Со влегување во верски, а со тоа и граѓански брак, партнерите имаат и права и обврски. Љубовта со себе си повлекува обврски, а обврските во вонбрачнте заедници ги нема. Таа љубов, како што кажува и владиката, не е вистинска туку само привидна. Да била вистинска, партнерите немало да се плашат да стапат во брак, кој повлекува обврски, а не само те сакам дури ми одиш по ќефот.
Пример, по разводот едниот од сопружниците материјално да се грижи за другиот, или пак да го сподели имотот кој го стекнал за време на бракот. Кога ќе завршат неофицијалните врски нема обврски, нема проблеми.
Државата да се погрижи за овој проблем? Молам? Ај држете си ја таму црквата и оставете не да се ебеме како сакаме и со кого сакаме. Патем, со вчегувањето во верски брак, а со тоа и во граѓански, многу мажи си земаат за право "да се грижат за жените оти им е дадено", па да ги држат по контрола и да не им даваат да работат, да мрднат од дома, да си идат кај родителите, и буквални си купуваат слугинка дома. Тоа се тие права и обврски за кои зборуваш? Тоа е твојот брак? Поради би имала "небрак" цел живот отколку таков брак. Не ми треба никој да се грижи за мене, благодарам.
Така во онаа секунда кога ќе се потпишете, го засакувате тој со кој сте можда 10 години во врска. А и не ми одговори како државата би се погрижила за тоа. @Orthophill
Апропо твоето прашање,ова е извадок од книгата "Мисли за женската душа" Напишана од православен лекар-психијатар и една православна новинарка.Даваат одговори на секојдневни прашања од црковен аспект.Многу убава книга.
Да бе... ич неќам да ме споредва некој со Ева. Не сум Ева. Не постојам 'за да не му е досадно' на маж. Затоа е Ева создадена.. Нели, Адам сам во Рајот, нема шо да прај, па Бог му напрајл 'играчка' да се занимава со нејзе. И како 'ја користи некој мојата младост, привлечност и убавина'? И јас неговата ја користам, ако гледаш така. Заедно ќе сум, со онај шо ми е ќеф мене, а не само него. Без разлика дали е врска, брак, или кежуал секс. А да... 'последици на душата' има поради таквите кои осудуваат жени оти раскинале врска. Булинг прајте, па после тие што се булид се криви
Нема такво нешто каде едниот да мора да се грижи материјално за другиот сопружник по развод. Исто како што нема делење на имот кој е исклучиво на едниот, туку се дели она што заеднички се стекнало. Тоа е семејно право нема врска со црква. И во врска ако се стекнат со имот, ќе си споделат по пола. И ја сум верник друже, ама што останува ако чекаме некој друг да не учи што е љубов..
Тек тој филм нема да го гледате. А, за министерката - меѓу неа и вакви ликови има едно 5-6 века разлика во размислување... се знае во чија корист. Ти и сите други што го делат твоето мислење, сите ли сте во брак, без никаква врска со чувства зад себе? За тебе не знам, али повеќето други сум ги читала по теми, и друго заклучувам. Абе да ве згази у поим (со зборови) свештено лице, ќе го оправдате! Тоа ептен ме нервира, хиерархијата. Со шеф, професор итн. не е океј да си до толку понизен, а не па духовници... Психијатар, оваа?! Во 21 век? „Женска душа“? Мајко мила слатка, си бљуцнав малце у уста...
Текстов вели дека венчавањето дава стабилност на заедницата, то ест дава гаранција дека тие ќе останат заедно. Не знам дали можеш да увидиш колку понижувачки звучи тоа.
Зошто да не? денес ја купив книгата од саемот,и за оние што се воцрковени ја разбираат на поинаков начин. И тебе ќе те прашам Зошто би звучело понижувачки? Зарем бракот не треба да се одржува и да се надминуваат сите искушенија заеднички? Или при првата кавга ајде секој по дома клоцата во газ.Па не е бракот бе луѓе заебанција.
Па треба да се мажам за некој само за да се осигурам дека нема да ме остави? Да го врзам за мене со тој потпис? Или двајца што имаат нестабилна врска значи, ќе де венчаат и ќе се реши сѐ по логиката.
Напротив, доколку се се во регистрирана заедница, тогаш и двајцата партнери имаат обврски еден кон друг.
Не е понижувачки ама не е ни точно дека бракот дава стабилност. Партнерите ја создаваат стабилноста, и не само во брак, туку и во врска. Оти ни врската не е заебанција и си бара инвестирање во неа исто како и во бракот.
Разликата меѓу врска и брак треба да биде само тој потпис и законските регулативи. А стабилност и љубов да останат исти.
Се согласувам,само што ќе се надоврзам дека бракот сепак создава стабилност од аспект на тоа дека цврстата и сериозна врска помеѓу две особи,уште повеќе ќе се зацврсти кога тие ќе се венчаат,заедно ќе живеат,ќе создадат свое семејство,ќе планираат и ќе се борат со искушенијата во животот.
Што исто така апсолутно и не мора да значи. Има врски поцврсти од многу бракови. Паровите кои се решени да останат заедно, делат исти искушенија, создаваат семејства, се борат, без разлика дали ќе продолжат тоа да го прават во врска или брак.