Сакам да прашам дали во иднината кога Бог ќе го уништи злото на земјата, ќе постои слободна воља? Дали може Бог да гарантира дека откако ќе го уништи злото на земјата, нема да се појави пак некој ангел што ќе ја одбие божјата послушност како сатаната??
Pogledaj go vnimatelno videoto dokolku sakas da dobies odgovor na tvoite prasanja i na ona sto ne si imal vreme da prasas se ke ti objasni
Нека ми одговори што значи „текбир“, дали е тоа арапски збор, во војната во БиХ го користеа муслиманите тој збор, а не знам што значи?
Може не е за овде прашањево но се надевам ке добијам соодветен одговор Сум слушнала дека бројаницата одкако ке ја ставиш не се вади се додека сама не се скине, но мојата веке е избледена и не изгледа убаво на рака Дали можам да си ја ставам некаде дома или да си ја носам со мене било во новчаник ташна, или да ја носам во некоја црква
Денес, бев до црква околу 17 часот и ја начекав ноќната литургија. Бидејќи е не постам, дали е во ред што бев? Многу се почувствував убаво плус и се коленичевме пред Бог со останатите верници. Си велевме ' прости ми' си поповите и другите верници. Ме интересира, што се прави по литургијата?
Нема врска дали постиш или не постиш,Господ сите еднакво ги сака .Твој е изборот постот е слободна волја никој на никого ништо не му наметнува.И да убаво е да се присуствува на секоја литургија.
Не може, ама црквата смета дека ти ако си Христијанин треба да се покориш и да постиш, освен ако не ти е разрешено од некоја причина.
Ја сакам да знам зошто религијата којашто е измислена во минатото како начин да се контролира народот се' уште е толку распространета и релевантна во многу сфери од модерниот живот?
Исус се жртвувал себе си за човештвото, Тој го понел со себе гревот на луѓето, се казнил себе си само за човештвото да биде спасено. Е на тоа се темели и е суштината на неговото постоење, Неговата жртва за да не спаси нас !!
Затоа што човекот во суштина сака да верува во нешто, да му дава спокој и мир таа верба... така барем јас мислам...
Јас еве не постам, без никаква посебна причина. Дали тоа ме прави помалку христијанка? јас мислам не... сепак е слободна воља..
Не знам јас кој колку е христијанин, не е моја работа. Само сакав да кажам дека постењето не е предлог, туку е закон. Тоа дали ти ќе постиш или не е секако твој избор.
Убаво си напишала треба, а не мора. Убаво е да се пости, ама и ние што постиме и тие што не постат сме Господови, и Господ ќе ни суди по Својата правда и љубов. Затоа што не е измислена. Во Делата Апостолски е опишана една случка, кога Синедрионот Садукејски почнал да ги гони светите апостоли, станал фарисејот Гамалиил и рекол, дека ако проповедта на апостолите е од луѓето, ќе блесне како полски цвет и ќе се исуши, а ако е од Бога ќе ништо не им можат. И така би, го гонеа Христијанството незнабожечките цареви, тоа се умножуваше, го гонат зловерните еретици тоа се утврдува, го гонеа и безбожните власти, ама пак ништо не му можат. Зошто? Затоа што не е прикаска, туку жива вера, објавена лично од Живиот Бог.