1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    ЖРС ти асоцира на ѓавол и на животинска глава, но ѓаволот не ти асоцира на животинска глава?
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    https://civilmedia.mk/grchkiot-mitr...osuden-za-govor-na-omraza-si-podnese-ostavka/
    Аирлија. Камо сите вакви радикални злобници полни со омраза, да завршат со пријави и летање од работа.
     
    На candy.cane, lovestoneddd и Lella им се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    [​IMG]
    Зависи колку ти се навлегува, ама има корени користењето на овните како божества со паганските религии кои ја славеле плодноста, така да, ништо чудно :D
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LittleChili

    LittleChili Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2013
    Пораки:
    509
    Допаѓања:
    2.227
    Сакав уште порано да го поставам прашањево, мислам дека најсоодветна тема би била оваа. Долго време размислував околу ова и имав прашања. Не сум сигурна дали е точно и зошто е така. Она што ме вознемирува е прашањето: Зошто децата, невини трпаат, плаќаат за грешките од нивните возрасни (пример: родители, баби, дедовци и прапра колена)? Која е целта едно невино суштество да плати за грешките на друг и гревот да се префрла на некого. Зошто тие страдаат и се жртви.
     
    На Herrera и afrodita94 им се допаѓа ова.
  5. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Невозможно е да се плаќаат грешките за друг. Тоа верување потекнува од паганските времиње и иако подоцна се има инфилтрирано и во црковното христијанство, сепак нема реална духовна основа.

    Од објавите примени од духовно-божествениот свет наменети за луѓето на денешницата, дознаваме дека луѓето имаат бесмртна душа која не е прв пат на планетава, т.е. дека луѓето имаат повеќе отелотворувања зад себе. Она што останало ненамирено во претходните егзистенции си бара пат да се намири во некоја од следните отелотворувања или евентуално во тнр. чистилишни подрачја каде живеат оние души кои сè уште не се доволно прочистени за да влезат во духовниот космос, наречен и Царство Небесно.

    Во источните религии се користи терминот карма, а Исус зборувал за сеење и жнеење. Законот на сеење и жнеење не казнува, туку едноствано дозволува да дојдат до израз последиците на нечие добро, помалку добро или недобро дејствување. Најблиска споредба е таа со земјоделието: на нивата(низ овоземниот живот) вирее и расне она што било посеано, семе од компир компир дава, семе од плевел носи плевел.
    Доколку е некој неупатен, би можел погрешно да помисли дека Сонцето и дождот се одговорни што никнуваат одредени култури - тоа е точно дека нивната енергија учествува во случувањето но може да никне само она што е посеано, освен ако правовремено засадените семиња не се искоренат - што е и смисла на човековиот овоземен живот: да се препознае погрешното однесување кое доаѓа до израз во оваа инкарнација, истото да се промени кон подобро (во склад со божјите закони, на пр. преку простување и молење за прошка) и погрешното да не се повторува. Доколку тоа се прави истрајно, душата се прочистува и без да дојде до поголеми страдања и повеќе нема да мора да отплаќа за некогаш стореното.

    повеќе на оваа тема може да се прочита низ книгите во издание на Универзален живот како на пр.:
    „Ова е Мојата Реч Алфа и Омега„ ;
    „Причина и настанување на сите болести - Што човек сее тоа и ќе жнее„ и др.
     
    Последна измена: 27 август 2019
    На Feminka22 и LittleChili им се допаѓа ова.
  6. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.706
    Пол:
    Женски
    И ова твоето што го наброи и опиша е еден вид на Карма или реинкарнација да не речам, а тоа кај Христијаните го нема, кај пишува дека душите не ни се раѓаат прв пат на земјата, дека имаме повеќе отелотворувања на земјава, и чекаме да се исчистиме и слично?
    Не го буни девојчето со адвентистички проповеди, не секогаш имаме одговори на сите прашања и не треба од ракав да ги вадиме истите.
    Што заслужиле невини бебиња или деца да умираат, да живеат во сиромаштија, несакани, отфрлени од општеството и најблиските, да трпат секаков вид на насилство и слично, каков грев направиле тие? Или да погодам, плаќаат грев од некој минат живот:worried:
    Ќе ги добиеме сите одговорите, ама не денес, не утре, ама ќе дојде тој ден.
     
    На LittleChili, LegallyBlonde13 и AnnabelLee им се допаѓа ова.
  7. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Во Христовата објава „Ова е Мојата Реч Алфа и Омега„.

    Das_Wort_300dpi_CMYK-3D_ENG-0x180-c-default.jpg
    Со други зборови велиш дека црковното христијанство нема никакви одговори на сериозните животни прашања... Прости, но таквото „христијанство„ за мене е лажно, духовно празно и бескорисно, па дури и опасно бидејќи ги држи луѓето подалеку од Вистината и доведува до натамошни страдања.
    Токму за креаторите на таквите конфесии Христос додека одел како Исус по земјата предупредил:
    „Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, слепи кои водат слепци, зошто го одземате Царството небесно од луѓето; бидејќи ниту вие влегувате, ниту им давате на другите да влезат“
    (Евангелие според Матеј 23:13)
     
    Последна измена: 30 август 2019
  8. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.706
    Пол:
    Женски
    А таа книга кој ја напишал и кога?

    Види вака, не е дека мојата Црква нема одговори за сериозни прашања или дека не учи нас на духовно-празни работи, далеку од тоа, само јас лично сметам дека не можеме да имаме точен одговор на се, не сум зборувала на оваа тема со мојот духовник, ова е само мое мислење.
    А да бидам искрена, јас порано, а и многу други од околината, растевме со мислата дека Бог секогаш враќа за се преку најмилото, демек дека за гревовите на возрасните Бог ги казнува така што тие ќе ја осетат болката и казната преку нивните деца или внуци.
    Сега не мислам така, се оттргнав од таа заблуда, ама од друга страна, ко што пишав погоре, невини деца умираат, страдаат, живеат мизерно во секоја смисла, ти објасни дека сметаш оти тоа е дека не се раѓаме за прв пат на земјата и дека отплатуваме свои гревови, јас не се сложив со тебе, ама пак и немам конкретен одговор зошто е тоа така.
    Се надевам дека ме сфати....
     
  9. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Во Библијата има примери на поколенија кои отплаќаат поради предците. Бог не е фер и тоа е тоа.
     
  10. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Дали Бог е во секое време свесен за сè што се случува на земјата, некои работи откако ќе се слyчат ги дознава или како?
     
  11. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Ние луѓето не можеме, но Бог и божествениот духовен свет можат и бидејќи Бог ги љуби своите деца Тој и им ги дава одговорите на важните животни прашања преку Неговите објави некогаш и денес, а со цел луѓето да се извлечат од заплетканоста во неволјите кои пак се последица од човековото незнаење и погрешен начин на мислење и постапување.
    Но дали тие одговори и помошти луѓето ги препознаваат, прифаќаат и дејствуваат соодветно, тоа е веќе нивна слободна волја и во тоа Бог не се меша.
    Има, но тоа е таа древна паганска замисла за Бога која се протнала и во библиските записи бидејќи духовната свест на тие што ја пишувале, препишувале, преведувале и редактирале не била целосно слободна од тие човечки представи.
    Бог меѓутоа попрво е споредлив со сонцето кое зрачи светлина, отколку со некоја човечка замисла за супермоќен тиранин дели правда и неправда.
    Да, затоа што сè e во меѓусебна комуникација проникната од Божјата сила. Евангелијата известуваат за преброените влакна на косата и врапчињата кои не паѓаат без знаење од „горе„. Но тоа не е во смисла дека некој седнал па ги броел едно по едно, туку дека сè е похрането во централниот космички регистар. Нешто како кај меморијата на компјутерот која неуморно ја регистрира секоја акција внесена преку тастатурата.

    Е сега ако човек слепо се држи за старите писанија испаѓа дека не е така, на пр. во стариот завет од Библијата, наводно Бог не знаел каде е Абел, па го прашува неговиот брат - Каин, кој срамежливо му одговара и признава дека го отепал... (facepalm)
    Но тоа се несовршени човечки сфаќања преточени во митови и легенди, а не реалноста на Божјото битие кое си егзистира независно од желбата и замислите на луѓето.
     
  12. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    На светов има и правда и неправда, има и ноќ и премногу облачни денови и природни непогоди за да се сведe на светлина. Што велиш, тоа не е од Бога?

    Којзнае како е. Можеби и Бог сака да одмори одвреме-навреме.

    Можно е да го прашува за да види каков одговор ќе добие. Тебе досега не те прашалe нешто знаејќи го одговорот? Но нели е Бог, би требало да има увид однапред кој што ќе каже. Можеби си поигрува. Можеби таков Mу е методот. Како да пресуди за нештото, без тоа да се случи?
     
  13. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Неправдата не е од Бога, ниту непогодите - тие доаѓаат од луѓето. Природата низ која струи Бог има свои токови во материјата, но доколку човек се вмеша во истите, некои од тие токови луѓето (најчесто несвесно) ги претвораат во непогоди. И потоа, поради своето незнаење, луѓето мислат дека тоа можеби било некаква си „божја волја„ или некаква „случајност„.
     
  14. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Е како непогодите од луѓето, јас ли предизвикувам громови, поплави, суши на земјата од памтивек?
    Без разлика, и да е така како што претпоставуваш, Бог е пасивен пред неправдите и самото тоа го прави неправеден.
     
    На AnnabelLee му/ѝ се допаѓа ова.
  15. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Тоа било така само кај евреите, во рамките на Мојсеевиот завет и тоа до времето на пророкот Езекиел. На барање на евреите, Бог го променил тој завет со нив:
    „Оној кој ќе згреши, тој и ќе умре. Синот нема да го носи татковиот грев, ни таткото синовиот грев. Врз праведникот ќе биде неговата правда, а врз безбожникот неговата безбожност.“ (Езекиел 18, Библијата)

    Хмм, претпоставувам дека прашањево е реторично. Зошто вакво прашање?

    Точно така. Не се сите несреќи од луѓето. Има и природни катастрофи како што наведе. Исус ги посочил и двата вида на несреќи во една прилика кога некои луѓе дојдоа и го известија Исус за едно злодело што го направил Пилат (несреќа од човечки фактор):

    “Тој одговори и им рече: „Мислите ли дека тие Галилејци беа повеќе грешни од сите други Галилејци, зашто настрадаа така? Не, ви велам, но ако не се покаете, сите ќе загинете така. Или мислите дека оние осумнаесет души, врз кои падна Силоамската кула и ги уби (несреќа од природен фактор), беа повиновни од сите луѓе, кои живеат во Ерусалим? Не, ви велам! Но ако не се покаете, сите ќе загинете така.” (Исус, ев. Лука 13:2-5, Библијата)

    Исус тука има две поенти:
    1. Луѓето кои загинуваат во несреќи, не се казнети од Бог заради некакви гревови, и не се погрешни од другите „праведни“ луѓе. За жал тогаш и денес луѓето веруваат дека несреќите ги снајдуваат лошите грешните луѓе, а за себе веруваат дека се доволно добри.
    2. Исус јасно кажал дека никој не е добар, освен Бог, и дека сите се грешни и ако не се покаеме, сите ќе загинеме така. Исус тука посочува дека вистинското прашање не е зошто се случила некоја несреќа (Бог си знае тоа, а ние може да се удавиме у прашалници), туку вистинското корисно прашање што секој човек треба да си го постави е: Што да правам јас со моите гревови? До кога ќе терам инает и дали ќе се покајат пред истото да ми се случи мене (без разлика со каква смрт ќе си заминам).

    Зошто Бог делува пасивно и ги дозволува природните несреќи. Ова прашање е малце подлабоко и поопширно и мислам дека пред се има врска со тоа што човештвото си побара независност од Бог и независност во однос на владеењето на планетата Земја. А може да се гледа ова и од друга перспектива. Бог има право да го одземе секој живот што го дал на секое живот суштество на Земјава. Казната за гревот според Божјите стандарди е смрт. Бог би бил праведен и ако денес одлучи да ги збрише сите луѓе од планетава Земја (животните ќе му бидат ПРЕБЛАГОДАРНИ! :) Со секој +1 ден што Бог им го дава на луѓето, Бог е над правадта и покажува милост. А покажал и уште поголема милост од таа со тоа што Исус неправедно се жртвуваше за сите наши гревови со цел да ни обезбеди вечен живот. Има ли поголема несреќа и неправда од тоа да те распнат на крст за нечии други гревови? Епа Исус го снашла таа несреќа. Знаел и свесно ја прифатил - од љубов кон луѓето. Тој е последната шанса за спас на човекот.
     
    На Feminka22, Rama и afrodita94 им се допаѓа ова.
  16. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Уште важи гревот на Адам и Ева.
    Заборавив да напишам дека постои веројатност ако се свртиш кон Бога, Бог да те помилува, така да се изразам, и да ти помага во животот.
    Но, мислам дека доколку нечии предци се грешни, доколку родителите не го упатат детето поинаку, најверојатно и тоа ќе направи доста гревови, тешко се излегува од кругот и ете како повторно се пренесуваат гревовите на поколенијата.

    Не е реторичко, навистина сакав некој да ми објасни. Прашав поради некои моменти во Библијата.

    Не мислев само на природните катастрофи, мислев општо на секоја тага и болка која се јавува кај човекот, на секаква несреќа и неправда што можат да се случат. Природните непогоди ги спомнав за да му укажам на членот дека не е само сонцето (светлината) манифестација на Божјата волја, туку дека сѐ е од Бог.
    Бог што е семоќен можел да ги опамети грешниците, ако не им доаѓа памет да ги казни, не да им го дава Исус на некои од нив да го убијат.

    Но, кој побарал, јас не побарав. Зошто цело време зборуваме за луѓето како заедница, нели секој човек е одделна душа? Не сме сите исти. Не размислуваме, не постапуваме и не живееме сите исто.
     
  17. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    Уште еден бизарен пример за индоктринација на деца. Госпо ќе им помогне во новата учебна година, амин! (facepalm)
    Ако не гледате проблем во ова (посебно за тие што се родители) - вие сте проблемот.

    IMG_20190905_220600.png
     
    На Bozica1980, Lella, Alisa22 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Точно така, ако не сте атеисти - тогаш вие сте проблемот! Мора да бидете атеисти. Не смеете да ги носите децата во црква, туку само во атеистички средини каде не се спомнува Бог, молитва, Свето Писмо итн. Не смеете да ги учите децата да се молат или да читаат духовни книги, туку учете ги само на атеизам и атеистички вредности. :D

    @Someonespecial , а зошто да не им помогне Господ во новата учебна година? Секако дека Господ нема да учи за нив, ама може да ги чува од болести, од лоши друштва, од пороци, од стотици работи што може да ги дефокусираат при учењето, да им дава концентрација, фокус при учењето, да им даде внатрешна мотивација согласно нивните таленти и дарби за да го искористат целиот свој потенцијал. Итн.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.781
    Допаѓања:
    4.395
    Пол:
    Машки
    Дали учењето на децата дека нема Бог не е индоктринација? Или таа индоктринација ВИЕ ја спроведувате па не ја сметате за лоша?
    Зарем Оној Кој ги создаде законите не може да им помогне на децата да им се отвори умот и да ги разберат истите? Нормално, дека ќе им помогне и им помага, зашто има кому да помогне.
    Ако некој гледа проблем во тоа, туѓите деца да одат в црква и да се молат на Бога си има проблем наречен ленинизам и енверизам!
     
    На Feminka22, Rama, Bitter-Sweet и 2 други им се допаѓа ова.
  20. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Во мое време врски се фаќаа преку роднини и пријатели, денес ургираат преку Бога :D
    Fu*&%$ hilarious :D
     
    На Someonespecial, Bozica1980, Lella и 2 други им се допаѓа ова.