Толпа во ограничен простор? Значи автобус, факултет, кафуле, терање гости, свадби и слично ни под разно не посетуваш за да не фатиш зараза? Со оваа "вера" што ја имаш, седиш затворена во соба со гумени ракавици и маска на лице? Зошто ако не е така, ги бираш за ризични оние места прилагодено на твојата невера. И секако, гушки и бацки со пријатели, роднини и дечковци ни во лудило, така?
Па на пр. на литургија седи помирен од било каде. За чудо знае и да заспие, што е тешко да се случи дома. Ете мал е, не разбира ништо, ама по него се гледа каде му е спокојно. Да се чудиш! И за догма ќе го научам и на концерти ќе го носам , ич да не се секираш.
Сè од тоа што наброја е попотребно за возрасен (посебно автобус, факултет или работно место), отколку што е црква за бебе кое не ни прозборело.
Тоа што го напиша погоре како догма ни самата ти не знаеш да го објасниш.Да си читала малку Нов Завет ќе те заинтригираше делот "Пуштете ги децата и не бранете им да доаѓаат при Мене (Мат. 19, 14)." што и самиот Христос тоа го кажал. Свети Јован Златоуст рекол: Детската возраст е нежна, детето брзо го усвојува она што другите му го кажуваат,како печат на восок се втиснува во душата на децата она што тие го слушаат. Со самото тоа и нивниот живот почнува да се насочува или кон порок или кон добродетел. Затоа, ако на самиот почеток и, така да кажам, во предвечерието тие се заштитат од пороци и се насочат на подобар пат, во иднина тоа веќе ќе се претвори во навика и како во втора природа, па тие нема толку лесно и со своја волја да се свртуваат кон најлошото, затоа што навиката секогаш ќе ги привлекува со добрите дела“.
Фала за комплиментот, 22 годишно детиште сум, да. Детиште што на таа возраст никогаш ниту се испијанило, ниту пробало дрога, ниту каков било престап направило (секако, не ни планирам) - оти ми продаваш тука избор - или вера, или пороци. А никогаш верник во вистинска смисла не сум била, само при breaking point сум го сфатила и прифатила тоа. Пристрасна литература не ми треба, благодарам. Нежна возраст е детската, впива сè што му се кажува... тоа само мојата поента за индоктринација ја потврдува. Да, како бебе кое не знае ни за само себе. И, што менува тоа?
Вие што носите бебиња во цркви да не си замислувате случајно дека тие што не ги носат му го бранат пристапот на бебето до Исус? Ме интересира кој од цитатите вели ,,носете ги на сила децата во цркви." Вмешувањето деца во религија е чиста непотребна индоктринација. Ако сакаат да бидат религиозни еден ден, сами ќе станат. Зарем вие не би сакале повеќе вашето дете свесно и разумно да ја одбере религијата наместо да ја наследи од вас?
Па прашај ја мајка ти како дозволила да те бањат во вода која е осветена со крст кој го бакнале многу луѓе, како те бањале во базенче каде поминале многу деца, како ти пресекле прамен коса со ножички кои претходно потшишале исто така многу деца...и дали си фатила некоја бактерија, дали си настанала....
Може не збори, ама е 1000 пати поинтелигентно од возрасен . Ако не му одговара некаде "кажува" (плаче), го изнесуваш и крај. Пошто те мрзи да читаш, да знаеш дека темјанот има и те каква моќ да прочисти инфекции и бактерии во воздухот.
Залажување, празни фрази и нереалност. Не може дете кое не прозборело да биде поинтелигентно од возрасен. Со чиста душа и невино да, но... за интелигенција си се знае дефиниција. Табула раса се раѓаме, бебе нема никаква претстава каде го носиш и што гледа и бакнува, се однесува по индивидуален карактер и удобност. Сè друго е проекција на твои видувања. Јас ете и од тоа до каде памтам (на 4-5 годишна возраст можда) и од тоа што ми е пренесено, ме иритирале органски секакви толпи и гужви, па ни црквите не изостанувале од тоа. Ама може родена и предодредена сум била за атеист, а не дека интроверт... Дејството на темјанот е биологија, а не магија... а од биологија видовме кого го мрзи да чита и применува што му одговара. А ако е до толку ефикасен да помага во цела просторија натискана со луѓе, што не се просветлиле досега луѓето да го користат и во училишта, градинки, па и здравствени установи во услови на епидемија? Што ќе ни се вакцини, средства за дезинфекција и други чуда... Да не се натегам повеќе, се согласувам потполно со Лела. Разумни и барем малку освестени верници би го оставиле детето кога ќе порасне и разбира само дури и да се покрсти на поголема возраст, и да врши обреди, и сè со ред - строго ако самостојно се пронајде во религија.
@Petra777 а во ред ти е на пример детето еден по друг да ти го бакнат 100 непознати луѓе? Оти тоа со иконите и лажичката вака му доаѓа.
На никој не сум забранила да го баци, кој сака нека повели. @Someonespecial препрочитај убаво што ти пишав горе, не реков за духовно туку баш за биолошко дејство, толку читаш пошто напукано его не ти дава. Бебињата и те како се интелегентни. Напрај 2,3 реда муабет со Д-р Којич или земи прочитај статии нејзини, можда ќе ти стане јасно што ти пишувам, ама изгледа треба да ти се црта веќе, а тука таква опција нема.
Каква моќ има жити се? Напротив НАУЧНО е докажано дека тие наводни антибактериски дејства со толку минимални и небитни во споредба до штетните чадови кои се многу добро документирани! Еве ти доказ: https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC2377255/
И да се минимални, ги има. Ние зборуваме за хигиената општо во храмовите. Не зборам само за темјан. Иконите и подовите се чистат, вратите се отворени додека има вработени. Како и да е, почисто е 1000 пати од маркети, игротеки, автобуси и се останато.
И во маркети подовите се чистат, се одржува хигиена и покрај големата раздвиженост. Исто и во храмовите, така да не можеш да ме убедиш дека е 1000 пати почисто кога не е.
A производите што се траскани по камиони, магацини со глувци? Ако е така ај бавчи дома да садиме и животни да одгледуваме . Малце се забега на темава, црквите ги направивте како одел за инфективно... Не ти држи вода. Овде има само ѕидови со фрески, дрвени/стаклени икони кои се бришат минимум 3пати, а за големи празници стои жена со крпа и ги пребришува и повеќе од 30 пати, имам гледано.
И да ги има НЕ СЕ ЕФИКАСНИ.- Ти можеш да веруваш во што ти душа сака, ама со фактите не можеш, посебно кога станува збор за ширење болести и зарази. Можеп да веруваш дека никој никогаш не се заразил до одење во црква, ама не е точно. Во денешно време има релативно добро ниво на хигена на секаде, но ете има многу мудри особи кои не вакцинираат и луѓе се заболуваат и умираат од предходно исчезнати болести. Што им забранува на тие истите, да ги носат децата низ цркви, или пак возрасни кои што ја имаат болеста да одат по цркви за да се лечат? Мислиш ли ти дека тоа што отварале врати и чистеле подови ќе придонесе да не се шираат тие болести? И не е само за бакнување икони, туку и воздухот што го дишеш може да биде заразен. А за преспивање во манастир, доколку кебињата не се перат редовно, не се чести и уште толку се шуират зарази. Знаеш како изумреле најголем дел од индијанските популации во Америка? Европјеците им носеле донации кебиња од црквите каде болните оделе да се помолат да оздрават.
Еве што се случува кога се фура слепа вера во свети објекти и статуи, мироточења, самозапалени огнови итн., и се меша тоа со хигиена: (Длабоко извинување ако некој јаде читајќи) Не ви велиме дека сите цркви и тоа тука се извори на зарази, туку дека е апсурд мислењето оти сѐ во црква е чисто, и барем малку да пристапувате со разумен сомнеж на нештата. Ама разумот и преиспитувањето за некого е надувано его. Крај краева - ваше здравје, ваша одговорност, што да ви кажам... Имунитетот нека ви е напомош.