Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    јас сакам да знам зошто вапцаме јајца на велигден, од каде и како е настаната таа традиција и зошто баш јајца?

    знам дека јајцето е симбол на животот а велигден е исусовото воскресение... со фарбање на црвени јајца се претставува крвта на исус односно неговиот пожртвуван живот?

    фала однапред
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.575
    Пол:
    Машки
    По распнувањето, смртта и воскресението на Господ Иисус Христос, светата Марија Магдалена, отишла да се жали кај царот Тивериј. При тоа, таа постапила според древниот обичај да кога се оди негде посебно кај власт се носи некој подарок, така да на царот м однесла вапцано црвено јајце и го поздравила со поздравот: „Христос воскресе!“.
     
    На Witchman, Serafima, Gordana10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.695
    Допаѓања:
    10.147
    Пол:
    Машки
    Голем дел од обичаите присутни денес водат потекло од античкиот па дури и праисториски обреди и обичаи на овие простори. Во поголем дел Велигден, онака како што се слави денес кај нас, е хибрид меѓу стариот паганизам и христијанството.
    Централното место во обичаите поврзани со празникот Велигден, секако е обичајот на бојадисување (вапцање) и кршење на јајца.
    Во религијата и во митологијата јајцето има големо значење. Особено тоа често се споменувало во митовите за создавањето на светот. Јајцето се сметало за извор на животот и затоа имало голема улога во култот на мртвите, на кои им се дарувало лично на гробот или симболички како што вика нашиот народ - “за нивна душа“, јадење и пиење. Лесно е да се разбере зошто токму жртвата на јајцето била практикувана за мртвите, затоа што јајцето го содржи она што им е најпотребно на мртвите - содржи живот. Оттаму големото значење на јајцето како жртва на покојниците. Раширен е обичајот да се носат јајца на гробовите и да се делат за душа. Значи, обичајот жртвување на јајца кај нас е пренесен на Велигден од култот на предците, каде денес “жртвата“ или дарувањето на јајцето е симболично посветена на Воскресението на Исус Христос.
    Зошто јајцата се бојадисуваат со црвена боја? Црвената боја повторно потекнува од култот на предците. Црвената боја често се употребувала во мртовечкиот култ. Црвената боја е бојата на крвта, а крвта е животот или душата . Од таа причина крвта им се дава на мртвите како жртва, симболика за повторно враќање во живот (воскресение).
    Значи ништо ново, на еден пагански обичај му е дадена христијанска амбалажа.

    Во една колумна ( За (без)смислата на адетите), Европскиот митрополит Пимен напиша:
    „оние (адети) што толку се одомаќиниле и станале дел од нашиот фолклор, ако не можеме да ги отфрлиме, барем да ги охристијанизираме, да им дадеме христијанска смисла. “

    Значи култот на јајцето си постоел на овие простори независно од христијанството, но источната црква го охристијанизирала овој адет со тоа што му измислило некаква христијанска конотација, христијански приказни како онаа со Марија Магдалена демек таа му однела вапцано јајце на царот. Има друга приказна што вели дека Марија однела јајце под крстот Христов и тоа од крвта Исусова самото се бојадисало. Итн. Се се тоа прикаски, митови, без ниту грам историска подршка.

    Западната црква пак присвоила некаков велигденски обичај со зајци (ете ги на влезот во Рамстор). Немам познавање од каде датира овој обичај, но едно знам: сигурно не датира од Христос и апостолите.

    Овие адети и обичаи, колку и да изгледаат интересни и неутрални, сепак вршат големо влијание во дефокусирање на верниците од суштината на Велигден и наместо луѓето да се потсетат на овој настан, наместо да прочитаат во евангелијата што и како се случило на првиот Велигден и да му благодарат на Бог за Христовиот триумф над смртта, тие се опседнати со тоа дали во среда вечер или во четврток вечер се вапцале јајца, па дали смеело да се скрши јајце пред Велигден, па ајде ќе си разменуваме јајца, ќе се кршиме со јајца итн. Се е тоа фино, убаво, интересно, поврзано со многу убави спомени, ми се допаѓа и изгледот на уметнички бојадисаните јајца.. но луѓе, пак ќе повторам, сме ја промашиле суштината на Велигден ако дозволиме јајцата да ни бидат главна тема на празникот.
     
    На elisabeta, joelle, aerodrom и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. meleh

    meleh Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2013
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Машки
    ВЕЛИКА СРЕДА

    [attachment=0]203508_101009269064_1953572217_q.jpg
    На Велика Среда, црквата ги спомнува настаните околу предавството на Христа од страна на еден од дванаесетте апостоли, Јуда Искариот за триесет сребреници, како и помазувањето од страна на покајаната грешница. Имено, по Христовите беседи пред народот, како и јасното пророкување на тоа што треба да се случи, следи помазувањето на Христа од страна на една жена - грешница во Витанија, во домот на Симон прокажениот, кого Христос претходно го излекувал. Тука треба да се направи разлика помеѓу помазувањето кое шест дена пред Пасха го извршила Марија, сестра му на воскреснатиот Лазар, како благодарност кон Господа.

    Покајаната грешница го донела мирото во сад од алабастер; мирото преставува миризлива течност направено од најдобро маслиново масло и смолести материи (како смирна или разни цветови). Гледајќи го помазувањето, Неговите ученици негодувале, поточно Јуда кој бил чувар на сефот а кој си поткраднувал од него, па за да се оправда, рекол дека вредноста на мирото би можела да се употреби на поинаков начин - да се продаде и со тие пари да им се помогне на сиромашните. На тоа, Христос им одговорил дека Тој не е тука постојано, додека сиромашните ги имаат секогаш околу нив; уште повеќе, им ја открил вистинската причина поради која жената Го помазала - тоа било сторено за Неговиот погреб, пророкувајќи дека христијаните секогаш ќе се сеќаваат на таа жена, што се потврдува и до ден денешен.

    Тогаш Јуда, воден од страста на сребрoљубието, увидувајќи дека нема никаква материјална полза од неговото следење и гневен на својот Учител, оди кај првосвештениците и преговара за предавството. Тројца од Евангелистите зборуваат за советувањето на првосвештениците со старешините јудејски околу погубувањето Христово. Плашејќи се од народни немири, се договориле да Го фатат со лукавство, во тајност и скришност, по завршувањето на пасхалните прослави. Но бидејќи нашле предавник кој би можел тајно да го предаде, и обземени од бесот, решиле тоа да го сторат дури и порано, за време на Пасхата. Овој собир се одржал во дворот на првосвештеникот Кајафа, чие вистинско име му било Јосиф, зет на претходниот првосвештеник Анан. Самата цена која била понудена, и за која Јуда не преговарал, е само исполнување на пророштвото Захариино (Захариј 11,12-13).
     

    Прикачени фајлови:

    На Serafima и Orthophill им се допаѓа ова.
  5. Philippa

    Philippa Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    Prezemeno od Femina
    Зошто си подаруваме јајца за Велигден?
    Подарувањето јајца потекнува од библиски настан. Се смета дека по смртта на Исус, Марија Магдалена тргнала во Рим за да го проповеда евангелието. Кога се сретнала со римскиот император Тибериј, таа му подарила јајце и го поздравила со зборовите „Христос воскресна“.

    Додека му раскажувала за Христовото Воскресение, императорот се насмеал и рекол дека враќањето на Исус од мртвите е исто толку невозможно колку и белото јајце во нејзината рака да се претвори во црвено. Пред да заврши со говорот, јајцето во раката на Марија Магдалена се обоило во светлоцрвена боја.

    Оттаму потекнува традицијата христијаните да си подаруваат велигденски јајца пред да се поздрават со зборовите „Христос воскресна“.
     
  6. charliee

    charliee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2012
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Женски
    дали за време на менструален циклус може да се влегува во црква и да се причести после постот?
    се надевам дека прашав во соодветна тема.
     
  7. Jecichka

    Jecichka Активен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2012
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    22
    Ме интересита и итно ми треба одговор. Дали најправилно влегување во црква за жена христијанка би било доколку таа главата ја покрие со марама, и доколку е тоа така зошто би требало да се применува тоа. Благодарам.
     
  8. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Жените треба да ја покриваат главата со марама... за да не си ја запалат косата од свеќата. :) Ете ти кажува таа која си ја испрли косата на врвовите пред 2 години, кога требаше да прими Света Причест. Така ми требаше, ми се сожали Бог и не ми ја изгоре целата оти беше од незнаење.

    Жените ја покриваат главата за да изгледаат скромно и да не привлекуваат внимание со косата, за да не побудат нечисти мисли кај мажите, барем така јас знам, можеби постои и некоја друга причина, а би сакала да знам доколку постои.
     
  9. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.695
    Допаѓања:
    10.147
    Пол:
    Машки
    Дозволи ми Philippa една мала корекција да направам на текстов. Сакам да потенцирам дека ова предание не е библиски настан, туку е легенда со непознати корени т.е. нема историски податоци за оваа случка. Велам не е библиски настан, затоа што такво нешто нема во Библијата и покрај тоа што е спомната Марија Магдалена (личност што се спомнува во Библијата)
     
  10. meleh

    meleh Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2013
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Машки
    Во црквата има Свето писмо и Свето Предание е ова е свето предание
     
  11. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    4.835
    Пол:
    Женски
    Ако има некој кој може да објасни, јас сакам да знам што е главната разлика меѓу Господ и Алах, или тие се всушност истиот поим и некоја разлика меѓу Коранот и Библијата. :)
     
  12. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.695
    Допаѓања:
    10.147
    Пол:
    Машки
    Алах на арапски значи Бог. Арапските христијани за Бог велат: Алах. Арапскиот збор „алах“ си постоел уште пред појавата на Исламот.
    Од друга страна пак, кога надвор од арапскиот свет/јазик се спомнува зборот „Алах“ тој алудира на Исламкиот бог т.е. на богот опишан во Куранот. Така што ако арап на арапски каже: „Јас верувам во Алах“, тоа би значело дека тој едноставно верува во бог и би требало да го потпрашаме во кој точно Бог верува. Но доколку на пример македонец каже: „Јас верувам во Алах“ тоа јасно би значело дека тој/таа верува во Исламкиот Бог, во спротивно не би имало причина да го изговара зборот на арапски нели :) Оттаму зборот „алах“ интернационално веќе стана синоним за Исламскиот бог т.е. богот опишан во Куранот.

    Е сега друго прашање е дали има разлика меѓу христијанскиот и исламскиот Бог. Секако дека има.
    Исламскиот Аллах има 99 имиња, но ниедно од тие имиња не е „татко“ Луѓето што ќе се покајат и вратат кај христијанскиот Бог се наречени „синови и ќерки“, а во Исламот тие се наречени „робови и робинки“. Тоа е многу важна разлика во природата на Бог и нашата врска со Него во христијанството и исламот. Христијанскиот Бог има драстично поблиска врска со луѓето, отколку исламскиот.

    Исламскиот бог Аллах нема никаков континуитет со старозаветниот Бог, ниту пак со целата Библија воопшто. Тоа што Мухаммед сакал да си се надоврзе на старозаветниата линија на пророци и да се накалеми на нив, тоа воопшто не ја тангира еврејско-христијанската вера.

    Понатаму има разлика и во природата на Бог. христијанскиот Бог е објавен како Тројство, еден Бог во три личности: Татко, Син и Свет Дух, додека Исламскиот Бог е едноштво (еден и сам).
    Има разлики и во ветувањата што ги дава христијанскиот и исламскиот Бог.
    Исто така голема разлика е во тоа што христијанскиот Бог обезбедил и спасение за грешниот човек т.е. му го пратил Својот Син Исус Христос да ја палти казната за гревовите на човештвото за да не мора ние лично да ја плаќаме - бидејќи тоа би значело смрт за нас (и телесна и духовна). Но христијанскиот Бог ветува дека ако се покаеме и поверуваме во Исус, нашите гревови се простени, добиваме вечен живот и ние ќе го имаме Светиот Дух во себе кој ќе не преобразува во подобри и побогоугодни личности и, што е најважно, сигурно ќе не донесе до Божјото Царство. Таква љубов и такво решение за човековиот грев не постои во Исламот каде што Алах им ги мери добрите дела и гревовите и на основа на тие дела ќе им суди дали ќе одат во Џенет (рај) или Џенем (пекол).
    Затоа велам, тоа се два многу различни концепти за Бог.
     
    На elisabeta, Moonstone.17 и WarriorAngel им се допаѓа ова.
  13. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Molam dokolku nekoj znae da pise dali ima tarifa (i kolku e dokolku ima) za miropomazuvanje i citanje molitva na lice koe e vo koma? Izvinete na latinicata pisuvam od mobilen,Fala
     
  14. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.695
    Допаѓања:
    10.147
    Пол:
    Машки
    Зависи од која црква сакаш да биде извршено тоа.

    Еве ти ценовник од православна црква:
    [​IMG]
    Мислам дека миропомазување е под број 15. (маслосвет).

    Од Католичка црква немам информации.
    Во протестантските цркви сите црковни услуги се бесплатни.
    Жал ми е за ситуацијата.
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.575
    Пол:
    Машки
    Зависи од епархијата во која се наоѓа болното лице. Најдобро исконтактирајте си го вашиот парохиски свештеник и повикајте го да го помаза со свето масло вашето болно лице.
    ПС: Кај протестантските заедници е бесплатно (а не знам ни дали има кај нив света тајна маслосвет, до посланието на свети апостол Јаков можеби не се стигнати), ама треба да си платиш десеток и ко ќе видиш пак кај “материјализираните“ Православци ти е поевтино ;) .
     
    На Witchman и Mama25 им се допаѓа ова.
  16. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Cenovnikot za zal nemozam da go vidam,no blagodaram na infoto.

    Sekako deka se raboti za Pravoslavna Hristijanska Crkva!
     
  17. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.695
    Допаѓања:
    10.147
    Пол:
    Машки
    Ортофил, те молам биди сериозен, не сведочи лажно и не биди саркастичен. Јас служам во протестантска црква и одлично ги познавам протестантските цркви. Никаде, во никоја протестантска црква не ТРЕБА да оставаш десеток. Во протестантските цркви (оние кои што се водат по Светото Писмо) прилогот е исклучиво ДОБРОВОЛЕН. Не постојат ценовници, ни под разно! Не се наплаќа ни мала молитва, ни голема молитва, ни средна, ни фамилијарна молитва, ни било каква друга црковна услуга (миропомазание, венчавање, крштевање, погреб, поучување итн). Некои оставаат десеток, некои повеќе, некои помалку, некои кои се во финансиска криза не даваат ич ич, а некои дури и се подржувани од црквата (значи Црквата собира доброволен прилог и ги помага оние кои се во потреба).
     
  18. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.575
    Пол:
    Машки
    Има една анегдота, на евангелисто-методистите од Македонија (така ми се чини, а може и само евангелисти, не знам не сте едни па да ве знае човек :) , кај што е Костаки Милков ) им текнало дека не се повеќе мисионерско подрачје и решиле да почнат сами да се издржуваат. И кој начин на издржување ќе го применат, ајде решиле тоа да биде со доброволен прилог. И ајде првата недела по одлуката се собрале и ја пуштиле касата за време на службата. Потоа пасторот со помошникот зеле да ги бројат парите. Кога да ти избројат десет денари повеќе од: бројот на присутни * 10 ден. Цела седмица се думале кој оставил 20 денари. ;) Како го решиле проблемот за финансирање подоцна не знам.
    ПС: Адвентистите (саботјани) и Јеховините сведоци (јеховисти) знам со сигурност дека собираат десеток. ;)
     
    На Witchman му/ѝ се допаѓа ова.
  19. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    ^Една од 10-те Божји заповеди е Љуби го ближниот свој а тоа не значи само љуби го оној кој е со иста вероисповед како нас, туку секој, било со иста или поинаква вероисповед од нашата,.Кога некогаш сите ќе го сфатиме тоа тогаш и ќе ја снема таа толку озогласена верска нетрпеливост која е основа за сите војни, сета мизерија и страдања во светот.

    Православната црква би требало да учи од овие поновите цркви/вери како да се подржуваат своите верници затоа што православната црква е единствена која материјално не помага на своите верници.Кога би виделе верниците дека се помага на сиромашните место на поповите да уживаат во луксузи тогаш ќе почнаат голем дел да се враќаат во црква.Сега гледаме се остава за здравје зејтин, крпи итн за да утре истите се продаваат а во секоја црква сигурно има најмалку 3-4 семејства кои кубураат со финансии, место да им се помогне на нив сите пари одат кај поповите.
    И место владиците да излегуваат по медиуми да ги обвинуваат жените за пропаст на нацијата и црквата прво нека си се погледнат себе си и своите не дела па после нека вперуваат прст во други.

    И нема потреба од сарказам на темава туку би требало да учиме како да бидеме подобри а не да ги исмеваме другите.
     
    На friendy, EvAngelos и kravce им се допаѓа ова.
  20. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.575
    Пол:
    Машки
    Е за ова си во заблуда и тоа голема. Православната Црква и тоа како помага на сиромашните само што со тоа не прави реклама. Ама за да не биде дека лажам ќе ти кажам и како помага:
    1. Во Скопје има минимум 3 народни кујни: света Петка - Црниче (основана од благоверната, блаженоупокоена Ангелина Џаџу, Царство и` Небесно и вл. Агатангел), свети Петар и Павле во Ѓорче Петров, Вознесение Христово - Драчево. За народните кујни се грижи хуманитарната организација „Ѓаконија“.
    2. Парохијата свети Георгија - Чаир со своите скромни средства успева да ги помага своите сиромашни парохијани, но и припадниците на другите вероисповести. Сепак таа е најсиромашната парохија, па и приходите се мали.
    3. Парохијата свети Јован - Капиштец постојано собира средства за сиромашните од својата парохија, а мајче Воскресија, монахињата при оваа црква - манастир, не пуштила ниеден беден без да му даде: масло, леб, шеќер, јајце или што и да и` се најде при рака.

    Преспанско-пелагониската Епархија, чија глава е владиката Петар има две хуманитарни организации: „Самарјанин“ и „Свети Стилијан“. Првата ги потпомага сиромашните, а другата многудетните семејства. Во Прилеп само а Велигденските празници беа поделени 60 ВРЕЌИ со разновидна храна.

    Само лесно е некој кој в црква влегува ниеднаш, еднаш или два пати во годината да обвинува за нехуманост на истата. Да се прашаме и како помагаат разните протестантски заедници кои ги има низ нашата татковина? Така што им ја бара прво душата па им дава помош? Православната Црква никого не условила да премине во Православни, па да добие помош.

    Кога веќе ја отворивте темата изјавата на Владиката Петар, треба да имате в предвид дека тој единствено повика да не се врши утробно чедоморство, односно мајките да не стануваат монструми и да си ги убиваат сопствени деца, уште пред да го видат сонцето. Изјава со која ќе се благословува и дозволува утробно чедоморство, ве молам очекувајте од други личности, а не од епископи на Православната Црква.
     
    На Witchman, stylishh, hermosa и 2 други им се допаѓа ова.