Имаш диплома? Твоите извадиле кредити за да те школуваат? Вработен си во јака фирма на јака позиција? Задоволен си со семејството, работата, пријателите, но, чекај, не си женет? WHAAATTT? What the fuck is wrong with you fella? Смири се. Имаме решение за тебе и твојот беден живот. Пакувај ги куферите и оди во манастир да се заклучиш, зашто ако не си женет на 25 години рачунај дека си пропаднат случај и џабе е се што си постигнал досега во малиот живот. Амин. П. С. не ти треба психијатар ако имаш проблем, туку поп.
Убаво кажа и ја кажа вистината, денес за жал знаме дека се изгубени правилните вреднсти и затоа рече поубаво е и порано кога би стапиле во брак , или некои да си најдат прибежиште во верата , тие се двата важни столба кај нас христијаните, сакање со ближните и на семејството.
Па вистински морални особини се почитување на ближните околу себе , денеска владее материјалното, егоизмот, повеќето гледаат низ таа призма, се губат тие традиционални вредности но кроз верата се осозноваат тие работи малку подлабоко и ги гледаш со поинакви очи, тоа се вредности кој мораме да ги поправиме ако сакаме околу нас добри односи нормално и од другата страна прифатени.
A за да бидеш добар човек, да ги сакаш блиските итн. мора да си верник? Или пак мора да се ожениш/омажиш?
Како со тоа што нема да стапиме во брак рано или што нема да се замонашиме не ги почитуваме ближните? Дали навистина мислите дека со вакво нешто би се подобриле меѓучовечките односи? Не ти треба ова за да си добар човек и нематеријалист, тоа зависи од тебе. Sorry, ама образованието треба да биде пред сето тоа, а не уште на тинејџери да им се наметнуваат такви обврски.
@orevokrsacka, @monibejbi, Владиката Петар е обичен криминалец практично. Приведуван бил, со постапка против него, башка што без срам ги брани луксузирањата на свештениците, тоа му беше претходната скандалозна изјава пред оваа. Имајте малку почит кон себеси, не дозволувајте вакви луѓе да ги сметате за нешто повисоко од вас и дека треба да ве поучуваат на нешто. Мене како неверник воопшто ова не ме тангира и допира у здрав памет. Ама мене не ми е гајле само за себе, туку и за поразумните верници, кои не треба никој да ги уназадува и „поучува“ на вакви ствари надвор од реалноста.
„Инаку животот е бесцелен ако луѓето не ја постигнат целта, а таа е спасение на душите, а спасението се постигнува на два начина преку заедницата брачна или преку посветувањето на бога како монаси или монахињи“ - рече Петар владиката. Ако спасението се постигнува преку брак, тогаш тоа значи дека и неверниците што се во брак се спасени?
Не, можеш и да си лопов, да имаш швалерки, да јадеш прасе коа се пости, да силуваш, да имаш црн џип...
Или постави ја изјавата кај што брани криминал или биди доблесна и извини се дека клеветиш! ПС: Секој е невин додека судот не го докаже спротивното. Утре да појде некој в полиција и да каже дека @Someonespecial нелегално превезувала мигранти и тебе ќе те приведат. Ама ако не е направено кривично дело и ако нема докази - џабе се обвинувањата.
Попче си, разбирливо е да си ги браниш колегите. Работата е што ниту едно свештено лице НЕ СМЕЕ да биде во таква позиција, на неговиот лик и дело да стои прашалник за криминално дејствие, а не па дури да се брани. А знаеме сите што и како се прави, нема потреба да не правиш дека сме од Марс паднати. Тие џипови, јахти, луксузи од господ не им се доделени за боље да си ја вршат задачата. Штета само што сме во една руинирана држава, каде црквата и поповите се заштитени ко бели мечки, па никој не им може ништо. Али сега за сега е ова, ќе помине и нивното. Секако све помалце и помалце влијание имаат и предмет на мајтап се. Еве прогуглај за статијава, споделена е од многу портали наши, дури и српски, па ќе видиш дека дури и верниците мајтап до коска му играат. Нека отиде да се замонаши он и нека живее прописно животот кој го проповеда, во СКРОМНОСТ, па тогаш ќе му поверувам.
Можеш да си мислиш и дека сум камила, ако ме замислуваш дека сум со грпка. Во Советскиот Сојуз сите свештеници биле обвинувани и гонети од власта само затоа што биле свештеници. Дали според ова што го пишуваш истите не требало да бидат повеќе свештеници? Ако некој се борел и се бори за ред и поредок е овој владика. Колку недостојни свештеници има распопено... Женет беше 7-8 години, но жената му почина млада, иако и куќата си ја продаде за да ја лекува во странство. Монах е веќе 37-8 години. Човекот е друштвено битие и потребно е да биде во заедница. Православната Црква познава две заедници и тоа - брак и манастир. Нормално ни живеењето надвор од овие заедници, ако се живее во девственост и чистота, не е погубно, но подобро е да се живее монашки или брачен живот.
Да, ама според ова твое кажување може да се живее во самотија надвор од манастир, дури и ако си православен христијанин. А според владиката не може.
Може и според владиката, зашто во спротивно ќе им забранеше на ергените и момите да ја примаат светата тајна евхаристија - причестна. Ова што го кажува владиката е само совет, а не правило - наредба.
Знаеш ли колку верници ќе изгуби да им забрани причесна на неженетите/немажените? Која црква сака да губи верници?
Во Библијата јасно го пишува ова што го кажа Владиката Петар,токму Апостол Павле вели дека треба да живееме живот во брак или монашки и никако поинаку. Е сега лицемерна би била доколку би рекла дека ќе се замонашам бидејќи ете не сум сеуште омажена,а притоа си ја сакам и негувам верата на едно повисоко ниво... Секој нека прави како мисли,крај краева не секој може да живее монашки живот,за тоа треба многу повеќе посветеност и пожртвуваност кон Бог,а јас не сум подготвена на таков чекор,мислам мене во оваа ситуација во која сум моментално тешко ми е да постам како порано што постев а не да бидам монахиња. И по стоти пат,не се сметам за совршена или безгрешна бидејќи сум верник,едноставно така сакам и осеќам потреба да бидам тоа откако знам за себе,а дека постојат добри луѓе и во "неверниците" и тоа како постојат....
Ами има и многу што абортирале, па ним им е забрнаето да се причестуваат - долго време. Има и од оние кои живеат во разврат, уште повеќе, па и ним им е забрането да се причестуваат дури да престанат да живеат така и долго време потоа за да се покајат...
И онака најголем дел од луѓето стапуваат во брак кога тогаш. Зошто тоа да биде рано не сфатив? Каде толку брзање?