Сè се трпи за убавина!

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 31 октомври 2011.

  1. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.327
    Порано трпев доста, сега сум постара и попрактична-удобноста пред се :)
    Сум трпела и ладно, и тесни и високи штикли кога се "морало".Будалче, ама го немав денешниот памет, не бев крива :D
    Џабе е да изгледам убаво ако не ми е удобно, ќе бидам ограничена и во движења и се.
    Надградба на нокти сум ставила два пати, зашто порано ми беа многу меки и кршливи, а јас бев многу желна за долги нокти.Сега не знам како, ама да не ги урочам, многу ми се зацврстија и немам потреба.
    На коса, трепки и такви ми ти работи не сум ставила ниту пак имам желба.
     
  2. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.644
    Ауу људи мои, шта да ви причам...
    Трпам само кога морам, трпам на пример неколку минутно мрзнење од кола до кафич/стан/ресторан/дискотека, значи ако во зима ми текне да носам туника или фустан, а јас како што сум си зимурлива и со ептен дебели хулахопки ми студи па дури и со хеланки, и од таа причина јас цела зима нешто трпам.
    Депилација, искрено и не ми е некој проблем со оглед на исходот после, тоа не е за убавина тоа според мене е повеќе хигиена отколку убавина и естетика.

    Штикли па искрено, за моја среќа досега имам само неколку пара што се неудобни до тој степен да неможе да се оди на нив, имам едни кафени, абе тесни, тесни мислиш прстите ќе ти се соединат, ама инат белосветски не попушта пак ги носам, и не ради убавина имам и други кафени туку од инат, за да ми се рашират.

    Помала кога бев и тогаш не трпев, на една слика на Нова Година, сум движечи ужас, свечена блуза и јас типка паметна ролка одоздола, кратко сукњиче и под него дебели (читај плетени термо хулахопки) боите поима си немаат ама битно мене топло ми било, а и дотерана сум била (како па да не :x ).

    Без боди само во кревет одам во последно време, за излегување, за до продавница, за на гости, обавезно со боди, исто како гаќи ми е, зошто понекогаш и без гаќи одам во кревет :tmi: :P .

    Е сега понекогаш трпам за убавина, на пример кога носам дебели хулахопки а не сум депилирана, се мислам дека влакната ќе ми излезат, дека ми се гледаат, па почнува с‘клет да ме фаќа, па ги тегнам, вртам и на крај си одам дома и земам душа кога ќе ги соблечам.
    Чупањето на моите 10-тина влакна ако кажам дека е проблем и болка ќе ве излажам.

    Сума-сумарум, абе лесно ми е мене, ништо не трпам освен чат-пат нешто.
     
  3. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.332
    Грешка .
    Се трпат луѓето кои не се задоволни од себе како личности и сакаат да се извлечат со нивниот "дотеран до совршенство" изглед . Ако треба да се излезе во 23 ,се спремаат од 11 наутро ,оти никој не е натпроселно брз и вешт истовремено за да се "углади" со сите тракатанци за ете нормален саат.
    Е токму таквите фаци кои се замислуваат трндсетерки или најмодерни и најпи*ици во градот имаат 0% карактер и во минус се влезени со самодовербата.
    Па јас штом се сакам себеси по пижами зошто не би се сакала по една дебела ,топла вентијага?
    Ќе ме прави да изгледам подуено? Па што ,нека ми биди мене телесната температура 36 со кусур ,а не плочникот да биде потопол од мене... Синдром на амфибија. Ступид.

    Верувам дека скоро сите женски сме имале некоја таква пубертетска фаза на разгологазување и прецвикување ,но со самото созревање целиме кон практичност и удобност ,покрај убавиот изглед.

    Познавам милион и една девојка што надвор личи на самовилче ,а ко ќе се разбудиш крај неа си викаш - Која е бре вештеркава ,што *** бара до мене?!? :o Е истата е ,де ,ама без сите тие слоеви и слоеви шминка ,измачувачка по кожата .

    Изглед - дааалеку различен од природниот ,со триста милијарди тони пудри и што ти не фацијални чудесии ,има и желба да удриш и да остане :)
    Ноу ,тенкс!

    Нокти во стилот канџа ми се одбивни ,цел живот носам кратки нокти и толку си ги поштувам што не би ги уништила со ниедни надградби или не знам што . Битно секогаш изгледаат уредно и слатко и не ми се ко лопати гробарски ,па очи да извадам со нив. И бактериишта еден тон ,без разлика колку се чистат и остало.

    Депилацијата не ја сметам како трпење за убавина ,тоа си е хигиенска навика која ете со многу малку болка ја поднесувам ,хвала к**цу!

    Не носам миничи на ладно , ни кратки панталончиња ,се облекувам да ми биди топло и удобно без разлика кај одам.

    Носам штикли оти ги сакам и знам да одам на нив ,не оти се модерни или ќе сум изгледала посекси.И сите освен едни ми се удобни за пешачење си километри,бидејќи мразам превоз и не користам.



    Секоја девојка е секси кога се сака себеси онаква каква што ја дал Господ ,кога зрачи со самодоверба и кога знае да се носи со себе.
     
    На ocila, Breezy и Rock-a-Fella им се допаѓа ова.
  4. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.564
    Во принцип трпам единствено танга гаќички. Јас не ги поднесувам значи не вакви или онакви модели, па материјали не ги сакам едноставно не ми се удобни ни малку. Со дечковци сум носела онака за визуелен ефект бидејќи сите без исклучок паѓаат на ефектот на ((би)танга- мој назив :lol: ) гаќички и едвај чекав во принцип да изреагирам - ги виде, епа ај сеа доста им беше гледање да се отарасиме од нив :geek: :D . Инаку на свечености кога носам припиена облека не ги трпам толку поради убавина туку поради коментарите од женски пол повеќе бидејќи знам на какви критики ќе бидам изложена во обратен случај, така да често повеќе трпиме поради што ќе рече народот моментот отколку само поради убавина. Инаку да напоменам носам често и обични гаќи во чанта во горенаведените случаи ако ми се укаже прилика да си направам замена веројатно ова само мене ми се случува.

    Повеќето аксесорис исто не ги поднесувам па едноставно не ни ги користам и така не мора да ги трпам. Јас сум чудно човече скоро се‘ на гола кожа ми пречи, ме ириртира, го чувствувам како туѓо и непријатно (затоа не носам часовници, обетки, прстени, претесни каиши и многу др. нешта).

    Инаку со штикливе порано носев многу почесто, ама па и немав некоја мака и измачување со нив, сега носам поретко и удобни само модели. Што се однесува до оној дел пооскудна гардероба за време на зимски период сум носела и веројатно ќе носам и повторно иако нередовно се разбира само за спешл окејшнс, иако сум обично тип на човек кој е зиморлив и вечно нестоплен во дланки и стапала, кога сум излезена добро ја поднесувам и најниската температура, не успевам да си го објаснам феноменов, ама присутен ми е :?: :D ...

    Од надградбиве (терминов ми е смешен ми асоцира на градежништво :lol: ) коса и нокти не сум имала потреба да корегирам, имав вештачки трепки во 2.000 за новогодишниот период кога почнаа да ме нервираат се отарасив од нив и тоа е тоа. Инаку многу познати кои ме виделе наутро ми имаат речено дека имам природна убавина и дека спиењето воопшто не ме деформира и си се гордеам со тоа :emo: .
     
    На Strumfeta93 и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  5. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.382
    Оу нее... само болката при депилирање ја трпам, за друго-не, фала.
    Високи потпетици-тие највисоките-11 цм, само 2 пати сум ги носела. Првиот пат-матура, по 20 мин ги соблеков, и не ги облеков пак (му се јавив на тато да ми донесе други штикли :D ), вториот-на свадба, на секои 30 минути си правев пауза, колку и да сакав да играм. И нема шанси да ги носам пак! :!:

    Тесна облека не сум носела и не носам, не сакам да ме гуши облеката.
    Трепки сум ставила еднаш, и не ми пречеле, би ставила пак за некој спешл окејжн.
    Наградба на нокти, исто еднаш-исто матура :lol: , ама беа пократки, и по 3 дена ги извадив, не можев да ги поднесам. :^)
    Прилепена коса не ми стои убаво. :shake: А и не би издржила таква болка, сигурна сум.
    Не можам да носам обетки-бижутерија, на левото уво добивам алергија и не носам, просто-едноставно. А и не ми се баш по ќејф. Огромните не ми стојат убаво. :doh:

    Мене речиси секогаш ми студи, зиме-долг капут, долги чизми, (не е според правилата, ама мене ми студи. :tmi: )
    Само ако одбивам да се збогувам со летото, ќе ризикувам да носам потенка облека. Последниов пат добив грчеви во стомакот. :doh: Тоа ти е. :worried:
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.914
    Допаѓања:
    14.463
    Пол:
    Женски
    Штом не ми текнува на таква ситуација, значи одамна уживам во комодитетот. :)

    Депилацијата е навика - трпиш на почетокот. После некое време некако отрпнуваш. Штикли не носам, па макар да ме прават најубавата жена на светов (иако не верувам во суперлативи за убавина туку во субјективност). На крај на краиштата, најубаво ми е кога ми е комотно. И најубаво си се чувствувам. Некако се помалку почнав да ги разбирам луѓето кои трпат болки само за да изгледаат не знам си како...

    Мене да ми е убаво. Тоа е најважно. 8)
     
  7. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    14.969
    Пол:
    Женски
    Трпам ладно само кога морам, додека да ме собере дечко ми со кола, на свадба...значи студот ме убива
    Нокти ставам ретко, но еве моментално свои нокти имам пуштено - природно си е природно
    Депилација - целата подливи сум,се надевам дека еден ден ќе го надминам стравот,болката и подливите
    Шминка,секогаш малку и дискретно, по можност само камена пудра, но кога морам ставам и течна
    Високи потпетици - да, но потоа 2 дена плускавци на нозете
    Трепки-само матурантка кога бев, и на свадбикога одам, не ми пречат а и ми се допаѓаат како ми стојат
    Силикони - не фала

    Како и да свртиш, ние од женскиот пол пак трпиме за убавината
     
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.347
    Допаѓања:
    18.402
    Пол:
    Женски
    Не, воопшто не трпам за убавина. Комфорот и здравјето пред се'. Затоа што според мене, убавината однатре зрачи и однадвор.
     
  9. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.072
    Паметам едно време кога излегував како препарирана, и немаше излегување а јас да се чувствувам лесно и удобно...Или носев штикла на која едвај одев, или некои фризури кои ми ја стегаа главата па наредниот ден сум со главоболки, па претесни фармерки во комбинација со гола половина (смрзнував ама палто не облекував)...па некој бош градник кој воопшто не ми одговарал по големина (ме стегал) но имал некој пуш ап ефект заради кој сум трпела...А тангата не ја трпев, толку се навикнав на неа што не ја ни чувствував...
    Кога пораснав :emo: се опаметив :geek:
    Сега не претерувам но се случува некогаш ако ставам некое килце плус да облечам мидер кој ич не го поднесувам но трпам нели за убавина, или многу ретко надградба на нокти или трепки за посебни прилики...И штикли...па и сега правам чудни фризури...депилација...Кого лажам, уште трпам!
     
  10. Maeeeee

    Maeeeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2011
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    104
    Хаха девојки СЕ ЗА УБАВИНА....(и јас сум истаа):D :D :D
     
  11. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    8.298
    Не викам не....и јас како помала сум имала вакви моменти со претесни и неудобни штикли,боди ни под разно...е ми дојде после малку памет па сега друг филм терам.Ако уште дома гледам дека нешто не ми штима ич не ни излегувам така да се гњавам цела вечер.

    Сега фала ама не фала,сакам да излезам ко човек да се опуштам,да се изнаиграм ако ми се игра,а не цела вечер да бидам ко на трња. Знам често да излезам и на рамно,фала богу сум висока па не мора да надокнадувам барем на тоа.Факт е дека штикла издолжува нога,го исправува цело држење ама може некогаш и без нив. На крај краева секогаш се приметува кога на некој не му е удобно...или гази ко на јајца или цела вечер си го подместува фустанчето да не и ѕирне нешто,не може да се опушти и џуска цела вечер со пијачката у ќош. Не знам на кој му е тоа пример за добар провод и упорно се става низ исти маки на секое излегување.

    Треба да се чува здравјето и да се мисли малку подолгорочно, пошто тек после ќе биде убавина со попуштени вени,црвен нос од настинки,болки во кичма и ред други проблеми.
     
  12. Zumbula

    Zumbula Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    83
    трпам да....ама само за депилација. значи го мрзам денот кога ке треба да ја `дотерам` другарка ми :D али што да правам кога сум манијак за влакна :D
    се останато...штикли,тесна и неудобна гардероба итд....no way!!! се нервирам кога ке видам некоја `пицната` со штикла 15cm, а не знае да оди. ужас!!
     
  13. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    534
    Тоа е веројатно прашање на карактер...Јас на пример, уживам што сум жена и уживам во дотрување, шминкање,средување...Дури, не ми е проблем ни депилација и покрај тоа што не е пријатно, или солариум и покрај тоа што сум клаустрофобична.
    Мојата најдобра другарка пак, не се фарба, ни шатира зошто мрази фризер,не носи штикли зошто и сметаат,уживањето во добра храна и е многу поважно од идејата дека треба да ослабе.
    Летоска одлучивме да се почастиме со една недела одмор само ние две.Кога стигнавме,констатирав дека цел несесер со шминки сум го заборавила дома!Јас цела извадена од памет,а таа ми вели-Јас моите шминки нарочно не ги земав!
    Да, дефинитивно сум од тие што се би трпеле за да бидат негувани и дотерани.Единствено под нож не легнувам!
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MissBreezy

    MissBreezy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    569
    Допаѓања:
    1.459
    Пол:
    Женски
    Не можам да кажам дека сум жртва на сопствената облека. Купувањето ми одзема долго време најмногу затоа што внимавам да ми е удобно во целост, а не дома кога ќе стигнам "Леле требаше еден број поголем пар чевли" или "Патикиве не вредат за парите, ќе ме набиваат однапред" (си барам изговори, нема везе) и сл.
    Ете на свадба еднаш, бев помала и сеуште немав создадено љубов кон штиклите, па мајка ми ме тераше да носам балетанки. Не можам да поднесам толку ниско, подобро воопшто да не присуствувам :D Се чувствувам боса! И купив балетанки со тешко срце, ама многу набрзо уште пред да почне церемонијата завршив со други чевлички.
    Што знам, само за корсет можам да кажам дека трпам, ако е на шнирање одзади. Е тогаш стварно не можам нормално да се движам и дишам, тортура ми е ама некогаш мора. :doh:
    И мразам кога морам да ставам лак на косата. Осеќам како да ја умртвувам :lol: Многу си ја жалам тогаш. Ама ако штрчи некое влакненце уште повеќе ќе се нервирам. А вака и првут ќе ми створи, една недела ќе нема да можам да си ја опоравам главата, ама што можам- ќе трпам.
    За ладно :?: .. па не трпам затоа што гледам релативно брзо да стигнувам до одбраната локација, а и добро си се облекувам.
     
  15. bella.honey

    bella.honey Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    294
    Милијарда пати сум ја кажала реченицава...

    -Дадо ма, не ме тегни толку со пеглата, косава охх корените ауучч
    -Седи мирна Моникаа, се` се трпи за убавина!

    -Мона бабино ова преслучево убаво ти ги оцртува „другарките“ ама да не те стега?
    -Ако бабо ако, се` се трпи за убавина!

    Ем мразам кога ќе ја чујам, ем некако ме тера да издржам :lol: .

    А и колку имам трпено ццц... Дај да не се присетувам ме боли снагата.
     
  16. Melany.Macedonia

    Melany.Macedonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    67
    високи потпетци и не еднаш повеќе пати ама не ми иде ум сакам пак да носам високи се осејкам ептен секси на штикла а појма немам зш :D
    сеа купувам пониски
    најстрашно е што на двете нозе летото се разранав до крв и 2 недели не можеше да ми се обнови кожата неможев да цапам а само јас си знам како ми беше кога ги чистев раните со солзи во 4 сабајле ама никој да не ме чуе од дома за да не ми се дерат за раната ;(
     
  17. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.039
    НЕ! Убава можам да бидам и без да трпам такви тортури и мачења да ја преживеам вечерта.
    Освен депилација ништо друго не трпам. Можеби среќа имам што сите штикли до сега удобни ми се погодиле, неудобни или што ми создаваат рани не носам во никој случај. Имав едни на полна пета, беа обложени со некакво си платно, бидејќи многу ми се потат нозете почнаа жуљеви да ми се прават, а јас се зацепав пешки, луѓе недела дена неможев да си ги оправам нозете, неможев да облечам ни апостолки! Веднаш завршија кај братучедка ми, на неа и се удобни.
    Воопшто неможам да трпам да ме стегаат панталони, или било што да ми го стега стомакот, маки си имам после :lol:
    Кога ќе излезам сакам да се чувствувам убаво, да можам да се забавувам на раат, а не да мислам да не ми прсне копчето, да не ме стегне стомакот, да неможам да станам да поиграм ако ме убиваат штиклите. Не е тоа толку вредно за вакви жртви.
    Уште една работа што ја трпам се како Теодора и јас не ги можам танга гаќичките, ама што кога носам нешто под кое се познаваат гаќички :^) Пак не е нешто неподносливо ама дава глупаво чувство.
     
  18. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.628
    Не? Не. И НЕ!!
    Мислам дека е превише lame, да имам нешто на себе ( без разлика дали станува збор за штикли или облека) неудобно со цел да би била виџена.
     
  19. MaCa-J

    MaCa-J Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    133
    Па не викам не :lol:
    Сум трпела нешто, но со граници. Пример кога ќе треба да одам негде и ми прават фризура, ми ја корнат косата поточно :rofl:, ми ставаат шноли, ме боцкаат ама трпам.
    Сепак не трпам многу, а и не сум се нашла во некоја ситуација да морам да трпам толку многу. :)
     
  20. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    2.300
    Пол:
    Женски
    Трпам да,за депилација и нешто слично.
    Ама да се смрзнувам надвор на -10 степени,а јас во тенка јакна бидејќи ми одговара ??
    Е тоа нема кај мене.Сакам да сум секогаш дотерана и средена ама да ми е непријатно во облеката што ја носам-НЕ ! :)