Евреите ги викаат кипа на хебрејски или јармулка на јидиш. Инаку се прицрвстуваат со шнолки, или ако имаш голема капа или мала глава ќе ти стојат и без.
Јас однесов бели машки чорапи, ги оставив таму во кошниците каде оставаат посетителите подароци, слушав од сите што биле дека се носат бели машки чорапи, а некој велеа и волнени демек требало да бидат... И коцки шеќер се носат обавезно, купи си цело паковање и кога ќе се вратиш дај им на најблиските да каснат за здравје се раздава. Подароците што ќе ги носиш прво ги внесуваш во собата кај Светите Мошти и после ги оставаш во кошниците. Можеш и облека да земеш од блиските и твоја исто, се ставаш во ќеса за во собата кај Моштите, ама не ги вадиш работите бидејќи не смееш, ама со самото тоа што одиш до Моштите се осветува се, после со таа облека треба да преноќиш мислам три дена, на пример блуза некоја или маица, нешто ситно да е, нормално не купови облека.... Мислам дека можеш да си однесеш и нешто друго ако имаш желба, ама ова со шеќерот и чорапите гледај да не заборавиш ама на крајот најважна е молитвата... Господ и Свети Василиј да ти ги услишат молитвите, од срце ти посакувам Ако одиш со автобус, кога ќе ве слезат долу, ако си во можност да пешачиш околу 15-20 минути пожелно е да се искачиш пешки до Манастирот по скалите и тоа боса, без обувки и чорапи, тоа е патот по кој одел и Светецот, додека се градел Манастирот, доколку не можеш здравје, тоа е. Мачен е патот навистина, оти е многу стрмно и високо, ама стотици луѓе одат боси и пешки
Незнам дали ке останувате таму, ама секој што оде спие на земјата или во манатирот тоа е по желба. Е сега доколку останувате со спиење земете си ги најдебелите јакни, обавезно перница, ќебе. Тие од манастирот даваат ама не се многу чисти. И имајте во предвид дека е доста студено. Убав помин
Точно е дека е ладно таму дека ептен е на планина и на високо, ама дека не се чисти ќебињата не се сложувам со тебе. Точно е дека стотици и стотици луѓе преспиваат таму на ден, покриени со истите ќебиња, ама пред скоро една година бев и не ни беа валкани или да мирисаат на нечисто, еве ме жива сум...
Не реков дека се валкани само дека не се многу чисти баш поради тоа што стотици се покриени. И јас се покрив со тие жива сум да, ама за мали деца подобро е долколку си носе нејзини...
Не ме разбирај погрешно, не сакам да звучи како да се расправам, онака се надоврзав само. Точно е дека може од дома да земе, ама не секој може да влечка перници и ќебиња на толкав пат, посебно ако одиш со автобус. Моето мислење е дека по цркви и манастири, без разлика какви луѓе отишле пред мене па да треба потоа јас да го користам нештото дека нема да ми се направи ништо, со самото тоа што таму се е свето Не знам може грешам, тоа е мое мислење. Поздрав
Секако свето, и бактериите и вирусите таму се светич. Знаеш дека на времето како се ширеле болестите како црната чума и сипаници и колери? Во црквите каде што за причеста пиеле вина и бакнувале икони еден куп и болни и здрави.
Досега јас не сум фатила болештина од бацување икони или од гужва во црква. Три години одам редовно, повремено многу подолг период. А се знае дека не ти испитуваат бактерии пред да влезеш во црква. А едно нежно сум што да ви раскажувам, од дете. Све живо фаќам. На секого настинката му ја доживувам. Напротив, баш најчесто всушност се среќаваат болни и напатени души Има нешто што се нарекува испраќање позитивна енергија. Како што може преку медитација, така може и преку молитва. Како што тибетанските монаси се можеби најздрави луѓе на свет.
Од дете одам редовно во црква, значи дооолги години се до денес. И сум се причестила десетина пати, значи сум се напила вино(света Исусова крв) со исто лажиче од кое пијат стотици луѓе пред мене во редот, и сум бакнувала икони милион пати, и стотина пати сум бакнувала рака на поп, и ни поп сум видела разболен, ни луѓе сум видела болни, и ни вирус сум добила, ни бактерии, ни бутур, а исто и досега не сум слушнала некој да се разболи или "заработи" нешто, одејќи во црква. Јас верувам со цело срце дека тоа не може да се случи, реков не наметнувам на никој ништо.
Сфаќам дека во фигуративна смисла сѐ ви е чисто во црквите, но во биологијата така работите не одат. Не си играјте со здравјето, избегнувајте секакви суеверија што може да се избегнат од ваков тип. Јас и порано кога одев во црква, мајка ми (која и сега е верник) од најмала ме предупредувала барем преку рака да бакнувам икони (иако можеби ни тоа не е многу похигиенски), а не директно ко другите што ги гледам наоколу... И да, во моментов ко што се актуелни морбиливе, се надевам родители не носеле невакцинирани, па дури и болни деца (оти има некои и до толку без осет) во црквиве за празници. Доста опасен совет и утеха е дека во гужви во цркви не може никој болест да пренесе...
А надвор од црква на некои би им било гадно да земат од исто лажиче или бакнат површина која со денови не е исчистена. Тоа што е во црква, не го прави почисто. Како дома да бакнете неизбришана полица ви е тоа, со куп прашина на неа.
Никогаш не бакнувам икони, едноставно не ми се допаѓа тој чин, не гледам убавина во тој гест да залепиш усни на стакло кое е цело размачкано од разни кармини....само со рака ќе ја допрам иконата на долното ќоше.
Жити се? А дали ти знаеш иконите колку пати се дезинфицираат со средства? Еве ја ќе ти кажам зошто сум видела и блиска ми работи во црква. И да, вратите на литургиите се ширум отворени, такааа да циркулира воздух, нема место за паника. Плус темјан земи прочитај малче за што се користи, освен за духовни цели, па може ќе ти стане јасно зошто не се заразувааме, вака или онака гледајќи. Пијам и од иста чаша вода кај што пиеле 1000 пред мене, па некој трет ќе го фати на пр.Ешерихија, што не пиел баш од таа чаша. А ова за децата, смени на молови и игротеки, да ги просветлиш родителите, овде нема да одвратиш мајка да не носи дете во црква. @Tan4ence утре сигурно нема дете да спречам уста на под да залепи. Не знам ти како си растена, ама јас сум од тие генерации денот надвор во кал што го поминуваа, на дрва качени, колена одрани... Така да планирам и него така да го растам.
Taka e vo pravo si se toa od licni pricini da site sme vernici ama i jas e se soglasuam so toa baknuvanje ikoni kako so kazuvas bakterija nekoa da fanam ne fala .
Чашите во ресторани и кафичи на пример (ако на тоа мислеше) мораат да ги мијат после секој гостин. Иконите сигурно не ги дезинфицираат по секој допир во сета таа гужва по цел ден на празници. Исто е, исти сте. Дали во мол и игротека, или црква - исто ги изложувате на опасност. Тоа што ги индоктринирате од најмали нозе да не ни спомнувам, барем за ова некој да прочита и стави прст на чело. Од тебе не се очекува, не се секирај.
Ахам, така, да... само што во молови и игротеки не се ветреат никад, а за подовите на игротеки ( ако си видела воопшто) нема ни да коментирам. Не ни очекував да сфатиш, пошто збориш за црква, а во неа не памтиш од кога не си влегла па појма немаш како функционира. Прошетај, види па збори.
Јеп, само вие верниците што верувате до ден-денес, имате видено во животов што е црква. Познато. Дали бебето би си го однела на концерт (во помали размери), на пример? И зошто не? Пошто тука некаде е празничната литургија, еднаква е на толпа, масивен собир - и тоа во ограничен простор. Една обична отворена врата за која си се запнала, не знам баш колку помага. Си слушала ли воопшто препораки од доктори, или и од тоа си бирате што ви одговара, прилагодено на верата?
Абе ништо не му е, та и од носење в црква, та и во мол, та во игротека... Може да закачи некоја бактерија или вирус.. Ама па, така се гради имунитет.
Не ме читаш ти... Ти пишав прочитај малку за темјан кога ќе се запали во просторија какво дејство има, освен од духовно значење. Мал е за концерт, на 3год кога ќе разбира, ќе го носам. И да, препораки слушам тоа што ми одговара. Ако ги слушав и за млекото, не знам кај ќе беше крајот. Во мајчинството има нешто што се вика инстинкт, кој родил знае за што зборам. За тоа лекар не помага.