И ја сесогласувам дека меѓу партнерите љубовта и разбирањето се приоритет но сепак и регистрирањето си има некаква дополнителна вредност во сетоа тоа.
Регистрирањето има само правна и законска вредност, која не велам дека не е за потценување, но навистина не придонесува до емоционалната стабилност на врската. Во ситуации каде што таа регистрација на бракот или заедницата значи и рамноправно живеење на брачните парнери заедно, со заеднички имот и финансии, придонесува и до подобри лични односи помеѓу партнерите и те како е битен детаљ, но тоа да е главниот фактор со кој ние покажуваме дека сме вљубени или дека тоа е добра врска-брак... далеку од тоа.
Адам и Ева, пред да бидат протерани и да напрат прв грев, дали имаа деца во градината или беа премногу невини за тоа? Дали децата идат како "казна" или "награда" од нивниот прв грев? Ако имаа деца во градината, каде се спомнува то? Фала однапред!
Ова е дискутабилно прашање, на кое одговорот со точност не се знае, бидејќи Бог уште во Едемската градина ги благослови: »Плодете се, и множете се, и наполнете ја земјата, и господарете над неа, и овладајте ги рибите морски, и ѕверовите, и птиците, и сиот добиток, и со целата земја, и со сите животни што лазат по земјата.«, но во Светото Писмо не се спомнува дека во Едем имале веќе деца.
Ако добро памтам, Каин се споменува како нивно прво дете, ама после градината. Баш последниве дена читам за ова и си реков да видам шо мислите тука. :3
Никaде не се спoмнувa декa вo грaдинaтa имaле децa, туку сaмo дoбивaaт блaгoслoв дa се плoдaт и мнoжaт, нo oткaкo Бoг ги прoтерa oд грaдинaтa ги "прoкoлнa" (кaзни) женaтa кoгa ќе се пoрaѓa, дa рaѓa сo бoлки, пa дури пoтoa се спoмнувaaт децaтa.
И јас така го сфаќам ова. Шо ме "мачи" е, дали Бог знаеше дека се "невини" за да се множат во градината и дека мора да напрат грев за да излезат од истата и да ја плодат Земјата надвор од градината? Оти вака не ми иди причина друга сем невиност зошто не би имале деца во градината. Нели, не биле свесни ни за голотијата, ни пак им сметала. И зато си реков да прашам да не пиши негде дека уствари имале деца во градината, а да сум пропуштила.
Не пиши никаде(колку што имам читано)дека имале деца во градината. А тоа дали како награда или казна Бог им ги дал децата, па би рекла дека е награда, бидејќи и сам им рече множете се и наполнете ја земјата. Казната е што ги протера од рајот, нели моментот кога Ева касна јаболко од забранетото дрво, и така почнаа да стануваат свесни за својата голотија и да се срамат еден од друг... Прашањево што те мачи, дали Бог знаел дека се невини, би рекла дека знаел, нели ги предупреди да прават што сакаат, само да не кинат плодови од едното дрво, а Ева како жена, токму тоа го сторила- не ја послушалa наредбата И истиот момент Бог ги протера од рајот и ја "казни" Ева да раѓа во маки и болки. Мислам дека ако Бог го послушала Ева, немало да ги избрка од рајот и таму ќе си живееја и плодеа, а вака со непослушувањето ги избрка, бидејќи на некој начин Ева ги отвори вратите на злото знаеш забранетото јаболко, змија, нечестивиот, ова, она...јас вака гледам, можеби грешам
Светото писмо (Библијата) никаде не го става постот како предуслов за причест. Луѓето си измислиле некакви правила, но Господ нема врска со тоа. Така што слободно причести си се. А постот секако дека е добра духовна дисциплина, но едноставно нема допирни точки со причеста.
Сцена од серија е, но морав да го ставам во некоја од побитните теми. Најдобрата софистицирана и сатирична критика на приказната за потопот. Патем, за серијава (Good Omens) 20.000 христијани потпишале петиција да се тргне од Нетфликс (тоа што и не е на Нетфликс, туку на Amazon Prime e друга приказна ) како богохулна. Очигледно не им одговара хуманистичкото толкување и критика на Библијата.
Најдобро да си се консултираш со свештеник, пред кого претходно ќе си ги исповедаш гревовите кои си ги направила. Тој ќе ти одреди најдобра терапија.
Откако ја прочитав дискусијата меѓу Nausicaa и EvAngelos, околу ставот за реакцијата ако детето биде геј, ми падна нешто на памет па еве решив тука да го поставам прашањето и да си ја кажам забелешката. Темава е баш најсоодветна, нема тука да не` бришат за оф топик а и повеќе е ова поврзано со религијата отколку со хомосексуалноста, оти знам во такви теми ја изнаплеткавме религијата ептен. Па вака. Го познавам православието доволно добро, и Светото Писмо се разбира, може не сум експерт за него, ама доста работи ги знам и разбирам. Е сега, сакам да видам што ќе кажат на ова и другите членови кои ги познаваат законите на Светото Писмо или кои сакаат да научат нешто од него. Сега баш се сетив, дека во Библијата уствари пишува дека хомосексуалноста е грев, дека ако легне маж со маж, тие ја заслужуваат смртта. Патем, интересно, пишува само маж со маж, а никаде не пишува ништо за жена со жена. Значи, не пишува во Библијата дека хомосексуалноста е неприродна. Само дека е грев. Но, грев е и блуд меѓу маж и жена, грев е и крадењето, лажењето, зависта итн. Значи? Негативниот став кон хомосексуалноста доаѓа од две причини: едни гледаат на тоа негативно поради што е грев (ова потекнува од страна на верниците) и други гледаат негативно со обрзложение: не е тоа природно (и овде спаѓаат верници но и луѓе кои не се верници). Ако го исклучиме второво, и обрнеме внимание на првото, дека не се оправдува затоа што е грев, тогаш луѓето се така малце лицемерни и нефер, затоа што, како што пишав, грев е и блудот општо и ракоблудот и прељубата и зависта итн, а сепак луѓето би ставиле хомосексуалци на клада, додека сите други грешници можат да ги оправдаат. Запишано е дека Бог го мрази гревот, а не и грешниците, ова колку пати го имам кажано и пак некои членови никако да ме разберат. Исус не ја осуди блудницата, туку ја спаси од каменувањето на другите грешници. Во оваа прилика ќе ја означам @veteruska да и ги објаснам овие работи, затоа што ми имаше поставено прашање за оваа тема, поконкретно, ме праша зошто сум за тоа да имаат лгбт права кога мпц е против тоа. Еве Ветерушке зошто. И блудницата беше поштедена. Јас го следам примерот на Исус, на никој да не му се прави лошо. А мислам со своја глава, не може мпц за мене да мисли. Не прифаќам без подлабоко размислување нешто што ми се сервира, секогаш се ставам во кожата на другата страна, па така и во кожата на хомосексуалците. Ветерушке, ти имаш кажано дека мислиш дека хомосексуалноста е болест и дека хомосексуалците треба да се лечат. Не Ветерушке, не можат да се излечат, тие се такви какви што се и имаат право на живот како и сите нас. Ако тебе никој не ти прави ништо лошо заради твоите гревови, или мене заради моите гревови никој не ме мрази, зошто тогаш ти да мразиш или осудуваш некој од кој не си нешто подобра? Или извини, ти можеби се сметаш за подобра. Но во мои очи, сите сме грешни и сите сме луѓе кои треба да шириме разбирање и љубов меѓу себе.
Драга @Bitter-Sweet тоа ти што го кажуваш дека нема што црквата да ја слушам си правиш лоша услуга,ти влегуваш во прелест,ако си читала духовни книги ке знаеш што е прелест,тоа кога сами си правиме по кои правила ке играме,имам со свештено лице правено муабет и тој кажа дека тоа се демонски сили влезени и си поигруваат со личноста,за мене е тоа болест од психичка природа,нарушување хормонско,но повеќе е на психолошко раствојство. Не реков никаде дека хомичите ми прават лошо на мене,тоа нема врска со сексуалноста,може и хетеро да е и да прави лошо,тука дека маж со маж,жена со жена е неприродно и неприфатливо и крај,ниту за мене ниту за црквата. Затоа не се демантирај самата себе си,или си за или против,нема средина
И јас некогаш така грубо размислував. Ама како навлегував во религија и како учев од животот, увидов дека треба да бидеме прифатени а не отфрлени. Во евангелието по Јован пишува: По тоа ќе познаат дека сте мои ученици - ако имате љубов меѓу себе. Во манастирите секогаш сите се пречекани со раширени раце и со љубов, без разлика на нивните гревови, и ние треба така да правиме. Гледав еднаш интервју со девојка која се чувствувала како машко, овде веќе станува збор за трансексуална личност. Раскажуваше искуство низ што се` поминувала, многу беше емотивно и тажно. Штета што не можам да го најдам сега, инаку на сите тоа би им го покажала да го видат. Па ако и после тоа останат со камено срце, не се тоа луѓе. Колку пати само слушнав или прочитав вести за физички напади кон хомосексуалци или транс лица. Знаеш што? Напаѓачите се уствари лоши луѓе тука, а не овие другите. Дали тебе некој те нападнал поради тоа што си? Сигурно не. Не би требало ни тие да бидат. Многу верници има со камено срце, многу... А не треба така. И да немаат лгбт права, пак ќе бидат тоа што се, само понесреќни. Религијата треба да не` прави подобри луѓе, а не да се делиме и војуваме.
Исус и рекол „оди жено, и не греши повеќе“. Не и рекол, „терај жено како досега, ја имаш мојата поддршка, кој што сака нека си прави“ како што е актуелно денес да се третира лгбт заедницата од страна на многу христијани. Инаку, Бог доколку навистина не сака лошото да се случува, не би го дозволувал лошото, но да не се задлобочувам во дискусија. Затоа Бог ги предаде на срамни страсти: жените нивни природните потреби ги заменија со противприродни; и мажите исто така; оставајќи го природното зближување со женскиот пол, се распалија со желби еден кон друг, и вршеа срамни работи мажи со мажи, добивајќи отплата каква што одговараше на нивната заблуда. (Римјаните 1,26-27)
Тебе ти се заврти насилство па насилство,кој тоа го одобрува кажи ми? Не сум да се тепаат тоа се грешки во природата и треба да ги жали човек а не да ги тепа,мислам дека различно гледаме на нештата. Ти сега сакаш на две столчиња да седиш,е така неможе,имај став или се за или против? Сега да ја решиме дилема си за истополови бракови или не?
Ова е точно. Но дали ние другите не грешиме константно? Еве за мене ќе кажам, отидов на исповед еднаш, а сепак после тоа пак грешев. Пак отидов. Пак грешев. И така во круг. Нема човек кој престанал да греши, затоа што таква е нашата природа. Исус не дојде да ни суди, но да не повика на покајание. Затоа, да не судиме и ние на другите (со каква мерка мериме, со таква ќе ни се мери, нели) туку да си гледаме за себе да бидеме подобри и помалку грешни. @veteruska again, Бог не ги мрази грешниците, туку гревот. Тоа е мојот став. Хомосексуалноста не ми се допаѓа, тоа да, ама не им посакувам лошо на нив. Оти не сакале тие да се родат хомосексуалци и да бидат мета на булинг. Како што пишав погоре, и да нема истополови бракови, хомосексуалците пак ќе бидат хомосексуалци, ама понесреќни. Барем среќни нека бидат. Го заслужуваат тоа подеднакво како и ние. Единствено што не ми се допаѓа се оние некои провокации на паради. Со другото сум океј и не се чувствувам виновно поради тоа, во смисла дека сум ја предала мпц или Бог.
@Bitter-Sweet се вртиме во место со една иста реченица ми реплицираш бог не ги мрзи грешницитр туку гревот,ако е така дали според тебе хомосексуалноста е грев? Дај да се разјасниме зашто гледам ми забегуваш со грев и љубов.