1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè се трпи за убавина!

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 31 октомври 2011.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Хах баш прееска ја изговорив реченицава и се присетив на ситуации кога сум го рекла ова.
    Верувам дека секоја девојка се нашла во некоја ситуација кога или го рекла ова или пак и да не го изговорила трпела за убавина.

    Зборот ми беше прееска носев плетено капче и челото ме чешаше од плетката но си реков трпи за убавина ќе помине. :lol:
    Сте трпеле вие до сега нешто? Ми текнуваат неколку примери.
    Чевли на огромна потпетица, вие одвај стоите на нив, ама сте ги купиле ќе ги носите и крај.
    Или тесно фустанче, кое ќе го носите па што сака нека биде, убаво изгледате во него иако може да пукне.
    Или не е облека но ете ставате трепки на очите, ви сметаат, ви солзи окото, но за убавина се се трпи.
    Имате фризура каде темето ве боли, шнолите ве стегаат ама ќутиш.
    Некои луѓе ги чешаат нозете од хулахопки и пак носат. Други се алергични на сребро и бижутерија ама пак ја носат со можност да се исфрлат.
    Или знаете ќе смрзнете надвор и минусна температура а вие краток фустан, тенка јакна која ви одговара и трпите и студ и можна настинка, се за убавина.
    Сигурно ќе се сетите на други примери.

    Или сепак не се трпи за убавина? Ви сметаат трепките истата секунда ги вадите? Чевлите никогаш повеќе не ги носите? Фустанот го подарувате. Ви студи зимате најдебела јакна сеедно што не ви одговара...

    Дали вие трпите непријатности за убавина :)
     
    На Struma55, lovely91, eli25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Се се трпи за убавина!

    Охоо, не да трпев. Особено неудобна облека и високи потпетици. Ама ми се допаѓаше како ми стојат, и ја занемарував нелагодноста и болката. Траеше тоа неколку години, и ми пукна филм. Заради тоа што по секоја цена сакав да ги носам тие парчиња, не можев асално да се журкам. Излегувам, нозе ме кинат уште у старт, едвај се наведнувам зошто фармерките ми се тесни, страв ми е да земам воздух да не ми прсне некое копче од кошулата.

    Прво ги заменив тесните маички и кошули со пошироки и удобни, високи потпетици носам апсолутно кога морам, а 90% од времето сум со ниски обувки. Единствено од фармерките не можам да се откажам, иако тесното прави целулит, ама барам модели што се поеластични и удобни.

    Се трпи до одредена мера. Ама не можам да трпам по цена да не уживам кога излегувам навечер, или недај Боже да си направам некој посериозен здравствен проблем. Сепак, за убавина секогаш мора да се прави мала жртва, макар било тоа и болката при депилација.
     
    На Trendafilka, Strumfeta93 и rossonerka им се допаѓа ова.
  3. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    Се се трпи за убавина!

    Аххх колку пати само сум си ја изговорила реченицава :) Женско како женско,што се не трпи за убавина.На пример за интимна депилација,нели освен од хигиенски причини се депилираме и затоа што изгледа убаво,средено а болиии :worried: (а да се бричам мразам)е тогаш секогаш си викам трпи тинкербел за убавина.Исто кога одам на чупање,уф колку непријатно чувство,ама кога се ''мора'' :wasntme: Или штикли,е тоа ти е пример број 1 за трпење за убавина.Или штикла 12 или неудобна стега,боли :doh: АМА убави се :!:

    Дали вие трпите непријатности за убавина :)
    Да трпам за убавина :makeup: но,сепак до одредена граница,зашто сепак сакам да уживам во она што го носам.
     
    На Jowe и Struma55 им се допаѓа ова.
  4. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.076
    Се се трпи за убавина!

    :D И јас често си велам така :D
    Особено кога треба да се издржи за штикли или ако е многу ладно надвор ама сум наумила да го носам и точка.Моите често ми велат-абе облечи пониски штикли или облечи се надвор е ладно,ама јас често сум им велела-Се за убавина,мора да се трпи :P
    Е сега екстремни некои ситуации не.Сум гледала млади девојчиња на минусни температури шетаат од кафич во кафич со голо меше и минич ,ова освен што е невкусно ,не ми е во ред,грдо изгледа :^) До толку не сум,си го припазувам здравјето,без боди никаде :!:
    Ми се има случено неколку пати да си купам чевли кои многу ми се допаднале ама да го немало моето бројче 38.Сум земала 37 или 39 само да ги имам.Потоа дечко ми ми вели-немој да те чујам дека ти се тесни или широки :!: И така јас си трпам кога искачаме се додека не се издржува навистина ,особено со помалото бројче :sweat: ,па скришно ќе ги однесам на чевларот во Лептокарија да ми ги прошири :lol: Знам дека не е во ред,ама ја си велам за помалото бројче-ќе се рашири со носење а за поголемиот број ставам влошка :wasntme:
    Тесни работи,непријатни материјали кои ми се неудобни,не можам да ги истрпам.
     
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Се се трпи за убавина!

    Не се трпи,освен кога се работи за хигиенски навики ко депилација и слично.
    Не трпам! Ако за некого животот е поза,за мене е навистина живеење и доживување без лимити.
    Не носам ни потпетици што ме жуљаат. Ми се случи во далечната 2007,летно Колосеум,ми пукна филм од сандалите од матура,ги соблеков,боса излегов од дискотека,по градски парк и дома и ич не ми беше гајле.Од тогаш ниту еден моден бес или предмет не ми излегол на патот.
    Ни кон овие трпачиве немам некоја особена почит. Као знаеш сега сум тооооп и сум центар на светот,сите очи се вперени во мене и сум најпопрекрасна ако не на светов,ама во просторијава сигурно. Е тие опасни девојки,можете да ги познаете го укочениот став,ѕенѕањето у место и задолжителната патка фаца со напрчена уста!
    Не,сериозно...како да ја прифатам ко човек кога мора да е изузетно глупа да мисли дека неудобните штикли,надградбата која кубе,најлон чарапата која ја мрзне ќе и донесе нешто у животот или убаво ќе си помине вечерта?! Па нека се моли дека ќе ја частат пијачка за да и ја спаси вечерта...Стварно се чудам што е за нив добро помината вечер при сето тоа мачење. Сите викторијански лепотици!
    Сериозно мора да ти фали некој шраф у главата за да бидеш толку плиток.
    Ете затоа избегнувам места ко Стоооби,ко Чааааао,знаете,на тие места све се такви. Под таа магија да не сакаш утредента да ја видиш.Дур се монтира до саканиот изглед,ехееее...
     
    На pamelche, kate-the-great, Annath и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Argasi

    Argasi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    278
    Се се трпи за убавина!

    Спремај се, дотерувај се колку сакаш на крај краева не е ни толку важна таа шминка и облека кога некој ќе те соблече. :D
     
    На MarchelineAmaru, srcekrsacka, Beauchamp и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Се се трпи за убавина!

    Сум трпела само болки од високи потпетици. Мене парчиња не можат да ми бидат тесни, само широки можат да ми бидат. Некогаш дури и XS ми е големо :D . А чешања ич не можам да трпам одма драпам, затоа не се ни осудувам да облечам нешто што ќе ме чеше. Удобноста на прво место. Добро де, не ни излегувам по дискотеки, кафичи да се качувам на високи потпетици, одамна не сум почуствувала никаква болка. Кога е ладно, обавезно топла облека, пари да ми дават на хулахопка не излегувам. Мразам болка, никогаш нема да ја трпам за да бидам убава. Јас и така природно сум си убава :wasntme: ( :rofl: )
     
  8. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    11.127
    Пол:
    Женски
    Се се трпи за убавина!

    Ова најчесто го трпам :)
    Што да се прави мора за убавина :lol:
     
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Ве молам надредно знакче на првото Сѐ. (треп треп)
    :)

    Оваа реченица ми е чкртната од список одамна.
    Како поминува времето, така сѐ повеќе ставам акцент на удобност и лежерност.
    Мразам стегнато, мразам превисоки, неудобни потпетици, па тежината ја преместувам од една на друга нога и офкам ко лудача, бројам секунди додека не стигнам дома.
    Надградба на трепки - еднаш.
    "Девојко, можеш да ги носиш и до три недели."
    - А како ќе си го измијам лицето? И како ќе си ја извадам шминката, посебно сенките?
    "Аааааа, епа внимателно, со чепкалки за уши. И немој да го квасиш лицето при бањање, ќе ти падне така лепакот."

    :^)
    Ма немој молим те.
    Ќе шетам крастава и немиена во лицето три недели, за да трепкам со вештачки натстрешници.
    :wasntme:

    Пфффф... во ист кош ми се надградба на нокти, екстензии во косата со клипови, со шиење, со што веќе не.

    Абре зашто се измачуваме жени?

    Кај ми бил паметот кога сум излегувала со некои тенки јакнички, само затоа што ми одговарале на некои си чевлиња или каиш, а тоа надвор -5 степени? :headbang:

    Кога излегувам сакам да се чувствувам слободно и удобно.

    За една свадба купив нови чевли, се покажаа крајно неудобни и сега си чмаат во подрум.
    Не ми е гајле што се носени само еднаш и колку се прекрасни.
    Нема да си жртвувам стапала и вени за неудобни штикли. НИКОГАШ. Точка.

    Златно правило на концерт - врзувајте си ја косата бре.
    Кај има гужва, станува топло и се потиме сите, момата се размафтала чиниш Лени Кравиц ќе се симне од бина, да ја гушне неа и нејзината гривна во заносна прегратка.
     
    На pamelche, Annath, LittleDevil и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Секогаш кога одам на депилација се потам и си викам аууу шо сѐ мора да се трпи за убавина :sweat: :D
    Немам чевли што ми се неудобни него не сум навикната на високи да одам и си викам збори Душице за нешто друго да не мислиш на болката . Па така често сум се враќала со балетанки кои ми биле во ташна , се трпи ама дур може .
    Имав и јас како Росонерка една капа што ме чешаше од неа челото ( и погоре, така му доаѓа валда) и се чешав како ненормална и ене ја стои во плакар .
    Ама да искочам на -50 со тенки хулахопки и фустан или сукња не можам да сфатам . Имаш фармерки , хеланки ( под нив хулахопки ) .. Јас чекам да е потопло , не би после бурна саботна вечер да имам температура . Забегав од темата .
    Битно трпам за убавина дур можам да трпам , после ? После ич не му ја мислам .
    Мада имам идено и јас како Лилит боса еднаш два пати .. :wasntme:
     
  11. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Не сум до толку ''болна" за убавина. Траам на пример денеска кога ставив глинена маска и ме чешаше лицето бидејки се исуши па истрајав 10 минути иако ми одеше на нерви. Траам и високи потпетици и тоа е се. Инаку за материјали и такви глупости или некои модели на облека кои се неудобни не ги траам. Колку и да ми се допага некое парче облека, ако не е удобно не го купувам. Се наога многу лесно удобно и убаво парче гардероба. :) Зборот ми е не сум роб на убавината ако може така да се изразам. :D
     
  12. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Денес на овие зрели 27 :) трпам само кога морам,а тоа е кога одам на депилација.Дури го кажам зборот мислам дека и сега доживувам тортура од восок и истегнати влакна. :doh: Ама трпам.
    Кога бев во средно ги трпев и високите штикли и едвај одев со нив,а бога ми и кога излегував сред зимо со кратки фустанчиња и гола половина како шо би рекла баба ми.
    Сега носам високи потпетици ама повеќето ми се удобни а тие што не се ги одбегнувам или ги облекувам кога знам дека нема да сум долго време на нога,па не сум имала проблем.
    Последен пат пред едно две-три години трпев и престегнат фустан.Бев на роденден кај една другарка и неколку дена пред тоа баш тој ми се уврте во глава си направив комбинација се точно и како ќе носам, не мислејќи дека и килце-две повеќе фустанот би ми дошол малку тесничок.Ама,комбинацијата веќе ми беше направена во главата и мораше да биде и материјално доживеана.
    И го закопчав некако,ама-не можев да дишам.Едвај дишев ама многу бев убава :emo: :D
    После лудите тинејџерски искуства,сега си носам тоа што ми е удобно,разголени фустани не ни погледнувам за излегување во зима,а често знам на денско кафе да си облечам фармерки и патики.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Богами трпам за убавина кога ми е косата собрана високо во реп со ластикце..минатиот пат ептен ме стегаше,дури неможев да се смеам бидејќи ме болеше горе кај главата :^) ...и после кога ја пуштив косата мислам уште повеќе ме болеше :sweat:
     
  14. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Си викам дали си била Несреќичке нормална кога дремеше на Рекорд за Нова Година со саати чекајќи се со друштвото на таа штикла превисока, со таа сукња прекратка, со тие хулахопчиња и кратка јакничка. А убаво си ми викаше мајка ми да си носам капут, ама не, да се гледал карнерот на сукњата |( . У мода беа де, а јас бев као у некој фазон и си викав смрзни, пукни, ама мора да бидам најдобро облечена. Наредни два дена од тоа штиклите не можев да одам нормално. Детиште.
    Сега далеку сум од ова. Штикла носам само за вечерно излегување и за свадби, претежно си носам патики, ниски чизми или балетанчиња. Со тесно, не сум имала проблем, секогаш купувам пошироко затоа што сум многу слаба, ама затоа половината ќе ми наплати за сето тоа време што не ја покривав.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. barbie-hilton

    barbie-hilton Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    Еееххх женска луда главо.. Депилацијата секој месец не ја ни спомнуваме веќе навика ни стана ма да некогаш па колку боли па чудо едно да ти се плачи до плачење тогаш најмногу си велам трпи за убавина.. Носот го направив операција за пуста убавина среќа што не болеше, ама пак досадно еден месец со завои потечена цела едвај дишиш со тампони в нос права зомби абе жив хорор... И тоа за убавина.. ами надградба на коса кога ќе ми ја шијат 2 саати ми се плачи па фарбање па дрн мрн ууфф појде цел ден се за убавина.. уште што ли не ама то тие жени луди глави :) .. среќа што можам да носам високи потпетици скокам трчам со нив ако сака нека се 20цм ;)
     
  16. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    301
    Мислам дека на секое излегување истиот муабет го зборувам :)
    Нозете болат од превисоки штикли,
    стомакот боли бидејќи мора да биде собран и стегнат цело време,
    некогаш ако сакам нешто да носам ма ќе го носам ако треба и да смрзнам цела вечер, или обратно.. и да ми биде топло ако сакам да носам некоја блуза на пример ќе ја носам! :)
    Потоа исто така трпам да не јадам се што ќе ми посака душата бидејќи нели ТРЕБА ДА СЕ СЛАБЕЕ!!!
    А како што се лепи се на мене, морам ептен да внимавам... :(
    Ете сега си седам пред компјутер, стомакот ми кркори ли кркори тоа серенади свири, ама јас со шише вода покрај мене одма ќе го средам :D
    Ах жени... :D
    Барем се тешам со фактот дека сите скоро трпиме болка во нозете само за да бидеме на повисоко.
    Иначе среќа во последно време почнав да си пронаоѓам штикли што се повисоки ,но сепак не ме болат нозете кога ги носам :D
    Што друго трпам?
    Аааа да депилацијата секако, ама тоа некако навикнав дури не ни се сетив на неа се дури не прочитав од другите девојки :)
    Трпам секој ден да станувам еден и пол час порано пред да одам на факс за да си ја средам косата и да се нашминкам и да најдам што да носам бидејќи нели женско си мораш да се средиш. Не смееш да бидеш два пати облечена исто, па и тоа трпам да дремам секој божји ден пред шифоњер едно 15 минути (а пред тоа уште едно 15 дури да се расонам :D ) и така си кратам од сонот! :)
    Од толку трпење , ќе отрпниме еден ден :D
     
  17. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.607
    Пол:
    Женски
    И јас сум за тука :)
    Сите најчесто за штикли,јас дека не носам тоа,поточно ретко, за друго "ќе си се пофалам".
    Си излегувам надвор по хеланки,а уствари се правам мразулка на - незнам колку. После,на исто толку степени само со едно летно јакниче,а зошто така,епа убаво ми стои така де,ако облечам свашта на мене ко надуено топче ќе бидам. :worried: Сепак ако,ќе си мрзнам ја важно добро ми стои така.
    Боди,не сум облекла,па што дека де,важно да ми иде во комплет облеката,а ако надвор е -10.
    Интимна депилација,ауу па мора,како тоа,мазна да си бидам на подолг период,да не си се замарам,ќе трпам бе ако,нека ме корнат на козметичар,дури и 2 влакненца да имам :!: Мора за убавина,се да се трпи,како не требало.
    One more>Пак со ладното јас :rofl: Па највеќе на тоа се праам пуфла. :^) Сум си облекла кратки чорапчиња а,не да ми дувка во нозињата,нема везе,не облакам вуна чорапче,да ми извира надвор од патиката,неубо е :( или ај само оваа вечер.. а уствари цела зима :)
    Толку ми текнуват. :wasntme:
     
  18. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.165
    Допаѓања:
    23.020
    Пол:
    Женски
    Најмногу шо сум трпела е за штиклите, за ништо друго, стварно имав јаки болки ..и дома се вратив со крв, и сл :D , и од тој ден си носам в чанта пупиња римјанки чизми ниски, зависи од годишното време :D ..за да ги сменам на бегање оти ептен не се издржва. :)
     
  19. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Зависи, како за когo!
    Јас не трпам екстремна болка како на пример пластична операција!
    Свесна сум дека немам убав нос, но не би подлегнала на хируршки зафат за се не светот!
    Плус мислам дека така ќе се изгубам самата себе, да 5 милиметри не значат многу, но каква сум таква сум, самата си се сакам, и научив се повеќе со текот на годините!
    Трпам од хигиенски аспект: депилација :doh: Не да боли, мамичка тајно си ја повикувам, па и некоја сликичка пред мене од господ у пижамчиња, за овие 3-4 години на редовно депилирање! :$
    Некои велат целта ги оправдува средствата, јас не ја подржувам потполно оваа реченица!
    НИкогаш не би сторила нешто со што ќе го го променам личното јас, тоа што ме прави јас, препознатлива и тоа што го сакам, па не убавина, па 100 000 000 евра, нема ни да ме замислат! :)
     
  20. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.083
    Допаѓања:
    20.846
    Пол:
    Женски
    За овие работи имам Трпено за убајна! шо се вели :lol: ама последниве 2 години се помалку "трпам". Не поднесувам нешто да ми смета цело време, да ме боли, да ме стега, да ме чеша... гледам да ми е удобно пред се и пријатно во се што ќе носам. Изгледа со годините така си иди :rofl: 22 имам не се многу ама сега поинаку гледам и размислувам за многу работи :!: Една работа што ми има останато е да ги трпам обетките (бижутерија) ма колку и да ме болат дупчињата од ушите јас трпам не ги вадам од мене :lol: ете така.
    А не ја спомнувам депилацијата на интимната зона :worried: