Ваков период е, па имаме најразлични видови на овошје. Ми здосади така да ги јадам, кажете некој интересен рецепт
Се' од овошје Еве еден вкусен оброк. Рендате јаболко, ставате цимет и малце мешате колку да се соедини. Потоа додавате суво грозје. Превкусно е . Или пак, исечете портокали а во друг сад помешајте неколку лажици сок од портокал и неколку лажици сок од лимон + додајте пола лажичка шеќер и цимет зависно од количината. И потоа со ова прелијте ги портокалите. А еве еден пијалок што порано го правев. Ставаш млеко во чаша и потоа миксираш една банана во соковник и добиеното го ставаш во млекото. Промешуваш и готово е . А за диеталките, кога ќе ги фати криза некоја, можете да исечкате на парчиња праска пример и да ја ставите во замрзнувач. Откако ќе се замрзнат извадете ги, и спремни се за ,,грицкање''.
Се' од овошје зема банана испасирај ја и додади во неа на пример мелани ораси или рендано чоколадо. Многу е убаво
Се' од овошје Јас си правам овошни салати , сечам банана на кругови , праска на резненца , малини ,грозје ,сливи , или било кој вид на овошје и озгора цедам лемон , абе прсти да изедеш ......
Се' од овошје Денес налетав на овој рецепт, да не правев нешто друго, ќе ги испробав вечерва. Во секој случај, лесно и едноставно, изгледа вреди да се проба. Има и видео, да не го препишувам рецептот, ви ставам линкче Печени праски со фил од бисквити http://moirecepti.mk/recepti/peceni-praski-fil-biskviti/ http://www.youtube.com/watch?v=7oamBLwm ... r_embedded Сепак мислам, со сладолед од страна, подобро би идело. Иначе, овошјето можеш да искомбинираш во се. Испечи една кора пандишпан, измути едно пудингче и нареди му куп овошје, или пак можеш да измутиш сладолед од кесичка и на него исто така да му додадеш овошје по желба.
На нет најдов слика за колачи (или кифлички) со јаболка. Ме интересира дали можеби некоја го знае рецептот за смесата со која се премачкува тестото. Или пак, предложете некој ваш рецепт.
Ние дома рендани јаболка мешаме со цимет, шеќер и двопек. Па, со тој фил ги редиме корите.Корите се секогаш домашни. Ќе заборавев, пред да се стави филот на кората ,таа се попрскува со малку зејтин.
Колач со јаболка. 4 Порции: 3-4 јаболка се отплакнуваат добро, се сецкаат на пали парчиња и се ставаат на дното од една тава.(нема потреба од масло или сл. на тавата) Јас употребив четири јаболка, иако беше превкусно и нема некоја голема разлика, дали поради големината на јаболката смесата беше малку неразмерна па би препорачала и со три. Во еден сад мешаме со миксер неколку минути додека смесата не добие цврста форма: 50 грама шеќер. 60 грама бутер(мек) 90 грама Брашно едно лажиче цимeт. 1 јајце. Со зацврстената смеса ги полеваме јаболката и се става тавата да се пече во загреана релна на 180 степени околу 30 минути. Можно е да се исецкаат ореви и да се расфрлаат низ тестото или пак некаков друг вид на овошје(како кај мене). Ствар на вкус. Најчесто се послужува со ванилен сладолед. Брзо, едноставно и вкусно. (Додека го пишував постов веќе го снема )
Danichap вчера го направив блакцево ама дупла доза зошто ние сме јадачи на благо и наместо бело стави црно брашно го посипав одозгора со суво грозје и одвај ги сопрев ќерка ми и маж ми да не го испојадат цело тавче ! Предобар рецепт, а и брзо се прави ! :up: Оние кои не го пробале веднаш да го направат
Како се вика брашното што го користеше? Ја најдов интергрално,имаше два вида и незнаев какво да земам...
Јас имам дома на Жито полог ама незнам дали продаваат по маркетиве такво за бело сум сигурна дека има килско во Тинекс,Веро,Рамстор,зошто моево е 25 килска вреќа,можеш да купиш било какво само да е наше немој српско после аферава со брашново на чоек да му е страв да купи,инаку има една продавнишка за здрава храна која ја има на неколку локации зависи во кој дел на градот живееш,јас купувам во таа што е на зелен пазар.Да не испадне рекламирање ќе кажам дека се наоѓа во самото пазарче и таму има брашно и добро е што сите проиизводи им се со декларација и можеш да си земеш на мерење. Ако сакаш бр да ги контактираш пиши ми во лп да не ги рекламира тука
Пржена банана. Сецкаме една банана на ситни парчиња и ја ставаме во жешка тава со предходно стопен бутер. Додаваме малку цимет, оревчиња, мед, евентуално шеќер и потпржуваме неколку минути додека не добијат парчињата убава карамелизирана боја.(Постојат многу вариации со додатоциве, ствар на вкус и што имаме во моментот дома). Си испржив една банана за да го сефтосам рецептов. За неколку минути беше готово, нареден пат ќе ја држам уште минутка две подолго но и вака беше превкусно.
Јас видов некои рецепти на sezadeca.com го пробав конкретно Овошно Smoothie и ми се свиѓа многу еве ви го рецептот http://sezadeca.com/index.php/2012-11-1 ... 4-smoothie. Наредно го пробувам и шејкот од бадеми и јаболки па ќе ви пишам пак
Потпечен ананас. Имав еден ананас кои ми стои веќе подолго во кујна, беше веќе пред скапување, па за да го искористам експериментирав малку. Рецептот може со свеж ананас, но и со ананас од конзерва. Едно парче или околу 250-300 грама се доволни. Тавата нема потреба да се премачкува со ништо, парчињата ананас директно се редат а врз нив доаѓа преливот кој се состои од: 75 грама брашно 50 грама шеќер во прав 3 јајца ванилен шеќер пола пакетче пециво и една чаша од предходно изматен шлаг.(Јас употребив од доктор еткар со вкус на страчатела или мигдали , пола ја додадов во предходниве состојки за да се домати, а другата половина може кога ќе биде готов колачот да се намачка озгоре). Оние кои ќе употребат ананас од конзерва можат дел сокот да ги додадат во садот во кој ќе се матат состојките. Состојките ги мешаме и го полеваме ананасот. Се пече околу пола час на 180 степени. Малку ми подгоре на ќошето, ама немаше ефект врз вкусот, па порцијата и така си ја изедов Експериментот беше успешен.
Ова моево не е некој рецепт Настината сум, па измешав овошје што имам дома во моментов малку да ме освежи. Додадов сончоглед малку да ми крцка , и посипав со мед. Мене ми се допадна
Повторно рецепт со јаболка. Две парчиња измив и исецкав на мали делчиња, ситно исецкав и кромит и плус ситни парчиња сланина. Сето тоа се пржи во тава со малку масло додека не добие малку заруменета боја. Потоа смесата ја оставаме малку да се излади(до 5 мин.) и ја мешаме со нешто како густа павлака, или друг производ со слична масност . Додаваме малку биберче и сол. Јас додадов и малку лукче, оти нели здрав е , а и кога е во така мали количини дава мала префинета нијанса на вкусот. Целава смеса ја ставив врз тестото(во случајов е купечко) кое си го оформив како што е на сликата и го ставив да се пече на 200 степени околу 25 минути. Мене многу ми се допадна, а малиот ич не сакаше да проба. Не мешал сланина со јаболка Друг пат ќе експериментирам и ќе ја заменам сланината со нешто друго. Сепак послатко е кога двајцата јадеме