Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè од овошје

Дискусија во 'Рецепти' започната од cindy, 6 јуни 2011.

  1. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.797
    Торта со јагоди.

    Тестото е готово(опаковката му ја искористив како постоље). Јас го купив нешто помалку од едно евро, се надевам дека го има и низ големите супермакети во Скопје или другите градови.
    Едната кесичка од ДрЕткер ја изматив со млеко и ја ставив врз тестото. Тоа е уствари подлогата за вториот слој.(неколку минути доволни се)
    Настрана сецкам јагоди (пола килограм).
    И три пакечиња од тоа тортен гус ги ставам во вода со неколку лажичиња шеќер и полека мешам на рингла со умерена јачина додека не се добие зацврстена смеса. На секое пакетче пишува за колку мл вода и шеќер е наменето но ќе си гледате и од око. Јaс првен ставив едно пакетче, па второто го додадов и на крај и третото за смесата да ја добие посакуваната густина. (околу 5 минути доволни беа)
    Кога смесата ќе се згусти, го тргнав на страна и сецканите јагоди ги ставив во смесата и убаво измешав. Потоа со една голема дрвена кујнска лажица црпев од јагодите во смесата и ставав врз тестото, т.с врз предходно изматената смеса врз тестото.
    Се oстава да се олади, т.с да се зацврсти малку. За околу пола саат би требало веќа да се почне со сервирање.
    За оние кои сакаат многу брз начин да направат нешто благичко е одличен избор.
    Нас ни се допадна :P
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_4061.JPG
      IMG_4061.JPG
      Големина на фајлот:
      413,2 KB
      Прегледи:
      830
    • IMG_4059.JPG
      IMG_4059.JPG
      Големина на фајлот:
      302,1 KB
      Прегледи:
      831
    На MandyLane, Mishela, ivancekitty и 6 други им се допаѓа ова.
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Вчера правев пржени банани со шлаг и чоколадо.
    На тава ставив малку путер, 3 сечени банани по должина, 1 ванила, 3 лаж шеќер, малку сок од лимон и малку рум. Бананите се пржат додека не заруменат а шеќерот се кристализира и бидне како карамел.
    Ги ставив во зделица, одозгора ставив шлаг, течно чоколадо и наросив со сецкани лешници.
    Брз и вкусен овошен десерт.
    :!: ќе сликам нареден пат :)
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Masnickaaa

    Masnickaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2011
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    925
    Пол:
    Женски
    Ова не е рецепт. Ми се јадеше нешто благо, па ја направив следнава комбинација: исецкав една јаболка на мали коцки, една банана на тркалца, додадов малку ореви, и ставив малку џем од сливи, измешав се убаво, мене ми се допадна, беше одлична енергетска бомба :D
     
    На luna. му/ѝ се допаѓа ова.
  4. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.733
    Допаѓања:
    145.137
    Се од јагоди

    Еве ролат со јагоди , не сум го правела па незнам да ви кажам, мене највкусна ми е тортата со јагоди, но рецептет го немам во моментот.

    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
    500 грама Шлаг
    2 Шекер лажичка/ки
    1 голема лажица Шеќер во прав
    малку Прашак за пециво (1 лажичка)
    1 Кора од лимон
    2 Густин Лажички
    30 грама брашно
    500 гр јагоди
    6 Јајца

    ПОДГОТОВКА:
    Жолчките заедно со шеќерот изматете, па во таа смеса додадете брашно помешано со прашок за печиво. Во смесата додадете густин и ситно изрендана кора од лимон, па сè добро промешајте.
    Смесата ставете ја во тепсија врз кујнска хартија и печете ја околу 20-тина минути на температура од 180 степени. Кората заедно со хартијата на кој се печела, малку наквасете ја со вода па оставете ја да се олади.

    Подготовка на филот: Јагодите добро измијте, исчистете и ситно исецкајте ги. Половина од јагодите измиксајте ги, а другата половина оставете ја исецкана на парчиња. Изматете гo шлагoт со шеќерот во прав и исецканите и измиксани јагоди, па сето тоа премешајте го и оставете да отстои околу 20-тина минути во фрижидер.

    Оладената кора премачкајте ја со масло, потоа на неа нанесете фил, па внимателно завиткајте ролат со помош на фолија. На крајот ролатот премачкајте го со шлаг пена, а на врвот на ролатот како декорација додадете неколку цели јагоди.
     
  5. Divajn

    Divajn Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    225
    Се од јагоди

    Охоо имам еден тон комбинации од кои најомилените ми се:

    1. Јагоди со чоколадо
    - топите чоколадо за готвење ( јас преферирам црно со над 70 % какао ) на пареа, ги макате јагодите до половина ( или цели, по желба ) , ги оставате во фрижидер да се стегне чоколадата и voilà , имате прекрасен десерт. Исто имам пробано прво да ги премачкам со Нутела, па потоа во чоколадо, така се уште поубави.

    2. Смуди од јагода
    - во блендер ставате јагоди, нискомаслен јогурт и некој засладувач ( јас му додавам стевиа, но може и лажичка мед или шеќер ), а вака како за летниов период можете и неколку коцки мраз , и блендирате кратко ( ако сакате да ви останат по некои парченца јаготки ) или дур не стане хомогена смеса :)

    3. Милкшејк од јагода и банана
    го преферира дечко ми :D
    Блендирате млеко, јагоди, банана и ванила , е сега ако сакате да ви се осеќа повеќе вкусот на јагоди немојте да ставате цела банана, нека ви биде односот банана : јагода = 1 : 3 или 1 : 2 ( во спротивно од јагодите ќе ја добиете само розовата боја на шејкот :D )
     
    На luna. му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    5.194
    Пол:
    Женски
  7. kuks

    kuks Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    Torta so jagodi
    1 pakovanje gotovi kori za torta
    1 hopla
    1 tegla slatko od jagodi ,moze i svezi
    Se obrabotuva hoplata potoa se redat korite i se premackuvaat so hopla a potoa so jagodi i taka so site kori .. prelesna torta i ne e skapa bez pecenje !! probajte ja ke vidite
     
  8. xoxolea

    xoxolea Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    79
    Гратинирани јагоди/малини

    Гратинирани јагоди/малини

    Еден од моите омилени десерти,за кој не најдов тема :) Лесен за правење,одличен ако сакате здрава храна...

    За 2 порции потребни ви се:
    2 јајца
    75g шеќер во прав
    200ml слатка павлака
    кафен шеќер
    320g јагоди или малини

    Ставете јајца,шеќер во прав и ванилин шеќер во сад,мешајте со миксер на максималната брзина за 15 минути. Ставете ја слатката павлака па мешајте уште 10 минути. За тоа време,исецкајте ги јагодите на четвртини,а малините можат да се послужат цели. Истурете ја мешавината над овошјето. На се тоа истурете го кафениот шеќер. Се јаде веднаш.
     

    Прикачени фајлови:

    На luna. и Dog-lover им се допаѓа ова.
  9. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.712
    Пол:
    Женски
    Шлаг со јагоди.
     
    На KuklickaMoja, Lovelybaby<3, Soncence3 и 2 други им се допаѓа ова.