Јас мислам дека идејата дека "сѐ во црква е чисто" е дел од религијата. Црквата е онака е религиски објект, па дали ќе јадат сите од една лажичка или не, дали ќе бакнуваат икони или не, е нешто што се случува ВО ЦРКВАТА и кое што верниците на ТАА ЦРКВА го прифатиле и го практикуваат. Стварно нема поента да се објаснуваме за такви работи. Мислите дека таа ќе им докажете дека не се во право? Така револт и одбивност им стварате, не докажувате поента и само водите препирки без врска. За некои луѓе црквата е дом, да дојде некој дома и да ве убедува и да ви објаснува како домашните работи не ви се во ред туку така лајт ќе го земете? Остајте ги да си ги практикуваат, без осудување, барем тие аспекти на верата кои не ве засегаат вас. Од кај ви екстра енергија и време да пишувате 3 дена за лажичката во црква. Мене оној делот со "ќе одам во Острог заради децата" ми боде очи многу повеќе од тоа дали една возрасна жена решила дека свесно ќе земе од лажичка од која земале 100 луѓе пред неа. Не мислите дека Острог е малку напорна авантура за мали деца Плус, што ќе видат, научат и запомнат од таму? Кажете дека си одите заради вас, а не заради децата, никој нема да ви се налути
Ова до некаде ти држи вода. Толку пат е лудост. Ама како што кажа погоре, некој од мака за спас оди ете... Еве јас искрено кажувам дека конкретно на литургија го носев првенствено ради мене (немаше кој да го чува), а покрај мене и за него иако и за мене и за него е лудо и напорно 1час да стојам на нозе, оперирана пред 3мес. а за зарази не не помислив.По мирен не бил ни дома. Мислам и дека не ни смеев, @Orthophill ??Малото не ми е крстено, не знам дали смее? Kако што кажа @orevokrsacka изгледа некој седи дома затворен па има време 3 дена да труби. Еве јас денес случајно налетав, та едни исти на дрзок и безобразен начин искажуваат револт против верници, како да ќе дојдам ја од црква кај нив дома да ги заразам. Како што кажа погоре во делот кај што не те цитирав, јас издржувам затоа што мене литургија ми е и храна и одмор. Мене црквата ми е седатив, тренинг, како сакате кажете го.
Не е осудување, искажување мислење е и дискусија. Нивен избор е, не одреков никаде... ма да за децата и не можам баш да го речам истото, затоа на тоа повеќе се фокусирав. Вака ако почнеме да се повлекуваме, тука апсолутно ништо од натуралистички аспект не можеш да пишеш без едни исти верници да го сфатат како навреда, осуда, его, немање попаметна работа и уште сто етикети, дури и едноставно твое лично „Бог не постои“ мислење. Јас првично никого не ни цитирав, ама некој од друга страна не може да се воздржи да не се брани неповикан цел ден. Тоа не е мој проблем.
Види, си го однела детето на собир кога е во ек епидемија на морбили. Ништо немало да ти случи ако прескокнеш литургија. Не е проблем што детето не е крстено, проблемот е што ризикот од зарази постои без разлика дали е во црква или во мол. Не исчезнуваат грипот и морбилите кога влезат во црква. Ама пак На крај, пак ќе повторам, против сум задојување на деца по религија, ама тоа се работи кои се решаваат на ниво на семејство. Јас може да зборувам како сакам, ама религијата е вкоренета во семејствата, и додека некој од внатре не си го избере патот, останува дека домашното воспитување е прв причинител на религијата. Исто како што е со многу други општествени структури. Нема поента да се "образуваат" возрасни личности кои избрале цврст став кон нешто. Тешко е дека со инаетење ќе го променат ставот. Само влегуваме во еден круг во кој си префрлуваме "ти не си во право", "не, ти не си во право", "не, ти не си во право". Искажа мислење, ти одговорија, па одговоривте, па ви одговорија и и двете страни го вртат истото мислење 3 дена веќе. Тоа продуктивна дискусија е? Мене на борба со ветерници ми личи
Ме изненадуваш Енџи, зошто овој нихилизам? Истово може да се рече буквално на секоја тема. Цврсти ставови имаат изградено луѓево и против феминизам, па не те спречува да ги бомбардираш со аргументи... И не се 3 дена, од прееска (сабајле) се зазборе за ова Истото што си го пишала пред тоа „ама тие работи се решаваат во семејството“ и јас го зборам, и мислам дека доволно пазев на зборови овојпат, иако не баш многу заслужуваат цитирачиве верници конкретно...
Не е од прееска, у странство бев кога го зачитав Или од неспиење ми е. Не ми замерувајте, Имам јас цврсти ставови и против религиите, ама мислам дека намерно иритирање и пркосење на луѓе кои знаеш дека само ќе те нападнат не е начинот. Ми личи како да не ви е толку битна темата туку луѓето против кои се води дискусијата (и за двете страни важи ова). Дека е "дајте било што ќе збориме, сѐ додека не ги натераме да изгледаат лошо". И искрено, и двете страни смешно изгледаат. Патем, мислењето на членката кое ја поттикна дискусијата е од петок. Значи еве, четврти ден почнува. Тоа што ти се се вклучила денес, не ја прави од денес. Значи еве, четири дена веќе се зборува за бактериите во црквите. Не ти е премногу? Кој од верниците и кој од атеистите го промени мислењето во овие четири дена? Не ми сметаат мене аргументатирани дискусии, пак ќе кажам, доаѓаме до причината поради која веќе не се вклучувам во некои. Не е ова дискусија, ова е оркестриран напад. И да, се извинувам, изгледа лошо сум ја разбрала членката дека планира деца да носи во Острог. Сега кога препрочитав, претпоставувам се бори за бременост? И посакувам дечиња наскоро, па дури и да му ја препише бременоста како заслуга на светецот.
Ја отеравте цела тема у курац со извињење.И едните и другите.Не знам зашто се напнувате толку едни со други кога никад нема да искочите на крај? Не сте ми јасни стварно. Дишете малце, ви дошло и на едните и на другите до црква, Господ и бактерии..си барате рачки да се покажете која е поначитана, која е понапредна а која уназадена.
Колку добар пост.. Само уште да можевме да си ги оставиме предрасудите, верувањата пред врата... кога влегуваме во дискусија/дебата... Далеку сме од ова... ептен... Така мислам... Егото го заборавив, да го спомнам
Ги разгледав мислењава во однос на хигиената и црквата згора-попреку. Во однос на хигиената по црквите и манастирите: - доколку видам икона која е валкана прво би ја избришал, па после би ја целивал. - спиење по манастири во нехигиенски услови - не би, оти ќе ме јади совеста. Во однос на лажичето за причесна: - Со тоа лажиче едната Црква(народот Божји) се причестува од Телото и Крвта на едниот Христос, затоа е едно. Откако ќе се причестат сите - ѓаконот или попот со тоа исто лажиче ја употребува (дојадува) светата причест, па фала Богу никогаш не се разболел. Да ви се исповедам јавно, годинава за Велигден го држев убрусот (црвената крпа со која се бришат оние кои се причестуваат). Се причестија можеби стотина души; здрави и болни, кои се грижат за хигиената, ама и кои не се грижат. Со убави заби и со скапани. Искрено и во мене почна борба, заборавајќи Кој е во путирот(чашата во која е причесната). Кој знае колку е чисто лажичето, кој знае дали има бактерии, вируси итн. Но, се сетив дека во путирот е живиот Христос и се причестив последен. Еве ме, после 3 недели ништо не ми е.
„Таму каде што нема брак, нема љубов - туку самољубие, телесни наслади и уживање“ 90% од луѓето со умерена верба во православие, па и оние со повеќе од тоа - во 21 век живеат одредено време во долга врска, или барем живееле пред да стапат во брак. Нели ве навредува ова, сериозна сум и навистина ме интересира? Да ви кажува еден лунатик што живее во погрешен век, дека во вашата врска нема љубов, туку самољубие и блуд? Не е било кој, на висока авторитетна функција ви е претставник, и не му е првпат... Вакви ликови сметам дека треба да бидат отфрлени прво од верниците, гласно да се оградат од нив и да ги негираат...
Значи сите стапуваат во брак со некој што не го сакаат, зашто нели со тој човек биле во врска ама нема љубов во таа врска.
Вие очекувате од православен епископ да ви ја пее: „Узми, све што ти живот пружа, данас си цвет, сутра увела ружа“? Нормално дека владиката ќе повикува на исполнување на Божјите заповеди, а една од најголемите Божји заповеди е живеење во целомудреност. Овој владика, за разлика од другите, секогаш го проповеда она што го мисли и што треба да го проповеда, во согласност со Православно-христијанското учење. За разлика од другите кои од различни причини, вртат ко дожд околу Крагуевац. Затоа и го гонат и мразат, оти ја кажува вистината, а вистината најмногу боли.
Која црна вистина жити се? Дека ја и маж ми не се љубиме оти поп не не опеал? Демек поп кога ќе не опее автоматски ќе почнеме да се љубиме?
Веќе не знам што е што, кој е кој, животов ми изгуби смисла... со овие гревови ќе да рајски порти не ќе поминам
Зборовите на дедото Петар не се однесуваат толку на тие што се и во граѓански брак, туку на оние кои се во бракови без обврски. Кои можат да бидат денеска едно, а утре да се однесуваат како да не се познавале. Тоа е проблемот на денешницата. Дури и државата треба да се погрижи за овој проблем, ама како кога министерката за социјала живее во ваков брак-небрак.
Свештениче не ги извртувај зборовите со цел да го оправдаш, убаво читаме што сакал да каже. После зошто имало се помалку верници, како ќе нема кога им перат мозок со вакви небулози.
Ама и тие што се во граѓански и тие што се во верски брак исто еден ден можат да си заминат еден од друг. Каква врска има љубовта тогаш?