Дали бог ги сака и им дава прошка на силувачите,педофилите,убијците,крадците ? Ако одговорот е да, а претпоставувам дека е, тогаш срамете се од која религија припаѓате.
Значи не,тоа беше кажано у негативна конотација.Бог ги сака сите луѓе какви и да се,и им простува доколку тие се покајат вистински.Финтата е дали тој убиец,крадец, и сл ќе се покае вистински и ќе го побара Бога во срцето свое.Тие таквите се отпаднати од верата,и се далеку од Господа бидејќи немаат страв Божји и затоа творат злодела.
Не, не им простува ако продолжат да го прават тоа, туку ако престанат да го прават и се покаат. Никаде Бог не ги одобрува овие работи.
Супер. Имај дете ти, нека биде брутално силувано од 50 години + постар чиче, и живеј со мислата дека еден ден ќе му биде простено у случај да постои виши суд. Занесени сте ептен, не се трпите.
Бог не е само милостив, туку и праведен! Ако ваков идиот се покае, Бог ќе му прости, ама прво ќе си ја добие епитимијата, т.е. „казната“. Не се секирајте, има Божја правдина.
Не сме занесени овие работи не се лесни...Но, Бог ја има таа особина да простува и да го прифаќа грешникот доколку се покае бидејќи го сака со безусловна љубов која ние не може ни да ја замислиме... Во Библијата пише „сакајте ги своите непријатели“ ... а за жал ние искрено не ги сакаме ни тие што ни се пријатели... далеку е познавањето на љубовта од нас.
Види вака,ги мешаш брзините.Јас ти одговорив на твоето прашање дали Бог им простува на тие луѓе.Од моето лаичко знаење произнесов мислење.Но ти не ме праша што јас би направила во случај тоа да му се случи на моето дете туку сама си изнесе став,во мое име и тоа дека јас би седела и чекала тоа да му биде простено.Нејсе,не ми се дискутира веќе обемна е темава
Си даваш аутогол самата Значи луѓето не треба да ја земаат правдата во свои раце, бог е праведен и семожен, и казната ќе го стигне злосторникот, ама ТЕОРЕТСКИ, така ? Во пракса, кога тоа би се случило на твоето дете, сама ќе ги земеш работите во своите раце и ќе пресудиш ? Не би била толку мирољубива и спокојна тогаш така ? Зошто ? Зарем бог ќе те напушти во тие моменти ?
Религијата собира следбеници, глуви и слепи, со приказни и фино спакована пропаганда на кои една бајковита лага им се чини праведна и мирољубива. Таа лага т.е идеја ја индоктринираат и ја шират понатаму за да биде прифатена од што поголема група на луѓе. Слично како во политиката. Идеја заснована на доминантната човечка особина - страв. Страв од непознатото, страв од казна,страв од бол, страв од патење. Јас лично не можам да имам страв , од моја перспектива, од нешто непостоечко, али имам свест изградена од животното искуство, свест за светот и окружувањето и за тоа како фунцкионираат некои работи, и како резултат на тоа имам страв од реалното. Тоа е целата поента, полесно е да се владее со луѓето кога стравуваат од нешто.Порано царевите и кралевите биле претставувани како синови божји или пак негови пратеници и имало ефект. Никој не смеел да им се спротистави на крадењето, убивањето и малтретирањето, а обичните луѓе живеле со утехата дека во афтер лајфот бог ќе ги награди за патењето. Смирување на совеста со ветено нешто. А совеста е природна казна за повеќето луѓе, твојот разум ти кажува кое нешто е исправно, а кое не. Разумот, а не бог. Па кога разгледам наоколу, најголемите верници се оние без трунка совест во нив. Апсолутен недостаток за сочуство со туѓ бол и несреќа. Емпатијата никогаш не била јака страна на аврамските религии
Леле,леле како првин ако сакаш да дискутираш ти требаат контра аргументи.Ти гледам,слабо некако имаш.Јас во мојот пост не пишав што би направила доколку тоа му се случи на моето дете,а уште помалку кажав дека правдината јас ќе ја превземам во мои раце.Еве неколку можно опции 1. Можеби јас сум преподобна и после таква случка ќе се молам за Силувачот?! 2.Можеби јас сум емоционално слаба особа и ќе не знам да се соочам со ситуаијата и ќе побегнам во некој манастир. 3.Можеби сум фрик манијак и ќе го упуцам идиотот 4.Можеби ќе ме фати депресија и ќе се самоубијам самата. ......долга е листата...... Не ме знаеш,не ме познаваш и не ме суди а уште помалку НЕ МИ СТАВАЈ ЗБОРОВИ ВО УСТА Доколку не си верник и немаш љубов кон Христос оди прошетај по други теми,не туку прави гужва тука.
Ах брее, заслепена си ти со твоето размислување за верниците кои ги знаеш, а всушност вистински тие сигурно не се верници туку се исти како тебе. Каков страв? Од кого страв? Ти се плашиш ли од некој кој те сака и заштитува? Скроз погрешна слика имате за некои работи. Ама јас не очекувам да ме разбереш мене.
They are from the world; therefore they speak from the world, and the world listens to them. 1John 4:5 Не се работи за незнаење туку се работи за друго учење. Нивната замисла за Бог е Бафомет практично. Не е ни чудо што ставаат споменици во Америка од него. / Човек кој живее или се труди колку што може да живее по Божји збор не би требало да чувствува страв од казна, болка или било каков страв како што вели таа... Ама тоа е она што ги плаши и спречува за тие да живеат изопачено и прават зло. Всушност атеист не би требало да го засега никакво постоење на Бог а не пак божја казна.
Кога ќе се погледне дискусијата која се одвивала на последните неколку страни од оваа тема ќе се види дека факти и аргументи поврзани со религијата нема воопшто. Секој си ја врти водата на својата воденица. Гледам дел од вас велат дека религијата е најголема опасност односно најголемо зло за луѓето. Системот кој е креиран од страна на луѓето односно општеството кое е создадено е најголемо зло. Да не зборуваме воопшто за тоа дека некои правни норми, начела, закони и подзаконски акти како сакате наречете ги не се имплементираат на начинот како што треба во пракса остануваат само на хартија. Религијата станува зло само кога креаторите на системот ќе ги вмешаат своите прсти таму каде што не треба. Голем дел од верски објекти претежно на Балканот се користат како складишта за оружје или дрога и психотропни средства. Постојат џамии на Косово чија единствена намена е тоа. Злоупотребата на религијата и верските објекти за други цели е поради човекот, а не поради Бог и неговото учење. Едните тврдите дека не постои Бог , а другите велите дека постои? Како сте толку сигурни дека постои или дека не постои? Врвот на целата оваа дискусија е тоа што на дел од вас ви пречи оној кој верува , а на другата половина или другата група им пречи тоа што останатите не веруваат во она во кое што вие верувате. Зошто да ви пречи доколку некој молитвата го смирува и на таков начин му олеснува на душата? Па дури и да не постои Бог на вас тоа нема да ви смени ништо. За тоа што религиите се користат како начин за некој да се збогати не сакам да зборувам, оти се изјаснив што мислам за тоа во некои мои претходни излагања. Од сето ова може да заклучиме дека човекот односно поединецот од религијата може да создаде зло и да ја искористи за остварување на свои цели. Инаку научно е докажано дека молитвата на човекот му помага полесно да се носи со проблемите и го смирува. Немав намера да коментирам ама ме испровоциравте со вашата дискусија и да не беше трагично, можеби ќе беше смешно од некој друг аспект ако ги гледавме работите. Дали ќе веруваш или нема да веруваш е твој избор и твое право. Дали религијата е зло или не е зло зависи од кој агол ги гледате работите. Затоа глупаво изгледа да се убедувате меѓу себе кој е во право, а кој не е во право во поглед на ова прашање.
Не знам дал ми е за овде прашањево, али ми текна вчера и стварно ме заинтересира. Пример, ако младиве се венчани и во црква и матично и игром случаја, се разведуваат, што се дешава со црковниот брак? Може ли после пак да се венча во црква било кој од нив?
Можеш и 10 пати да се венчаш во црква никој нема да ти забрани пошто свештениците пари ќе земат од тоа но не е убаво, не е по божја воља. Тоа е исто како да се покрстиш по втор пат без причина.
Мислам дека само два пати може црква да те развенча од бракот а после немаш трета шанса...Како што вели членот над мене, не е точно, неможеш колку сакаш, само два пати.
Не знам колку пати можеш, ама мораш да имаш причина за разводот, која ги задоволува црковните критериуми.