1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè се трпи за убавина!

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 31 октомври 2011.

  1. Li..Na

    Li..Na Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2012
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Трпам , трпам ... најмногу од високи потпетици , и неудобна гардероба :lol:
     
  2. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.498
    Допаѓања:
    2.723
    Ова манекенките нека си го трпат, јас не!

    Отсекогаш ми било побитно прво јас да си се чувствувам пријатно и удобно, отколку да трпам за мода и некоја си лепота. Се за хигиена, океј, тоа се прифаќа.
    На штикли не одам, освен еднаш годишно. :D
    Ме нервираат, ги мразам, ми иде да си ги сечам нозете кога не можам да одам!

    Тесно премногу не носам, уствари тесна облека да, прилепена за тело, да, али не ме стега, значи комотно ми е.

    Кога ми е ладно, ставам илјада партали на мене, ми е гајле што мислат другите. Дури и коментарите од типот колку мене ми е поладно од другите, ми е више преку .!. да ги слушам, па можат слободно да си ги пикнат на едно место.

    Трепки си имам мои, не ми требаат вештачки, немам ставено, а не верувам и дека ќе ме натера нешто да ставам.

    И тоа ... Не ми текнува нешто друго ...
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.880
    Допаѓања:
    4.877
    Пол:
    Женски
    Трпам море и тоа како.Трпам само на високи потпетици.Ме болит,е ќе ги носам! Не се предавам толку лесно! :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Ништо не трпам, освен кога станува збор за депилација каде веќе хигиената е знак прашалник.
    Високи потпетици носам само во одредени пригоди и тоа гледам да е што пониска штиклата и да ми бидат што поудобни. Преферирам рамни чевли.
    Наградба на нокти ставив само еднаш, за матурата, а откако ги искорнав и тие нокти што ги имам, веќе не ми падна на памет.
    Многу сум зимурлива, така што кратки јакничиња или тенки фустанчиња на ладно време не доаѓа предвид.

    Убавината не се состои во тоа дали ќе имате големи трепки, дали фустанот ќе ви одговара со наметката, дали ќе имате француски маникир, или 20ка штикла. Може се да биде како што треба, ама ако една девојка не се чувствува удобно во своја кожа, надворешно исто неубаво изгледа - Тип топ скоцкана, а се тресе од студ, окото и солзи од вештачките трепки и сиротата едвај оди затоа што има неудобни штикли.
    Онаа девојка која се чувствува убаво - изгледа убаво.
     
    На Barbie20, EMoonlight, eliesaab и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Berguzar

    Berguzar Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    7.314
    Реченицата ја изговарам скоро секогаш кога се депилирам :lol:
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    И јас :D
     
  7. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Не трпам. :shake:
    Има облеки кои уште поубаво ми одговараат одколку тие што ме прават „убава“.
    Џабе ти е убавина ако немаш убаво време...
     
  8. FeminkaDoKraj

    FeminkaDoKraj Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    49
    па не трпам за ce',сум трпела само за високи потпетици,кога ги облеков прв пат за на свадба хаха,но веднаш ги соблеков си дремев по сандалки за време на целата свадба(не дека незнаев да одам убаво со нив,знаев и уште знам хаха)дека на левата нога одзади бев изгребана и тоа гадна гребаница беше тоа и баш на тоа место ме допираше материјалот од потпетиците и умрев од болка,никако не ми зараснуваше раната....инаку за шминка,накит,фризури,фустани нема шанси да трпам... :)
     
  9. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Наудобна облека нема шанси
    Трпам високи потпетици и депилација трпам...но депилацијата е хигиенска потреба...
    Тесна облека носам,прилепена за телото..но не пак толку многу прилепена што нема да можам да дишам значи да ми е комотно..
    Трепки си имам мои..
    Е сега кога фате ладното си се облечувам зависно до местото каде ќе одам..ама нема шанси да се облечам како да е јуни..а надвор снег вее..е сега никогаш се немам облечено а да не ми одговара тоа што го носам.. скоро секогаш кога излевам на шопинг од дома имам стисок што ми фали...и палто кога купувам земам неуртални бои и ги имам во повеќе модели..ама да се направам све ми боје увек лепо стоје нема шанси..
    Трпам во одредени ситуации но се во границите на нормалното..
    Непријатни материјали не трпам..
    НАдградба на нокти нема шанси..од причина што не можам да трпам премногу долги нокти..мојте си ги имам на кавка должина..
    [​IMG]
     
  10. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.213
    Пол:
    Женски
    Единствено (и најболно) што трпам за убавина е депилација :D Мада, во последно време, откако почнав со шеќерна, и тоа ми е многу олеснето и помалку болно од порано.

    Друго, трпам секојдневно 8 (често и повеќе) часа на високи потпетици, ама ова не по своја волја, туку од што морам. Имаме дрес код на работа, кој за жените подразбира високи потпетици и морам да носам. Некогаш се случува да не ни станам од биро цел ден, па тогаш ми е ОК, ама има денови кога сум прилично растрчана по ходници и канцеларии и во таквите денови ги чувствувам последиците. Затоа, секој слободен викенд кога нема некоја посебна прилика, го поминувам во патики/ниски чизми/балетанки.

    Што се однесува до облека, не трпам ништо. Носам тесна облека, меѓутоа удобно тесна. Не купувам два броја помала за да ми стои ептен припиено, така да... :D

    И тука морам да ги споменам танга гаќичките, кои ми се крајно неудобни за носење. Ги носам само кога морам :D Преферирам полу-танга гаќички, кои не се познаваат преку облеката, а сепак се удобни, не ја стискаат кожата и не предизвикуваат иритации. А и поубаво ми изгледаат визуелно :D

    :)
     
    На Tina2017 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.289
    Не трпам за убавина. Дури и шноли не поднесувам. Неудобната облека веднаш ја соблекувам. Неудобните чевли престанувам да ги носам. Не се шминкам. Мислам дека не вреди да се трпи за убавина. Постои и друг начин, можеме да купиме поудобна облека која е убава, удобни и убави чевли. И толку...
     
  12. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.461
    Допаѓања:
    39.664
    Пол:
    Женски
    Нормално.е сеа на 12 години да кажеш, пиши пак за едно 8-9 години :D да видиме.

    Јас трпам доста за убавина, неудобни чевли, стегната облека, шминка понекогаш кога ми е топло неможам да ја поднесам ама морам, косата ја пеглам- додуша сега многу ретко, еднаш во 5-6 месеци кога морам.
     
  13. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Ќе видиме Емоционална ќе видиме.. Но јас се заколнувам во сите животни дека и до тогаш нема да трпам се за убавина. А, најмалку за краткотрајна убавина како пеглање, шминкање, виткање со фигаро и тн..
    Во школо гледам 9 годишни девојчиња исшлакани цели. Си замислувам колку брчки ќе имаат... Дечковците ќе неможат да им ги избројат! :devil:
     
  14. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Депилација трпам(што се мора-се мора) :lol:
    Потоа високите потпетици...но не многу често.
    Нокти вештачки воопшто не трпам,не можам да функционирам како што треба со нив,се морам да внимавам на нив итн.
    Потоа неудобна облека,такви никакви материјали воопшто не можам да ги поднесам.
    Сакам удобна облека,може да биде и тесна,но удобно тесна.Особено памучна облека сакам:P
    Друго ништо вештачко немам,се е мое. :lol: Освен што носам протеза,но не ми преставува некој проблем,бидејки е порцеланска. :)
    Ете трпам да ме боли глава,кога носам некоја стегната,залижана пунџа-без ниедно влакно да штрчи. :sweat:
    Инаку гледам тука некои од феминките не може да поднесе танга да носи,а јас пак обожавам да носам,се чувстувам удобно и секси.Но,се си е до човек,нели? ;)
     
    На Tina2017 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.415
    Пол:
    Женски
    Па трпам кога одам на козметичар (за веѓи или депилација).
    Почесто носам фустани или некои други работи во кои не се осеќам удобно но ги носам. Исто така и високи потпетици а и ако некои чевли ги сакам толку многу а ми се малку мали ќе трпам, за убавина вреди да се трпи. :angel:
     
  16. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Убавината е мое задоволство, а за него уживам, не трпам.
     
    На sweet-star, Salome и crimson им се допаѓа ова.
  17. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Кога се мора-мора се.Нели неможам у хеланки и дуксерка да идам на свадба? :wasntme: :D
    Ама немора секогаш да значи дека `трпам`.Понекогаш едноставно сакам да облечам здолниште,фустан,или нешто слично.Понекогаш,пак,обожавам да си седам со ретро разбушавена коса,хеланка и некоја маичка,дуксерка,што и да е,опуштено. :)
     
  18. kate-pp

    kate-pp Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Ја трпам болката на козметичар кога ми ги средуваат веѓите. Но потоа уживам во себеси, уживам да си се гледам на огледало и да си се фалам себе си. Хах. Тоа е се. Шминка не користам а и немам потреба. А облеката која ја носам гледам пред се да ми се допаѓа а потоа да ми стои убаво. Нормално дека ако не ми стои или не ми се допаѓа, нема да ја носам. А сите алишта до сега ми биле пофалени.
     
  19. Barbie07

    Barbie07 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2013
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    590
    Пол:
    Женски
    мхм..и јас сум од оние што трпат за убавина.. :lol: :D
    *трпам на козметичар..
    *трпам високи потпетици..(па нема да одам во дискотека по патики нели.. :!: ,а во краен случај тука се секогаш балетанките за враќање накај дома :lol: ) ..ама обично истрпувам,колку и да ми е тешко да одам на нив..
    *трпам ненаспаност само за да се спремам насабајле..( избор на облека,шминкање,спремање,ставање неопходни нешта во ташната за тој ден.. :talk: особено шминкањето ми зазима дообар дел од времето..! :!: )
    *не сакам неудобна облека и не практикувам да ја носам,освен кога морам..по свадби,крштевки,родендени и сл..ама затоа кога ќе испланирам некоја комбинација колку и да ми е ладно во неа јас ќе ја носам..или и да ми е топло во неа кога више ми е влезено во глава како треба да изгледа..џабе е све друго :D
    *трпам висечки обетки(тоа ми е страст,не излегувам без обетки) колку и да се тешки !
    па тоа би било тоа отприлика :)
     
  20. a.c.k.a

    a.c.k.a Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    608
    не би рекла дека баш ке истрпам. штикли со платформа што се неможам да поднесам а ги имам кога одам на свадба само до хотелот да стасам потоа следуват балетанките :D
    танга не можам да смислам ,во животот само еднаш имам облечено и крај повеќе никогаш :)
    тесна облека не сакам,сакам само удобно да ми е и да си се чуствувам удобно во истата
    за фризури мразам џиџи миџи натрупани,стегнато врзани е тоа неможам да го истрпам никако,си сакам лабавко врзана коса
    за обетки муабет да не правиме немам носено 1 секунда на уво,мразам бижутерии и никогаш не би се китила со такви работи
    тоа е се што ми текна сега за сега :D