1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Рама, совршено те разбирам.
    Ти си една од луѓето што најмногу ги почитувам на форумот.
    И јас сум верник, ама можат слободно и владиката и сите околу него да блеат колку сакаат. Третина од немажените верници да им идат во манастир ќе се предомислат одма, оти трошок се.
    Можеше и граница на години да каже, до кога си престарен за брак :D
    Владиката е познат по скандалозните и бесмислени изјави и тоа никој не може да го негира. Друго што и тој е човек како тебе и мене. Далеку понесовршен од мене и тебе заедно, ама спремен веднаш да дели совети.
     
    На CameliaMiller, Nausicaa, Feminka22 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Ти ја сфаќам поентата,точно е дека никој поп,владика што и да е не може да те присили да заминеш во Манастир,и нема право на тоа од денешна гледна точка,но само се надоврзав дека тоа што го кажа тој го пишува и во Библијата.
    Затоа си кажав во мое име,подобро ќе седам сама и немажена отколку лицемерно да заминам во Манастир кога не сум за таму,тоа е голем чин и чекор и секој не е за таму,за таму треба да те води оној "внатрешен глас" а не само требало-не требало на кој му текна заминал и после пу пу не важи...
    Имаме ние одлични монаси и монахињи во права смисла на збор,да не грешам душа има и исклучоци секако и кај нив и кај поповите,ама таму нека му е.
    За Петар конкретно имам и јас слушано некои работи за кои не знам што е вистина што не,само знам дека не му верувам слепо....
     
    На Shalitra, afrodita94 и DAngel им се допаѓа ова.
  3. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    https://a1on.mk/archives/850621
    И лол, ај chill човече. На форум си, световна ствар, а не на суд и тоа со црковни закони. Можеш само да сонуваш дека ќе се извинам за критики кон твојата сакана мафија.
    Да, само што сега сме далеку од комунизам, скроз напротив - свештениците се заштитени ко бели мечки и невини за сѐ. Имаат целосно одврзани раце да се обидуваат да се мешаат јавно во личните избори, во државните работи, да купуваат облакодери и тоа во согласност со владите - и десничарската, и оваа supposedly левичарска.
    Ако при ова бил приведен и осомничен, што останува за „невиност“...

    Освестете се, додека и ние безбожниците, и вие религиозните исто живееме просечно со некаде 20-30-40 илјади месечно - овие се расправаат со милиони, со џипови, облакодери. И ко врв на сѐ, ви проповедаат и наметнуваат лудости во улога на пречесен и совршен авторитет.
    Го заслужуваат истиот гнев како и политичарите, и немате никаква објективност, ниту општествена одговорност ако ги оправдувате.
     
    Последна измена: 20 декември 2018
    На Lella, CameliaMiller, daylight и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.692
    Пол:
    Женски
    Тоа е бидејќи свештенството ни е расипано, не е до религијата или до нас олабави малце.Се дур има овци за стрижење и волна ќе има.
    Тоа што е лудост за тебе за нас е светост олабави.
    Ние да не им плаќаме на свештениците за верски обреди и свеќи шипки пари ќе имаа.Они бараат пари ние им даваме.Не го мешај христијанството во ова.
     
    На Rama и buba4e89 им се допаѓа ова.
  5. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Цела недела се пости сега или до св.Никола беше тоа? Ме интересира зошто јас не постам ама сакав чоколада да носам за да почастам ради еден договор у друштво, но знам дека некои постат и веројатно нема да јадат ако уште се пости. :?:
     
    На buba4e89, Rama и Feminka22 им се допаѓа ова.
  6. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    До Божиќ се пости :)
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.182
    Допаѓања:
    57.696
    Пол:
    Женски
    @Orthophill Точно е све што напиша. Со подемот на комунизмот и Лениновата пропаганда многу религиозни луѓе и свештени лица го јаделе стапот. Знам дека ги имаат и убиено тие најхардкор што биле, а имало и во лудници што ги праќале.

    Е сеа прашањето и до тебе и до сите конзервативци ми е како може и покрај тоа што осетило Христијнството (иако сосема мал период во споредба со други хорори) како е на своја кожа дискриминација, праќање во лудници и слично, пак да има осуда кон сите кои не се поклонуваат на таа религиозна идеологија. Нели не ве научило тоа нешто, дека секој човек треба да си е слободен да си ги интерпретира тие работи како сака? Еве пак @Rama ќе ја земам за пример, девојчето си верува, јас ич не сум согласна со нејзини ставови, ама ниту еднаш не се дрзнала лично да не изнавреди оти нас некои работи од Христијанството ни се смешка. И поголем верник е од сите кои поганат по теми се што не спаѓа во таа библиско-христијанска рамка.

    А за се поголемото губење на верници не ви е виновен никој, баш заради горенаброените причини, затоа што се преповеда едно, а ни самите попови не го почитуваат тоа. Па во првите правила на Мојсеј е скромноста и давањето на сиромашни, овие не знаат колку џипови и јахти имаат.

    Пуштете малце душа, прифатете го човек каков што си е и прекинете да пробувате да ги искалите луѓето според книга (бајт ми, книга е), нека научат и тие што е скромност ќе видиш колку ќе се подобри ситуацијата.

    Проблемот си потекнува од самите вас, ставете си прст на глава место да го вперувате во атеистите дека ние ги расипуваме луѓето.
     
    На lovestoneddd, CameliaMiller, Nausicaa и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Оу..се гледа колку не сум информирана. Епа ништо тогаш ќе однесам, кој јаде нека јаде. Фала ти. :D
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.692
    Пол:
    Женски
    Само 18,19 се пости ама сега се и Божиќните пости од 28.11 до 06.01
     
    На Rama и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  10. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Е тоа е не можеш да мислиш за сите кога не одговара....јас минатата година постев а и беше роденден на внука ми,во игротека сите јадеа торта и пица јас не :D не ми беше некој виновен,се е сопствена желба :)
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Па не сакав за да не им е глупо, а и на мене, сум била на диета и баш у тие моменти сите наоѓаат да ти нудат нешто и да те стават во искушение. Ама у право си се е сопствена желба. :) Ќе прашам сега убаво за секој случај кој пости, па ако се појше од 2ца ништо. :D
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    1) Владиката си кажува за својата епархија и за својот возен парк.
    2) Скоро сите свештеници што се по парохиите земаат плати од околу 30.000 денари. Во помалите цркви ни толку не земаат. Се прашувам колку треба да имаат приходи? Минимални плати или уште помалку? Патем во Македонија свештениците се дефицитарен кадар, пратете ги синовите на богословија, ако се достојни и ако учат ќе станат попови и ќе земаат плати од 30.000 денари.
    3) Џипови возат некои од професорите на богословските училишта и некои од владиците. Се сложувам, Светото Писмо не` поучува сите да живееме скромно и тоа доброволно. Јас во секој случај не се луксузирам и тоа за мене е непотребна глупост.
    4) Црквата поседува капитал и со него треба да си управува. Како што секој од нас има некаков имот со кој си управуваме. Факт е дека верниците се во мал број. Оние кои што донираат во уште помал број. Го слушнавте владиката, само во неговата епархија има 100 празни манастири (а колку само пусти селски цркви). Свесни сте дека тие треба да се одржуваат? Да се чистат, да се плаќаат комуналии и струја за нив? Да се поправаат? За тоа реално требаат пари. Паркингот кај Холидеј Ин е во сопственост на Лешочкиот манастир. И тоа е/беше единствениот сигурен приход на епархијата тетовско-гостиварска. Свесни сте колку христијани има во тие два градови? Знаете колку цркви и манастири има кои треба да се одржуваат, а за одржување требаат пари!
    Ама најлесно е да се вика: Попови-лопови!
     
    На kuc, Rama, Shalitra и 3 други им се допаѓа ова.
  13. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.837
    Допаѓања:
    2.073
    Стапувањето брачна заедница е света работа, таа ја пишува во новиот завет така се продолжувародот тоа е кажано во таа смисла и малце ако ја проучиме знаеме точно што мисли за тоа, а факт е дека како христијани треба да учиме повеќе за нашата вера. А тој што сака да биде поучен од верата се однесува поинакво и е ну е најважен егоизмот и материјалното. Така да има разлика меѓу тој што е верник и што не е.
     
    На Rama, sonuvana, sjdgo и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.645
    Допаѓања:
    52.607
    Пол:
    Женски
    Значи ти сите "неверници" ги класифицираш како егоисти и материјалисти а сите верници обратно. Премногу генерализација.

    А ќе ми одговори некој на прашањето што го поставив погоре?
     
    На Nausicaa, Rama, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Никаде не пишува дека рано треба да стапиме во брак(сето тоа со векови е провлекувано и пренесувано на генерациите дека мораат да се мажат млади,знаеш нели дур се способни за работа,за раѓање на деца,оти според мислењата на огромна бројка на луѓе за жал ако се омажиш подоцна,не можеш да родиш деца,и сето тоа да не се живее со партнер без официјален брак и да се немаат"вонбрачни односи"и уште милион вакви ситници)и јас не се сложувам дека треба вака принудно да звучи малку...ама живееме во време на лажна "морализација" се некој се наоѓа да суди за нешто и да не му се допаѓа,конкретно овде не зборам за Владиката што изјавил туку општо и од народот знаеш какви затуцани коментари следуваат постојано ако не си во брак а имаш над 25,жалосно е да,ама голем булинг се врши над личностите кои се во поодминати години а не се во брак....
    Од друга страна во Библијата јасно си пишува дека секој треба да биде или во брак или во монашки живот,но тоа се однесува само на нас христијаните,и секако не е ни тоа принудно,крај краева сепак имаме слободна воља,јас досега требаше одамна да бидам во Манастир според комшиите и тетки,стрини,или некој си поп,ама не сум за таму и нема потреба да правам чекор за кој не сум спремна никако,само за да го задоволам опшеството....
     
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    2.167
    Допаѓања:
    26.232
    Пол:
    Женски
    Во Библијата го имам прочитано и ми остави впечаток дека и мажот и жената може да имаат вонбрачна заедница и однос, меѓутоа таа да биде заснована само и само од еден ист маж (за жената) и една иста жена (за мажот) исто така Библијата не осудива брак без деца, всушност и самата Мајка Божја е родена во поодминати години на нејзините родители, исто и Св. Јован Крстител.... Петар си е малку контрадикторен, ехеее што се немам слушнато за него лично од луѓе кои биле сведоци на малверзации од негова страна... Не е ни малку компетентен да зборува за тоа кој кога треба да се омажи / ожени или да оди во манастир....
     
  17. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Знам дека Владиката не е најсјаен,да не грешам душа ама и јас имам слушано неубави работи за него....ама јас погоре во постот кажав што вели Апостол Павле во Библијата(вели или да стапиме во брак или монашки живот да живеме)затоа Владиката го кажа она што го кажа водејќи се од Библијата.
    Секако дека Библијата не осудува брак без деца,јас тоа никаде не го спомнав,не навлегувам во таа осетлива тема....
    Ја имам прочитано Библијата повеќе пати и искрено не се сеќавам дека некаде пишува дека маж и жена може да живеат невенчани....ова сега првпат го слушам од тебе,имам читано во Стариот Завет мислам беше,некој пророк кај што вели ако почине мажот а жената остане вдовица тогаш братот на мажот да ја земе неа за жена,тоа за да не остане сама и да не "блудствува".
    Со некои термини не се сложувам ни јас,ама тоа што е тоа е....
     
    На Ygritte му/ѝ се допаѓа ова.
  18. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Нц. Никаде во Библијата не се ни спомнуваат монаси или манастири, така што тоа што го кажал Петар нема врска со Библијата.
    Во Библијата апостол Павле само вели дека ако некој не може да издржи без секс, нека се жени, за да не се секса наоколу со која стигне т.е. бидејќи тоа е грев.
    И плус невистина што кажа Петар е дека спасението се постигнувало преку брачна заедница или преку манастир. На ваква сотирологија и другиве православни цркви ќе му се чудат.
     
    На Snowflake97 и worrieddd им се допаѓа ова.
  19. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    7.811
    Пол:
    Женски
    Ме интересира, што се прави со пченицата што се сади за Бадник?
    Што после празников?
     
  20. afrodita94

    afrodita94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    531
    Во колку часот започнуваат вечерните богослужби за празнициве?
     
    На Orthophill и kuc им се допаѓа ова.