Сè што сакате да знаете во врска со религија

Discussion in 'Религија' started by AdoLf, Jun 14, 2011.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Joined:
    Nov 3, 2011
    Messages:
    15,266
    Likes Received:
    15,015
    Gender:
    Female
    ^Баш сега кога бев за Божиќ во црква имаше доста жени што си ја покриле главата...ептен убаво изгледаше.
     
  2. simplyheaven

    simplyheaven Активен член

    Joined:
    Jan 9, 2013
    Messages:
    24
    Likes Received:
    7
    Јас верувам во Господ...ама едно нешто не ми е јасно и стварно се чудам..библијата,па библијата |( .Која библија?
    Баш зборев со еден што мн верува во Господ и често знае да каже во библијата Господ рекол....
    Тоа треба да значи дека Господ ја напишал? |( И се што пишува е точно?
    Може звучам како 5 годишно дете ама стварно ми е малку нелогично! :^)
     
  3. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Joined:
    Sep 12, 2012
    Messages:
    360
    Likes Received:
    209
    Не, не си се збунил/а малку. Ние кои веруваме во Бог и Библијата, веруваме и дека се што е таму напишано е точно, тој што не верува во Бога, неможе да верува дека се е точно, а некогаш мислат и дека ништо не е точно. Верувањето е дека преку светците и неговите учениците на Земјата тој успеал да ја состави Библијата. Тоа е она во што јас верувам, тоа е на во што веруваат они кои се верници.
     
  4. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Joined:
    Jul 30, 2012
    Messages:
    2,893
    Likes Received:
    11,286
    Gender:
    Female
    Многу преголема генерализација направи не значи дека ако некој не ја сваќа Библијата буквално не е верник или ако не се потпира на неа или ја отфрла дека не е верник , секој кој верува во Бог е верник на свој начин освен атеистите . Библијата е свето писмо кое јас одбирам да не го сваќам буквално бидејки се што е напишано според мене е поука за правичен живот низ метафори , освен монасите ( и некои исклучоци ) не знам кој буквално го следи секој напишан збор.
     
  5. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Joined:
    Oct 28, 2010
    Messages:
    1,229
    Likes Received:
    21,275
    Неодамна наидов на една беседа на еден руски отец кој ги искажа своите скромни животни случки. Особено имаше посочено неколку примери на вистински случки од неговата парохија, а целта на таа беседа беше осветувањето на домот. Тоа ме инспирира да напишам неколку скромни реченици по повод тој чин.

    ...Мажот и бил пијаница, викал, се карал. Понекогаш доаѓало до такви испади, што со него не можело да се живее во иста куќа.
    Жената раскажувала:
    „Повикав свештеник и тој ни го освети домот. Вечерта, ете го сопругот, си иде од работа, а јас го гледам од прозорецот. Се мислам, дали ќе препознае дека куќата е осветена?!
    Гледам, а него го нема. Поминаа петнаесет минути. Повторно гледам и се мислам каде е. Ја отворам вратата, а него го гледам пред надворешнахта врата како лежи. Не е пијан, туку трезен!!!
    Го прашувам: „Што правиш тука? Влегувај внатре!„
    А тој ми одговори: „ Не можам, за мене овде нема место!!!„
    „Влегувај!„
    А тој започна да лази и влезе внатре.
    Се зачудив кога ја видов моќта на осветувањето на домот
    А најчудно е што тој човек потоа започнал да го променува животот...

    Кај нас осветувањето на домот е сфатено сосем поинаку. Како нешто што е во мода и што излишно, но суштината на вистинската смисла на осветувањето е многу поинаква.
    Зошто се осветува домот?
    Кога еден Божји храм се осветува, Бог испраќа на тој храм Ангел кој ќе го чува и заштитува тој храм.
    Како што Бог испраќа ангел кој би се грижел за тој храм, за тој Жртвеник во храмот, така Бог и во домот го испраќа ангелот кој е чувар на цалиот град, област.
    Храмот може да го освети само епископ, а домот на луѓето, парохискиот свештеникот. Никогаш сам свештеник не може да освети храм.

    Дел од чинот на осветувањето е помазувањето на влезните врати со осветениот елеј (масло) кој се осветува за тој чин во домот. Свештеникот со тампонче за уши црта на секоја врата крст, а внатре на источната страна на ѕидот се црта голем крст.
    [​IMG]
    Кој претставува најсилното оружје против невидливите непријатели.

    Особено важно е да се потенцира, а тоа е животот на луѓето кои ќе живеат во тој дом. Ако тоа семејство живее неморален и нехристијански живот и покрај осветувањето на домот, ангелот од тие безаконија се повлекува и не го заштитува. Но сепак е осветен, па ако еден ден се пробуди покајанието во душите на тоа семејство, Бог го враќа повторно тој ангел кој би се грижел за луѓето и би ги заштитувал од сите негативни влијанија.
    Во моја непосредна близина, денес, познавам едно семејсвтво кое во овој 21 век живее за нас кажано, малку чуден живот. Никогаш не ја заклучуваат влезната врата. Каде и да одат кај нив е потполно отворено, а тие само одговараат дека Бог ги чува. Толку е силна нивната вера што воопшто не се плашат. Не се плашат и така живеат деноноќно. За нив сакам само да напоменам еден скромен факт, дека во нивниот дом постојано е запалено и свети кандилото пред иконите, а тие живеат вистински христијанкси живот, во пост, молитва, подвиг. Во нивниот дом владее некој мир, тишина, што кога влезе човек внатре, едноставно го чувствува тој бран на топлина.
    Тоа е она што во домот се чувствува. Дали Бог е присутен таму или не!

    За крај, за некој кој му било од помош, потребните работи за тој чин.
    * Сад со вода (за осветување)
    * Голема свеќа
    * Помалечки свеќи за присутните кои се делат и се запалени во текот на целиот чин
    * Пченица
    * Погача ( која се прережува во чест на заштитникот на домот- куќната слава)
    * Вино
    * Масло
    * Тампони за уши
    * Кадилниче
    Да дадам само една малечка забелешка, дека во некои градови пченицата се заменува со брашно од кое се прават просфори и се носат во црква. Што значи, ни едното, ни другото не е погрешно, зашто и во двата случаеви се врши осветување и се дава благослов за умножување на храната во домот (тоа ја симболизира пченицата, брашното) :) .
     
    Mama25, Makide, Libera and 1 other person like this.
  6. joelle

    joelle Популарен член

    Joined:
    Aug 25, 2010
    Messages:
    1,117
    Likes Received:
    2,368
    дали куранот е исто толку голема книга како библијата, и дали пишуваното е во сличен стил како библијата ? може ли да се купи негде на македонски и ако е многу голема дали постојат некои скратени верзии ( како оние за деца книги што им ги даваат за почетно претставување на религијата)
     
  7. kravce

    kravce Форумски идол

    Joined:
    Jan 19, 2012
    Messages:
    3,808
    Likes Received:
    52,974
    Пост

    ^ знам дека не е во склоп со темава, ама може да ми објасните што е тоа смртен грев :^)
     
  8. Nefertitii

    Nefertitii Истакнат член

    Joined:
    Mar 21, 2013
    Messages:
    153
    Likes Received:
    239
    Пост

    Смртниот грев е непокорен бунт на човекот против Божјата волја и таквиот грев го одделува човекот од Божјата благодат и уништува секое добро во душата.

    Смртни гревови се :
    1) гордост,
    2) лакомост,
    3) блуд,
    4) завист,
    5) стомако- угодие,
    6) злопамтие,
    7) мрзливост
    Сите овие гревови се нарекуваат главни, почетни зашто од нив произлегуваат сите други гревови.

    Овие гревови на нив се победуваат со спротивните на нив добродетели,на пример
    гордоста се победува со кроткост и смиреност,
    скржавоста со дарежливост,
    блудот со противење на телото и со чистота,
    зависта со љубов,
    стомакоугодието со воздржаност и трезвеност,
    злопамтието или гневот со трпение и кроткост,
    мрзливоста со ревност и трудољубие.

    Се надевам дека ти е по јасно :)
     
    kravce likes this.
  9. kravce

    kravce Форумски идол

    Joined:
    Jan 19, 2012
    Messages:
    3,808
    Likes Received:
    52,974
    Пост

    Мислев конкретно што значи смртниот грев као...до смрт не ти се опростува, и во смрт не ти се опростува...што е смртното во гревот? На тоа мислев :)
     
  10. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Joined:
    May 31, 2012
    Messages:
    1,927
    Likes Received:
    4,699
    Gender:
    Male
    Пост

    Смртен грев е оној грев кој што ако не ни е исповедан и немаме издржано епитимија за него тогаш во случај на телесна смрт, ќе добиеме и душевна смрт. Односно со смртен грев на нашата душа нема да нѐ прими Бог во рајот, но ќе заминеме во другото место. Под покајание на смртен грев се подразбира и решение и цврста волја дека никогаш во животот нема да го повториме.
    Сепак Бог е Семилостив и ги проштева и смртните гревови на оние кои се кајат од срце и душа.
     
    hermosa and Nefertitii like this.
  11. Nefertitii

    Nefertitii Истакнат член

    Joined:
    Mar 21, 2013
    Messages:
    153
    Likes Received:
    239
    Кравче всушност секое непочитување на божјите заповеди е смртен грев .
    Е сега доколку навистина се каеш ,со правилното покајување смртниот грев се искупува со Христовата жртва.Верникот кој се покајал на божјиот суд нема да биде осуден .
    Значи поентата ми беше доколку има покајание нема таков грев кој бог ни во смрт не би ти го опростил .Зошто еден е тој и милостив.


    е сега незнам дали одрекувањето од светиот дух и богохулење е грев кој може да се прости ?Затоа што мислам дека овие два грева се најголеми .Тоа би ја замолила Серафима или некој друг што знае да ни појасни.

    јас ова го имам некаде прочитано и стварно не ми е јасно какви се тие гревови ?

    И во врска со курбанот ,ние сега дававме курбан односно колевме јагне за починат член во нашата фамилија .Мене не ми е јасна таа работа со курбанот како што гледам ја нема никој спомнато и во темава .

    Па ...би била благодарна ако ми ги појасните овие работи .?.
     
  12. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Joined:
    Feb 2, 2011
    Messages:
    5,238
    Likes Received:
    48,597
    Gender:
    Female
    Не знам дали прашањево е за тука ама не знаев кај да прашам :(

    Дали некаде може да се најде православно календарче за 2014? И дали се знаат празниците како паѓаат догодина? Преска бев во црква и сакав да прашам ама освен жената што продаваше свеќи никој друг немаше :(
    Имено ме интересира кога догодина се паѓа летната задушница, знам дека секогаш е јуни месец ама на различни дати. Ние сакаме тој период да правиме свадба и за месец ипол ќе идеме да закажеме ама ми е страв да не закажам баш кога ќе е задушница,после откажување нема, а не е убаво и не сакам да правам свадба тогаш :(
     
  13. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Joined:
    May 31, 2012
    Messages:
    1,927
    Likes Received:
    4,699
    Gender:
    Male
    7. јуни е Мртва Сабота, а постите почнуваат од 16. јуни.
     
    Witchman and anastasijaki like this.
  14. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Joined:
    Feb 2, 2011
    Messages:
    5,238
    Likes Received:
    48,597
    Gender:
    Female
    Ни за време на постите не се прави свадба? :?:
     
  15. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Joined:
    Aug 10, 2011
    Messages:
    2,790
    Likes Received:
    2,553
    Gender:
    Female
    ^ Па обично за време на постите не се прави свадба, меѓутоа по договор со цркавата и со попот може да се направи исклучок. Најдобро е да прашаш некој поп :)
     
    anastasijaki likes this.
  16. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Joined:
    May 31, 2012
    Messages:
    1,927
    Likes Received:
    4,699
    Gender:
    Male
    Не се прави во Велигденските и Богородичните пости, во Божиќните пред Пречиста и по свети Спиридон. Во Петровденските и од Пречиста до свети Спиридон може да се прави со дозвола од надлежниот владика. Но, задолжително е на тие што ќе постат да им се овозможи и посна храна. Сепак најдобро е да се прави свадбата во мрс.
     
    Witchman and anastasijaki like this.
  17. hermosa

    hermosa Популарен член

    Joined:
    Dec 7, 2011
    Messages:
    3,726
    Likes Received:
    9,496
    Gender:
    Female
    види вака:ако сте христијани и верувате во Iсус,тогаш не треба да колете курбан,бидејќи Iсус не случајно се нарекува божјо јагне.тој ги откупил сите наши гревови со својата смрт,и ако си ја читала библијата во Nовиот завет никој нема спомнато давање курбан.се надевам ти се разјасни ова.сакам и личен пример да ти дадам:татко ми еднаш кога купи нов автомобил даде курбан ,го премачка со крв автомобилот и правеше тешка сообраќајка.едвај остана жив.

    A за гревовите се мисли на земните нешта,кои духовно го оделуваат човекот од бог:завист,алчност,љубомора,пцуење,бугохулење,обожавање туѓи богови,правење идоли ,блудство,прељубодејство,убиство,итн...воглавно прекршувањето на десетте божји заповеди.а на земјата ги искусуваме последиците од гревот ,а казна за гревот е смртта.затоа Iсус вели:кој верува во Mене,ќе има живот вечен.бидејќи тој ја победи смртта,умре и воскресна по три дена.така и верниците ќе воскреснат на судниот ден,бидејќи сме скапо откупени и платени со Nеговата крв.и ќе дадеме одговор за се она што сме го правеле на земјата.
    напишано е и дека многумина на судниот ден ќе сфатат дека се световни,измамени од светот кој е наречен блудница,за човекот да му слузи на создаденото наместо на создателот.
     
  18. hermosa

    hermosa Популарен член

    Joined:
    Dec 7, 2011
    Messages:
    3,726
    Likes Received:
    9,496
    Gender:
    Female
    Зачнување за време на пост

    сакам само да кажам нешто во врска со блудот.Iсус рекол:блудниците нема да го наследат божјето царство.
    додуша,сите оние кои се грешници нема да влезат ако искрено не се покааат и не ги остават гревовите зад себе.немојте погрешно да сфатите што пишувам во трето лице,тоа е за да не навредам некој :!: .
    ги знам убаво божјите заповеди,но тогаш кога се впуштив во блуд не ни знаев што точно претставува бракот,дека е грев предбрачниот секс,не сум ни размислувала за тоа.откога дознав како да му служиме на бога,се разочарав од себеси.и многу се каам,и на дело е така.се трудам колку што можам да го исоренам гревот од себе.исто така читав и дека сатаната ја злоупотреби желбата за сексуални односи,и кај младите настана сексуална револуција.
    но ме плаши она што е опишано во библијата,дека луѓето нема да покаат за своите гревови и ќе бидат пратени во пеколот.
    може ли некој да ми помогне како да постапам :geek: ?ужасно со години ме мачи грижа на совеста.
     
  19. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Joined:
    May 31, 2012
    Messages:
    1,927
    Likes Received:
    4,699
    Gender:
    Male
    Зачнување за време на пост

    Радувај се Хермоса,
    и не плаши се, ти веќе си се покајала и тоа е најбитно.
    Кога си згрешила си била како дете кое паѓа во калта и се валка. Сега кога се каеш ти си како дете кое веќе станало од калта и сеуште е валкано, но по неговата нечистотија не се зголемува. За да биде скроз исчистено потребно е мајка му да го искапи и да го облечи во нова облека. Водата во овој случај е светата тајна исповест, облеката е светата тајна Причаст, а Мајката е сам Господ наш Иисус Христос.
    Повторно ќе те потсетам, како и` рекол Христос на грешницата? Оди и не греши веќе. Во тој момент таа грешница, таа блудница станала чиста како девица.
    Значи кога веќе си се покајала, за целосно да ти се разреши гревот потребно е и да се исповедаш за да имаш сведок пред Бога дека се каеш за сторениот грев, а за да си ја очистиш совеста, замоли го отецот да ти даде и епитимија (“казна“ за неделото). После тоа радувај се што ти е простен гревот, но не ги заборавај страданијата кои ги нанел на твојата душа, за никогаш повеќе во животот да не го повториш.
     
    Witchman, Serafima and hermosa like this.
  20. hermosa

    hermosa Популарен член

    Joined:
    Dec 7, 2011
    Messages:
    3,726
    Likes Received:
    9,496
    Gender:
    Female
    Зачнување за време на пост

    Tи благодарам на се orthophill,ќе ги следам твоите совети.навистина прекрасно ми објасни.баш кај мојот тогашен дечко ја прочитав библијата,дома имам само библија за млади. поздрав :hai:
    daylight,ти благодарам и тебе на одговорот.но ако си читал библија сигурно си читал дека блудство не треба да има меѓу нас.а блуд е предбрачниот секс,а прељубата е кога ќе го изневериш партнерот.бракот е света тајна и не ни е допуштен секс пред брак,бидејќи сексот треба да претставува чин на љубов меѓу сопругот и неговата сопруга.исто така бог им вели на своите синови:не оди сине кај блудницата ,нејзините нозе водат долу кон смртта.бидејчи блудот постоел уште од самиот почеток на човештвото,во библијата јасно е опишано кои се казните и последиците за тие кои вршеле блуд.биле каменувани,мачени и убивани.и Iсус кога отиде на крстот и го даде својот живот,беше за да се покаеме и да не грешиме,бидејќи тој е јагнето,тој е откупнина за нас.имам читано книги каде млади христијани опишуваат какви се нивните искуства со предбрачниот секс,и овеќето увиделе дека им го нарушува духовниот мир.таа е божјата волја се вели во библијата:да не блудствувате и секој да го држи својот сад во светост и чистота,бидејќи Jас сум свет.Aко ме љубите ,ќе ги извршувате моите заповеди.
    A за тоа за пеколот,сигурна сум дека си го читал Oткровението на Jован,каде е опишана апокалипсата и Vторото Hристово доаѓање.
    A за тоа што рекла таа денешна пророчица не верувам,бидејќи убаво си пишува во библијата да не веруваме на пророци ,гатачи,бајачи.нивната моќ е од сатаната :| .