Идеологии се причина за војна и омраза меѓу луѓето. И религијата е идеологија. Друго, не знам зошто умрените од холокаустот ги препишуваш строго на атеисти, кога да не било христијанството не би бил ни холокаустот. #triggerAlert Нема потреба да го величиш христијанството над овие идеологии. Потполно исти се. Како што кажав, разлика е дали се бориш за бог на небото или на земјата. Можеме слободно да ги споиме сите овие жртви заедно и да ги наречеме "жртви на идеологии". А "не е точно дека само поради религија има војни", е исто како да кажеш "ама има и мажи жртви на силување". Тотално непотребен и небитен агрумент што не го таргетира проблемот туку само ја "пере" другата страна. Уствари, излегува дека тебе не ти е гајле што има војни. Тебе ти е само гајле да не ги обвинуваат христијаните за тие војни.
И атеизмот е идеологија. Си ме помешала со некој друг. Никаде во дискусијава не го ни спомнав христијанството. Цело време општо пишувам за религиите. И не се потполно исти. Различни идеологии различно ги обликуваат човековите убедувања, вредности, морал, однесување. Сметам дека најмногу човечки животи има однесено атеистичката идеологија, потоа радикалниот исламизам, па потоа другите идеологии. Секако дека ми е гајле што има војни. Но форумов е последното место каде што треба да се правиме миротворци, освен ако не избие некоја форумска војна Но затоа пак форумот е одлично место да дискутираме кои се причините за војните, поделбите, дискриминацијата, омразата кај луѓето итн.
Со оваа една реченица ја долови целата моја поента. Баш како што кажав. Гајле ти е за жртвите од војните, побитно ти е кој ги започнал Буквално би славел секој ден да има по една војна започната од деклариран атеист.
Неточно. Не е ниту идеологија, ниту хомогена заедница од луѓе кои делат исти вредности и ставови. Редовно ја следам македонската група за атеисти на фб, потоа други странски страници, subreddit-от на Редит итн. Меѓу атеистите постојат доста либерали/либертаријанци, феминисти, хуманисти, пацифисти итн. - но постојат и конзервативни, пролајфери, сексисти, хомофоби и со слични shitty ставови кои би произлегле и од религијата, па и онакви просветлени middle ground меѓу нив. Сосема варираат ставови меѓу нив и за економија, хиерархија итн. Атеизмот едноставно е неверување во виша сила. Точка.
Не бе, тебе ти е гајле. Еве гледам секој ден ги посетуваш семејствата на воените жртви. Еве гледам секој ден си на ратно поле и се обидуваш да ги смириш завојуваните страни Ти да беше мирољубива личност, немаше секоја дискусија да ја завртуваш на лична основа и немаше да го менуваш топикот на дискусиите кон лично напаѓање на соговорниците. Така што нема потреба да збориме за Сталин или Мао Це Тунг... дури и на форумов можеме да видиме кои луѓе сеат повеќе омраза, раздори, форумски војни, омаловажувања, етикетирања, навредувања, исмејавања итн.
Е ако де, што има тоа врска? Па и меѓу верниците нема хомогена заедница од луѓе кои делат исти вредности и ствови. И во рамките на една иста религија, има повеќе деноминации и различни ставови меѓу верниците. Па сепак идеологијата си останува идеологија. Не ти треба свештеник во мантија за да си имаш сет на убедувања, морал и вредности. И не мора да ти се систематизирано напишани на лист хартија за да ги имаш. И нема баш толкав диверзитет меѓу припадниците на атеистичката идеологија како што велиш. Горе доле, повеќето веруваат во слични работи.
Луѓето од типот на Евангелос го ставаат атеизмот во кошот на религиите просто бидејќи тоа им е најдобра шанса за да можат да го оцрнат. Замислете сега што тоа кажува за религиите кога верниците мораат да го поистоветат атеизмот со религија за да можат да кажат дека и атеизмот е лош. Замислете да се прави споредба меѓу терористичкиот напад на исис во Шри Ланка кон христијани, и геноцидот на Мао Це Тунг, и да се заклучи дека атеистичката идеологија одзела повеќе животи. Зошто? Бидејќи Мао не верувал во Бог пошто нели самиот се сметал за Бог. А тоа што геноцидот немал буквално никаква религиска позадина, не е битно, битно е што успат бил атеист. Мотиви луѓе. Гледајте ги мотивите. Тоа е најважното нешто кога се работи за вакви злосторства. Кај овие од исис религијата убива, кај психопатот во Нов Зеланд, white supermacy, кај Мао Це Тунг- комунизмот. ... and bald is a hair color. Атеистичката идеологија бе. Еве нека ме просветли некој, јас стварно не знам што е атеистичка идеологија. Еволуцијата ли е, секуларизмот ли е, Ричард Докинс ли е? Дури и да постоеја група идеали нераскинливо поврзани со атеизмот (не постојат), кога ќе ми докажете дека Мао Це Тунг шетал низ град и ги убивал сите што не веруваат во тоа, ете тогаш ќе кажам дека тие 45 милиони биле убиени поради атеизам. Дотогаш, Мао Це Тунг останува едно големо тоталитаријанско гомно.
Па прашај кој сакаш муслиман од Македонија и тие ќе ти кажат дека тие терористите во Шри Ланка не биле прави муслимани, бидејќи доколку биле, никогаш не би повредиле човек. Па и тие можат да речат за некој терориста дека „тој успат бил муслиман“, но дека не убивал заради исламот, туку од други девијантни причини во неговата глава За крстоносните војни можам да ти наведам десетици докази дека не се вршени од религиски мотиви. Најинтересен доказ е тоа кога крстоносците ги мрзело да идат до Ерусалим да ограбуваат и силуваат муслимани, па им се свртеле на христијаните во Цариград и нив ги нападнале, опљачкале и силувале. Не им било гајле нив кој која вера, тие очигледно биле без никаква вера и сакале само да грабаат богатство. Склоп на повеќе верувања е. Некои се карактеристични за сите атеисти, некои се специфични за поедини атеисти (слично како и кај верниците). И да, во поново време, луѓе како Ричард Докинс, Кристофер Хиченс и сл. им се култни личности на многу атеисти. Баш вчера на интернет видов како еден атеистички јутјубер продава рачно изработена и урамена слика од Хиченс. Тие во православието икони ги викаат
@Orthophill како се викаат оние капчиња што ги носат евреите, муслиманите, католиците...го видов папата и ми текна? Како им стојат без да им паднат, дали ги лепат со нешто или што? Фала ти однапред.
Девојки, ке одам во Острошки во недела, одиме најмногу за дечиња, да прашам дали некој знае што треба да се однесе во манастирот?