Моите омилени компири: Се купуваат исклучително мали компирчиња (од оние најситните и најефтините) и се лупат. Се зачинуваат по желба и се печат во релна. Значи не се сечат на парчиња, се печат цели. Дека се мали, се многу вкусни. Еве слика:
Нема проблем. ПОЛНЕТИ ПЕЧЕНИ КОМПИРИ: - 8 поголемки омпири за печење - 4 супени лажици путер - 2 филџанчиња рендан чедар кашкавал - 2 жолчки матени - половина крем сир (од малечко канче) - ситно исецкан кромид колку да наполни убаво три супени лажици - 1 свежо толчено лукче - 1 супена лажица сол - малку црвен пипер (по желба, ама јас си ставам) - 1/4 чајна лажичка бибер (мелен ставам) - 2 супени лажици стопен путер - 1 супена лажица исечкан магданос - 4 парчиња сланина (пожеш да да ги запржиш или запечеш прво, а можеш и така да ги оставиш) Земи ги компирите, измиј ги и исуши ги, истриј ги со масло и стави ги да да се печат на 200 степени околу еден час. Кромидот заедно со лукот запржи ги со путерот и остави ги да се зацрвенат па тргни ги. Кога ќе ги извадиш компирите исечи дел одозгора и извади ја срцевината. Ѕидовите на компирот да бидат околу пола сантиметар дебели. Згмечи ја срцевината на компирот, измешај ја со лукот и кромидот, и прво измешај го крем сирот со жолчките додади ги зачините и на крај измешај се да добиеш хомогена смеса и наполни ги компирите. Е сега, во рецептот вика сланината да се стави на крај, но јас предходно не ја пржам или печам туку ја мешав директно во полнењето за компирот. Сега јас правам вака: Ги враќам компирите да се испечат уште малку бидејќи жива е жолчката значи не многу долго ќе проверувате на компирот за да не го изгорите. Ова се прави од око. Кога ќе го извадите премачкајте го со стопениот путер и ставете го микробранова малку да се зацрвени (ако немате, ставете ги во рерната што уште е згреана од предходно). Ставете црвен пипер и ако за време на полнењето не сте ја ставиле сланината, ставете ја сега запржена одозгора. Пред сервирање треба неколку часа да постојат на собна температура. Вака изгледа комплицирано и се прави во недела кога имате цел ден ефтина струја но на крај вреди.
Еве и јас да споделам рецепт за компири: Излупете ги компирите и исечете ги на тенки кругови , во намрснето (со путер или зејтин по желба) тавиче наредете ги. Во друг сад ставете солена или неутрална хопла 400 милилитри во неа додајте сол,малку вегета,црн бибер,жалфија и мајоран промешајте да се распоредат зачините и прелијте ги компирите со смесата ставете да се печат 30-45 минути. Премногу се вкусни на овој начин приготвени прсти да излижеш
Луѓе, ајде некој ако го знае рецептот за компири на пареа, нека ми каже. За тие компирите со оцет и младо кромидче што се прават Ми се пријадоа Фала
OoOoyy и јас ги обожавам , па вака ги пржам , правам пире со компири , правам оризник ( ориз и компир во тавче ) компир манџа со пилечко , компир салата , компир со веѓета и масло на фурна , компир и пилечко во тавче , цели печени компири во рерна , мусака ,ѓофтиња од компир ....... и не се сеќавам веќе каде ги употребувам , бидејќи постојано ги јадам
луѓе кога се пече компир, само зејтинче му се става, или и малку вода во тепсијата? јас не сум печела сама никогаш, и не знам како оди процедурава, па може ќе си печам малце деновиве и како се прави
Лудо јас ги правам екстра крцкави и сите овие години бев во потрага по совршена рецепта. Мислам дека деновиве конечно го открив добитникот. Првин ги лупам компирите и ги сечам на средни парченца, значи да дојдат колку малечки компирчиња. Ги ставам во вода која врие да повријат 7-8 минути и откако ги вадам им ја гребам површината со вилушка. Потоа ги редам во тава за печење, па во микро или на рингла топам малку путер и ги полевам со путерот. Посолувам и во рерна на 200 степени додека не поцрвенат од сите страни. Можеш и да ги размрдуваш во текот на печењето за да се исцрват од секаде еднакво. п.с. А инаку можеш да ги печеш и вака и вака. Само секако подмачкај го тавчето за да не се лепат. Мене ми се поубави само со масло, без вода.
Можеш и само со зејтин да го подмачкаш тавчето, на компирите им ставаш сол и вегета по вкус, ама во овој случај малку ризикуваш затоа што може компирите (тие што се одоздола и од страна на тавчето) да се залепат, па да се утепаш од миење т.е стружење ама се вкусни. Јас им ставам и водичка т.е одозгора ги полевам со топла вода ама малку, не да пливаат во вода туку само на дното...или пак уште повкусни се ако ги полееш на пр. со супа ама од оние коцки супа претходно сварена (по вкус, може и пилешка, а може и говедста). Се печат додека да омекнат. Еве ти е еден рецепт и месо да си ставиш со компирите заедно. Откако тавата ќе си ја наполниш со компри (полеани со зејтин и вегета) измеѓу компирите ставаш месо (на пр. кременадли претходно премачкани со сенф и вегета), посолуваш, може и црн мелен бибер по желба да посолиш и ги полеваш со малку топла водичка и бело вино. Јас ставам и гранчиња рузмарин (нели претходно убаво измиен). Значи и врз месото треба да има некое компирче за да не ти изгори. Тавчето го покриваш со алум. фолија и печеш на 250 степени отприлика еден час. Потоа ја вадиш фолијата и печеш додека не омекне месото (ќе го свртиш и од др. страна во текот на печењето)...прсти да излизеш.
Можеш и со млеко да ги полееш, ама малку... значи ги сецкаш, ги полеваш со масло, ги зачинуваш и ги мешаш. Ги ставаш во огноотпорен сад со капак, долеваш малку вода и ги ставаш на 200 степени. После 15тина минути од печењето, ги вадиш и одозгора дотураш малку млеко, колку половина филџан нека биде. И враќаш во рерна -супер се и вакви, само не се баш крцкави. За крцкав ефект, ќе ги печеш без капак.
Лудо пробај и без вода, само со зејтин, ако ги сакаш крцкави. Многу се вкусни. Јас им ставам повеќе зачини меѓу кои и црвен пипер за да ми бидат поцрвени Можеш и некој вид месо да ставиш внатре и еден домат да го расечеш на парчиња или рендан кашкавал. Но јас прво ги ставам само компирите и кога се на пола готови тогаш го ставам кашкавалот, зошто ги сакам покрцкави и кашкавалот ќе ми изгоре ако го ставам веднаш.
мене најмногу ми загоруват ако му ставам маргарин се убивам после од миење на тавчето а со зејтин ок се
полнети пиперки со Компир ПОТРЕБНО Е: l 4 компири l 1 главица кромид l 4 пиперки l масло l сол l црн пипер НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Измијте ги пиперките и отстранете им ги дршката и семето. Ситно исечкајте го кромидот. Излупете го компирот и изрендајте го на крупно ренде. Во чинијата со компири додадете го исечканиот кромид. По вкус, додадете сол и црн пипер. Ставете две лажици масло и добро измешајте го сето тоа. Наполнете ги пиперките со добиената смеса. Наредете ги во подмачкано плехче, премачкајте ги со масло и печете околу 45 минути во рерна загреана на 220 Ц степени.
Еве од мене два рецепти едниот ми е испробан, другиот не. И двата се со компир и туна Туна компир Потребно: 1 кг. компири, 200 г. туна, 300 г. мајонез, 50 г. целер, магдонос, една мала главица кромид, сол, бибер. Подготовка: Сварете ги компирите и оставете ги да се оладат. Кога ќе се оладат, излупете ги, исечете им ги врвовите и издлабете им ја внатрешноста. Содржината од издлабените делови измешајте јасо туната, мајонезот и исецканите целер, магдонос и кромид. Ставете сол и бибер по вкус. Со таа смеса наполнете ги компирите. На крај затворете ги со исечениот горен дел. Компирите потпечете ги 15 минути на 200о Рецептов го немам пробано, прв пат гледам мајонез да се пече ама ај Вториов рецепт го имам пробано пак е со туна и компир не знам што колку се става јас ставам по желба 1.Се варе компириот и се сече на коцки со со страна од околу 1 см. 2. Се сецкаат домат, пиперка црвена и зелена, и кромид (може и печурки). Можете и да ги пропржите овие работи во малку масло ама и не мора 3.Се меша компирот, туната, пиперките, доматите и кромидот се додаваат зачини и се јаде. Јас кога не додавам домат, додавам јајце варено . Инаку мене со пропржен зеленчук ми е поубава дури некогаш и варениот компир го ставам заедно со пиперките и кромидот да се попржи
А никако печење директно во тавче, јас секогаш прво му ставам алуминумска фолија на дното и после си ги редам компирите. Вака не се менува ништо од вкусот а потоа само ја собираш фолијата и во канта.
Ај јас во темава ќе си пишам со надеж дека некоја ќе знае брзо да ми оговори. Во сабота ќе готвам, пилешко во мармалад од кајсии, но бидејќи како прилог на ова оди похован кромид, а тоа не доаѓа во предвид за правење, сакав да направам некој прилог со компири. На една страна гледав, како компирите ги сечкаат на многу мали парченца и ги пржат со повеќе зачини, па ги преливаат со некој сос. Ама мене не ми текнува како беше страната и поим немам како да го спремам така компирот. Ако некоја од вас има идеја за некој поедноставен прилог од компири(да не е само испечен компир) би била благодарна да ја сподели.