Сè од компири

Дискусија во 'Рецепти' започната од kiki-riki, 6 јануари 2010.

  1. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Можеш рестован компир да направиш. Свари го компирот цел, после исецкај на парчиња и запржи го едно 2-3 мин со зачин. Е сега како прелив можеш да измешаш мајонез со сенф и зачин ко коријандер или пак со кари. И нормално тартар сосот оди убаво со компир.
     
    На eli25 и starfish им се допаѓа ова.
  2. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.281
    Пол:
    Женски
    Лудо, сега за ручек ги правев пиперките по твојот рецепт,само што додадов рендано морковче внатре,па ќе видиме како ќе испаднат :)
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.281
    Пол:
    Женски
    Денес си правев печени компирчина :smirk:
    Преубај ми излегоја,минатиот пат кога ги правев ми се залепија за тепсијата но сега не,лесно се вадеjа без половина од компирот да остане на тепсија :tmi:
    Tајната беше во следново:
    Ги излупив компирите и ги исеков на кругчина,потоа убаво ја намачкав тепсијата со зејтин и ги ставив компирите,исечкав на кругови и морков и него го ставив.Одозгора му турив вагета и црн бибер (мелен).Потоа на рингла во тавче загреав малку зејтин и 1 голема лажица маст.Потоа ги потурив компирите.
    Добар апетит! :smirk:
    Едит:Приметив дека потанко сечените компири беа поцрвени и покрцкави.Следниот пат ќе си знаам :)
     
  4. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Сварените компири ги сечкате и редите во намастено тавче. Посолувате, додавате мелен бибер, преливате со павлака, додавате рендан кашкавал и кари. Тавчето со компир го ставате во претходно добро загреана рерна да се пече ... околу 15ина мин е доволно. Оди со секаков вид на месо и др комбинации, а и може така да се јаде.
     
  5. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.262
    Допаѓања:
    43.953
    Јас си правам летна тава со компир и печурки. За двајца, доволни се 4 поголеми компири и 300 гр шампињони.

    Сечете неколку поголеми компири на кругови, не многу дебели, и ги редите во намастено тавче. Одозгора се истура тегла шампињони, со се водата, и се промешуваат, да има компири и шампињони насекаде подеднакво. Зачинувам со вегета и кари, бибер по желба и во рерна 30 минути на 250 степени.

    При крај, пред да ја исклучите рерната, изматете едно јајце, додајте чаша млеко, рендано сирење и оригано и убаво промешајте го сосот. Истурете го врз компирите со шампињони, да се покрие целата тепсија и вратете во рерна. Нека се потпече одозгора да стане златножолто.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. zombi

    zombi Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    18
    Рецептов го имав напишано ама заборавив на кирилица да го напишам.
    Поубаво нешто немам јадено-вариш компири да не се преварат па ги сечишна крукчина не многу дебели во тавата ставас масло колку да ја подмачкаш и ставаш ред компири ред рендан кашкавал нека има повеќе кашкавал и пак повторуваш ред компири ред кашкавал и ја полниш тавата полна и завршуваш со кашкавал ја ставаш тавата во предходно стоплена рерна на 200с и кога ќе се стопи кашкавалот и кога ќе добие боичка одозгора ставаш матени јајца зависно од тавата колкава е 3,4 јајца ако е поголема повеќе битно да има секаде згора фрлаш над кашкавалот и пак ја ставашда се потпече јајцето ммммммммммммм сега ми се јадит со чаша јогурт направете и нема да зажалите сигурна сум ако некој направи нека каже дали го бендиса јас уживам во ова јадење поздрав до сите :hai:
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  7. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Компир салата
    Потребни состојки:

    1 кг. компир
    2 главици кромид
    Масло за јадење
    Оцет
    Сол

    Компирите се мијат и се ставаат во тенџере на оган да се сварат. Откако ќе се сварат компирите се лупат и додека е сеуште топли се сечкат на ситни коцки и се стават во подлабок сад. Во садот се додава ситно сечканиот кромид, сол, масло за јадење и оцет по желба. Добро се размешува и се сервира во чинија за салата. Може да се декорира со маслинки и магдонос.

    Delicious ! :)
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  8. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Овој рецепт го немам пробано, ама во план ми е... :)

    Варени комири (уште подобро ако се печени) се рендаат и се додава рендан (или ситно исецкан) кромид и рендан кашкавал.
    Се се промешува заедно со павлака и се посолува.
    Се става во тава, а одзгора се наросува уште кашкавал. Се пече во релна околу 30 мин.

    (Мерата е отприлика, на 4 големи компири, 2 главици кромид, 500 гр. кашкавал)
     
  9. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.262
    Допаѓања:
    43.953
    За две три форумџики што бараа рецепт за пита кромпируша :)

    Потребно е:
    1 пакување кори
    4 поголеми компири
    масло, сол, бибер, вегета
    2 чаши кисела вода

    Корите извадете ги убаво на работна маса и одвојте ги лист по лист, нека мируваат на крпа.
    Во тава, стоплете масло. Компирите измијте ги и изрендајте ги на крупно ренде. Пржете во маслото, додавајќи сол, бибер и вегета. Пржете кратко, 10/15 минути. Оставете го филот на страна.
    Во длабок сад, измешајте ја киселата вода со масло. Потоа, во намастен плех со масло, редете кора, попрскајте со мешавината од вода со масло, втора кора, па филот од пропржен компир. Меѓу секоја прва кора ставете мешавина, а на втората фил. На крај треба да завршите со кора, и испрскајте ја со остатокот од вода и масло. Пред да се испече се сече на коцки.
    Се пече 20 минути на 250 степени, треба да е зацрвенета кората озгора. Се остава да се излади и се служи оладена со јогурт.
    Босански проверен рецепт :)
     
    На Unique.chick, pamelche и stetoskop им се допаѓа ова.
  10. Li..Na

    Li..Na Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2012
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Компирот го обожам едноставно.... секако го јадам компирот , пржен , варен , пире, оризник, ќофтиња од компир , мусака , ... и што уште не
     

    Прикачени фајлови:

  11. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.281
    Пол:
    Женски
    Лелеее денес што сум направила компир манџа со телешко..
    Мммм прсти за излижеш :mm:
    А прв пат правам,и многу убава ми излезе.
    Епа вака е мојот рецепт,стандардно како сите манџи,али си сакам јас погуста и повеќе зеленчуци внатре.
    Сецкам кромид,морков,2 пиперки и ги пропржувам,значи убаво да се испржат и да добијат црвенкаста боја.(Сето тоа во тенџерето).Потоа додавам 2 сецкани домати ама не многу ситно.Откако сето ова ќе се испржи му додавам сецкана бамја,боранија и рендан црн домат.Кога пак сето ова ќе се испржи му го додавам телешкото и го оставам и него да се попржи малце,после тоа му додавам чаша вода и го оставам 5 минути да повари,после тие 5 минути го дополнувам цело тенџере со вода..И ставам вагета,сол,црн пипер.
    После еден час варење значи да се свари мевцето убаво,му додавам компири сецкани на поголеми коцки,кога компирите ќе бидат сварени вадам неколку во тањир настрана и ги гмечам,потоа пак ги враќам во тенџерето и оставам уште малце да се повари додека ја направам запржката.
    И бон апетит.
    Еве ќе ве почестам со слика
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG3991A.jpg
      IMG3991A.jpg
      Големина на фајлот:
      53,1 KB
      Прегледи:
      824
  12. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    4.276
    Пол:
    Женски
    Мене омилени ми се пе4енитеее баби4ка ги готвии :inlove: :talk: :clap: :tmi:
    Не сум многу по готвењето ама секогаш сум в кујна кога се подготвувааа :$ :wasntme: :P
     
  13. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.137
    Допаѓања:
    124.493
    Плескавици од компири

    -Варени компири(незнам колку,отприлика си ставам )
    -200-300гр рендан кашкавал
    -2 јајца
    -Презла
    -Сусам
    -Зачини

    Значи,откако ќе се сварат компирите,се пасираат ситно,како за пире,во нив се ренда кашкавалот,се додаваат зачини-сол,црн пипер,вегета,и едното јајце,да се соедини.Се меша убаво и се оформуваат плексавици.Се пржат претходно извалкани во јајце и презла со сусам.Може и без сусам,мене послатки ми се така :) Пржење-додека не заруменат :) Убави се и за декорација а и доста вкусни,ако земете убав кашкавал :)
     
    На Annath, Libera, Anna-Banana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    Омилени ми се сите јадења од компири.
     
  15. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    ислупи ги и исечиги на кругови и ставиги малку да се зацрват...
     
  16. lolipop6

    lolipop6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    11
    еве ви еден префкусен рецепт со компири....се вика гратан...и е свајцарски рецепт...
    ги лупиме компирите и ги сецкаме на кругови ,дебелината нее битна...потоа во повисок,сад.јас тоа го правам во стаклен сад...тава земјена или нес слицно,,најпрво садот го премацкуваме со масло за јадење а потоа 2-3 цеснина лук ги сецкаме на 2 дела....тоа се става колку за мирис..потоа половината компири ги ставаме во тавата па на нив ставаме вегета,сол,црн пипер,и малку рендан каскавал..а потоа ги доставаме и останатите компири,,ито и на нив одозгора му ставаме зацини но овој пат,,,со рендан каскавал ги покриваме компирите скрос....а накрај земаме хопла,,и ја тураме во тавата да се наполни повеке од пола..а потоа го ставаме во релна.и се пе4е околу 2-2 ипол цаса...знаци вреди да 4екас 2 4аса за такво јаденје.префкусно е..хоплата ке си изврие половина и кесе помеса со стопениот каскавал.се доби префкусен сос ..и лук4ето малку пуста мирис и вкус...ммммммммм
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  17. aleks26

    aleks26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    99
    Пол:
    Женски
    Најмногу во зима ги сакам компирите вака:вариме неколку компири со се лушпа и неколку пиперки од низар.Кога ке бидат готови ги лупиме и компирите и пиперките и ги ставаме во сад заедно ги гмечиме со толчник додека не се соединат додаваме малку превриено масло и сол по потреба превкусно е посебно со топло лепче прсти да изедиш.

    Еве уште еден рецепт кој го обожавам:компирите ги лупиме и ги сечиме на подебели парчиња,ги вариме во вода со малу сол кога се готови ги ставаме во тепсија и тураме малку масло,вегета и (копар или копер зависи секаде различно го викаат)одозгора ставаме и неколку парчиња маргарин и ги печеме со повремено мешање околу 20 мин вкусот е одличен
     
  18. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.890
    Допаѓања:
    45.219
    Пол:
    Женски
    Компири бе, за со се ги бива.
    Јас ги јадам секакви, освен со месо во тава, не ги сакам такви.
    Омилен рецепт мој:
    -Неколку компри по желба,средна големина
    -зачини по вкус(јас ставам:вагета, сол, црн пипер, босилок, оригано, лук во прав, чили, кари)
    -масло и путер
    Прво ги лупите и ги сечете на половинки и ги редите во тавка, на секое парче одозгора му ставате малку маргарин или путер, ставате мешавина од овие зачните, убаво ги просипувате и истурате во тавката зејтин некаде до половина од компирите да дојде.Значи за овој рецепт треба малку повеќе масло. И ги ставате на 250 степени и печете додека не станат со коричка, крцкави.Ги вадите и по желба рендате сирење одозгоре.Послатки компири од овие јас немам јадено.

    Совет, вадете ги одма од тавата зошто ќе станат многу мрсни, и тавата одма потопете ја во вода, зошто тешко се мие ако ја оставите.
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  19. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    ова што ке го пишам не е рецепт туку нешто повеќе околу компирот се надевам нема да смета

    Многу луѓе мислат дека компирот е сличен на лебот, но вистината е поинаква. 100 грама компир содржат 86 калории, а 100 грама леб содржат 250 калории.

    Компирот содржи 2 пати помалку скроб од лебот, па затоа е одличен за исхрана на дијабетичарите. Тој е добар за луѓето што „држат“ диета, затоа што по мал оброк кој го вклучува компирот нема да огладнете брзо.

    Ако се земе во предвид дека на еден човек во зависност од телесната активност и физичката градба, дневно му се потребни од 1800 до 2300 калории, може да заклучиме дека би можеле да јадеме од 2,1 до 2,7 килограми компир дневно, а да не се здебелиме.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  20. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Вчера правев компир манџа со пушено месо. Превкусна беше. И пак ми ја пофалија моите. :D
    Вака ја направив.
    Во тенџере ставив масло, пушено месо исечено на коцки, 2-3 главици кромид, 3 бамји и една пиперка исечкани на кругчиња. Оставив да се прже ова, за тоа време ги исечкав компирите на коцкички. Кога зеленчукот и месото омекнаа ги ставив компирите, оставив да се пропрже 2-3 мин. па ставив 1 лажица брашно и 1 лажица црвен пипер и го оставив уште една минутка. После ставив домат исечкан на коцки, му потурив вода и оставив да се варе. Кога компирите омекнаа извадив неколку и ги изгмечив за да не биде многу ретка водата. Ставив исечкан лук и магданос, вегета, нане, сол и црн пипер и го оставив да врие уште 5 мин.

    Прсти да си излижеш. :wasntme:
     
    На enca.69, Annath и ludoto19 им се допаѓа ова.