1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè се трпи за убавина!

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 31 октомври 2011.

  1. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Се трпело,сега малку помалку :P
    Единствено што можам да истрпам се штикли.Не искачам многу ,обично до кафанка и после на по е дна пијачка,така да не ми смета дури и да се потесни штиклите тогаш.Ама затоа на некои прослави како свадби,стискам заби :doh:
    Не трпам ладно и не ми е јасно кога ќе видам девојче со скаено палтенце зимно време на минусни температури.И јас во пубертет сум се правела фраерка 8) .Ама сега ми дојде памет,мора да се чува здравје :wasntme: Ми текнува,дека моите пред искачање ме проверуваа дали носам долна маичка или боди.Јас нормално не носев па ме тераа да ја облечам.Кое фајде кога ќе тркнев кај другарка пред искачање и ја соблакав бе :D Ау детски памет.Сега без боди и хулахопки ни под разно.
    Друго што трпам е и депилација,ама ова веќе ми стана навика .Не трпам залепени блузички или пак фармерки помал број кои ужасно ме стегаат.Исто не трпам надоградени нокти и трепки,како и коса врзана во реп високо ме боли главата :^)
     
  2. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Како помала т.е. во средно трпев се, сега веќе не. Од кога тргнав на факултет, па го завршив па и ден денес за убавината не трпам (освен некои ретки случаи). Високите потпетици ги заменив со ниски :lol: , за облека се облекувам погодно според температурите надвор, не би трпела ладно само да бидам модерна или нешто да ми одговара, тоа го правев само кога бев дете.
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Ова ми е вечен конфликт. Сакам да изгледам убаво, сакам да облечам високи штикли, кои по дифолт се неудобни. Е сега, колку што ми е важна убавината, толку и мразам кога ми е неудобно, кога нешто ме стега. И кога ќе облечам нешто неудобно, а знам дека ми стои убаво, ем ми е убаво што сум убава, ем се нервирам што ми е неудобно и зошто така сум се облекла. Како и да го свртиш не ми е по ќеиф.
    Тоа е, истото за се ми се случува. Ама се научив некако, па решавам дали ми е поважно вечерта да изгледам убаво, или да ми биде удобно. Ако се решам за тоа или за тоа си викам нема нервирање, така сум решила и точка ставам.
    Или пак наоѓам на пример не толку високи штикли, ама да ми се свиѓаат на изглед, па и тука си правам некаков компромис.
    На крај ваљда ќе испадне дека чат-пат си трпам, чат-пат не. :)
     
    На sweet-star и eli25 им се допаѓа ова.
  4. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Не дека не сум се нашла во ситуација да трпам за убавина (пр. депилација :devil: ), но сепак во повеќето случаи бирам удобност отколку убавина!
    Искрено, мене не ми прави ќеф да се мачам со високите штикли за д бидам убава, не ми се трпи тесната маица од никаков материјал за да изгледам секси, не ми се трпат огрооомните тешки обетки за да бидам забележлива! Веќе не ми се трпи, а сум трпела некогаш :!: !
    Кога веќе треба да направам избор од убавина и удобност си одбирам удобност бидејќи и чувството на задоволство од мојот изглед брзо ќе ме напушти кога ќе почнат да ми сметат непријатните парталчиња врз мене!
    Најчесто сум се трудела да трпам за убавина кога се во прашање високите штикли! За на работа ќе се осмелам да облечам некои повисоки и цел ден ќе си ги жалам нозете и грбот дека ме болат и ми е тешко! После неколку непријатни искуства научив дека попаметно ми е да си ги носам удобните штиклички со помала штикла отколку високите во кои сум позгодна ама па понепријатно расположена!
    Понекогаш облекувам некои неудобни штикли, но знам дека сум излезена на вечера и цело време ќе седам, е тогаш се трпи...всушност во такви случаи и нема што да се трпи бидејќи избегната е болката од високите штикли :wasntme: ! Не дај Боже вечерта да заврши во некоја дискотека, е тогаш ќе сфатам колку се трпи за убавина :worried: ! :rofl:
    Искуството ме научив дека не се трпи секогаш за убавина, за се треба да има одредени граници!
     
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Кратко и јасно - Зошто да трпам, маж да не ме остави, дечко ми избега :D или неможам да си фатам дечко. Не трпам.
    Не патам од помодарство али поштујем моду :) до каде што е за мене прифатливо. Едно е да му поминало модата на некое парче па си стои во шифоњер а др. е да го купам, да не ми е удобно, да не се убаво чувствувам во него и да чека да го носам зашто така вели модата а јас ќе сум поубава :) . :x Јок!
    Па после жуљеви, алергии, преладени јајници, попуштени вени и остали зафрканции затоа што сум била роб на некое парче. Не, благодарам, јас нема да ја платам таа цена.
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    И тоа како знам да трпам за убавина. :lol:
    Прво - штиклите.
    Второ - интимните депилации.
    Трето - тесна, неудобна облека. (што потесно бре)....

    На зима не излегувам со најлон холахопка, гледам да сум повеќе облечена.
    Вештачки трепки, нокти...итн...не редам.

    На крај се прашувам - вредеше ли сета мака? Вредеше само за да бидеш видена? Вредеше само за неговите очи?
    Се` повеќе гледам облеката и се` за убавината, да ми бидат полежерни, понормални, а сепак секогаш да сум средена и уредна. ;)
     
  7. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Не си жртвувам палци за штикли со кои не можам да се движам, ниту пак се мачам со тесна облека само да не ми се познава стомакот. Нема теорија... си се сакам оваква природна каква што сум си.

    Тука не се важи депилација, Mkey? :D
     
  8. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Да бе да, трпам.

    Оно на -10 носим јакницу од пупка нагоре закопчану до носа, да се не прехладим, зато што је то феш’н бејбе!
    Молим акцент да се удри на муабетот у песнава :^)

    Сум трпела веројатно кога сум била млада и автоматски нешто поглупа :D
    Еднаш бев не толку глупа колку смотана што обув кондури кои беа толку тесни напред ама убави брате :emo: , а јас јаката фраерка пешки во нив на некои скромни 10 степени и чуствувам после пола саат нешто ме боли. Па почнува очајно да ме боли. Па ептен да ме боли ама си викам кај да собујам сега на ладново штикливе бре? Ќе настинам. Со стиснати заби стигнав дома за да откријам дека толку ми биле тесни чевлите што ми ги натиснале прстињата и едново нокте ми се зарило во соседното прсте. Собувам и што ќе видам, крвишта сегде! Ете што ти е круна на трпењето за убавина, ве замолувам да ми ја доделите :D

    Не! Не трпам и не намеравам да трпам. Иако некогаш несакајќи се случува (како горенаведениот пример). Јајниците ми се мили, значи ако не сум асално облечена со термо дебели хулахопки не облакам на ладно кратко сукњиче ниту фустанче.
    Си ја покривам половината фала Богу! Порано не знам како сум излегувала со кратки јакни и цело време ко деген ја тегнеш, ти студи ама неееее - фино изгледа, битно горе да има огромна капуљача ко на Џеј Ло во спотот и да изгледа убаво а што е непрактична и ич не грее кај што е најбитно да грее, тоа е друга работа!
    Прочуената Калајџиева од ЈБТ ме освести кога ме виде таква пред школо, се сеќавам до ден денешен кога ми рече - девојче ти сакаш ли да раѓаш еден ден :( И си беше во право жената. Ти се плукнам во пубертетот!
    На место е муабетот на Лилит, најубаво изгледа цура која се чуствува природно во она што го носи. И кога се гледа дека и е удобно. Неудобни чевли не носам, не носам штикли во кои можам да изгледам како Дарко Панчев да го ставиле намодна писта, уметоци во коса ми се непознат поим, а исто така и надградба на нокти мразам - да не може човек ни садови да измие а ниту да си го избрише газот - јас барем со долги нокти се чуствувам како да имам туѓи раце. Плус според мене оние претерано долги нокти кои јас ги викам канџи со туфници и шљокици ми изгледаат толку кичесто, не ми се дури ни поим за убавина. Не ги сакам што да правам :( И не разбирам како некои девојки свесно си ги уништуваат сопствените нокти а ставаат гел надградба која ако ја извадиш можеш директно за глава да се фатиш :(
    Исто не ги разбирам оние младине девојчиња кои се опнуваат во неудобни 15ки штикли на кои плус и не знаат да одат. Веројатно некој им рекол дека висока штикла е секси.
    А тој некој заборавил да им каже дека истата таа штикла изгледа секси само кога знаеш да одиш во неа како дама, не ко да сум после масовен генг бенг, па шантраш тука лево десно, спушташ прекраткото мини сукњиче, се тетеравиш, гледаш лево - десно дали некој те забележува и изгледаш смешно, а не убаво.

    Се што купувам гледам да е убаво односно мене да ми се допаѓа но пред се да е практично, ако не е практично и ако е безнаменско - ич не го ни купувам и не трошам залудно пари на такви парчиња.
    Затоа внимавам чевлите да се удобни и квалитетни и ако е веќе голема штикла барем да знам да одам и играм во неа, инаку what's the point? Јакната да е топла, капчето да ми ги покрива ушињата, шалот да ми го топли вратот, хулахопките да се термо. Барем денес мислам дека има голем избор на облека која може да е и практична, и удобна а и да изгледа убаво.

    Оу да и последно што трпев за „убавина“ беа вештачките трепки. Никад више! Едвај ги извадив, едвај паднаа па и неколку мои трепки отидоа. За греотка. Ама ај, за памет ми е! :D

    Така да богами не се трпи се за убавина, не.
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.669
    Ги читам вашите мислења и се чудам колку ние женските сме комплицирани и колку само жртвуваме за да изгледаме убаво. Би сакала да кажам дека не трпам, но нажалост не е така.

    Главниот проблем: депилацијата чиста среќа не ми претставува голема болка и тука можам да кажам дека не трпам многу. Не сум некој љубител на штикли и до сега не сум имала некои особени проблеми со тоа, но со тесни чевли ДА. Обично кога носам некои неудобни штикли или чевли гледам тоа да е на некое место каде што претежно ќе седам за да избегнам секакви непријатности.

    За гардероба носам само облека во која се осеќам удобно, значи и тесно и кратко али се разбира до одредена граница без страв дека нешто може да ми испадне или пукне. Е сега се случува некогаш тотално да утнам и да се облечам полесно, а надвор дури и Финците носат јакни, па да се тресам од ладно или обратно. :fubar:

    Порано ми претставуваше проблем тоа што се исфрлав од бижутерии ама си најдов лек (ги поминувам со маст хлорамфиникол) и за тоа па така денес си носам обетки колку ми душа сака.

    За тоа колку ме боли коренот на косата кога ја носам затегната не сакам ни да зборувам или пак кога случајно ќе скршам некој од долго чуваните и растени нокти ;( Или пак колку ме болат рацете додека ја пеглам косата....

    Кога ќе видиш никој не ме тера на тоа, ама пусто сум си врзала во крпче дека таква сум поубава и така си правам. Не се жалам, за мене тоа се слатки маки - јас барем така гледам на тоа :) 8)
     
  10. Sm.real

    Sm.real Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    64

    Добро да,ама ако за некоја пригода сакаш некого да воодушевиш,да ги оставиш луѓето со подотворена уста или па едноставно да се скоцкаш убаво ете за себе,ќе бидеш главна тема прича вечерта(па макар и преку ден,едноставно привлекуваш внимание не остануваш незабележана) нема да се чуствуваш јако,самоуверено секој твој кажан збор да биде слушнат од сите,сите погледи да бидат вперени кон тебе ?
    Ма која девојка и да вика јас немам потреба од внимание ,ги лаже другите или уште полошо самата себе.Јас не викам дека 24/7 треба да се биде модерна ама сепак и не треба да се забпостави ептен изгледот,има пригоди кога можеме да се облечеме удобно а воедно и модерно,не треба да биде тесно и да не отцртува за да бидеме во мода ! Тоа е мое мислење. :!:

    Инаку,да не бидам офф топик да си кажам со моите 16 години и не трпам којзнае колку,само едни високи штикли и чат пат некоја неудобна блуза која повеќе ми одговара со комбинацијата.
     
  11. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Е се трпи, се трпи!! :D
    Нови штикли, ги облекуваш и сфаќаш дека не се толку совршени како што изгледаат. Ама ги носиш и покрај фактот дека ножните прсти се целосно угнетени!
    Фармерките кои се еднаш облечени сега се веќе теснички, но баш такви ти одговараат. Па сега, ако стомачето малку се стегне тие ќе се закопчаат... А побитна е комбинацијата секако.
    Среброто ти создава чешање и алергија, но злато не одговара, а бижутерија не сакаш да ставиш.
    Нема врска чешањето, важен е убавиот изглед.
    На новото фустанче ти се познава стомаче. Секако дека нема да облечеш ништо друго. Ставаш мидер и иако тој те прежилува го носиш, зашто фустанчето налага рамно тело.

    Или од оној друг тип убавина: мазно тело.
    Депијалцијата нема за кого не е болна. Каква и да е, боли. А повеќето одиме!! Па нормално дека не сакаме да изгледаме како мајмуни во костимите за капење. Тоа што боли, ќе помине, битно е да нема влакна кои ѕиркаат.

    И трошењето на облека. Иако знаеш дека тие пати ти се за до крај на месецот, многумина би избрале парче облека и за него ќе дадат четвртина од парите кои им се на располагање, па макар и да треба викендот да седат дома зашто тогаш би биле тотално шворц.
    Ама битно е новото парче облека.
     
    На Insanity му/ѝ се допаѓа ова.
  12. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    1.029
    Трпам, нема шо да се преправам. Обожавам штикли, што повисоки подобро, и си ги носам со најголема желба и нема посреќен од мене. Немам ниски штикли, за мене не е тоа штикла. Со години носам и научена сум веќе да поминувам цели вечери на високо, вклучувајќи и диско, и не мислам на стоење и ѕенѕање со пијачката цела ноќ. Не викам дека не ме болело ниту дека денес поминувам сосема безболно, но пак - навикната сум и воопшто не обрнувам внимание на тоа.

    Коса не пеглам ниту виткам, имам природни и негувани нокти, надградба или уметоци или трепки вештачки нема да ставам додека дишам. Ме боли депилација али збор нема, мора да се издепилирам. Алишта си носам најудобни, со тоа што низок струк презирам и ми нема погрдо за женско тело од тоа. Сум носела и одвратно се осеќам, дали седечки дали стоечки. Високо и покриено, без спојлери и мевови на сите страни. Сум облекла и пак ќе облечам тесен фустан или блуза и панталони понекогаш, шо да праам, си се бендисувам.
     
  13. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Кога бев помлада многу повеќе трпев.
    Се сеќавам на еден дочек на Нова год. бев облечна во кратко сукњиче и блузичка со гола половина и само капутче, ни џемперче, ни шалче....а бе, се смрзнав кога си одевме накај дома. Немаше такси, не можевме да најдеме и додека чекавме некое случајно да налета се препарирав. После пола саат мрзнење наиде еден чичко и јас седнав напред видно премрзната, ми се плачеше од што ми студи, чичкото вика-деца до каде?...а јас пуста забите ми клецаат, се тресам и викам -до дома чичко, до дома :D ...(а човекот уствари сакаше адреса), и до ден денес другарките ме зезаат за ова.
    Има и други случки кога сум се премрзнувала, најчесто се шетав со гола половина и фармерки со спуштен струк, остај што се смрзнував немаше шанси ни да седнам, пола г`з надвор, се` ќе ми се види, тенка јакничка или палтенце, без холахопки, а надвор смрзнувачка, ама битно добро изгледам :emo: |( Дури и мајка ми трчаше по мене да ме провери дали сум облекла холахопки, а бодито-па него кај другарка ми го соблекував, а на враќање дома пак се одблекував :wasntme:
    Кога почнаа да ме болат јајниците, да плачам од болки при секој месечен циклус и да завршувам со гнојни ангини, потечени крајници, температури 40-ка, да не можам да спијам од што ме боли задницата од инекции, ми светна дека не треба да си играм со здравјето...матичната кога и да отидев ми викаше-пак се шеташе со гола кичма , деца не си играјте, утре треба да раѓате... :!:
    Што се однесува до чевлите никако не можев да си најдам удобни сандали или пак кломпи на штикла. Што и да купев ми се правеа плускавци, знаев дека стапалата ќе ми бидат пуздер и однапред се спремав (си земав фластери со мене во ташна за секој случај ако се раскрвавам да имам...не знам кај ми бил паметот :x )

    Сега ако нешто трпам тоа е затегната коса, некогаш толку силно ја стегнувам што едвај чекам дома да си дојдам. Високи штикли многу не обожавам, гледам да ми се со помала штикличка сите чевли, кога купувам сега удобноста ми е на прво место при изборот, иако имам и неколку пара апла неудобни, ама тие ги носам само кога знам дека вечерта повеќе би ја поминала во седење отколку стоење. :lol:
    Вештачки нокти ретко (речиси никогаш) ставам, имав на мојата свадба и на уште една свеченост. Колку и да изгледа раката убаво и женственоно, не ми се пријатни за носење, ми сметаат, не можам да се облекувам, ниту пак асолно да работам ни по дома, ни на работа, јас лично неможам да куцам на тастатура со нокти.
    Е сега депилација, ауф ]:) не сакам депилација, болна ми е, ама таа болка ја поднесувам, тоа мора, стискам заби и трпам, не би да се шетам со влакна.
    Облеката исто така гледам да ми биде комотна, ни премногу тесно, ниту пак широко, да можам слободно да седам, да играм (зависи од пригодата), а не цело време да се устручавам. Ако е ладно обавезно боди и термо холахопки, гола половина веќе не знам што е тоа.

    Мое мислење е дека сите како созреваме почуваме полека да сфаќаме дека не се` се поднесува за убавина, барем не по цена на здравјето. :)
     
  14. smiley-32

    smiley-32 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    510
    Се трпи,се трпи богами :geek:
     
  15. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Ами трпам, во смисол трпам болки од депилација, кубење, влечење, тегнење. Нешто што мора да се направи затоа што Мајка Природа не ми дала гајтан веѓи и мала влакнетост, ами баш спротивното. Бидејќи одбивам да и се препуштам на Мајкица, се тегнам и се влечам и се кубам на редовни интервали. :D

    За алишта, би истрпела до некоја граница. Пример, корсет, па да ме стегне, или мидер. Но да носам поткусени блузички, или кратки јакнички, тоа не. Миничи и хулахопки на минус паѓањетрепки не носам никогаш, не ми е таков стилот, а и го оставам тоа на послабите припаднички од мојот пол. :D Го поминав тој период кога сакав да бидам што е можно покомпактибилно облечена со другите, и искрено, многу ми е ќеиф. Си терам некој мој стил, мои боички и ми е супер. Си сакам комоција, фармерки со НОРМАЛЕН струк, добри панталони, растресени кошулчиња, џемперчиња и некои блузички кои не ме оцртуваат. Така сум најокеј, според мене. :D

    Чевли, посебно штикли, не носам освен ако нема каде да седнам. Кога треба да одам некаде од дома, имам добри 500 метри пат, кои треба да ги поминам пеш, нареден со коцка, прилично нерамно. Многу ми е малтретирање и стално си ги оштетувам чевлите. Вака убава на мајка, ем висока, ем крупна, уште штикла ми фали и искрено, како шифоњер се чувствувам. :D За матурата, после 20 дена поминати со лонгета и ужасни болки, истрпев добри 2-3 часа на 12ка. Атер за сликање, па ово, оно. Потоа ми отече и на снимките сум пола вечер под маса како ја масирам и и ставам облози. На крај сфатив дека не ни вредел трудот, ама ајде, ќеиф ми беше за штиклите. :D
     
    На De-lovely му/ѝ се допаѓа ова.
  16. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Секси ис а стејт оф мајнд. Ако не се чувствувам убаво во она што го носам нема да ми биде убаво и најверојатно ќе ја поминам вечерта седната во некој ќош или ќе пекам побрзо дома да си одиме. Така да секогаш си бирам облека која ми е ем удобна и убаво изгледа. Никогаш, ни порано не сум бирала фустанчиња кои се прекратки, па да не можеш да седнеш, или пак ем кратки, ем деколте, да не знаеш од која страна да молкнеш побрзо, се нешто ќе ти излезе.

    Никогаш не сум го разбрала тоа и нема да го разбрерам. Високо потпетици носам, ама и тие под услов да ми се удобни, не некои како балеринине да стоиш цело време. Вештачки глупости во живот немам ставено, ниту нокти, ниту трепки, ни коса, ни ја гледам целта во нив.

    Сметам кога се дотеруваш, треба да си ја нагласиш само убавината, а не фацата да си ја смениш. Според мене доколку ти се чувствуваш убаво, сто пати повеќе ќе те забележат, отколку ако стоиш како статуа, не дај Боже нешто да не ти се помести.

    За депилацијата не ни зборувам, се подразбира дека кога се работи за лична хигиена мора да се трпи малку од малку.
     
  17. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    интимна депилација -ВИТ крема, на памет не ми паднало да отидам на козметичар(веги и мустаки да, и боли :worried: )
    надрагдба на нокти имав-после откако помина време сама ги извадив што да видам беше работава катастрофа(1 година ми требаше да ми станат ноктите цврсти)
    надграба на трепки-имав траеше неколку дена и ЕДВАЈ ги извадив, ме болеа очите и си реков веке ова чудо на мене веке не го ставам
    коса уште не сум пробала да ставам надрадба
    не носам тесни фармерки
    ниту високи штикли(е добро понекогаш :P и се секавам минатата зима си купив чизмички што кога ги облеков од замор и пешачење ме болеа нозете , едвај чекав да ги соблечам(факаат прашина :P )
    СЕКОГАШ носам боди, и термо хулахопки, оти сум вечно смрзната :D
     
  18. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Ах 90десети, време на голи стомачиња и мрзнење на јајници, бубрези и фаќање грипови, бронхитиси.
    Беверли Хилс голи мешиња.
    [​IMG]

    Спајс Грлс голи мешиња и кратки фустанчиња
    [​IMG]

    Потоа ерата на Бритни и ЏЛо стомачиња
    [​IMG]

    И нормална луда тинејџерска глава носи голо стомаче и во сред зима. Дури мислам тогаш не ни знаевме што е боди. Она за вежбање во сала евентуално по долги ракави. Ах жива среќа што веќе долго време не е во мода голо стомаче, зашто тоа е модата на убивање на здравјето. Во минатото најмногу сум трпела за убавина е од тие студови а јас облечена со голо меше кое беше рамно и мораше да се покаже |( тенки хулахопчиња, јакни тенки. Кај ни била главата не знам.

    Како човек старее така опаметува. Сега знам кога е ладно и да седам дома и да не искочам. Тогаш побогу надвор снежна бура нека има јас и мојот гол стомак искачавме.
    Сега трпењата за убавина се сведени на минимални.
    Се знае депилации, средувања, чат пат виткање коса а си ја мразам косата кога имам на неа лак и тоа ми е мачно и да тоа ми е трпење за убавина.
    Иначе кажав за капата ме чешаше челото, но не знам мене секоја капа што ја имам ме чешка волната по малку :?:
    А нема, нема жена на светов која не трпела некогаш заради чевли. Не мора да се високи, може една обична балетанка да е која прв пат ја носиме и да патиме цел ден од неа. Најголемиот проблем ми се чевлите, вајда секој со поголемо стапало си има проблеми ил јас така мислам. На коњ сум кога ќе купам убава чевла која ќе се покаже за многу удобна. Но сепак си ја знам удобноста на чевлите па не трпам за убавина, туку ако одам во дискотека облакам удобни, ако одам на кафе и цела вечер седам ќе облечам и некој кои се покажале за понеудобни. Јес да целовечерни забави и свадби тогаш и балетанка да имаш пак ќе те болат нозе.
    Фан на претесна облека никогаш не сум била па не сум имала со ова проблем, си носам таман, никогаш премало, подобро поголемо ќе купам. Баш фустанот што го шиев пред некое време ми вика шнајдерката ама ова широко ти е треба ус тело, јас НЕ ако нека е вака да дишам :D

    Ах да за мене трпење за убавина се и диети. Јес да немам искуство големо тука но трпиш, не јадеш, стомакот шкрипи. Или кога почнува некој да вежба и тука секое мускулче и косче кога те болат, за убавина се се прави. Многу жени се одлучуваат и за пластични операции, тоа е веќе стварно трпење за убавина.

    Постојат милион мали примери кога жената трпи се само да е поубава. Со тоа што во помладите години тоа го прави за другите, а како старее се жртвува повеќе за себе да си е убава. ;)
     
    На jessica24 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.712
    Допаѓања:
    150.522
    Леле...луѓе мили,па заборавив да ја кажам мојата најголема жртва за убавината! :D
    НАДГРАДБА НА НОКТИ! Да ми простите на израз,ама така си беше! Г*от не можев да си го избришам ко човек,ни коса да си измијам. Тоа ти се чини ти се корнат и твоите нокти! Ау ужас! А тек закрепнувањето на моите...ау тоа беше посебна прича. Ама не бе,се запнав да видам како ќе ми биде со нив.И право да ви кажам,не ми беше! :D


    Леле,леле,а пред некој ден си ги гледам грдиве ноктиња кои се толку слаби,излупени,безживотни и ништо не ги враќа во нормална,а да си ставам надградба,бар грдо да не изгледаат...ама нееее,сега ми текна кое доживување беше тоа!
     
  20. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    трпам богами со гумениве чизми. без 2 пара термо чорапи нема мода :D