Мислам дека стварно некаде не се разбираме. Прочитај пополека што напишав досега, има некои коментари што ги едитирав. Не знам како да ти упростам и како веќе да објаснам. Свесна сум дека е грев, да. Ама, види, какви се` грешни луѓе познавам, хомосексуалноста наспрема нивното е гола вода. Па ако никого од нив не осудувам, не гледам зошто баш хомосексуалците да бидат осудени. Ако јас сум никаква личност, ако имам омраза во мене, па тогаш еден хомосексуалец кој има љубов и разбирање, е далеку над мене. Убавината е во срцето. Не му врши работа на човек превезот на религијата ако нема разбирачка. Си читала за фарисеите во Библијата? Колку се фалеле дека се побожни, а уствари погрешен им бил секој чекор? Епа такви има куп. Така да, најпросто ќе кажам, ги прифаќам грешниците. Да, ги прифаќам со нивните гревови. Оти можда сум полоша од нив, па која сум јас да им судам? Бог е тој што треба да суди, наше е да си седиме мирни и својот двор да си го гледаме.
@Bitter-Sweet Ова уште ке ти го кажам и толку,Бог ги створил на земјата мажот и жената за да можат да имаат потомство,ако не тогаш нека има само мажи или само жени,значи тоа што не e добро треба да се осуди, во смисла со семејните вредности и традиции,ти сега можеш и мајка Тереза да ми глумиш,како не осудуваш и бла бла,јас не познавам човек што не суди или осудил,неможам да прифатам нешто што не е прифатливо.
Не можеш да се разбереш. Тоа се личности што прават како што црква ко институција ќе им каже. Вака изгледаат нивните „дискусии“ со секој што ја преиспитува институционалната и традиционална религија. И јас кога порано се декларирав како верник, и за многу други членки кои сè уште веруваат, вака се настапува - со мерење кој колкав верник е. Ова е реалноста, ова е духот на МПЦ, нивната агресија и омраза. Сега белки подобро ја сфаќаш и ќе ти се разјаснат некои работи.
Да, затоа има случаи на неплодност. Инаку, не го оспорувам ова дека е така. Те разбирам сосема, сум го мислела потполно истото, ама животот ме научи дека не е баш се` така... А верник, секогаш има за учење и за растење. Дури и најголемите, кои денес се наши светии, за себе немале ни добро мислење ни пофални зборови. А некои верници мислат дека се возвишени. Тоа е суета. А од верник до верник, има разлика голема. Скоро па и индивидуално е, секој приказна за себе. Не велам дека сум во право. Можеби некаде грешам, но ете јас сум одлучила вака. Ти си одлучила дека нема да ги прифаќаш и дека ќе ги сметаш за грешка на природата. Сите си сме со нашите убедувања и гледишта. Само, религијата има и лоша репутација, ние верниците треба да размислиме зошто.
Ветерушка, мислам дека не се разбравте со Битер. Она, ако добро ја разбрав, нема дилеми дека Бог го создал човекот како машко и женско и дека тоа е Божјиот дизајн за бракот и семејството. Нема дилеми ни дека хомосексуалноста е грев. Библијата е јасна и по тоа прашање дека тоа е неприродна работа како што беше наведен цитатот од Римјаните 1:26,27 (тука @sjdgo ме изненади позитивно . Но она што Битер го потенцираше и комплетно се согласувам со неа е дека не треба да го истакнуваме гревот на хомосексуалноста над другите гревови и да ги осудуваме. Не смееме ни да зборуваме за нив од позиција на „свети праведници“, туку од позиција на нивни со-грешници, бидејќи навистина тоа сме - нивни согрешници. Тоа што нашите гревови се различни од нивните, не значи дека ние сме поправедни од нив. И на нас, како и на нив, ни треба Божјата милост и прошка.
Ама Битерсвит, ти се обидуваш да не грешиш, нели? Штом ти се важни покајанието и исповедта, значи се обидуваш да воспоставиш самоконтрола и дисциплина врз себе, јас барем така те сфаќам. Што не е случај со конкретната група чија промоција = на понатамошно поттикнување и продлабочување на гревот. А Исус ќе судел при Второто доаѓање.
Се разбира дека се трудам. Но јас сум верник, за мене има значење сето тоа. Тие најверојатно не се верници и за нив значајно е само да бидат еднакви и да бидат безбедни. А не можам јас никој да го терам да верува во Бог и Светото Писмо. Баш тоа мое покајание, исповед и разговорите со духовникот ме доведоа до заклучокот дека не е во ред јас да се ставам на местото на Бог и да судам на други. Во моментот кога почнуваме да судиме, стануваме поситни во душа. Убаво е што ја читаш Библијата и ги сфаќаш работите. Но нели не си верник? Или?
Некои од нив не се верници, некои се декларираат како христијани, некои веруваат во друго. Види, јас увидов дека кога и да сум рекла отсечно некој да прави што сака околу битно прашање, или не сум размислила, или не ми била важна личноста (што секако, христијански не е). Зборот ми е, кога некој греши, чини нешта кои според верата имплицираат лоши последици, најправилната постапка на христијанинот е да му посочи на грешката. Се разбира дека не можеш никого да примораш да го смени својот начин на живеење, но не би требало ниту грешник да биде поддржан во гревот токму од христијаните. Нека продолжи по таков пат ако одлучил, но не го охрабрувај. За ова сепак ќе пишувам некогаш во друга тема.
Izvinete odnapred , da ste mi site zivi i zdravi dali nekoj mozebi ima iskustvo so nokjevanje vo manastir ispoved i liturgija , me interesira cisto kade treba da se obratam za da ostvaram kontakt so duhovno lice od manastir koe bi me upatilo kade da pobaram blagoslov za nekolku dneven prestoj .
Па скоро во сите манастири каде што има монаси и монахињи можеш да преспиеш, подобро нека те упати некој поп од твојот град, од твојата парохија, или побарај на интернет телефонски број и сам јави се, за да знаеш дали ќе има слободно место за да преноќиш, на пример можеш во манастирот Јован Бигорски, таму обично има секогаш место, и таман ќе присуствуваш на литургија и ќе се исповедаш доколку ти дозволат, прво ќе си прашаш.
Во врска со Псламите, дали е во ред да ги читам иако мн ретко одам во црква, не постам. Само се крстам пред икона, си ставам крвчиња од Свето масло.
Во ред е. Свети Јован Златоуст вели: Подобро сонцето да пресстане да свети, отколку Псалтирот да престане да се чита. Убаво е да одиш почесто в црква на служба. А, за постот, колку што можеш толку.
Како ја објаснувате, според православието, хомосексуалноста кај децата, вклучувајќи ги и оние крстените? Дали се и во нив влезени демонски сили? Зарем не се тогаш грешници демонските сили а не самите засегнати лица?
Толкувањето е дека не дава Бог демонски сили да те нападнат доколку ти, или ако си дете, твоето семејство живеете богоугодно. Освен ако не сака да те тестира дали ќе одолееш на искушенијата.
Многу ме интересира ова. Често во уметноста сум забележала цртање на ликот на лукавиот на начин на којшто неверојатно многу потсетува на женскиот репродуктивен систем. Дали е ова случајност или е повторно игра на уметниците и помоќните од нив да се демонизира жената и нејзината улога или само мене ми личи неговата глава на жрс? Многу ми е нелогично, таму се наоѓа колевката на нешто најсвето што може Господ да ни го подари, нов живот кој расте во нас самите.
А нели те потсеќа ЖРС на главите на одредени животни? Формите во природата едноставно се повторуваат.