Јас не покажувам нетолеранција кон други религии.Јас кажав дека постојат добри и лоши луѓе.Не ми ги извртувај зборовите. Не знаеш дали сум Марија или Елиф. Не ни треба да знаеш.Можеби така ќе научиш да не ги гледаш луѓето според религија.
@Minci13 изгледа читаш само тоа што тебе ти одговара. Ретки се оние кои и покрај тоа што се начитани и запознаени со животот и кои што сепак одлучуваат да носат, пошто стварно тоа го сакаат - но не можам да речам ,постојат! Ова беше напишано погоре.
Не е точно дека читам тоа што ми одговара.Нагласувам факти и работи кои постојат нагласив и добри и лоши страни.И се појавува членка која упорно пишува обратно и на крај ти вика зошто го мразиш христијанството хахах...
@Minci13 буквално насловот на статијата е "Сакам да бидам гласот на нечујните жени." Значи таа жена избрала многу убава мисија. Да биде гласот на оние жени што не смеат да кажат сами. А ти го правиш сосема спротивното, го игнорираш гласот на тие што не сакаат да носат хиџаб за да го претставиш како некоја прекрасна работа. За мене е парче облека. Ама јас сум за свет кај што никој нема да ми каже "жена си, мораш така". Јас сум за свет кај што ако денес сакам ќе носам хиџаб, утре ако не сакам нема да носам, задутре ако сака маж ми ќе го носи. И никој нема да ми прозбори и прокоментира за тоа, затоа што хиџабот ќе биде само парче облека, а не мерка за вредноста на личноста која го носи.
Напишав дека постојат една група која од љубов го носат друга на која им е ставен под притисок.Јас прва не одобрувам ништо под притисок,убаво објаснив се. Кажав дека не е точно дека религијата им наметнува.Им наметнува општеството маж семејство итд. Премногу ги почитувам тие што се од љубов и почит до тој степен навлезени во религијата.Тие кои се поради финансии или притисок..е тоа се тие нечујни жени.Тоа е тажно и за жал сеуште нерешливо во некои подрачја.
Преку религијата. Исто ти е. Религијата е оружје на патријархатот. Религијата е создадена од општеството за контрола на масите. Да не е религијата, кој аргумент би го имал мажот/семејството да ја натера таа жена да носи хиџаб?
Не, не се фасцинирам. Ме фасцинираат луѓе кои допринесуваат некако за светот, дали за технолошки развој, социјална еднаквост, медицина, образование... шамии и марами од љубов не ме фасцинираат.
Да бе да,јас не ги осудувам оние што не постат ама не сакам ни мене да ме осудуваат дека постам.Аналогно на твојот мубет.За Чудење си ти што не правиш динстинкција и кај тебе се е кул и нормално освем верување во Бога и одење у црква.Ај шетај сеа
Зашто проектираш вака неубави мисли и негативна енергија за време на пост ? Или битна е само храната и на кој датум јадеш риба, а остало нема везе ?
Од досега напишаниве ваши коментари, религијата ја израмнивте со тероризмот ццц... Како да е нешто што ќе не убие во скоро време...
Како те осудуваат дека постиш? Што ти понудиле риба? Може секој да би ги знае 500тр правила? Може некој да ти каже што да јадеш, а што не? Мислам дека сите проблеми и "осудување" ви се во главата само. Да не земале случајно на сила да ве хранат? Гајле му е на некој што ти јадеш или не, оти нема сопствени проблеми доволно
Џабе ќе се објаснуваме,тие што сфатија,сфатија што сакам да кажам,а ти женче олабави ме те молам и не ме цитирај повеќе,стварно си напорна.
Како ќе ми забраниш да те цитирам? Те молам смири се, си го уништуваш постот. Патем, апсолутно ништо корисно не кажа ни на едно мое мислење, освен со "не ме цитирај" не се служиш со друго. Убави те прашав, како тоа те осудуваат затоа што постиш? Околу мене имам огромен број на луѓе што постат, па никој не се пожалил дека е осудуван. Едно е да те осудуваат, друго е да не го разбираат твојот начин на исхрана (како што кажа ти, те понудиле со риба, а не си смеела). Тоа не е непочитување. Имаше многу убава приказна на форумот баш за една девојка што постела и најдобрата другарка и направила торта, изненадување за роденден без да знае дека кога се пости не се јадат млеко и јајца. Оваа каснала од тортата без да и приговори на другарката, и се заблагодарила, се исповедала и продолжила со постот. Големината на постењето е многу повеќе од храната што ја јадеш. И цел живот месо да ставиш во уста, не те прави достоен христијанин кога си полна со злоба и гнев. Ќао.