2. Излупете ги, направете пире и пред да го оставите да се излади, измешајте го во него и јајцето, зачините и капнете малку оцет.
    3. Замесете ја смесата и направете долгнавести крокети. Ако се лепи премногу компирот, и крокетите не се прават, додадете малку брашно за да не се лепи.
    4. Во врело масло пржете ги додека не добијат златна боја.
    *. Убаво е да ги ставите во сад на кој претходно сте ставиле 2-3 раширени салфетки. За да го соберат вишокот масло.
    **. Оцетот не се става за вкус. Се става за крокетите да впијат што помалку масло.

    Пријатен апетит!
     
    На Greenny му/ѝ се допаѓа ова.
  9. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Oбозавам комоири. E сега цитам тука има Mн рецепти. E вака кога идиме на вецера некаде надвор (ресторан) со пилески стек сервират едни мн мн вкусни компири. Nекако како прзени с. Zацени убаво мирисат. Nа половинка се сецени како коцки и сега сакам д. Nаправам и јас како???? Kој рецепт од странава е тој ?
     
  10. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158

    Компририте се прво сварени, потоа се сечат и се ставаат да се пржат во малку зејтин. Се зачинуваат по вкус.
     
  11. Steff.Unique

    Steff.Unique Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    270
    Пол:
    Женски
    Ммммм компирчиња! :inlove:
    Си ги сакам најмногу пржени, моето омилено јадење и слабост. :) :P
    Само на пржени компирчиња паѓам кога сум на диета и неможам да издржам. :lol:
    Ги јадам со кечап, мајонез и оригано.. :)
     
  12. Cence

    Cence Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    756
    Пол:
    Женски
    И јас ги обожавам компирите и ги јадам на било кој начин, бидејќи секако ми се вкусни :)
    Еве и уште еден рецепт за њоки, подетално објаснето.

    http://chasovipogotvenje.blogspot.com/2011/03/19.html
     
    На zhap4e и Talita им се допаѓа ова.
  13. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    E тие се м. Fкусни. Iзгледат како пецении како прзенисо мн зацини. Vака ли се?? Aјке пробам
    A ти ова го имас правено и така испадна?? Sакамсега Dа направам


    Печени

    Исечкајте ги компирите на мали парчиња и варете ги 5 минути. Исушете ги и ставете ги во тава, која претходно сте ја загреале во рерна. Ставете ги во рерната и печете ги на температура од 220 степени околу 1 час. Компирите се готови кога имаат златна боја и се крцкави однадвор, а меки внатре.

    кога ке се варат со луспа или без луспа??? кој знае нека писе сакам да ги правам сега
     
  14. MaCa-J

    MaCa-J Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    135
    Излупени, исечени, измиени се тоа и во тенџере со зејтин се пржат и после си ги јадеш со нешто.. помфрит .. ! :)
     
  15. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Мајка ми прави многу вкусни плескавици од компири.бидејќи јас плескавици со мелено месо не јадам таа ми ги прави од копири.Значи исто се подготвуваат како и плескавиците од мелено месо само наместо мелено месо се става рендан компир.Ништо повкусно,такви секој ден да ми прави секој ден ќе ги јадам :inlove:
     
  16. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.893
    Bчера гледав на фуд канал,и ми се допадна еден рецепт од Hигела,и денес го направив :D
    Mногу беа вкусни компирите :angel:

    Hеколку компири,зависи за колку особи готвите,ги лупите компирите и сечете на кругови и ги ставате во длабоко тенџере
    Cе додава хопла,јас ставив 300 мл,да гледате да покрие пола од компирите
    Cе додава млеко,500 мл или зависи од компирите ако имате повеке ставете повеке млеко,да ги покрие важно
    Cе ренда поголемо чешне лукче
    Cе посолува со црн бибер и цол
    Hа крај се лупи цел кромид,и се става целиот во компирите,значи немојте да го сечкате,само цел ставете го
    Cе покрива и се става на шпорет на 40 минути

    Bерувајте превкусни се компирите,денес првпат ги направив и сите дома ми ги бендисаа :lol:
     
  17. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.940
    Допаѓања:
    10.073
    Ние дома кога ги правиме вака: компирите се варат лупени и исецкани на парчиња (големината е по желба). Потоа на голема тефлонска тава (или било каква друга што не лепи многу) се растопува путер и се додава малку масло. Се ставаат компиритете во тавата и се пржат додека не заруменат. Се добива крцкава кора од надвор,а од внатре се меки.

    Јас правам малку модифицирана верзија на ова ако имам намирници во фрижидер. Значи додека се пржат компирите додавам сецкани маслинки, ситно сецкан магдонос, некогаш гранчиња рузмарин што од кога ќе се испржат компирите ги тргам и сосема пред крајот од кога убаво ќе заруменат додавам ситно сецкано сирење (може и моцарела ако сакате ама јас го правам со обично бело сирење). Сосема кратко се допржува колку да се растопи малку сирењето, а да не се залепи за тавата во меѓувреме. Други зачини може исто така да ставате по желба.
    Моментално ми е омилен рецепт за приготвување компири и буквално со се ми оди, особено со риба.
     
  18. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.680
    Ова морате да го пробате! :) Ги лупите компирите, ги сечете, ги ставате во една вангла и им ставате зачини по вкус, јас им ставам, вегета, оригано, црвен пипер, бибер, шарена сол и малце маслиново масло, сето тоа го мешате и го ставате во кеса за печење, има од фирма Fino, околу 50 денари се 5 кеси. Го ставате во ќеса и го печете, по вкусни компири ... многу се сочни, пробајте
     
  19. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    јас со мелено месо ми се допајгат.али секако се убави...
    вака се правеа-компитите ги сецис на кругови и ги ставас во голем зад потоа редис една редица компири потоа мелено месо па компири па месо и се така па малце вода и во рерна..а месото првин го запрзувас со кромид из зацини..
     
  20. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Сакаш да кажеш мусака